OPEL CROSSLAND X 2017.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.75, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2017.75Pages: 275, PDF Size: 7.54 MB
Page 181 of 275

Возење и ракување179Системот се деактивира
автоматски кога се влече
електрично поврзана приколка.
Дефект Во случај на дефект, на таблата со
инструменти трепка B неколку
секунди, заедно со F и со
порака на екранот. Контактирајте со продавач или автомеханичар за
да се изврши проверка на
системот.
Систем за панорамски поглед
Овој систем овозможува приказите
на околината на возилото да се
прикажуваат речиси како слика од
180° на Инфо-екранот, како поглед од птичја перспектива.
Системот користи: ● задна камера, што се наоѓа во задната врата
● ултрасонични сензори за паркирање во задниот браникЕкранот на Инфо-екранот е
поделен на два дела: на десната
страна има приказ од горе на
возилото, а на левата страна има
приказ од задната страна.
Сензорите за паркирање ги
комплетираат информациите за
приказот од горе на возилото.
Активирање Системот за панорамски поглед се
активира кога:
● ќе се избере рикверц
● се вози над 10 км/ч
ФункционалностВо левиот дел од екранот може да
се изберат различни прикази.
Променете го типот на приказот во секое време при маневрирање со
притискање на полето за допир во
левата долна зона од екранот:
● Заден приказ
● Автоматски режим
● Зумиран приказ
● Приказ од 180°
Екранот се ажурира веднаш со
типот на избраниот приказ.
Автоматскиот режим е активиран
стандардно. Во овој режим,
системот го избира најдобриот
приказ за прикажување,
стандарден или зумиран, според
информациите од сензорите за
паркирање.
Состојбата на системот не
останува во меморијата кога ќе се
исклучи палењето.
Page 182 of 275

180Возење и ракувањеЗаден приказ
На екранот се прикажува областа
зад возилото. Вертикалните линии
ја претставуваат ширината на
возилото со отворени ретровизори. Насоката на линиите се променува
со положбата на воланот.
Првата хоризонтална линија
претставува растојание од околу
30 см од работ на задниот браник
на возилото. Горните
хоризонтални линии ги
претставуваат растојанијата од
околу еден до два метри од работ
на задниот браник на возилото.
Овој приказ е достапен во
автоматскиот режим или во
изборникот за избор на приказ.
Автоматски режим
Овој режим е активиран
стандардно. Со користење на
сензорите во задниот браник,
автоматскиот приказ се променува
од заден приказ на приказ од горе,
како што некоја пречка се
приближува во текот на
маневрирањето.
Зумиран приказКамерата ја снима околината на
возилото во текот на
маневрирањето за да го
реконструира погледот од горе од
задната страна на возилото на
блиската околина и на тој начин
овозможува маневрирање на
возилото околу пречките во
близина. Овој приказ е достапен со
автоматскиот режим или во
изборникот за избор на приказ.
Приказ од 180°
Приказот од 180° го олеснува
возењето во рикверц при
излегување од место за паркирање и на тој начин овозможува да го
Page 183 of 275

Возење и ракување181забележите приближувањето на
возила, пешаци и велосипедисти.
Овој приказ не се препорачува за
изведување на целосен маневар.
Се состои од три области: лево 1,
средина 2 и десно 3. Овој приказ е
достапен само од изборникот за
избор на приказ.
Деактивирање
Системот за панорамски поглед се
деактивира при:
● возење побрзо од 10 км/ч
● седум секунди откако ќе извадите од рикверц
● со притискање на иконата q во
левиот горен агол од екранот
на допир
● отворање на задната врата
Општи информации9 Предупредување
Системот за панорамски поглед
не го заменува видот на
возачот. Нема да прикаже деца, пешаци, велосипедисти,
вкрстен сообраќај, животни или
какви било други предмети
надвор од областа на погледот
на камерата, на пример, под
браникот или под возилото.
Не возете и не паркирајте го
возилото само со помош на
системот за панорамски поглед.
Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.
Прикажаните слики може да се
подалеку или поблиску од тоа што се прикажува. Прикажаната
област е ограничена, а
објектите што се поблиску до
некој од рабовите на браникот
или под браникот не се
прикажани на екранот.
Ограничувања на системот
Внимание
За оптимална работа на
системот, важно е објективот од камерата во задната врата
помеѓу светлата за
регистарската табличка
секогаш да биде чист.
Исплакнете го објективот со
вода и избришете го со мека
крпа.
Не чистете го објективот со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем
притисок.
Системот за панорамски поглед може да не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективите на
камерата.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Објективите на камерата се блокирани од снег, мраз,
растопен снег, кал или
нечистотија.
● Возилото влече приколка.
Page 184 of 275

182Возење и ракување● Возилото имало судар.
● Има екстремни промени на температурата.
Ретровизорска камера Ретровизорската камера му помага
на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува во Инфо-екранот.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите на помошта за
паркирање, на пр. под браникот
или под возилото, не се
прикажуваат.
Не возете во рикверц и не
паркирајте го возилото само со
помош на ретровизорската
камера.
Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.
Вклучување
Ретровизорската камера сеактивира автоматски кога ќе се стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана над
регистарската табличка.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Вертикалните линии го
претставуваат општиот правец на
возилото и растојанието помеѓу
вертикалните линии е соодветно со ширината на возилото без
ретровизорите. Првата
хоризонтална линија претставува
растојание од околу 30 см од работ
на задниот браник на возилото.
Page 185 of 275

Возење и ракување183Горните хоризонтални линии ги
претставуваат растојанијата од
околу 1 до 2 метри од работ на
задниот браник на возилото.
Кривите што се сечат го
претставуваат максималниот
циклус на вртење.
Деактивирање на наведувачките
линии
Наведувачките линии можат да се
деактивираат во Инфо-екранот.
Изберете Поставки, I Возило , I
Откривање судар , I Наведувачки
линии за ретровизорската камера ,
I § .
Информативен екран 3 103.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 108.
Исклучување Камерата се исклучува кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако се извади од
рикверц околу 10 секунди.Ограничувања на системот
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Зракот од фаровите свети директно во објективите на
камерата.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Објективите на камерата се блокирани од снег, мраз,
растопен снег, кал или
нечистотија. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
● Задната врата ќе се отвори.
● Возилото влече електрично поврзана приколка.
● Возилото се судрило од задната страна.
● Има екстремни промени на температурата.Предупредување за
напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање на лента ги набљудува обележувањата на лентите помеѓу
коишто возилото се вози преку
една предна камера. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај
на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Критериуми за откривање на
ненамерното менување на лента
се:
● Неработење на трепкачите.
● Неработење со педалата на сопирачките.
● Немање активно работење со педалата за гас или
забрзување.
Ако возачот е активен, нема да се издаде никакво предупредување.
Page 186 of 275

184Возење и ракувањеАктивирање
Системот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притискање на ½. Системот е
вклучен кога LED-сијаличката не
свети.
Со системот може да се работи
само при брзини на возилото над
60 км/ч и ако се обележени
лентите.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) трепка
жолто. Истовремено се активира
мелодичен звук.
Деактивирање
Системот се деактивира со
притискање ½ и LED-сијаличката во
копчето свети.
При брзини под 60 км/ч со системот
не може да се работи.
Дефект
Во случај на дефект, на таблата со инструменти се појавува F
заедно со порака на екранот.
Контактирајте со продавач или
автомеханичар за да се изврши
проверка на системот.
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не
работи правилно кога:
● Шофершајбната не е чиста.
● Има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,
директна сончева светлина
или сенки.
Системот не може да работи кога
не се откриени ознаки на лентите.
Ограничувања на системот
Системот може да не работи
правилно кога:
● Брзината на возилото е под 60 км/ч.
● Возење на ветровити или ридести патишта.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Сензорот во шофершајбната е блокиран од снег, мраз,
лапавица, кал, нечистотија,
оштетување на
Page 187 of 275

Возење и ракување185шофершајбната или му пречат
надворешни елементи, на
пример, налепници.
● Сонцето свети директно во објективот на камерата.
● Блиски возила напред.
● Накосени патишта.
● Рабови на патот.
● Патишта со лоши обележувања на лентите.
● Нагли промени на осветлувањето.
Предупредување за возачот
Предупредувањето за возачот госледи времето на возење со
брзина на возилото поголема од 65
км/ч.
Се препорачува да правите пауза
штом ќе почувствувате замор или
најмалку на секои два часа.
Системот вклучува и
предупредување за времето на
возење.Предупредување за времето на
возење
Возачот добива појавен симбол за
потсетување ˇ во
Информативниот центар за
возачот заедно со звучно
предупредување ако не направил
пауза по два часа возење со
брзина поголема од 65 км/ч.
Предупредувањето се повторува
на секој час додека возилото не
запре, без оглед на тоа како се
менува брзината на возилото.
Броењето на предупредување за
времето на возење се ресетира
кога палењето ќе се исклучи
неколку минути.
Деактивирање или активирањеСистемот може да се деактивира
или активира во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 108.
Предупредувањето за поспаност
на возачот се ресетира кога
палењето ќе се исклучи неколку
минути.Гориво
Гориво за бензински мотори
Користете само безоловно горивоусогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Моторот е способен да работи со
гориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број.
Понискиот октански број може да ја
намали моќноста и вртежниот
момент на моторот и малку ќе ја
зголеми потрошувачката на
гориво.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Page 188 of 275

186Возење и ракувањеВнимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN 51626-1 или слично може да
доведе до таложење или
оштетување на моторот.
Внимание
Користењето гориво со понизок
октански број од најнискиот
можен октански број може да
предизвика неконтролирано
согорување и оштетување на
моторот.
Специфичните барања за моторот
за октанскиот број се дадени во
прегледот на податоците за
моторот 3 249. Специфична
етикета за државата што е ставена
на капачето од резервоарот може
да има предност пред барањето.
Адитиви за горивото надвор од
Европа
Горивото треба да содржи
детергентни адитиви кои помагаат
да се спречи формирање наслаги
во моторот и системот за гориво.
Чистите вбризгувачи и вентили за
довод на гориво овозможуваат правилна работа на системот за
контрола на издувните гасови.
Некои горива не содржат доволно
количество адитив за да останат
чисти вбризгувачите и вентилите
за довод на гориво.
За да го надоместите недостатокот
на детергент, додајте Fuel System
Treatment PLUS во резервоарот за
гориво при секоја промена на
моторното масло и на секои
10.000 км, кое и да настапи прво.
Може да го најдете во сервисот.
Горивата кои содржат оксигенати
како што се етер и етанол, како и
преформулирани горива, се
достапни во некои градови. Ако
овие горива ги исполнуваат
горенаведените спецификации,
тогаш може да ги користите.
Сепак, E85 (85% етанол) и другигорива кои содржат повеќе од 15%
мора да се користат само во возила со FlexFuel.Внимание
Не користете горива што
содржат метанол. Може да
предизвика корозија на
металните делови во системот за гориво, како и да ги оштетипластичните и гумените делови.
Таа штета нема да биде
покриена со гаранцијата за
возилото.
Некои горива, главно
високооктански горива за трки,
може да содржат адитив за
зголемување на октанскиот број
наречен метилциклопентадиенил
трикарбонил (ММТ). Не користете
адитиви за горивото со ММТ затоа
што тие можат да го намалат
животниот век на свеќичката и да влијаат врз работата на системот
за контрола на испуштањето
издувни гасови. Индикаторското
светло за дефект Z може да се
Page 189 of 275

Возење и ракување187вклучи 3 95. Ако се случи тоа,
побарајте помош од
автомеханичар.
Гориво за мотори на дизел Користете само дизел гориво што е
во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
Унија, користете Еуро-дизел
гориво со концентрација на сулфур под 50 ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги палењето и сите
надворешни грејачи со комори за согорување.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната лева
страна на возилото.
Page 190 of 275

188Возење и ракување
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
Полнење со бензин и дизел За да отворите, полека свртете го
капачето налево.Капачето за полнење гориво може
да се закачи за куката на
вратичката на резервоарот.
За полнење, целосно вметнете ја
цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматското исклучување,
резервоарот може да се дополни
целосно со вклучување на цевката
на пумпата уште најмногу двапати.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Капаче на резервоарот за
гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња на
резервоарот.
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Crossland X е во опсегот од 6,2 до
3,6 л/100 км.
Во зависност од земјата,
потрошувачката на гориво се
прикажува во км/л.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
во опсегот 141 до 93 г/км.