OPEL CROSSLAND X 2018 Сопственички прирачник
Page 181 of 289
Возење и ракување179Кога времето за потенцијален
судир со пешакот напред ќе стане
премногу кратко и судирот е
неизбежен, во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредување.
Истовремено, се огласува и
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
кочницата и завртете го возилото, ако така бара ситуацијата.
Услови за работа Следниов услов мора да биде
исполнет за правилна работа:
Брзината мора да биде помеѓу
5 км/ч и 60 км/ч.
Активирање За да го користите системот, треба
да биде активирано активното
безбедносно сопирање во
приспособувањето на возилото кон индивидуалните потреби 3 113.Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањата треба да се
постави на блиску, нормално или
далеку во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби 3 113.
Деактивирање
Системот може да се деактивира само со деактивирање на
активното итно сопирање во
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби, 3 113.
Ограничувања на системот
Предната заштита за пешаци е
конструирана да предупредува
само за пешаци, но може да
реагира и на други предмети.
Во следниве случаи, системот
може да не открие пешак напред
или перформансите на сензорот се ограничени:
● Возење на ветровити или ридести патишта.
● При ноќно возење.● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег
● Шофершајбната е оштетена или е под влијание на
надворешни елементи, на
пример, налепници.
Помош за паркирање
Општи информации Кога прицврстувате приколка или
носач за велосипеди на куката за
приколки, помошта за паркирање
се деактивира.9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Page 182 of 289
180Возење и ракувањеЗадна помош за паркирање
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Системот работи со
ултрасоничните сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Задната помош за паркирање се
активира кога ќе се избере рикверц
и се вклучи палењето.
Системот е подготвен за работа
кога LED-сијаличката во копчето за
помошта за паркирање r OFF не
свети.
Показател
Системот го предупредува возачот со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки зад возилото во
опсег на оддалеченост до 50 см
додека е менувачот е во рикверц.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките од назад се прикажува со
променливи линии за
оддалеченост во Инфо-екранот
3 108. Кога пречката е многу
блиску, на екранот се прикажува
9 за опасност.
Page 183 of 289
Возење и ракување181Деактивирање
Системот се исклучува кога ќе се
извади од рикверц. Притиснете r
ИСКЛУЧИ за да го деактивирате
системот рачно. LED-сијаличката
во копчето свети кога системот е
деактивиран.
Предно-задна помош за
паркирање
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Системот работи со
ултрасоничните сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Активирање
Покрај задната помош за
паркирање, предната помош за
паркирање се вклучува кога ќе се
открие пречка напред, а брзината
на возилото сè уште е под 10 км/ч.
Системот е подготвен за работа
кога LED-сијаличката во копчето за
помошта за паркирање r не
свети.
Кога системот е деактивиран, LED- сијаличката во копчето свети.
Page 184 of 289
182Возење и ракувањеПоказател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки пред или зад
возилото.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.Освен тоа, оддалеченоста до
пречките назад и напред се
прикажува со променливи линии за оддалеченост во Инфо-екранот
3 108.
Деактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото ќе надмине 10 км/ч или
ако возилото запре подолго од три
секунди во брзина за движење
напред или ако повеќе нема
откриени пречки.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Кога рачно ќе се деактивира
системот, светлото во копчето се
гаси и во Информативниот центар
за возачот се појавува порака.
По рачното исклучување, предна-
задна помош за паркирање
повторно се активира ако се
притисне r или ако возилото е во
рикверц.Ограничувања на системот
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пример, поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, во групата инструменти
светнува Сервис. Во
Информативниот центар за
возачот се покажува порака.9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Page 185 of 289
Возење и ракување183Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Напредна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото при
паркирање.
Напредната помош за паркирање
помага за следниве маневри:
● Влегување во паралелно место за паркирање.
● Влегување во напречно место за паркирање.
● Излегување од паралелно место за паркирање.
Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, додека
управувањето се врши автоматски.
Возачот може да ја преземе
контролата во секое време така
што ќе го фати воланот.
Можеби ќе биде потребно да се
движи напред и назад повеќе од
еднаш.
Упатствата се дадени на Инфо-
екранот 3 108.
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.
Page 186 of 289
184Возење и ракување
Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Системот има шест ултрасонични
сензори за паркирање и во задниот и во предниот браник.
Влегување во паралелно место за паркирање
Активирање
Информативен екран во боја од 7'':
за да се пребарува за место за
паркирање, активирајте го
системот со избирање Park Assist
(Помош за паркирање) на
почетната страница од екранот на
допир. Потоа изберете Enter
parallel parking space (Влез во
простор за паралелно паркирање) .
8'' Информативен екран во боја: за да се пребарува за место за
паркирање, активирајте го
системот со притискање на Í. На
екранот на допир, изберете
Функции за возење, па Помош за
паркирање . Изберете Влези во
паралелно место за паркирање .
Во групата инструменти светнува
$ за да ја потврди функцијата.
Намалете ја брзината на возилото
под 20 км/ч.
Изберете ја страната за паркирање
со вклучување на трепкачот на
соодветната страна.
Дозволеното паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е помеѓу
0,5 метри и 1,5 метри.
Системот нема да идентификува места кои се јасно помали или
поголеми од возилото.
Кога ќе се открие слободно место,
се даваат визуелни информации
на Информативниот екран во боја
и се дава прв звучен сигнал. Возете
бавно напред. Кога ќе се даде
вториот звучен сигнал, запрете го
возилото, ставете во рикверц,
пуштете го воланот и почнете да се движите без да надминете 7 км/ч.
Page 187 of 289
Возење и ракување185
Движете се напред и назад и
почитувајте ги предупредувањата на Помошта за паркирање додекане се означи крајот на
маневрирањето. Кога ќе завршите,
во групата инструменти се
исклучува $.
Влегување во напречно место
за паркирање
Активирање
Информативен екран во боја од 7'':
за да се пребарува за место за
паркирање, активирајте го
системот со избирање Park Assist
(Помош за паркирање) на
почетната страница од екранот на
допир. Потоа изберете Enter
perpendicular parking space (Влез
во простор за нормално
паркирање) .
8'' Информативен екран во боја:
кога барате место за паркирање, активирајте го системот со
притискање на Í. На екранот на
допир, изберете Функции за
возење, па Помош за паркирање .
Изберете Влези во напречно место
за паркирање .
Во групата инструменти светнува $ за да ја потврди функцијата.
Намалете ја брзината на возилото
под 20 км/ч.
Изберете ја страната за паркирање со вклучување на трепкачот на
соодветната страна.
Дозволеното паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е помеѓу
0,5 метри и 1,5 метри.
Кога ќе се најдат неколку
последователни места, возилото ќе се насочи кон последното.
Кога ќе се открие слободно место,
се даваат визуелни информации
на Информативниот екран во боја
и се дава звучен сигнал. Запрете го
возилото, ставете во рикверц,
пуштете го воланот и почнете да се движите без да надминете 7 км/ч.
Page 188 of 289
186Возење и ракување
Движете се напред и назад според
упатствата, почитувајте ги
предупредувањата на Помошта за
паркирање и внимавајте на
звучните сигнали додека не се
означи крајот на маневрирањето.
Кога ќе завршите, во групата
инструменти се исклучува $.
При маневрирањето за паркирање, системот се деактивира
автоматски штом задниот дел од
возилото се приближи на 50 см од
некоја пречка.
Излегување од паралелно
место за паркирање
Активирање
Информативен екран во боја од 7'': кога излегувате од паралелно
место за паркирање, активирајте го
системот со избирање Park Assist
(Помош за паркирање) на
почетната страница од екранот на
допир. Потоа изберете Излези од
паралелно место за паркирање .
8'' Информативен екран во боја:
кога излегувате од паралелно
паркирање, активирајте го
системот со притискање на Í. На
екранот на допир, изберете
Функции за возење, па Помош за
паркирање . Изберете Излези од
паралелно место за паркирање .
Изберете ја страната за излегување со вклучување на
соодветниот трепкач.
Ставете во рикверц, пуштете го
воланот и почнете да се движите без да надминете 5 км/ч.
Движете се напред и назад и
почитувајте ги предупредувањата на Помошта за паркирање додека
не се означи крајот на
маневрирањето. Маневрирањето
завршува кога предните тркала од
возилото се надвор од местото за
паркирање и $ ќе се исклучи во
групата инструменти.
По деактивирањето, проверете
дали ја имате контролата над
возилото.
Page 189 of 289
Возење и ракување187Индикации на екранотУпатствата на екранот покажуваат: ● Општи практични совети и пораки за предупредување.
● Барање за запирање на возилото кога се забележува
паркирно место.
● Насока на возењето за време на маневри за паркирање.
● Барање да се стави во рикверц
или во прва брзина.
● Барање да се застане или да се вози побавно.
● Успешно завршување на маневарот паркирање на
коешто укажува појавен
симбол и тон.
● Откажување на маневар за паркирање.
Деактивирање
Тековниот маневар за помош за
паркирање се откажува преку
копчето за да се вратите на
претходниот екран во
Информативниот екран во боја. Зада го деактивирате системот
целосно, притиснете r Off
(Искл.) во средишната конзола.
Системот се деактивира
автоматски:
● ако се исклучи палењето
● ако моторот работи во место ● ако не се започне со маневрирање во рок од 5
минути откако ќе се изберете
типот на маневрирањето
● по подолго стоење во место на
возилото за време на
маневрирање
● ако се вклучи електронската контрола на стабилноста ( ESC)
● ако брзината на возилото го надмине наведеното
ограничување
● кога возачот ќе го прекине движењето на воланот
● по 4 циклуси на маневрирање
● при отворање на возачката врата● ако некое од предните тркаланаиде на пречка
● ако маневрирањето за паркирање заврши успешно
Деактивирањето од возачот или од системот за време на
маневрирањето ќе се прикаже на
екранот. Освен тоа, се огласува
звучен сигнал.
Системот се исклучува автоматски
кога се влече електрично поврзана
приколка.
Контактирајте со продавачот за да го исклучите системот на подолго
време.
Дефект
Во случај на дефект, $ трепка
неколку секунди заедно со звучен сигнал. Ако се појави дефект при
користењето на системот, $ се
гаси.
Во случај на дефект на серво
управувањето, на таблата со
инструменти трепка c заедно со
порака.
Page 190 of 289
188Возење и ракување9Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот
дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување, на пр.
тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко
непорамнување (повремено може да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска
табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за
паркирање може да не реагира на
промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па
дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.
Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.
Системот не открива
неправилности на тлото, на пр. во
градежни зони. Возачот е одговорен за тоа.
Известување за странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
"мртва" зона. Системот прикажува
визуелно предупредување во секој