OPEL CROSSLAND X 2019 Сопственички прирачник

Page 141 of 297

Контрола на климатизацијата139возачот или за двете страни, во
зависност од активирањето на
синхронизација MONO во
изборникот за поставки за
климатизацијата. Притиснете
MENU за да влезете во изборникот.
Препорачана температура е 22 °C.
Температурата ќе се прикаже на
екраните покрај вртливите
контроли во изборникот за
поставки за климатизација.
Ако е поставена минимална
температура Lo, системот за
контрола на климатизацијата
работи на максимално ладење, ако е вклучено ладењето A/C.
Ако е поставена максимална
температура Hi, системот за
контрола на климатизацијата
работи со максимално греење.
Забелешка
Доколку е вклучено A/C,
намалувањето на поставената температура во кабината може да
предизвика повторен старт на
моторот од Автостоп или да
спречи Автостоп.Систем за сопирање-поаѓање
3 152.
Синхронизирање на
температурата во двојна зона
MONO или SYNC
Притиснете MENU за да влезете во
изборникот. Допрете MONO или
SYNC за да ја поврзете поставката
за температурата на совозачката
страна со возачката страна.
Кога ќе се приспособи вртливата
контрола за совозачката страна,
синхронизацијата ќе се исклучи.
Климатизација A/CПритиснете го A/C за да го
вклучите ладењето. LED-копчето
светнува за да покаже активирање.
Ладењето функционира само кога
моторот работи и кога е вклучен
вентилаторот на контролата на
климатизацијата.
Повторно притиснете A/C за да го
исклучите ладењето.
Системот за климатизација лади и
суши кога надворешната
температура е над определено
ниво. Затоа може да се формира
кондензација и да капе од под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.

Page 142 of 297

140Контрола на климатизацијатаРачно кружење на воздухот 4
Притиснете 4 за да го вклучите
кружењето на воздухот. LED-
копчето светнува за да покаже
активирање.
Повторно притиснете 4 за да го
исклучите кружењето на воздухот.
9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може да се замаглат
однатре. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика патниците да се
чувствуваат поспано.
При топло и многу влажно време,
шофершајбната може да се
замагли однадвор кога ќе се
насочи ладен воздух кон неа. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, активирајте го бришачот
за шофершајбната и деактивирајте
го l.
Одмаглување и одмрзнување на
прозорците à
● Притиснете à. LED-копчето
светнува за да покаже
активирање.
● Температурата и распределбата на воздохут се
поставуваат автоматски и
вентилаторот работи на
голема брзина.
● Вклучете ја климатизацијата со
притискање A/C, ако е
потребно.
● Вклучете го греењето на задното стакло b.
● Вклучете го греењето на шофершајбната ,.
● За враќање на претходниот режим притиснете à повторно,
а за враќање на автоматскиот
режим притиснете AUTO.

Page 143 of 297

Контрола на климатизацијата141Забелешка
Ако се притисне à додека работи
моторот, Autostop ќе биде
попречено додека повторно не се притисне à.
Ако копчето à се притисне додека
моторот е во Autostop, моторот ќе
се запали повторно автоматски.
Систем за сопирање-поаѓање
3 152.
Деактивирање на електронскиот
систем за контрола на
климатизацијата
Ладењето, вентилаторот и автоматскиот режим можат да се
исклучат со вртење на вртливата
контрола Z налево.
Активирање со вклучување на вентилаторот или со притискање
на AUTO .
Греење на задното стакло, греење
на шофершајбната и греење на
страничните ретровизори b 3 39.
Седишта со греење ß 3 47.Дополнително греење
Грејач на воздухот
Брзото греење е дополнителен
електричен грејач кој автоматски го загрева патничкиот простор
побргу.Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори запроветрување
Средишни отвори за
проветрување во таблата со
инструменти
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
За да го затворите отворот,
свртете ги ребрата навнатре.

Page 144 of 297

142Контрола на климатизацијатаНадворешни отвори за
проветрување во таблата со
инструменти
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
За да го затворите отворот,
свртете ги ребрата нанадвор.
Средишни отвори за
проветрување на горниот дел
од таблата за инструменти
Затворете го протокот на воздух со
вртење на малото тркалце
нанапред.
Отвори за проветрување во
касетата
Отворот за проветрување може да
се отвори или затвори со вртење.
Додека е вклучено ладењето,
треба да бидат отворени барем
два отвори за проветрување.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.

Page 145 of 297

Контрола на климатизацијата143Фиксни отвори за
проветрување
Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на вратите и во пределите на нозете.Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи доводот на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.
Филтер за воздух во кабината
Редовно менувајте го филтерот за
максимален ефект.
Можеби ќе биде потребна почеста
замена на филтерот за воздух во
патничкиот простор ако возите во
области со густ сообраќај, лош
квалитет на воздух, области со
високи нивоа на прашина или кои
се чувствителни на алергените од
околината.
Замена на филтерот за воздух во
патничкиот простор може да биде
потребна и ако има намален проток на воздух, замаглување на
прозорците или непријатна
миризба.
Продавачот може да ви помогне да определите кога е вистинското
време да го замените филтерот.
Обично работење на климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е возможно ракувањето со ладењето
кога надворешната температура е
прениска.

Page 146 of 297

144Контрола на климатизацијатаСервисЗа оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи
три години по првата регистрација
на возилото, вклучувајќи ги
следните:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени
● чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
● проверка на перформансите
● проверка на филтерот за воздух во кабината

Page 147 of 297

Возење и ракување145Возење и
ракувањеПрактични совети за возење ..146
Контрола над возилото .........146
Управување ............................ 146
Поаѓање и ракување ................146
Разработување на новото возило .................................... 146
Положби на прекинувачот за палење .................................. 147
Копче за вклучување .............147
Режим за заштеда на енергија ................................. 149
Палење на моторот ...............149
Исклучување на пребрзувањето .....................151
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 152
Паркирање ............................. 154
Издувни гасови од моторот .....155
Филтер за издувни гасови .....155
Катализатор ........................... 156
AdBlue ..................................... 156
Автоматски менувач ................160
Екран на менувачот ...............160Рачка на менувачот ...............160
Рачен режим .......................... 161
Електронски програми за возење ................................... 161
Дефект .................................... 162
Прекин на напојувањето .......162
Рачен менувач ......................... 163
Сопирачки ................................. 164
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 164
Сопирачка за паркирање ......165
Серво кочење ......................... 165
Помош при поаѓање на
угорници ................................ 166
Системи за контрола на
возењето ................................... 166
Електронска контрола на стабилноста и Систем за
контрола на
пролизгувањето ....................166
Системи за помош на возачот 167 Контрола на патувањето .......167
Ограничувач на брзината .....170
Предупредување за преден судир ...................................... 173
Активно итно сопирање ......... 175
Предна заштита за пешаци ..178
Помош за паркирање ............179Напредна помош за
паркирање ............................. 183
Известување за странична слепа точка ........................... 188
Систем за панорамски поглед .................................... 190
Ретровизорска камера ..........193
Предупредување за напуштање лента .................195
Предупредување за возачот 196
Гориво ....................................... 198
Гориво за бензински мотори . 198
Гориво за мотори на дизел ...198
Гориво за работа на течен гас .......................................... 199
Полнење гориво ..................... 200
Кука за приколки ......................203
Општи информации ...............203
Возни карактеристики, совети за влечење ............................ 204
Влечење на приколка ............204
Опрема за влечење ...............205

Page 148 of 297

146Возење и ракувањеПрактични совети за
возење
Контрола над возилото Никогаш не оставајте го
возилото да оди со изгаснат
мотор
Многу системи нема да
функционираат во оваа ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, серво
управувањето). Таквото возење е
опасно за Вас и за други.
Сите системи функционираат при
Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 152.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се
полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова се
постигнува со засилување на
работата во празен од што може да биде чујно.Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Педали За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.Поаѓање и ракување
Разработување на новотовозило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за некое време по првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот за
разработување потрошувачката на
гориво и моторно масло може да
биде поголема.
Освен тоа, постапката за чистење
на филтерот за издувни гасови може да се врши почесто.
Филтер за издувни гасови 3 155.
Autostop може да биде спречен да овозможи полнење на
акумулаторот.

Page 149 of 297

Возење и ракување147Положби на прекинувачотза палење
Свртете го клучот:0:исклучено палење: Некои
функции остануваат активни
додека не се извади клучот или
не се отвори возачката врата,
под услов палењето да било
вклучено претходно1:режим за напојување со
вклучено палење: Палењето е
вклучено, дизел моторот се
предзагрева. Контролните
сијалички светат и може да се
ракува со повеќето електрични
функции2:стартување на моторот:
отпуштете го клучот откако
моторот ќе стартува
Заклучување на воланот
Извадете го клучот од
прекинувачот за палење и вртете
го воланот додека да се заглави.
9 Опасност
Не вадете го клучот од
прекинувачот за палење при
возење затоа што тоа ќе го
блокира воланот.
Копче за вклучување
Електронскиот клуч мора да биде
внатре во возилото.
Стартување на моторот
Притиснете ја педалата за
куплунгот (рачен менувач),
педалата за сопирачките и
притиснете Start/Stop. Кога ќе
почне постапката за стартување, отпуштете го копчето.Палење во режим на напојување без стартување на моторот
Притиснете Start/Stop без да
притискате на педалата за
куплунгот или за сопирачката.

Page 150 of 297

148Возење и ракувањеКонтролните сијалички светат и
може да се ракува со повеќето електрични функции.Гасење на моторот и палењето
Притиснете го Start/Stop кратко во
секој режим или кога работи
моторот и возилото е во мирување.
Некои функции остануваат активни додека не се отвори возачката
врата, под услов палењето да било
вклучено претходно.Итно исклучување при возење
Притиснете Start/Stop 5 секунди
3 149. Воланот се заклучува штом
возилото ќе застане.
Заклучување на воланот
Заклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
● Возилото е во мирување.
● Палењето е исклучено.
За да се отклучи воланот, отворете
ја и затворете ја возачката врата и
вклучете го палењето во режим на
напојување или директно
стартувајте го моторот.
9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Ракување кај возилата со
систем на електронски клуч во
случај на дефект
Ако некој од електронските клучеви потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (Не е откриен
далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key
(Заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.
Држете го електронскиот клуч со
копчиња надвор на ознаката на столбот од воланот како што е
покажано на сликата.
Притиснете ја педалата за
куплунгот (рачен менувач),
педалата за сопирачките и
притиснете Start/Stop. Кога ќе
почне постапката за стартување, отпуштете го копчето.
Оваа опција е наменета само за
хаварии. Заменете ја батеријата на
електронскиот клуч што е можно
поскоро 3 22.

Page:   < prev 1-10 ... 101-110 111-120 121-130 131-140 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 ... 300 next >