OPEL CROSSLAND X 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2019Pages: 297, PDF Size: 8.05 MB
Page 161 of 297

Возење и ракување159паркирајте го возилото на место
со повисока температура на
околината додека AdBlue не стане
течна.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење,
може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Се препорачува целосно да го
дополните резервоарот за AdBlue.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
Отворот за дополнување AdBlue се
наоѓа зад капачето за гориво, што
се наоѓа на левата задна страна од
возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.2. Затворете ги сите врати за дане навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.
3. Ослободете ја вратничката на резервоарот така што ќе ја
притиснете 3 200.
4. Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни или додека
протокот од кантата не запре.
Тоа може да потрае до
5 минути.
8. Спуштете ја кантата за да се испразни цревото и почекајте
15 секунди.
9. Одвртете го цревото од грлото за полнење.
10. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ја кантата за AdBlue
според барањата за животна
средина. Цревото може да се
употреби повторно откако ќе се исплакне со чиста вода пред да се
исуши AdBlue.
Page 162 of 297

160Возење и ракувањеАвтоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во
рачен режим со допирање на
рачката на менувачот до + или -
3 161.
Екран на менувачот
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува режимот или избраната брзина.
Во автоматскиот режим,
програмата за возење е прикажана
со D.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Рачка на менувачот
Ставете ја рачката на менувачот во отворот за менување како што е
прикажано на сликата погоре.
P:паркирна положба, тркалата
се блокирани, ставајте во
брзина само кога возилото е
во мирување и сопирачката за паркирање е применетаR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим<:ставање во поголема брзина
во рачен режим]:ставање во помала брзина во
рачен режим
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Моторот може да се запали само кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Page 163 of 297

Возење и ракување161Не давајте гас додека ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото
Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.Рачен режим
Поместete ја рачката на менувачот
од положбата D кон лево во
положбата M.
Допрете ја рачката на менувачот
нагоре + за да се префрли во
поголема брзина.
Допрете рачката на менувачот
надолу - за да се префрли во
помала брзина.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема, не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар
за возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување брзини Се покажува R со бројот на
поголемата брзина кога се
препорачува менување во
поголема брзина за заштеда на
гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми завозење
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината на
моторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
Page 164 of 297

162Возење и ракување● Специјални програмиавтоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
● Во снежни или подмрзнати услови или на други лизгави
површини, контролата на
електронскиот пренос му
овозможува на возачот да
избере рачно прва, втора или
трета брзина за поаѓање.
Збоднување
Притискањето на педалата за гас повеќе од жлебот за збоднување ќе предизвика максимално
забрзување без оглед на
избраниот режим на возење.
Менувачот се префрлува во
помала брзина во зависност од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се прикажува
порака на Информативниот центар за возачот.
Пораки за возилото 3 110.Електронската контрола на
менувачот овозможува само трета
брзина. Менувачот веќе не менува
брзини автоматски.
Не возете побрзо од 100 км/ч.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето
Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 247.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на
менувачот.
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање.
2. Отпуштете го тапацирот на рачката на менувачот од
средишната конзола.
Притиснете со прстот вокожното лежиште под рачката
на менувачот и повлечете го
тапацирот нагоре.
3. Притиснете го копчето и извадете ја рачката на
менувачот од P. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.
Page 165 of 297

Возење и ракување163Рачен менувач
За да ставите во рикверц на 5-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, па
поместете ја рачката на менувачот
надесно и назад.
За да ставите во рикверц на 6-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, подигнете
го прстенот под рачката на
менувачот, па поместете ја рачката на менувачот целосно налево и
напред.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.
Кога ќе се открие лизнување на
куплунгот за одредено време,
моќноста на моторот ќе се намали.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредување. Отпуштете го
куплунгот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Показател за менување брзини
3 99.
Систем за сопирање-поаѓање
3 152.
Page 166 of 297

164Возење и ракувањеСопирачки
Системот на сопирачки се состои од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачкте е
притиснат цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 98.Систем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото осанува управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
Кога сопирате во итен случај,
предупредувачките трепкачи се
вклучуваат автоматски во
зависност од силата назабавувањето. Тие се исклучуваат
автоматски првиот пат кога ќе
забрзате.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 98.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
Page 167 of 297

Возење и ракување165силно сопирање, со возилото неможе веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
9 Предупредување
Пред да го напуштите возилото,
проверете го статусот на
рачната сопирачка.
Контролната сијаличка R мора
да свети постојано.
Рачна сопрачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 98.
Серво кочење
Ако педалата на сопирачките се
нагазне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на сопирање.
Работењето на помошта на
сопирањето може да се забележи
по пулсирање во педалата за
сопирачките и поголем отпор кога
се нагазнува педалата.
Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.
Page 168 of 297

166Возење и ракувањеПомош при поаѓање наугорници
Системот помага да се спречинесакано движење кога се вози по
косини.
При отпуштање на педалата за сопирање по застанување на
стрмнина, сопирачките остануваат
активни уште 2 секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Системи за контрола
на возењето
Електронска контрола настабилноста и Систем законтрола напролизгувањето
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење / нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
закочуваат посебно.
ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
TC е компонента на ESC.
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината наколовозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
ESC и TC функционираат по секое
стартување на моторот штом ќе се
изгасне контролната сијаличка b.
Кога ESC и TC работат, b трепка.
Page 169 of 297

Возење и ракување1679Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 99.
Деактивирање
ESC и TC може да се деактивира
секогаш кога е потребно:
притиснете a.
Контролна сијаличка a се пали.
Контролна сијаличка a 3 99.
Кога ESC и TC ќе се деактивираат,
во Информативниот центар за
возачот се појавува порака за
статус.
ESC и TC повторно се активираат
со повторно притискање на
копчето a, со притискање на
сопирачката или ако возилото се
вози побрзо од 50 км/ч.
a се исклучува кога ESC и TC ќе се
активираат повторно.
ESC и TC исто така се активираат
повторно следниот пат кога ќе се вклучи палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот целосно ја задржува
контролата над возилото и ја
презема целосната одговорност кога го вози возилото.
Кога ги користите системите за
помош на возачот, секогаш
внимавајте на тековната
ситуација во сообраќајот и
почитувајте ги важечките
сообраќајни правила.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да зачувува и одржува брзини над
40 км/ч. Дополнително, кај рачен
менувач мора да се избере
најмалку трета брзина, а на
Page 170 of 297

168Возење и ракувањеавтоматски менувач положба D
или мора да се избере втората или
повисока брзина во положба M.
Може да дојде до отстапувања од снимените брзини кога се вози по
угорници или удолнини.
Системот ја одржува брзината на
возилото на брзината определена
од возачот без притискање на
педалата за гас.
Претходно поставената брзина може да се надмине привремено со
силно притискање на педалата за
гас.
Статусот и претходно поставената
брзина се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот.
Не ја користете контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се задржува постајана брзина.
Контролна сијаличка m 3 102.Вклучување на системот
Притиснете m на воланот:
симболот m и порака се
прикажуваат во Информативниот центар за возачот. Системот сè
уште не е активен.
Активирање на
функционалноста
Поставување на брзината од
возачот