OPEL CROSSLAND X 2020 Сопственички прирачник
Page 91 of 273
Инструменти и контроли89периодот за потребно менување на
моторното масло и филтерот може значително да се разликува.
Информации за сервисирањето
3 240.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува известување
дека треба да се посети сервис
7 секунди откако ќе се вклучи
палењето.
Ако не е потребен сервис во
следните 3000 км или повеќе, на
екранот не се појавува
информација за сервис.
Ако е потребен сервис во рамките
на следните 3000 км,
преостанатото растојание или
времетраење се прикажува
неколку секунди. Истовремено
симболот C свети постојано како
потсетник.
Ако е потребен сервис за помалку
од 1000 км, C трепка, па свети
постојано. Преостанатото
растојание или времетраење се
прикажува неколку секунди.За надминатото растојание за
сервис се известува преку порака
во Информативниот центар за
возачот каде што е наведено и
надминатото растојание. C
трепка, па свети постојано додека не се изврши сервисот.
Ресетирање на интервалот за
сервис
По секој сервис, показателот за сервис мора да се ресетира за да
се обезбеди правилна работа. Се
препорачува да побарате помош
од автомеханичар.
Направете го следново: ● исклучете го палењето
● притиснете го и држете го притиснато копчето M или
CHECK
● вклучете го палењето, показателот за растојанието
започнува да одбројува
● кога на екранот ќе се прикаже =0, отпуштете го копчето
C исчезнуваДобивање сервисни
информации
За да го добиете статусот на
сервисните информации во секое
време притиснете го левото копче
под Информативниот центар за
возачот.
Или
Page 92 of 273
90Инструменти и контроли
Сервисните информации се
прикажуваат неколку секунди.
Информации за сервисирањето
3 240.
Контролни сијалички Контролните сијалички што се
опишани ги нема во сите возила.
Описите важат за сите верзии на
инструментите.
Во зависност од опремата,
положбата на контролните
сијалички може да биде различна.
Кога палењето се вклучува
повеќето контролни индикатори ќе
се запалат за кратко време како
тест за функционирањето.
Боите на контролната сијаличка
значат:црвена:опасност, важен
потсетникжолта:предупредување,
информација, дефектзелена:потврдување на
активирањетосина:потврдување на
активирањетобело:потврдување на
активирањето
Преглед на групата инструменти
3 84.
Трепкачи
O се пали или трепка зелено.
Свети накратко
Паркирните светла се запалени.
Трепка Активиран е некој трепкач за
вртење или предупредувачките
трепкачи.
Брзо трепкање: прегорување на
некој трепкач за вртење или на
поврзаниот осигурувач.
Тука спаѓаат трепкачите што се
поврзани со приклучокот на
опремата за влечење.
Замена на сијалиците 3 203.
Осигурувачи 3 212.
Трепкачи 3 117.
Потсетник за безбедносниот ремен
Потсетник за безбедносните
ремени на сите седишта
X светнува или трепка црвено во
групата инструменти заедно со
контролната сијаличка во
плафонската конзола за секој
безбедносен ремен.
Page 93 of 273
Инструменти и контроли91
●Кога палењето е вклучено, X
во групата инструменти и
симболот за соодветното
седиште во плафонската
конзола се вклучува, ако
безбедносниот ремен на некое
седиште на кое има патник не е врзан.
● По тргнувањето, X во групата
инструменти и симболот за
соодветното седиште во
плафонската конзола трепкаат
одредено време заедно со
звук. По одредено време на
возење, X свети постојано
додека безбедносниот ремен
на соодветното седиште не се
врзе или ако некој патник го
одврзал безбедносниот ремен.
Безбедносни ремени 3 50.
Воздушно перниче и затегнувачи на ремените
v свети црвено.
Кога палењето ќе се вклучи,
контролната сијаличка свети околу
4 секунди. Ако не светне, не се
изгасне по 4 секунди или свети
додека се вози, има дефект во
системот на воздушни перничиња.
Побарајте помош од
автомеханичар. Воздушните
перничиња и затегнувачите на
ремените може да не се
активираат во случај на
сообраќајка.
Активирањето на затегнувачите на
ремените или на воздушните
перничиња се означува со
непрекинато светење на v.9 Предупредување
Нека Ви ја отстрани причината
на дефектот автомеханичар
веднаш.
Затегнувачи на ремените 3 50.
Систем на воздушни перничиња
3 53.
Деактивирање на воздушното перниче
Ó ON свети жолто.
Воздушното перниче за совазочот
е активирано.
Page 94 of 273
92Инструменти и контроли*OFF свети жолто.
Воздушното перниче за совозачот
е деактивирано.
Деактивирање на воздушното
перниче 3 59.
Систем за полнење
p свети црвено.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.
Свети кога работи моторот Застанете, изгаснете го моторот.
Акумулаторот не се полни. Може да биде прекинато ладењето на
моторот. Серво уредот на
сопирачките може да престане да
биде ефективен. Побарајте помош
од автомеханичар.
Индикаторско свтело задефект
Z свети или трепка жолто.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.Свети кога работи моторот
Дефект на системот за контрола на
издувните гасови. Дозволените
ограничувања за издувните гасови
може да бидат пречекорени.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Ако трепка додека работи
моторот
Системот за управување со
моторот има дефект што може да предизвика оштетување на
катализаторот. Смалувајте го
давањето на гас додека не
престане трепкањето. Побарајте
помош од автомеханичар веднаш.
Наскоро сервисирајте говозилото
C свети жолто.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.Може да свети заедно со други
контролни сијалички и со
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Гаснење на моторот
Y свети црвено.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Свети заедно со други контролни
сијалички заедно со
предупредувачки мелодија и
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот.
Изгаснете го моторот веднаш и
побарајте помош од
автомеханичар.
Проверка на системот
J свети жолто или црвено.
Свети жолто Откриен е мал дефект на моторот.
Page 95 of 273
Инструменти и контроли93Свети црвено
Откриен е голем дефект на
моторот.
Изгаснете го моторот што е можно побрзо и побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за системите насопирачките и куплунгот
R свети црвено.
Нивото на течноста во сопирачките и куплунгот е премногу ниско, кога
сопирачката за паркирање не е
активирана 3 199.9 Предупредување
Застанете. Не го продолжете
патувањето. Посоветувајте се со автомеханичар.
Се пали кога е затегната рачната
паркинг кочница и палењето е
вклучено 3 153.
Течност за сопирачките 3 199.
Сопирачка за паркирање
m свети црвено.
Се вклучува кога е затегната
рачната сопирачка за паркирање и
палењето е вклучено 3 153.
Систем за деблокирање на сопирачките (ABS)
u свети жолто.
Свети неколку секунди откако ќе се
вклучи палењето. Системот е
подготвен за работа кога ќе се
изгасне контролната сијаличка.
Ако сијаличката не се изгасне за
неколку секунди, или ако се запали
за време на возењето, има дефект во ABS. Системот на сопирачки
останува функционален, но без
регулирање од ABS.
Систем за деблокирање на
сопирачките 3 153.Менување брзини
Рачен менувач
Се прикажува R со бројот на
повисока брзина кога се
препорачува менување во оваа повисока брзина за да се заштеди
гориво.
Рачен режим на автоматскиот
менувач
Се прикажува R кога се
препорачува менување во
повисока брзина за да се заштеди
гориво.
Page 96 of 273
94Инструменти и контролиПредупредување занапуштање лента
) трепка жолто кога системот ќе
препознае ненамерна промена на
лентата.
Предупредување за напуштање
лента 3 181.
Електронска контрола на стабилноста и Систем законтрола на
превртувањето
b свети или трепка жолто.
Свети
Присутен е дефект во системот.
Може да се продолжи со возењето. Меѓутоа, стабилноста при
возењето може да се влоши
зависно од условите на
површината на патот.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Трепка
Системот е активно вклучен.
Моќноста на моторот може да се
намали и возилото може да се
сопира автоматски до мал степен.
Електронска контрола на
стабилноста и Систем за контрола
на пролизгувањето 3 154.
Исклучување на
Електронската контрола на стабилноста и
Системот за контрола напролизгувањето
n свети жолто.
Системите се деактивирани.
Температура на течноста за ладење
o свети црвено.
Свети кога работи моторот Застанете, изгаснете го моторот.Внимание
Температурата на течноста за
ладење е превисока.
Веднаш проверете го нивото на
течноста за ладење 3 197.
Ако има доволно течност за
ладење, посоветувајте се со
автомеханичар.
Предзагревање ! свети жолто.
Предзагревање на дизел моторот е
вклучено. Дури тогаш се активира
кога надворешната температура е
ниска. Запалете го моторот кога
контролната сијаличка се гасне.
Палење на моторот 3 139.
Филтер за издувни гасови
% или C свети жолто.
Филтерот за издувни гасови треба
да се исчисти.
Page 97 of 273
Инструменти и контроли95Продолжете да возите додека
контролната сијаличка не се
исклучи.
Светнува привремено
Започнете го заситувањето на
филтерот за издувни гасови.
Започнете го процесот на чистење
што е можно побрзо така што ќе го
возите возилото со брзина од
најмалку 60 км/ч.
Свети постојано
Знак за ниско ниво на адитиви.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Филтер за издувни гасови 3 144.
AdBlue
Y Симболот свети или трепка
жолто.
Свети жолтоПреостанатиот опсег за возење е
помеѓу 600 км и 2400 км.Трепка жолто
Преостанатиот опсег за возење е
помеѓу 0 и 600 км.
Нивото на AdBlue е ниско.
Дополнете AdBlue наскоро за да
избегнете спречување на
палењето на моторот.
AdBlue 3 145.
Систем за откривање на издишаноста
w свети или трепка жолто.
Свети
Губење на притисокот во гумите во
едно или повеќе тркала. Застанете
веднаш и проверете го притисокот
во гумата.
Трепка
Дефект во системот.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Систем за откривање на
издишаноста 3 219.Притисок на моторното
масло
I Свети црвено.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.
Свети кога работи моторотВнимание
Може да е прекинато
подмачкувањето на моторот.
Тоа може да резултира со
оштетување на моторот и / или
закочување на погонските
тркала.
1. Изберете неутрална брзина.
2. Иставете го возилото од сообраќајниот тек колку е
можно побрзо без попречување
на другите возила.
3. Исклучете го палењето.
Page 98 of 273
96Инструменти и контроли9Предупредување
Кога моторот е изгаснат,
потребна е значително
поголема сила за сопирање и за управување.
За време на Autostop, серво-
уредот на сопирачките сеуште
работи.
Не вадете го клучот додека
возилото не е во мирување,
инаку бравата на воланот може
да се заглави неочекувано.
Моторот нека биде исклучен, а
возилото треба да се одвлече кај
автомеханичар 3 196.
Ниско ниво на гориво
o свети жолто.
Нивото во резервоарот за гориво е прениско.
Полнење гориво 3 186.
Цедење на системот за дизел
гориво 3 201.
Autostop
D се пали или трепка зелено.
Свети зелено Моторот е во Autostop.
Трепка зелено
Autostop е моментално недостапен или режимот Autostop е активиран
автоматски.
Систем за сопирање-поаѓање
3 140.
Надворешно светло
8 свети зелено.
Надворешните светла се запалени
3 112.
Средно светло
9 свети зелено.
Свети кога средното светло е
вклучено.
Долго светло
C свети сино.Свети кога долгото светло е
запалено или за време на
аблендирањето 3 113.
Помош за долго светло
f свети зелено.
Помошта за долги светла е
вклучена 3 113.
Предни фарови за магла
> свети зелено.
Предните фарови за магла се
запалени 3 117.
Заден фар за магла ø свети жолто.
Задниот фар за магла е запален
3 118.
Сензор за дожд < свети зелено.
Свети кога е активирано
автоматското бришење со сензор
за дожд.
Page 99 of 273
Инструменти и контроли97Бришач и перач на
шофершајбната 3 78.
Контрола на патувањето m свети во Информативниот
центар за возачот.
Контрола на патувањето 3 156.
Известување за странична слепа точка
B свети зелено.
Системот е активен 3 175.
Активно итно сопирање m свети или трепка жолто.
Свети
Системот е деактивиран или
откриен е дефект.
Освен тоа, во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.Проверете ја причината за
деактивирањето 3 163 и во случај
на системски дефект, побарајте
помош од автомеханичар.
Забелешка
m свети и ако безбедносните
ремени на совозачкото седиште
не се врзани. Во овој случај,
активното итно сопирање е
деактивирано.
Трепка
Системот е активно вклучен.
Во зависност од ситуацијата,
возилото може автоматски да
сопре умерено или нагло.
Предупредување за преден судир
3 161.
Предна заштита за пешаци 3 166.
Ограничувач на брзината
ß свети во Информативниот
центар за возачот.
Ограничувач на брзината. 3 159.Отворена врата
h свети црвено.
Отворена е некоја врата или задната врата.
Page 100 of 273
98Инструменти и контролиЕкрани
Информативен центар за возачот
Информативниот центар за
возачот се наоѓа во групата
инструменти.
Во зависност од верзијата,
Информативниот центар за
возачот е достапен како црно-бел
екран или екран во боја.
Информативниот центар за
возачот покажува:
● вкупна и дневна километража
● дигитално покажување на брзината
● изборник за информации за патувањето / горивото
● показател за менување брзини
● информации за сервисирањето
● пораки за возилото и за предупредување
● пораки за помош на возачот
● појавни пораки
● Информации за AdBlueОдбирање изборници и
функции
Свртете го тркалцето за местење
за да изберете страница во
изборникот за информации за
патувањето / горивото.
Притиснете SET/CLR за да
потврдите или ресетирате некоја
функција.
Пораките за возилото и за
сервисирање се појавуваат на
Информативен центар за возачот
ако е потребно. Лизгајте низ
пораките со вртење на тркалцето
за местење. Потврдувајте ги
пораките со притискање на
SET/CLR .
Дополнително, некои изборници
може да се изберат преку левото
копче:
Притиснете M за да се
префрлате помеѓу соодветните изборници.
Или