OPEL CROSSLAND X 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2020Pages: 273, PDF Size: 20.72 MB
Page 111 of 273

Инструменти и контроли109Информативен екран во боја од
8 инчи
Притиснете SET за да се отвори
изборникот за поставки.
Користете ги копчињата за допир за да управувате со екранот.
Поставки за мерни единици
Изберете Системски поставки .
Променете ги мерните единици за Потрошувачка и растојание и
Температура .
Потврдете со G.
Поставки за јазикот
Изберете Јазици.
Променете го јазикот со допирање
на соодветната ставка.
Потврдете со G.
Поставки на возилото
Притиснете го Í.
Изберете Поставки на возилото .
Во соодветните подизборници
следните поставки може да се
сменат:
● Предни фарови
Осветлување при влегување :
Ја активира или деактивира
функцијата и го приспособува
траењето.
Осветлување „Насочи ме
дома“ : Ја активира или
деактивира функцијата и го
приспособува траењето.
● Удобно
Осветлување според
расположение : Ја
приспособува осветленоста на
амбиенталното осветлување.
Заден бришач во рикверц :
Активирање или
деактивирање на
автоматското вклучување на
бришачот на задното стакло
кога е ставено во рикверц.
● Пристап во возилото
Отклучување на вратите: само
багажникот : Го активира или
деактивира отклучувањето
само на багажникот кога ќе се
притисне T на далечинскиот
управувач.
Отклучување на вратите: само
возачката врата : Ја променува
конфигурацијата за
отклучување само на
возачката врата и вратничката
на резервоарот за гориво или
Page 112 of 273

110Инструменти и контролина сите врати, товарниот
простор и вратничката на
резервоарот за гориво кога ќе
се притисне O на далечинскиот
управувач.
● Безбедност
Предупредување за внимание
на возачот : го активира или
деактивира системот за
поспаност на возачот.
Функции за возење
Притиснете го Í.
Изберете Функции за возење .
Во соодветните подизборници
следните поставки може да се
сменат:
● Помош за паркирање : ја
активира напредната помош за
паркирање, може да се
изберете маневар за
паркирање.
● Сензори за слепа точка : го
активира или деактивира
известувањето за странична
слепа точка.
● Систем за панорамски поглед :
активирање / деактивирање на функцијата.Услуги за телематика
Opel Connect
Opel Connect се состои од повеќе
поврзани услуги до кои може да се
пристапи преку апликација, преку
интернет или во возилото.
Забелешка
Opel Connect не е достапен за
сите пазари. За повеќе
информации, контактирајте со
автомеханичар.
Забелешка
За целосна функционалност на Opel Connect потребни се
регистрација и правилно
активирање.
Поврзаните услуги може да
опфаќаат навигација во живо, како што се информации за сообраќајот и статусот на возилото преку
интернет, како и предупредувања
за одржување.
Услугите до кои може да се
пристапи во возилото вклучуваат и итен повик и повик при дефект.
Page 113 of 273

Инструменти и контроли111Овие функции се активираат
автоматски. Важат правила и
услови.
Со функцијата за итен повик и
функцијата за повик при дефект се
ракува преку копчињата во
плафонската конзола.
LED-сијаличка за статус во
плафонската конзола
Свети зелено и црвено и се
исклучува по краток период кога
палењето е вклучено: системот
работи правилно.
Свети црвено: дефект на системот. Посетете автомеханичар.
Трепка црвено: помошниот
акумулатор треба да се замени.
Посетете автомеханичар.
Итен повик
Функцијата за итен повик ќе
воспостави поврзување со
најблиската точка за одговор за
јавна безбедност (PSAP).
Минимален број податоцивклучувајќи ги информациите за
возилото и локацијата ќе се
испратат до PSAP.
Забелешка
Можно е да не може да се
воспостави итен повик во области со недоволна мрежна достапност
или поради оштетување на
хардверот при судар.
Во итен случај, притиснете го
црвеното копче за SOS подолго од
2 секунди. Зелената LED- сијаличка
трепка за да потврди дека е
воспоставено поврзување со
најблиската PSAP. LED-
сијаличката свети постојано сѐ
додека повикот е активен.
Со притискање на копчето SOS
веднаш по вторпат ќе се прекине
повикот. LED-сијаличката се
исклучува.
Автоматско известување за судар
Во случај на незгода во која се
активирани воздушни перничиња,
автоматски се воспоставува итен
повик и автоматско известување за судар ќе се пренесе до следната
PSAP.Повик при дефект
Притискањето на . подолго од
2 секунди ве поврзува со давател
на помош на пат.
За информации за покриеноста и
обемот на услуги за помош на пат,
погледнете во Сервисната и
гарантната книшка.
Поставки за приватност
Поставките за приватноста на
Opel Connect може да се
конфигурираат во возилото. Тоа ќе
влијае врз збирките податоци што
се испраќаат, на пример, ако се
активира повик при дефект.Тоа
нема да влијае врз функцијата за итен повик.
Променете ги поставките за
приватност во возилото така што
истовремено ќе ги притиснете
копчето . и копчето SOS.
Верзии со систем за навигација:
поставките за приватност може да
се променат и во изборникот за
системски поставки.
Page 114 of 273

112СветлаСветлаНадворешни светла.................112
Прекинувач за светлата ........112
Автоматска контрола на светлата ................................ 113
Долго светло .......................... 113
Помош за долго светло .........113
Аблендирање ......................... 115
Регулирање на височината на фаровите ............................... 115
Предните фарови кога се вози во странство .......................... 115
Светла за дневно возење .....115
LED предни фарови ..............116
Предупредувачки трепкачи ... 116
Трепкачи ................................. 117
Предни фарови за магла ......117
Задно светло за магла ..........118
Паркирни светла ....................118
Светло за рикверц .................118
Замаглени капаци на светлата ................................ 118
Внатрешно светло, ..................119
Контрола на осветлувањето на таблата со инструменти ..119
Внатрешни светла .................119Светла за читање ..................119
Светло во заштитникот за сонце ..................................... 120
Карактеристики на
осветлувањето .........................120
Осветлување на средишната конзола .................................. 120
Осветлување при влегување ............................. 120
Осветлување при излегување ............................ 121
Заштита од празнење на акумулаторот ........................ 121Надворешни светла
Прекинувач за светлата
Прекинувач за светлата:
AUTO:автоматска контрола на
светлата автоматски
менува помеѓу светло за
дневно возење и предни
фарови8:странични светла9:предни фарови
Контролна сијаличка 8 3 96.
Page 115 of 273

Светла113Задни светлаЗадните светла светат заедно со
средното / долгото светло и
страничните светла.
Автоматска контрола на
светлата
Кога функцијата за автоматска
контрола на светлата е вклучена и
моторот работи, системот се
префрлува помеѓу светлата за
дневно возење и предните фарови
автоматски во зависност од
надворешните услови на
осветлувањето и информациите
што ги дава системот за
бришачите.
Уверете се дека сензорот не е
блокиран 3 11, 3 38.
Светло за дневно возење 3 115.
Автоматско активирање на
предните фарови
При лоши светлосни услови
предните фарови се вклучуваат.
Дополнително, предните фарови
се вклучуваат ако бришачите на
шофершајбната биле активирани
за повеќе бришења.
LED предни фарови 3 116.
Откривање тунели Кога се влегува во тунел, предните
фарови се вклучуваат веднаш.Долго светло
Притиснете за да се префрлите од
кратко на долго светло.
Повлечете за да го исклучите
долгото светло.
Помош за долгото светло 3 113.
Помош за долго светло
Камерата во шофершајбната ги
забележува светлата на возилата
од спротивната насока или напред.
Откако ќе се активира, помош за
долгото светло останува активно и
се вклучува и исклучува долгото
светло во зависност од околните
Page 116 of 273

114Светлауслови. Најпоследната поставка на
помошта за долго светло ќе остане откако ќе се вклучи палењето
повторно.
Оваа карактеристика автоматски
го активира долгото светло во
темнина кога брзината на возилото
е поголема од 25 км/ч.
Се враќа на средно светло
автоматски кога:
● Камерата во шофершајбната ги забележува светлата на
возилата од спротивната
насока или напред.
● Брзината на возилото паѓа под
15 км/ч.
● Има магла или снег.
● Предни или задни фарови за магла се вклучени.
● Се вози во градски предели.
Ако не се откријат никакви
ограничувања, системот се враќа на долго светло.Активирање
Помошта за долгото светло
активирајте ја со притискање на
f . Светнува LED-сијаличката на
копчето.
Зелената контролна сијаличка f
свети постојано кога помошта за
долго светло е активирана, сината
7 свети кога долгото светло е
вклучено.
Контролна сијаличка f 3 96, 7
3 96.
Деактивирање
Помошта за долгото светло
деактивирајте ја со притискање на
f . LED-сијаличката на копчето се
исклучува.
Ако се активира аблендирањето
кога е активирана помошта за
долго светло, а средното светло е
вклучено, помошта за долгото
светло ќе се деактивира. Системот
променува на долго светло.
Ако се активира аблендирањето
кога е активирана помошта за
долго светло, а долгото светло е
вклучено, помошта за долгото
светло ќе се деактивира. Системот променува на средно светло.
За да ја активирате помошта за
долго светло, аблендирајте со
предните фарови повторно.
Page 117 of 273

Светла115Аблендирање
Повлечете за да аблендирате.
Повлечете за да го исклучите
долгото светло.
Регулирање нависочината на фаровите
Рачно регулирање на
височината на фаровите
Опсегот на предните фарови може
да се приспособи рачно ако
возилото е опремено со халогенски
или Eco-LED предни фарови.
Напредните LED предни фарови се
приспособуваат автоматски.
Динамично автоматско
нивелирање на височината на
фаровите 3 116.
За приспособување на височината
на предните фарови според
оптовареноста на возилото за да
се спречи отсјајот: свртете го
малото тркалце ? во саканата
положба.
0:предните седишта се зафатени1:сите седишта се зафатени2:сите седишта се зафатени и
товарниот простор е натоварен3:возачкото седиште е зафатено
и товарниот простор е
натоварен
Предните фарови кога се
вози во странство
Верзии со напредни LED предни фарови: кога возите во земји кадешто сообраќајот се одвива на
спротивната страна од патот,
предните фарови не треба да се
приспособуваат.
Сите други верзии: консултирајте
се со автомеханичар.
Светла за дневно возење
Светлата за дневно возење ја
зголемуваат видливоста на
возилото при дневна светлина.
Тие се вклучуваат автоматски и за време на дневна светлина кога
моторот работи.
Page 118 of 273

116СветлаСистемот се префрлува
автоматски помеѓу светлата за
дневно возење и средното светло,
во зависност од условите на
осветлување.
LED предни фарови
Eco-LED и напредните LED предни
фарови за средното и долгото светло обезбедуваат подобра
видливост во сите услови.
Напредните LED предни фарови ги
имаат следниве функции:
● светла за свиоци
● помош за долгото светло 3 113
● автоматско нивелирање на височината на предните
фарови
Светло за вртење под кривини
Прекинувачот за светло треба да е во положба AUTO.
Кога вртите, во зависност од аголот
на управување и светлината на
трепкачот, се активираат посебни
LED-светла кои го осветлуваат
правецот на патувањето. Тоа се
активира до брзини од 40 км/ч.
Функции за паркирање во
рикверц
За помош на возачот при
ориентација кога паркира, двете
аголни светла и светлото за
рикверц светат кога предните
фарови се вклучени и ставени во
рикверц. Тие остануваат запалени
за краток период по вадењето на
менувачот од рикверц или додека
не почнете да возите побрзо од
7 км/ч во некоја брзина за напред.
Автоматско нивелирање на
височината на предните
фарови
За да се спречи заслепување на
возилата што доаѓаат кон вас,
нивелирањето на предните
фарови се приспособува
автоматски.
Дефект во LED системот за осветлување
Кога системот ќе открие дефект во
системот на LED-предни фарови,
се прикажува предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Предупредувачки
трепкачи
Се ракува со притискање на ¨.
Page 119 of 273

Светла117
Предупредувачките трепкачи се
вклучуваат автоматски во
следниве ситуации:
● сопирање во итни случаи (во зависност од силата на
забавување)
● во случај на сообраќајна незгода
Тие се исклучуваат со притискање
¨ или забрзување.
Трепкачиугоре:десен трепкачудолу:лев трепкач
При поместувањето на рачката
може да се почувствува точка на
отпор.
Постојаното трепкање се активира
кога рачката ќе се помести по
точката на отпор. Ќе се деактивира кога воланот ќе се сврти во
спротивна насока или кога рачката
рачно ќе се врати во неутрална
положба.
По 20 секунди, гласноста на
звучниот сигнал ќе се зголеми ако
брзината е поголема од 60 км/ч.
Активирајте го привременото
трепкање така што ќе ја држите
рачката веднаш пред точката на
отпор. Трепкачите ќе трепкаат
додека рачката не се отпушти.
За да активирате три трепкања,
малку потурнете ја рачката без да
ја помине точката на отпор.
Предни фарови за магла
Се ракува со притискање на >.
Page 120 of 273

118СветлаПрекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
предните фарови за магла ќе ги
вклучи предните светла
автоматски.
Задно светло за магла
Се ракува со притискање на ø
.
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
задниот фар за магла ќе ги вклучи
предните светла автоматски.
Прекинувачот за светлата во
положбата 8: задниот фар за
магла може да се запали само со
предните фарови за магла.
Задното светло за магла на
возилото се деактивира кога се
влече приколка или приклучокот е
поврзан со штекерот, на пример,
кога се користи носач на
велосипеди.
Паркирни светла
Кога возилото е паркирано,
паркирните светла од една страна
може да се активираат:
1. Исклучете го палењето.
2. Поместете ја рачката докрај нагоре (десни паркирни светла)или надолу (леви паркирни
светла).
Се потврдува со сигнал и
соодветната контролна сијаличка
за трепкачите.
Светло за рикверц
Светлото за рикверц се вклучува
кога палењето е вклучено и се
става во рикверц.
Замаглени капаци насветлата
Внатрешноста на куќиштето на
светлата може накратко да се
замагли при лоши, влажни и
студени временски услови, при
силен дожд или по миење.
Замагленоста исчезнува брзо сама од себе. За да помогнете, вклучете ги предните фарови.