OPEL CROSSLAND X 2020 Сопственички прирачник
Page 191 of 273
Возење и ракување189Дозволената оптовареност на
приколката е определена во
документите на возилото.
Воопшто, тие важат за нагиби до
12%.
Дозволениот товар во приколката
се однесува на одредената
стрмнина и на надморската
височина. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување, и
дозволената тежина за влечење се
намалува за 10% на секои
1000 метри надморска височина.
Бруто влечната тежина не мора да
се намалува кога се вози по
патишта со мала стрмнина (помала
од 8%, на пр. магистрални
патишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина за
влечење. Таа тежина е наведена на идентификациската табличка
3 246.Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
којашто приколката ја врши врз
влечната топка. Таа може да се
менува со менување на
распределбата на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка од (65 кг) е
наведена на идентификациската табличка на влечната опрема и во
документите на возилото. За
возила со мотор DV5RC и
автоматски менувач,
максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е 55 кг. Секогаш
трудете се за максималната
оптовареност, особено во случај на
тешки приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под
25 кг.Оптовареност на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото не смее да се надмине. Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Торбата со влечната кука е
поставена на капакот од подот во
задниот дел од товарниот простор.
Page 192 of 273
190Возење и ракување
Поставете го ременот низ задната
десна алката за врзување,
завиткајте го околу неа двапати и
затегнете го ременот за да се
прицврсти торбата.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Свртете го приклучокот за
поврзување надолу. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечнатакука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
Page 193 of 273
Возење и ракување191
● Извлечете го вртливото копчеи свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата c.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Page 194 of 273
192Возење и ракувањеПроверка дали влечната кука е
монтирана правилно
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот.
Свртете го приклучокот за
поврзување нагоре.
Ставете ја влечната кука во
торбата и заклучете ја со
прицврстување на ременот низ
задната десна алка за врзување.
Завиткајте ја околу неа двапати и
затегнете го ременот за да се
прицврсти торбата.
Page 195 of 273
Нега на возилото193Нега на возилотоОпшти информации.................194
Додатоци и модификации на возилото ................................ 194
Чување на возилото ..............194
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......195
Прверки на возилото ...............195
Вршење работа ...................... 195
Хауба ...................................... 196
Моторно масло ......................196
Ладилник ................................ 197
Течност за миење ..................198
Сопирачки .............................. 199
Течност за сопирачките ........199
Акумулатор ............................. 199
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 201
Замена на четкичките на бришачите ............................. 202
Замена на сијалиците ..............203
Халогенски предни фарови ..203
LED предни фарови ..............205
Предни фарови за магла ......206
Задни светла .......................... 207
Странични трепкачи ..............211Светло за регистарската
табличка ................................ 211
Внатрешни светла .................211
Електричен систем ..................212
Осигурувачи ........................... 212
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............212
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......214
Прирачен алат ......................... 216
Алати ...................................... 216
Тркала и гуми ........................... 217
Зимски гуми ............................ 217
Ознаки на гумите ...................217
Притисок на гумите ................ 218
Систем за откривање на издишаноста на гумите ........219
Длабочина на шарата ...........220
Менување на големината на гумите и тркалата .................221
Раткапни ................................. 221
Синџири за гуми ..................... 222
Комплет за поправање гуми . 222
Менување тркала ................... 226
Резервно тркало ....................227
Палење со кабли ......................231
Влечење ................................... 233
Влечење на возилото ............233
Влечење друго возило ..........234Нега за изгледот ......................235
Нега на надворешноста ........235
Нега на внатрешноста ........... 238
Патосници .............................. 238
Page 196 of 273
194Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, како и делови одобрени од фабриката
за овој конкретен тип возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено одобрение.
Каква било измена, преиначување
или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel.
Дополнително, таквите промени
може да влијаат врз системите за
помош на возачот, врз
потрошувачката на гориво,
испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови одвозилото и да предизвикаат
возилото повеќе да не ја почитува
дозволата за работа што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Спречете го возилото од
тркалање.
● Ставете во прва брзина или рикверц или наместете ја
рачката на менувачот во P.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пример, системот на централната
брава.
Page 197 of 273
Нега на возилото195Систем за тревожење при кражба
3 33.
Враќање во работна состојба Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ги електричните
прозорци 3 39.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го нивото на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 198 of 273
196Нега на возилото9Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање Отворете ја возачката врата.
Повлечете ја рачката и вратете ја
во оригиналната положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата, притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.
Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се спречи оштетување на моторот.
Проверете дали се користи
моторно масло со правилната
спецификација.
Препорачани течности и средства
за подмачкување 3 244.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 минути.
Page 199 of 273
Нега на возилото197
Извлечете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитате го нивото на моторното масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло. Препорачуваме
употреба на моторно масло од иста
класа со употребеното при
последното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Ако моторното масло е над максималното ниво, не
стартувајте го возилото и
контактирајте со
автомеханичар.
Зафатнини 3 253.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Фабрички наполнетата течност за
ладење обезбедува заштита од
замрзнување до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 244.
Page 200 of 273
198Нега на возилотоНиво на течноста за ладењеВнимание
Прениското ниво на течноста заладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над ознаката MIN. Дотурете ако
нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната што содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 244.