OPEL GRANDLAND X 2018.75 Сопственички прирачник
Page 171 of 309
Возење и ракување169Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање,
возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачкте е
притиснат цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка m 3 104.Систем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото осанува управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз педалот.
Кога сопирате во итен случај,
предупредувачките трепкачи се
вклучуваат автоматски во
зависност од силата назабавувањето. Тие се исклучуваат
автоматски првиот пат кога ќе
забрзате.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 105.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
Page 172 of 309
170Возење и ракувањесилно сопирање, со возилото неможе веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
9 Предупредување
Пред да го напуштите возилото,
проверете го статусот на
рачната сопирачка.
Контролната сијаличка m мора
да свети постојано.
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување
9 Предупредување
Повлечете го прекинувачот m
најмалку 1 секунда сè додека
контролниот индикатор m не
свети постојано и електричната
сопирачка за паркирање е
активирана 3 104 . Електричната
сопирачка за паркирање работи
автоматски со соодветна сила.
Пред да го напуштите возилото, проверете го статусот на
електрична сопирачка за
паркирање.
Контролна сијаличка m 3 104.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете го
педалот на ножната сопирачка
притиснат и потоа притиснете го
прекинувачот m.
Функција за поаѓање
Возила со рачен менувач:
Притискање на куплунгот, па мало
отпуштање на куплунгот и мало
притискање на гаста автоматски ја
ослободува електричната
сопирачка за паркирање. Ова е
Page 173 of 309
Возење и ракување171можно само ако е активирана
автоматската работа на
електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е можно кога прекинувачот m се повлекува
истовремено.
Возила со автоматски менувач:
Активирање на D, па притискање
на гаста автоматски ја ослободува
електричната сопирачка за
паркирање. Ова е можно само ако
е активирана автоматската работа
на електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е можно кога
прекинувачот m се повлекува
истовремено.
Сопирање кога возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
системот на електричната
сопирачка за паркирање ќе го
забави возилото. Штом
прекинувачот m ќе се ослободи,
сопирањето ќе престане.
Системот за деблокирање на
сопирачките и Електронската
контрола на стабилноста го
стабилизираат возилото додека седржи повлечен прекинувачот m.
Ако се случи грешка со
електричната сопирачка за
паркирање, во Информативниот
центар за возачот се прикажува
порака за предупредување. Ако
системот за деблокирање на
сопирачките и Електронската
контрола на стабилноста не се
активираат, едната или двете
сијалички i и J светнуваат во
групата инструменти. Во овој
случај, стабилноста може да се
обезбеди само ако неколку пати го
повлечете и го притиснете
прекинувачот m додека возилото
не запре.
Автоматска работа
Автоматската работа опфаќа
автоматско активирање и
автоматско отпуштање на
електричната сопирачка за
паркирање.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
или отпушти и рачно со користење
на прекинувачот m.Автоматско активирање:
● Електричната сопирачка за паркирање се активира
автоматски кога возилото не се
движи и палењето е исклучено.
● j светнува во групата
инструменти и се прикажува скок-порака за да се потврдиактивирањето.
Автоматско отпуштање: ● Сопирачката за паркирање се отпушта автоматски кога ќе
тргнете.
● j се исклучува во групата
инструменти и се прикажува
скок-порака за да се потврди отпуштањето.
Ако возилото е опремено со
автоматски менувач и сопирачката не се отпушти автоматски,
проверете дали предните врати се
затворени правилно.
Page 174 of 309
172Возење и ракувањеДеактивирање на автоматското
ракување 1. Запалете го моторот.
2. Ако сопирачката за паркирање е отпуштена, активирајте ја со
повлекување на прекинувачот
m .
3. Тргнете ја ногата од педалата на сопирачките.
4. Притиснете го прекинувачот m
најмалку 10 секунди и најмногу
15 секунди.
5. Отпуштете го прекинувачот m.
6. Притиснете ја и задржете ја педалата на сопирачките.
7. Повлечете го прекинувачот m
2 секунди.
Деактивирањето на автоматската
работа на електрична сопирачка за
паркирање се потврдува со
светнување на o во групата
инструменти 3 104. Електричната
сопирачка за паркирање може да
се активира или отпушти само
рачно.За да ја активирате повторно
автоматската работа, повторете ги чекорите опишани погоре.
Проверка на функционалноста
Кога возилото не се движи,
електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
автоматски. Ова се прави за да се
провери системот.
Дефект
На дефектен режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка j и порака за возилото
што е прикажана на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 115.
Активирање нa електричната
сопирачка за паркирање:
повлечете го и држете го
прекинувачот m подолго од
5 секунди. Ако контролната
сијаличка m светне, електричната
сопирачка за паркирање е
активирана.Отпуштање нa електричната
сопирачка за паркирање:
притиснете го и држете го
прекинувачот m подолго од
2 секунди. Ако контролната
сијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за
паркирање е отпуштена.
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Серво кочење
Ако педалата на сопирачките се
нагазне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на сопирање.
Работењето на помошта на
сопирањето може да се забележи
по пулсирање во педалата за
сопирачките и поголем отпор кога
се нагазнува педалата.
Page 175 of 309
Возење и ракување173Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето
автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.
Помош при поаѓање наугорници
Системот помага да се спречи
несакано движење кога се вози по косини.
При отпуштање на педалата за
сопирање по застанување на
стрмнина, сопирачките остануваат
активни уште 2 секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Системи за контрола
на возењето
Електронска контрола на стабилноста и Систем законтрола напролизгувањето
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење / нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
закочуваат посебно.
ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
TC е компонента на ESC.
Контролата на пролизгувањето ја
подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, безоглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
ESC и TC функционираат по секое
стартување на моторот штом ќе се
изгасне контролната сијаличка b.
Кога ESC и TC работат, b трепка.
Page 176 of 309
174Возење и ракување9Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 106.
Деактивирање
ESC и TC може да се деактивира
секогаш кога е потребно:
притиснете a.
Светнува LED-сијаличката во
копчето a.
Кога ESC и TC ќе се деактивираат,
во Информативниот центар за
возачот се појавува порака за
статус.
ESC и TC повторно се активираат
со повторно притискање на
копчето a, со притискање на
сопирачката или ако возилото се
вози побрзо од 50 км/ч.
Кога ESC и TC ќе се активираат
повторно, LED-сијаличката во
копчето a се исклучува.
ESC и TC исто така се активираат повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Контрола за избор на
возењеВнимание
Возилото е направено за
возење главно по патишта, но
овозможува и повремено
возење надвор од патиштата.
Сепак, не возете на терен каде
што возилото може да се
оштети од пречки, како што се
камења, меѓу другото, и на
терен со стрмни нагиби и лош
контакт со подлогата.
Не поминувајте преку вода.
Внимание
Кога возите надвор од патиштата, нагли движења и
маневри може да предизвикаат
судир или губење на
контролата.
Page 177 of 309
Возење и ракување175Контролата за избор на возење е
направена за да го оптимизира
триењето во услови на лош контакт
со подлогата (снег, кал и песок).
Се приспособува на теренот со
контрола на предните тркала и на
тој начин ја задржува тежината што
вообичаено се поврзува со
поконвенционалниот погон на
четири тркала.
Контролата за избор на возење
дозволува избор од пет режими на
возење:
● Режимот ESC е исклучен 9
● стандарден режим 2
●
режим за снег 3
● режим за кал 4
● режим за песок 1
Со вртење на контролата може да
се активираат неколку режими.
Светнува LED-сијаличка и се
појавува порака за статус во
Информативниот центар за
возачот за да се потврди
избраниот режим.
Режимот ESC е исклучен 9
Во овој режим, ESC и Контролата на пролизгувањето се
деактивирани.
Светнува LED-сијаличката во
копчето a.
ESC и Контролата на пролизгувањето се активираат
повторно автоматски од 50 км/ч
или секогаш кога ќе се вклучи
палењето.
Стандарден режим 2
Овој режим е калибриран за ниско
ниво на вртење на тркалата, врз
основа на различни типови контактсо подлогата што вообичаено се
среќаваат во секојдневното
возење.
Секогаш кога ќе се исклучи
палењето, системот автоматски се
поставува на овој режим.
Режим за снег 3
Овој режим се приспособува на
условите за контакт со подлогата
со кои се среќава секое тркало при тргнувањето.
Откако ќе тргнете, системот го
оптимизира вртењето на тркалата
за да гарантира најдобро
забрзување врз основа на
достапното триење. Се
препорачува во случаи на длабок снег и стрмни наклони.
Овој режим е активен при брзини
до 50 км/ч.
Режим за кал 4
Овој режим дозволува значително
вртење на тркалата при тргнување
за тркалото со најмал контакт со
Page 178 of 309
176Возење и ракувањеподлогата. Ја отстранува калта и
повторно го воспоставува
триењето.
Истовремено, тркалото со најголем
контакт со подлогата добива
најголем можен вртежен момент.
Овој режим е активен при брзини
до 80 км/ч.
Режим за песок 1
Овој режим овозможува мало
количество истовремено вртење
на тркалата на двете погонски
тркала и на тој начин овозможува
возилото на напредува и го
намалува ризикот од потонување.
Овој режим е активен при брзини
до 120 км/ч.Внимание
Не користете ги другите режими на песок затоа што возилото
може да заглави.
Спортски режим
Спортскиот режим ги прилагодува
поставките на некои системи на возилото кон поспортски стил на
возење.
Активирање
Притиснете SPORT кога работи
моторот.
LED-сијаличката во копчето
светнува кога спортскиот режим е
активиран и се појавува статусна
порака во Информативниот центар на возачот.
Деактивирање
Кратко притиснете SPORT.
Спортски режим се деактивира
следниот пат кога ќе се активира палењето.
Page 179 of 309
Возење и ракување177Системи за помош навозачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да зачувува и одржува брзини над
40 км/ч. Дополнително, кај рачен
менувач мора да се избере
најмалку трета брзина, а на
автоматски менувач положба D
или мора да се избере втората или
повисока брзина во положба M.
Може да дојде до отстапувања од
снимените брзини кога се вози по
угорници или удолнини.
Системот ја одржува брзината на
возилото на брзината определена
од возачот без притискање на
педалата за гас.
Претходно поставената брзина
може да се надмине привремено со
силно притискање на педалата за
гас.
Статусот и претходно поставената
брзина се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот.
Не ја користете контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се задржува постајана брзина.
Контролна сијаличка m 3 109.Вклучување на системот
Притиснете m, симболот m заедно
со порака се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот. Системот сè уште не е
активен.
Page 180 of 309
178Возење и ракување
Активирање на
функционалноста
Поставување на брзината од
возачот
Забрзајте до саканата брзина и
поместете го вртливото копче
еднаш кратко до SET/-.
Моменталната брзина се снима и одржува. Педалот за гас може дасе отпушти.
Потоа, претходно поставената
брзина може да се промени со
вртење на вртливото копче на
RES/+ за зголемување или на
SET/- за намалување на брзината.
Поместете го вртливото копче
неколку пати за да ја променувате
брзината во мали чекори.
Поместете го и задржете го за да ја
променувате брзината во големи
чекори.Вредноста на брзината е наведена
во Информативниот центар за
возачот.
Преземање брзина од
препознавањето ограничување на
брзина
Интелигентното приспособување
на брзината го информира возачот
кога препознавањето
ограничување на брзина ќе открие
ограничување на брзината.
Откриеното ограничување на
брзината може да се користи како
нова вредност за контролата на
патувањето.
Со користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната,
овој систем го открива и го чита ограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината.
Ако контролата на патувањето е
активна, препознатото
ограничување на брзината ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот и ќе светне
MEM .