OPEL GRANDLAND X 2018.75 Сопственички прирачник

Page 221 of 309

Возење и ракување219●не се откриени ознаки за лента
или има повеќе ознаки за лентапоради работи на патот
● блиски возила напред
● кривулести патишта или тесни патиштаГориво
Гориво за бензинскимотори
Користете само безоловно гориво
усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Моторот е способен да работи со
гориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број.
Понискиот октански број може да ја
намали моќноста и вртежниот
момент на моторот и малку ќе ја
зголеми потрошувачката на
гориво.
Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Внимание
Користењето гориво со понизок
октански број од најнискиот
можен октански број може да
предизвика неконтролирано
согорување и оштетување на
моторот.
Специфичните барања за моторот
за октанскиот број се дадени во
прегледот на податоците за
моторот 3 281. Специфична
етикета за државата што е ставена
на капачето од резервоарот може
да има предност пред барањето.
Во одредени земји, може да биде
потребно да се користи одредено

Page 222 of 309

220Возење и ракувањегориво, на пример, со конкретен
октански број, за да се обезбеди
правилна работа на моторот.
Гориво за мотори на дизел
Користете само дизел гориво што е во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
Унија, користете Еуро-дизел
гориво со концентрација на сулфур
под 50 ppm.
Внимание
Честото користење на дизел
гориво што содржи повеќе од 15 ppm сулфур ќе предизвика
големо оштетување на моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Работа при ниски температури
При температури под 0 °C, некои
дизел производи со мешавини од
биодизел може да се затнат, да
замрзнат или да се претворат во
гел, што може да влијае врз
системот за довод на гориво.
Палењето и работата на моторот
може да не функционираат
правилно. Не заборавајте да
дополнувате дизел-гориво со
зимска вредност при температура
на околината под 0 °C.
Дизел гориво со арктички степен може да се користи при екстремно
ниски температури под -20 °C. Не
се препорачува користење на
гориво од ваков степен во жешки
или топли клими и може да
предизвика заглавување на
моторот, лошо палење или
оштетување на системот за
вбризгување гориво.
Полнење гориво

Page 223 of 309

Возење и ракување2219Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги палењето и сите
надворешни грејачи со комори за согорување.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
На етикетата со симболи на
вратничката за полнење гориво се
прикажани дозволените типови
гориво. Цевките на пумпите на
бензинските станици во Европа се
означени со овие симболи.
Полнете само гориво од дозволен
тип.Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна од возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
Полнење бензин и дизел За да отворите, полека свртете го
капачето налево.
Капачето за полнење гориво може
да се закачи за куката на
вратичката на резервоарот.
Поставете ја млазницата во
исправена положба во однос на грлото за полнење и притиснете
малку за да влезе.

Page 224 of 309

222Возење и ракувањеЗа да наполните гориво, вклучете
ја цевката на пумпата.
По автоматското исклучување,
резервоарот може да се дополни
целосно со вклучување на цевката
на пумпата уште најмногу двапати.Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Капаче на резервоарот за
гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња на
резервоарот.
Кука за приколки
Општи информации
Употребувајте само таква опрема за влечење која е одобрена за
Вашето возило. Ако се користи
опрема за влечење што не е
поставена фабрички, може да биде потребно деактивирање на
користењето на задната врата без
раце 3 31.
Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Функцијата за откривање
откажување на сијаличките за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на
сијаличките, на пример, во случај
на четири сијалички со моќност од
5 W, открива откажување на
сијаличките само кога останала
само една или ниту една сијаличка
од 5 W.Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
влечната кука. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото за да ви биде при рака ако е потребно.
Возни карактеристики, совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
При влечење приколка не ја
надминувајте брзината од 80 км/ч.
Максималната брзина од 100 км/ч е соодветна само ако се користи
амортизер за осцилациите и
дозволената бруто тежина на
приколката не ја надминува
тежината на возилото при
сопирање.

Page 225 of 309

Возење и ракување223За приколки со ниска стабилност
при возење и караван-приколки, се
препорачува користење на
амортизер за осцилации.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна натовареност 3 287.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежинатана приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до 12%.
Дозволениот товар во приколката се однесува на одредената
стрмнина и на надморската
височина. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување, и
дозволената тежина за влечење се
намалува за 10% на секои
1000 метри надморска височина.
Бруто влечната тежина не мора да
се намалува кога се вози по
патишта со мала стрмнина (помала од 8%, на пр. магистрални
патишта).Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка 3 276.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (70 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото.
Секогаш трудете се за
максималната вертикална
оптовареност на влечната спојка, особено во случај на тешки
приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка никогаш не смее да падне под25 кг.

Page 226 of 309

224Возење и ракувањеНатоварување на задната оскаКога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото не смее да се надмине.
Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.

Page 227 of 309

Возење и ракување225
● Отстранете го капакот одвртливото копче и проверете
дали вртливото копче е
заклучено. Ако вртливото
копче не може да се сврти, значи дека е заклучено.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.

Page 228 of 309

226Возење и ракување9Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.

Page 229 of 309

Возење и ракување227Помош за стабилноста наприколката
Ако системот открие занесувања,
моќноста на моторот се намалува и комбинацијата возила / приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 173.

Page 230 of 309

228Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................229
Додатоци и модификации на возилото ................................ 229
Чување на возилото ..............229
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......230
Прверки на возилото ...............231
Вршење работа ...................... 231
Хауба ...................................... 231
Моторно масло ......................232
Ладилник ................................ 233
Течност за миење ..................233
Сопирачки .............................. 234
Течност за сопирачките ........234
Акумулатор ............................. 234
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 236
Замена на четкичките на бришачите ............................. 236
Замена на сијалиците ..............237
Халогенски предни фарови ..237
LED предни фарови ..............239
Предни фарови за магла ......239
Задни светла .......................... 239
Странични трепкачи ..............242Светло за регистарската
табличка ................................ 243
Внатрешни светла .................243
Електричен систем ..................243
Осигурувачи ........................... 243
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............245
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......246
Прирачен алат ......................... 248
Алати ...................................... 248
Тркала и гуми ........................... 249
Зимски гуми ............................ 249
Ознаки на гумите ...................250
Притисок на гумите ................ 250
Систем за откривање на издишаноста на гумите ........251
Длабочина на шарата ...........253
Менување на големината на гумите и тркалата .................253
Раткапни ................................. 254
Синџири за гуми ..................... 254
Комплет за поправање гуми . 254
Менување тркала ................... 258
Резервно тркало ....................259
Палење со кабли ......................264
Влечење ................................... 265
Влечење на возилото ............265
Влечење друго возило ..........266Нега за изгледот ......................267
Нега на надворешноста ........267
Нега на внатрешноста ........... 270

Page:   < prev 1-10 ... 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 ... 310 next >