OPEL GRANDLAND X 2018 Сопственички прирачник
Page 151 of 303
Контрола на климатизацијата149
Поместете го лизгачот нанапред
или наназад за да го овозможите
или оневозможите ладењето на
касетата.
Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи доводот на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.
Филтер за полен
Филтерот за полен ги отстранува правот, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегуваат
однадвор.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи три години по првата регистрација
на возилото, вклучувајќи ги
следните:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени
Page 152 of 303
150Контрола на климатизацијата● чистење на одводот накондензаторот и испарувачот
● проверка на перформансите
Page 153 of 303
Возење и ракување151Возење и
ракувањеПрактични совети за возење ..152
Контрола над возилото .........152
Управување ............................ 152
Поаѓање и ракување ................153
Разработување на новото возило .................................... 153
Положби на прекинувачот за палење .................................. 153
Копче за вклучување .............154
Режим за заштеда на енергија ................................. 155
Палење на моторот ...............156
Исклучување на пребрзувањето .....................157
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 158
Паркирање ............................. 160
Издувни гасови од моторот .....162
Филтер за дизелски честички ................................ 162
Катализатор ........................... 162
AdBlue ..................................... 163Автоматски менувач................167
Екран на менувачот ...............167
Рачка на менувачот ...............167
Рачен режим .......................... 168
Електронски програми за возење ................................... 168
Дефект .................................... 169
Прекин на напојувањето .......169
Рачен менувач ......................... 170
Сопирачки ................................. 170
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 171
Сопирачка за паркирање ......171
Серво кочење ......................... 174
Помош при поаѓање на угорници ................................ 174
Системи за контрола на
возењето ................................... 174
Електронска контрола на стабилноста и Систем за
контрола на
пролизгувањето ....................174
Контрола за избор на возење ................................... 176
Спортски режим .....................179
Системи за помош на возачот 179 Контрола на патувањето .......179
Ограничувач на брзината .....182Приспособлива контрола на
патувањето ........................... 185
Предупредување за преден судир ...................................... 193
Активно итно сопирање ......... 195
Предна заштита за пешаци ..198
Помош за паркирање ............199
Напредна помош за паркирање ............................. 203
Известување за странична слепа точка ........................... 208
Систем за панорамски поглед .................................... 210
Ретровизорска камера ..........214
Предупредување за напуштање лента .................215
Помош за задржување на лента ...................................... 217
Предупредување за возачот 219
Гориво ....................................... 221
Гориво за бензински мотори . 221
Гориво за мотори на дизел ...222
Полнење гориво ..................... 223
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
...................224
Кука за приколки ......................225
Општи информации ...............225
Возни карактеристики, совети за влечење ............................ 226
Page 154 of 303
152Возење и ракувањеВлечење на приколка............226
Опрема за влечење ...............227
Помош за стабилноста на приколката ............................ 230Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Никогаш не оставајте го
возилото да оди со изгаснат
мотор
Многу системи нема да
функционираат во оваа ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, серво
управувањето). Таквото возење е
опасно за Вас и за други.
Сите системи функционираат при
Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 158.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова се
постигнува со засилување на
работата во празен од што може да
биде чујно.Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Педали
За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.
Page 155 of 303
Возење и ракување153Поаѓање и ракување
Разработување на новото
возило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за некое време по првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот за
разработување потрошувачката на гориво и моторно масло може да
биде поголема.
Освен тоа, постапката за чистење
на филтерот за дизелски честички
може да се врши почесто.
Филтер за дизелски честички
3 162.
Autostop може да биде спречен да
овозможи полнење на
акумулаторот.Положби на прекинувачот
за палење
Свртете го клучот:0:исклучено палење: Некои
функции остануваат активни
додека не се извади клучот или
не се отвори возачката врата,
под услов палењето да било
вклучено претходно1:режим за напојување со
вклучено палење: Палењето е
вклучено, дизел моторот се
предзагрева. Контролните
сијалички светат и може да се
ракува со повеќето електрични
функции2:стартување на моторот:
отпуштете го клучот откако
моторот ќе стартува
Заклучување на воланот
Извадете го клучот од
прекинувачот за палење и вртете
го воланот додека да се заглави.
9 Опасност
Не вадете го клучот од
прекинувачот за палење при
возење затоа што тоа ќе го
блокира воланот.
Page 156 of 303
154Возење и ракувањеКопче за вклучување
Електронскиот клуч мора да е
внатре во возилото.
Стартување на моторот
Притиснете ја педалата за
куплунгот (рачен менувач) или
педалата за сопирачките
(автоматски менувач) и притиснете Start/Stop . Пуштете го копчето
откако ќе започне постапката за
стартување. Дизел моторот
стартува по предзагревање.Палење во режим на напојување
без стартување на моторот
Притиснете Start/Stop без да
притискате на педалата за
куплунгот или за сопирачката.
Контролните сијалички светат и
може да се ракува со повеќето
електрични функции.Гасење на моторот и палењето
Притиснете го Start/Stop кратко во
секој режим или кога работи
моторот и возилото е во мирување. Некои функции остануваат активни
додека не се отвори возачката
врата, под услов палењето да било
вклучено претходно.Итно исклучување при возење
Притиснете Start/Stop пет секунди
3 156. Воланот се заклучува штом
возилото ќе застане.
Заклучување на воланот
Заклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
● Возилото е во мирување.
● Палењето е исклучено.
За да се отклучи воланот, отворете
ја и затворете ја возачката врата и вклучете го режимот за додатоци
или директно стартувајте го
моторот.9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Ракување кај возилата со
систем на електронски клуч во случај на дефект
Ако некој од електронските клучеви потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (Не е откриен
далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key
Page 157 of 303
Возење и ракување155(Заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.
Држете го електронскиот клуч со
копчиња надвор на ознаката на
столбот од воланот како што е
покажано на сликата.
Притиснете ја педалата за
куплунгот (рачен менувач) или
педалата за сопирачките
(автоматски менувач или
автоматизиран рачен менувач) и
притиснете го копчето Start/Stop за
да го запалите моторот.
Оваа опција е наменета само за
хаварии. Заменете ја батеријата на електронскиот клуч што е можно
поскоро 3 23.
За отклучување или заклучување на вратите, видете во дефект на
уредот на далечинскиот управувач
или на системот на електронскиот
клуч 3 25.
Режим за заштеда на енергија
Оваа функција управува со
траењето на одредени системи за
да се избегне празнење на
акумулаторот. По запирањето на
моторот, некои системи сè уште
можат да се користат, како што е
системот за аудио и телематика, бришачите на шофершајбната,
средните светла, светлата за
читање и друго, за максимален период од околу четириесет
минути.Менување во режим за заштеда
на енергија
Кога ќе се достигне одреден статус
на празнење на акумулаторот, активните функции се префрлаат
во режим на подготвеност. Во
Информативниот центар за
возачот се појавува порака Режим
за заштеда на енергија .
Телефонски повик што се
остварува во овој период ќе се
одржи околу 10 минути со
системот Bluetooth без користење
на рацете од Инфозабавниот
систем.
Деактивирање на режимот за
заштеда на енергија
Режимот за подготвеност се
активира автоматски следниот пат
кога ќе возите со возилото. За да ги користите функциите веднаш,
запалете го моторот:
Page 158 of 303
156Возење и ракување●помалку од десет минути за да
ги користите системите околу
пет минути
● повеќе од десет минути за да ги
користите системите околу
триесет минути.
Оставете го моторот да работи во
текот на наведениот период за да
овозможите доволно полнење на
акумулаторот. Не палете го
постојано моторот за да го
наполните акумулаторот.
Палење на моторот
Возила со прекинувач за
палењеСвртете го копчето во положба 1 за
да се ослободи бравата на
воланот.
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: почекајте додека
контролната сијаличка ! се
исклучи.
Кратко свртете го клучот во
положба 2 и отпуштете го откако
моторот ќе стартува.
Рачен менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на куплунгот 3 158.
Автоматски менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со отпуштање на педалата
за сопирачките 3 158.Возила со копче за вклучување
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Притиснете го и отпуштете го
Start/Stop : автоматската постапка
го активира стартерот со кратка
пауза додека моторот не стартува.
Пред повторно палење или за да го
исклучите моторот кога возилото е
во мирување, притиснете го
Start/Stop уште еднаш кратко.
Page 159 of 303
Возење и ракување157Рачен менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата
на куплунгот 3 158.
Автоматски менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со отпуштање на педалата
за сопирачките 3 158.
Итно исклучување при возење
Ако моторот треба да се исклучи
при возење во итен случај,
притиснете Start/Stop пет секунди.9Опасност
Исклучување на моторот за
време на возењето може да
предизвика губење поддршка за системите за сопирање и за
управување. Системите за
помош и на воздушни
перничиња се исклучуваат.
Светлата за осветлување и на
сопирачките се гасат. Затоа
гасете го моторот и
исклучувајте го палењето при
возење само кога е потребно
при итен случај.
Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно наполнет акумулатор.При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу пет минути.
Рачката на менувачот треба да
биде во положба P.
Функционалности на греење Забелешка
Одредени функционалности за
греење, како што се греење на
седиштата или волан со греење,
може да бидат привремено
недостапни во случај на
ограничувања од електрично
преоптоварување. Функциите ќе продолжат по неколку минути.Загревање на турбо мотор
По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска. Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување на пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.
Во зависност од условите за
возење, исклучувањето на
пребрзувањето може да се
деактивира.
Page 160 of 303
158Возење и ракувањеСистем за сопирање-поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или стои, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж.Внимание
Пред да возите по поплавен пат, деактивирајте го системот за
сопирање-поаѓање.
Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е
достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на Ò. Исклучувањето е прикажано
со осветлување на сијаличката во
копчето.
Autostop
Возила со рачен менувач
Autostop може да се активира кога
возилото не се движи.Активирајте Autostop на следниот
начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Ставете ја рачката во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето останува вклучено.Возила со автоматски менувачАко возилото е во мирување сопритисната педала на
сопирачките, Autostop се активира
автоматски.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
Системот за сопирање-поаѓање ќе
се исклучи на стрмнина од 10 % или повеќе.
Показател