OPEL INSIGNIA 2014 Сопственички прирачник
Page 241 of 363
Возење и ракување239
Адаптер бајонет: Холандија,
норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
Тркалезен (Италија) адаптер:
Босна и Херцеговина, Бугарија,
Данска, Естонија, Франција, Грција, Италија, Хрватска, Летонија,
Литванија, Македонија, Австрија,
Полска, Португалија, Романија, Шведска, Швајцарија, Србија,
Словачка, Словенија, Чешка,
Турција, Украина, Унгарија
Капаче за полнење гориво Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел и на
етанол имаат специјални капачиња
за резервоарот.
Потрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) кај моделот Opel
Insignia е во опсегот од 11,3 до
4,3 l/100 km.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
од 265 до 115 г/км.
За вредностите специфични за
вашето возило, погледнете го
Сертификатот за сообразност на
ЕЕЗ даден со вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.
Општи информации
Официјалната потрошувачка на
гориво и дадените специфични
бројки за емисиите на СО 2 се
однесуваат на основниот модел за
ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачката на
гориво и податоците за емисиите
на СО 2 се одредени според
прописот R (EC) бр. 715/2007 (во
Page 242 of 363
240Возење и ракување
соодветната важечка верзија),
земајќи ја предвид масата на
возилото при возење, онака како
што е наведено во прописот.
Бројките се дадени само заради
споредба меѓу различните
варијанти на возила и не смеат да
се земаат како гаранција за
вистинската потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
резултира со малку повисоки
резултати од наведената
потрошувачка и од бројките за
СО 2. Понатаму потрошувачката на
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.Кука за приколки
Општи информации Фабрично монтираната влечнаопрема е преклопена под натписот на задниот браник.
Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило.
За да се избегне оштетување на
возилото, со електричната задна
врата не може да се ракува со
далечинскиот управувач кога е
приклучена приколка електрично.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
влечната кука.Возни карактеристики,
совети за влечење
Пред да закачите приколка,
намачкајте ја влечната топка со
маст. Меѓутоа, не подмачкувајте ја
ако се користи стабилизатор,
којшто дејствува на влечната
топка, за придушување на
шлајфувањето.
Со приколки што имаат мала
стабилност и приколки со
дозволена бруто тежина на
возилото од повеќе од 1400 кг
(Погон на предни тркала)/1600 кг
(Погон на сите тркала), употребата на стабилизатор особено се
препорачува кога се вози над
80 км/ч.
Ако приколката почне да се
занесува, возете побавно, не
обидувајте се да го исправите
возилото и сопирајте нагло, ако е
потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возите на
угорница и возете со слична
брзина.
Page 243 of 363
Возење и ракување241
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за
целосна натовареност 3 329.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина од 1000 метри. Бидејќи моќноста намоторот се намалува со
зголемување на надморскатависочина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 303.
Вертикална оптовареност на влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (85 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Page 244 of 363
242Возење и ракување
Натоварување на заднатаоска
Кога приколката е приклучена и
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете на идентификациската
табличка или во документите на
возилото) може да се надмине за
90 кг за Хечбек со 5 врати/
лимузината со 4 врати, а 85 кг за
Sports Tourer/Country Tourer,
вредноста за бруто тежината на
возилото може да се надмине за
65 кг за Хечбек со 5 врати/
лимузината со 4 врати, а 60 кг за
Sports Tourer/Country Tourer. Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.Опрема за влечењеВнимание
Влечната кука што се склопува
не може да се извади од
возилото. При возење без
приколка склопете ја влечната
кука со топка.
9 Предупредување
Уверете се дека нема никого во
зоната на вртењето на влечната кука. Ризик од телесна повреда.
Кога ја ослободувате
складираната влечна кука,
внимавајте да стоите на левата
страна од дршката.
Ослободете ја складираната
влечна кука
Повлечете ја рачката што се наоѓа
лево од регистарската табличка
под задниот браник под агол од
околу 45° во однос на тлото.
Page 245 of 363
Возење и ракување243
Се огласува звучен тон како
предупредување кога рачката за ослободување ќе се извлече и
топчестиот врв ќе се откачи.
Фатете ја ослободената влечна
кука и кренете ја нагоре додека не се заглави.
Внимавајте куката за влечење да е правилно заглавена и
ослободената рачка да се повлече
назад во својата скриена првична
положба, инаку звучниот тон нема
да престане.
Складирајте/скриете ја
влечната кука
Повлечете ја рачката што се наоѓа
лево од регистарската табличка
под задниот браник под агол од
околу 45° во однос на почвата.
Се огласува звучен тон како
предупредување кога рачката за
ослободување ќе се извлече и
топчестиот врв ќе се откачи.
Page 246 of 363
244Возење и ракување
Со дланката вртете ја
ослободената топчеста влечна кука надесно додека не се заглавипод подот. Уверете се дека рачката за ослободување е вратена во
својата скриена почетна положба,
инаку тонот со вибрација нема да
престане.9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволено само кога влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не се заглави
правилно или ако невозможно е да се врати рачката за
ослободување во нејзината
скриена првична положба во
куќиштето или ако звучниот тон се огласи по заглавувањето на
влечната кука, побарајте помош
од автомеханичар.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот за
приврзување за алката.
Помош за стабилноста
на приколката
Ако системот открие занесувања,
моќноста на моторот се намалува и комбинацијата возила/приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Помош за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
Електронската контрола на
стабилноста 3 191.
Page 247 of 363
Нега на возилото245Нега на возилотоОпшти информации.................245
Прверки на возилото ...............246
Замена на сијалиците ..............254
Електричен систем ..................266
Прирачен алат ......................... 273
Тркала и гуми ........................... 274
Палење со кабли ......................289
Влечење ................................... 291
Нега за изгледот ......................295Општи информации
Опреми и преиначувања
на возилото
Препорачуваме да се користат
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на
возило. Не можеме да оцениме или гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
■ Измијте го и полирајте го возилото.
■ Нека Ви ја проверат заштитата со
восок во моторниот простор и
подвозје.
■ Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
■ Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
■ Сменете го моторното масло.
■ Сад за течноста за миење на шофершајбната.
■ Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
■ Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена
за полна натовареност.
Page 248 of 363
246Нега на возилото
■Паркирајте го возилото на суво и
добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или лостот на менувачот во P. Спречете го возилото од
тркалење.
■ Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
■ Отворете ја хаубата, затворете ги сите врати и заклучете го
возилото.
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр. системот
за тревожење при кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката на
електричните прозорци.
■ Проверете го притисокот во гумите.■ Наполнете го садот за течностаза миење.
■ Проверете го нивото на моторното масло.
■ Проверете го новито на течноста
за ладење.
■ Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на
возилото на крајот на
работниот век Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде
што се бара со закон. Доверете му
ја оваа работа само на овластен
центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 249 of 363
Нега на возилото2479Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Хаубата автоматтски се држи
отворена.
Довод на воздухот 3 167.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 174.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете ја
да падне слободно во патент
бравата. Проверете дали хаубата
е заглавена.
Моторно масло Проверувајте го моторното масло
рачно за да се нема оштетувања на
моторот. Уверувајте се дека се
користи масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 300.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Page 250 of 363
248Нега на возилото
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
поселдното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 328, Квалитет/
вискозитет на моторното масло
3 300.
Наместете го капачето право и
затегнете го.