OPEL INSIGNIA 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2014Pages: 363, PDF Size: 8.95 MB
Page 201 of 363

Возење и ракување199
Контролната сијаличка L во
групата инструменти свети зелено.
Менување на
ограничувањето на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас преку отпорната точка.
Ограничувањето за брзината ќе
трепне на Информативниот центар за возачот и се огласува мелодија
за ова време.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање Притиснете го копчето y:
ограничувачот на брзината се
деактивира и возилото може да се
вози без ограничување на
брзината.
Ограничената брзина се зачувува и
на Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се постигне зачуваното
ограничување на брзината.
Исклучување Притиснете го копчето L,
показателот за ограничувањето на
брзината во Информативниот
центар за возачот се гаси.
Зачуваната брзина се брише.Со притискање на копчето m за да
се активира контролата на
патувањето или приспособливата
контрола на патувањето или со
гасење на палењето, се
деактивира и ограничувачот на
брзината и зачуваната брзина се
брише.
Приспособлива контрола
на патувањето Приспособливата контрола на
патувањето е подобрување на
традиционалната контрола на
патувањето со дополнителната
карактеристика за одржување
одредена оддалеченост зад
возилата напред.
Приспособливата контрола на
патувањето го забавува возилото
кога се приближува кон возило што
се движи побавно. Потоа ја
приспособува брзината на
возилото да го следи возилото
напред со избраната оддалеченост
за следење. Брзината на возилото
се зголемува или намалува за да го
следи возилото напред, но нема да
Page 202 of 363

200Возење и ракување
ја надмине поставената брзина.
Може да примени ограничено
сопирање со активирани светла за
сопирачките.
Приспособливата контрола на
патување може да зачува и
одржува брзини поголеми од околу
25 km/h и автоматски да сопира за
следење на побавно возило што
вози напред до минимална брзина
од 15 km/h. Кај возилата со
автоматски менувач, системот
сопира до застанување.
Приспособливата контрола на
патувањето користи радарски
сензор за да открива возила
напред. Ако не се открие возило на патеката на возење,
приспособливата контрола на
патувањето ќе се однесува како
традиционалната контрола на
патувањето.
Поради безбедносни причини,
системот не може да се активира
пред да се притисне педалата за сопирачките еднаш откако ќе се
вклучи палењето. Активирање во
прва брзина не е возможно.
Се препорачува приспособливата
контрола на патувањето да се
користи главно на долги прави
патишта како автопати или
регионални патишта со постојан
сообраќај. Не користете го
системот ако не е препорачливо да
се одржува постојана брзина.
Контролна сијаличка A 3 119, m
3 118, C 3 119.9 Предупредување
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот додека се
вози со приспособливата
контрола на патувањето.
Возачот има целосна контрола
врз возилото бидејќи педалата
на сопирачките, педалата на
гасот и прекинувачот за
откажување се поприоритетни
од кое било работење на
приспособливата контрола на
патувањето.
Вклучување
Притиснете го копчето C за да ја
вклучите приспособливата
контрола на патувањето.
Контролната сијаличка m или C во
групата инструменти свети бело.
Page 203 of 363

Возење и ракување201
Активирање со одредувањена брзината Приспособливата контрола на
патувањето може да се активира
помеѓу 25 км/ч и 180 км/ч.
Забрзете се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m или C во групата
инструменти свети зелено.
Симболот за приспособлива
контрола на патувањето,
поставката за растојанието
однапред и одредената брзина се
прикажани на Информативниот
центар за возачот.
Педалата за гас може да се
отпушти. Приспособливата
контрола на патувањето останува активирана при промена на
брзината.
Надминување на поставената
брзина
Секогаш е можно да се вози побрзо од избраната поставена брзина со
притискање на педалата на гасот.
Кога ќе се отпушти педалата на
гасот, возилото се враќа на
саканото растојание ако напред
има побавно возило. Инаку, се
враќа на зачуваната брзина.
Штом ќе се активира системот,
приспособливата контрола на
патувањето забавува или сопира
ако открие возило напред што е
побавно или поблиску од саканото
растојание за следење.9 Предупредување
Забрзување од страна на
возачот го исклучува
сопирањето од системот. На тоа
укажува појавно
предупредување на
Информативниот центар за
возачот.
Зголемување на брзината
Со активна приспособлива
контрола на патувањето, држете го
тркалцето свртено на RES/+:
брзината се зголемува постојано
во големи чекори, или активирајте
го неколкупати RES/+: брзината се
зголемува во мали чекори.
Ако возилото се вози со активна
приспособлива контрола на
патувањето многу побрзо од
саканата брзина, на пр., по
Page 204 of 363

202Возење и ракување
притискање на педалата на гасот,
моменталнатата брзина може да
се зачува и одржува со вртење на
тркалцето на SET/-.
Намалување на брзината
Со активна приспособлива
контрола на патувањето, држете го тркалцето свртено на SЕТ/-:
брзината се намалува постојано во
големи чекори, или активирајте го
неколкупати SЕТ/-: брзината се
зголемува во мали чекори.
Ако возилото се вози со активна
приспособлива контрола на
патувањето многу побавно од
саканата брзина, на пр., поради
побавно возило напред,
моменталнатата брзина може да
се зачува и одржува со вртење на
тркалцето на SET/-.
Продолжување со снимената
брзина Ако системот е вклучен, но
неактивен, свртете го тркалцето
на RES/+ при брзина поголема од
25 км/ч за да продолжите со
зачуваната брзина.Приспособлива контрола на
патувањето за целосен опсег на брзината кај возила со
автоматски менувач Приспособливата контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината ќе одржува растојание на следење зад откриено возило и ќе
го забави вашето возило до
застанување зад тоа возило.
Кога возилото напред е заминато
пред две минути, свртете го
тркалцето на RES/- или притиснете
ја педалата за гас за да продолжи
приспособливата контрола на
патувањето за целосен опсен на
брзината.
Ако запреното возило напред
почне да се движи нанапред и
приспособливата контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината не продолжува, зелената
запалена контролна сијаличка за
возило напред A ќе трепка и ќе се
огласи предупредувачка мелодија
како потсетник дека возилото
напред се оддалечува.Кога возилото напред ќе запре
повеќе од две минути,
електричната сопирачка за
паркирање ќе се активира
автоматски и приспособливата контрола на патувањето за
целосен опсег на брзината е
исклучена. Во тој случај, возете
нормално со притискање на
педалата за гас. Свртете го
тркалцето на RES/+ при брзина над
25 км/ч за да продолжи
приспособливата контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината.9 Предупредување
Кога приспособливата контрола
на патувањето со целосен опсегна брзината е деактивирана,
возилото нема повеќе да биде запрено и може да започне дасе движи. Бидете секогаш
подготвени за рачно
Page 205 of 363

Возење и ракување203вклучување на сопирачката за
да го задржите возилото
неподвижно.
Не напуштајте го возилото
додека е запрено со
приспособливата контрола на
патувањето со целосен опсег на брзината. Секогаш ставајте ја
рачката на менувачот во
позиција за паркирање Р и
исклучете го палењето пред
напуштање на возилото.
Поставување на растојанието
напред
Кога приспособливата контрола на патувањето ќе открие побавно
возило на возната патека, ќе ја
приспособи брзината на возилото
за да го одржи растојанието напред
избрано од возачот.
Растојанието напред може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете го копчето E,
моменталната поставка се
прикажува на Информативниот
центар за возачот. Притиснете го
копчето E повторно за да го
смените растојанието напред.
Поставката е прикажана и на
Информативниот центар за
возачот.Избраното растојание напред е
прикажано со наполнети ленти за
растојание на страницата на
приспособливата контрола на
патувањето.
Имајте предвид дека поставката за
растојание напред е иста како и
поставката за чувствителноста на
предупредувањето за преден
судир 3 208.
Пример: Ако е избрана поставката
3 (далеку), возачот се
предупредува поскоро пред
можниот судир ако
Page 206 of 363

204Возење и ракување
приспособливата контрола на
патувањето е неактивна или
исклучена.9 Предупредување
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Оддалеченоста за следење
треба да се прилагоди или
системот треба да се исклучи кога бараат условите.
Откривање на возило напред
Зелената осветлена контролна
сијаличка A за возило напред се
прикажува кога системот ќе открие
возило на патеката за возење.
Доколку овој симбол не се прикаже,
или доколку накратко се прикаже, приспособливата контрола на
патувањето нема да реагира на
возилата напред.
Деактивирање
Возачот ја деактивира
приспособливата контрола на
патувањето кога:
■ копчето y е притиснато,
■ педалата за сопирачките е притисната,
■ педалата на куплунгот е притисната подолго од
четири секунди,
■ рачката на менувачот на автоматскиот менувач е ставена
во N.
Системот се деактивира
автоматски и кога:
■ брзината на возилото се зголемува над 190 км/ч или се
намалува под 15 км/ч (кај возила
со автоматски менувач сенамалува до запирање без
деактивирање во рок од
две минути),
■ Системот за контрола на пролизгувањето работи подолго
од 20 секунди,
■ работи електронската контрола на стабилноста,
■ нема сообраќај и не е откриено ништо од страните на патот
неколку минути. Во тој случај,
нема радарско ехо и сензорот
може да извести дека е
блокиран,
■ моменталното сопирање при судир ги активира сопирачките,
■ радарскиот сензор се блокира со
мраз или слој вода,
■ откриен е дефект на радарот, моторот или системот на
сопирачките.
Освен тоа, системот автоматски се
деактивира кај возилата со
автоматски менувач
(приспособлива контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината) кога:
Page 207 of 363

Возење и ракување205
■ Електричната сопирачка запаркирање е активирана,
■ возилото е запрено од системот повеќе од две минути,
■ возилото запира и отворена е врата.
Кога приспобливата контрола на
патувањето ќе се деактивира
автоматски, контролната сијаличка m или C свети бело и се појавува
предупредувачки симбол на
информативниот центар на
возачот.
Зачуваната брзина се задржува.
9 Предупредување
Кога ќе се деактивира
приспособливата контрола на
патувањето, возачот мора да ја
преземе целосната контрола
врз сопирачките и моторот.
Исклучување
Притиснете го копчето C за да ја
исклучите приспособливата
контрола на патувањето.
Контролната сијаличка m или C се
гаси. Зачуваната брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
исклучува и приспособливата
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Внимание на возачот ■ Користете ја приспособливата контрола на патувањето
внимателно на свиоци или
планински патишта, бидејќи
може да го изгуби возилото
напред и потребно е време
повторно да го регистрира.
■ Не користете го системот на лизгави патишта бидејќи може дасоздаде брзи промени на
припивањето на гумите
(пролизгување на тркалата), така
што може да изгубите контрола
врз возилото.
■ Не користете ја приспособливата
контрола на патувањето при дожд, снег или многу прашина,
бидејќи радарскиот сензор може
да се прекрие со слој вода, земја, мраз или снег. Тоа ја намалува
или сосема ја онеспособува
видливоста. Во случај на
блокирање на сензорот,
исчистете го капакот на
сензорот.
Ограничувања на системот ■ Автоматската сопирна сила на системот не дозволува нагло
сопирање и нивото на сопирање
може да не биде доволно за да се избегне судир.
■ По ненадејно менување лента, на системот му треба одредено
време да го регистрира следното возило напред. Затоа, ако се
Page 208 of 363

206Возење и ракување
открие ново возило, системот
може да забрза наместо да
сопре.
■ Приспособливата контрола на патувањето го игнорира
сообраќајот од спротивната
страна.
■ Приспособливата контрола на патувањето не сопира за
пешаци, животни или други
сопрени возила.
Свиоци
Приспособливата контрола на
патувањето пресметува
предвидена патека врз основа на
центрифугалната сила. Оваа
предвидена патека ги зема
предвид својствата на
моменталниот свиок, но не може да земе предвид и следна промена на
свиокот. Системот може да го
изгуби возилото напред или да
земе предвид возило што не е во
истата лента. Тоа може да се случи
кога се влегува или излегува од
свиок или ако свиокот стане
поостар или поблаг. Ако веќе не
регистрира возило напред,
контролната сијаличка A ќе се
изгасне.
Ако центрифугалната сила е
преголема во свиок, системот го
забавува малку возилото. Тоа ниво
на сопирање не е конструирано да избегне излетување од свиокот.
Возачот е одговорен за
намалување на избраната брзина
пред да влезе во свиок и, општо
земено, да ја приспособи брзината на видот на патот и постојните
ограничувања на брзината.Автопати
На автопати, прилагодете ја
поставената брзина според
ситуацијата и времето. Секогаш земајте предвид дека
приспособливата контрола на
патувањето има ограничен опсег
на видливост, ограничено ниво на
сопирање и одредено време за
реакција за да потврди дали има
возило на возната патека.
Приспособливата контрола на
патувањето можеби нема да може
да го сопре возилото навреме за да
избегне судир со многу побавно
возило или по менување лента.
Тоа е посебно опасно ако возите
брз или видливоста е намалена
поради временските услови.
Кога влегувате или излегувате од
автопат, приспособливата
контрола на патувањето може да го изгуби возилото напред и да
забрза до поставената брзина.
Поради тоа, намалете ја
поставената брзина пред излез или
пред влегување на автопат.
Page 209 of 363

Возење и ракување207
Менување на патеката на возилото
Ако друго возило влезе на вашата
возна патека, приспособливата контрола на патувањето ќе го земе
предвид возилото кога ќе биде
целосно на вашата патека. Бидете
подготвени да реагирате и да ја
притиснете педалата на
сопирачката ако треба да сопрете
побрзо.
Проблеми на нагорнини и со
приколка
Перформансите на системот по
нагорнини и кога се влече приколка зависат од брзината на возилото,натовареноста на возилото,
сообраќајните услови и степенот
на стрмнината. Може да не открие
возило на вашата патека додека
возите по ридови. На стрмнини,
може ќе треба да ја користите
педалата на гасот за да ја
одржувате брзината на возилото.
Кога одите по надолнини, особено
кога влечете приколка, може ќе
треба да сопирате за да ја одржите или намалите брзината.
Имајте предвид дека со
притискање на сопирачката го
деактивирате системот. Не се
препорачува користење на
приспособливата контрола на
патувањето на стрмнини, особено
кога се влече приколка.Радарска единица
Радарската единица е монтирана
зад решетката на ладилникот под
амблемот на брендот.
9 Предупредување
Радарската единица е
порамнета внимателно за
време на производството.
Затоа, по преден судир, не
користете го веќе системот.
Предниот браник може да
изгледа неоштетен, меѓутоа
сензорот одзади може да е
Page 210 of 363

208Возење и ракувањеизместен и да реагира
неправилно. По сообраќајка,
посоветувајте се со
автомеханичар за да ви ја
потврди и поправи положбата
на сензорот за
приспособливата контрола на
патувањето.
Поставки
Поставката може да се смени во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби на инфо-екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 128.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 133.
Дефект Ако приспособливата контрола на
патувањето не работи поради
привремени услови (на пр.
блокирање од мраз), или ако има постојана грешка на системот, се
прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 131.
Предупредување за
преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Зелениот осветлен симбол A за
возило напред се пали во групата инструменти кога системот ќе
открие возило на патеката за
возење. Предуслов е да е
активирано предупредувањето за преден судир во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 133 или
да не е исклучено со копчето V
(зависно од системот, видете
подолу).