OPEL INSIGNIA 2015.5 Прирачник за инфозабавата
Page 141 of 163
Радио141
Соопштенија DAB
Покрај нивните музички програми,
многу станици DAB емитуваат и
соопштенија од разни категории.
Ако активирате некои или сите
категории, сервисот DAB што се
прима моментално се прекинува
кога има соопштение од таков вид.
Изберете DAB Announcements
(DAB соопштенија) за приказ на
списокот со категории на DAB.
Изберете ги саканите категории.
Избраните категории се означени
со 9.
Забелешка
DAB соопштенијата може да се
примат ако е активирана
брановата должина DAB.
Поврзување DAB co DAB
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на истиот
сервис (програма) на друг
ансамбл DAB (фреквенција, ако е
достапна) кога сигналот DAB е
премногу слаб за да го прими
приемникот.
Наместете го DAB to DAB Linking
(Поврзување DAB со DAB) на On
(Вклучување) или Off
(Исклучување) .
Поврзување DAB co FM
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на
соодветната станица FM на
активниот сервис DAB (ако има)
кога сигналот DAB е премногу слаб за да го прими приемникот.
Изберете Поврзување DAB со FM
на On (Вклучување) или Off
(Исклучување) .L-опсег
Ако се активира L-oпсег,
инфозабавниот систем прима
дополнителен опсег на
фреквенции (1452 - 1492 MHz).
Поставете L-опсег на On
(Вклучување) или Off
(Исклучување) .
Интелитекст
Функцијата Intellitext (Интелигентен
текст) овозможува прием на
дополнителни информации како
соопштенија, финансиски
информации, спорт, вести и сл.
Изберете една од категориите и
изберете одредена ставка од
списокот за да се прикажат
детални информации.
Page 142 of 163
142ЦД-уредЦД-уредОпшти информации.................142
Употреба ................................... 143Општи информации
ЦД плеерот на Инфозабавниот
систем може да репродуцира
аудио ЦД-а и ЦД-а со MP3/WMA.Внимание
Никогаш не ставајте ДВД-а,
сингл ЦД-а со пречник од 8 см
или ЦД-а со посебен облик во аудио плеерот.
Не ставајте налепници на ЦД- ата. Тие дискови може да се
заглават во погонот за ЦД и да
го уништат плеерот. Тогаш ќе
мора да се замени уредот.
Важни информации за аудио
ЦД-а и ЦД-а со MP3/WMA ■ Може да се користат следниве формати на ЦД-а:
CD, CD-R и CD-RW
■ Може да се користат следниве формати на фајлови:
ISO9660 Ниво 1, Ниво 2, (Romeo,
Joliet)
Фајловите MP3 и WMA запишани
во кој било формат освен
наведените погоре може да не се
репродуцираат правилно, а
имињата на нивните фајлови и
папки може да не се прикажат
правилно.
■ Аудио ЦД-а со заштита од прекопирање кои не се во
согласност со стандардот за
аудио ЦД-а може да не се
репродуцираат правилно или воопшто да не се репродуцираат.
■ Самозапишаните ЦД-а за запишување (CD-R) или ЦД-а за
повеќекратно запишување (CD-
RW) се поранливи во поглед на
неправилното ракување од
однапред запишаните ЦД-а.
Правилно ракување треба да се
обезбеди, особено во случај на
самозапишаните ЦД-а за
запишување, и ЦД-а за
повеќекратно запишување.
■ Самозапишаните ЦД-а за запишување, и ЦД-а за
повеќекратно запишување може
Page 143 of 163
ЦД-уред143
да не се репродуцираат
правилно или воопшто да не се
репродуцираат.
■ На ЦД-а со мешан модус (комбинација на аудио и на
податоци на пр. MP3), ќе се
поронајдат и ќе се
репродуцираат само аудио
записите.
■ Гледајте да не оставате отпечатоци од прстите кога
менувате ЦД-а.
■ Вратете ги ЦД-ата во нивните омоти веднаш откако ќе ги
извадите од аудио плеерот за да се заштитат од оштетувања и
валканост.
■ Валканоста и течностите на ЦД-ата можат да ги замачкаат
леќите на аудио плеерот внатре
во уредот и да предизвикаат дефекти.
■ Заштитувајте ги ЦД-ата од топлина и директна сончева
светлина.■ Следните ограничувања важат за податоците зачувани на ЦД
со MP3/WMA:
Максимален број датотеки/
песни: 800
Папки во хиерархија: 8
WMA дадотеки со дигитално
ракување со правата (Digital
Rights Management) (DRM) од
онлајн музички продавници не
може да се репродуцираат.
WMA датотеки може да се
репродуцираат безбедно ако се
создадени со верзијата 9 или
понова на Windows Media Player.
Применливи екстензии на
списоците со
репродукции: .m3u, .pls
Внесувањата на списокот со
репродукции треба да бидат во
обликот на споените патеки.
■ Ова поглавје се занимава само со репродуцирањето на датотеки
во MP3 бидејќи ракувањето со
датотеките во MP3 и во WMA е
исто. Кога е ставено ЦД содатотеки во WMA формат, се
прикажуваат изборници
поврзани со MP3.
Употреба Започнување репродукција
од ЦД Вметнете аудио или MP3 ЦД со
страната со етикетата нагоре во
отворот за ЦД додека не се
вовлече.
Постојано притискајте MEDIA за да
ја активирате функцијата за ЦД.
Page 144 of 163
144ЦД-уред
Вадење на ЦД
Притиснете R. ЦД-то се турка
надвор од процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото ќе се
повлече повторно назад по неколку секуди.
Функциски копчиња
Паузирање на репродукцијата
на ЦД
Изберете го екранското копче / за
паузирање на репродукцијата.
Изберете 6 за да продолжите со
репродукцијата.
Менување на претходна или
следна песна
Изберете d или c за репродукција
на претходната или следната
песна.
Или пак, завртете го MENU за да
преминете на претходната или
следната песна.Брзо напред или брзо назад
Задржете ги допрени d или c за
премотување назад или напред.
Редослед на репродуцирање
За репродуцирање на песните од
ЦД-то по случаен избор, изберете
9 .
Забелешка
Ако се активира функцијата за
произволно репродуцирање, 9 се
истакнува во црвено.
За да ја деактивирате функцијата
за мешање, повторно изберете 9.
Список со песни
Притиснете MENU за да се
прикаже изборникот за ЦД и потоа
изберете Browse CD Media
(Разгледај ЦД) .
Се прикажува списокот со песни.
Забелешка
Песната што моментално се
репродуцира е истакната.
Листајте низ списокот и изберете
го саканиот запис.Забелешка
За детален опис за прелистување
на MP3 ЦД-иња 3 148.
Page 145 of 163
Надворешни уреди145Надворешни уредиОпшти информации.................145
Репродукција на звук ...............148Општи информации
Приклучоците за AUX, USB и SD-
картичка за поврзување со
надворешни уреди се лоцирани
под потпирачот за раце на
централната конзола. Најдете
детален опис за подигнување на
потпирачот за раце во
Сопственичкиот прирачник.
Забелешка
Приклучоците секогаш треба да
бидат чисти и суви.
AUX приклучок
Може да се приклучи, на пример,
iPod, смартфон или друг
дополнителен уред во
приклучокот AUX.
Кога ќе се приклучи во
приклучокот AUX, аудио сигналот
на дополнителниот уред се
пренесува преку звучниците на
Инфозабавниот систем.
Поставките за гласноста и тонот
може да се прилагодуваат преку Инфозабавниот систем. Со сите
други контролни функции треба да
се ракува преку дополнителниот
уред.
Поврзување/откачување уред
За да го приклучите
дополнителниот уред во
приклучокот AUX на
инфозабавниот систем, користете
го следниов кабел:
со 3 дела за аудио-извор.
За да го откачите уредот AUX,
изберете друга функција, а потоа
отстранете го уредот AUX.
Page 146 of 163
146Надворешни уреди
Функција за звук од AUX
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што
се содржани на дополнителните
уреди, на пр. iPod или смартфон.
USB приклучок
MP3-плеер, USB-уред, iPod или
смартфон може да се приклучат на приклучокот за USB.
Кога се поврзани со приклучокот
USB, со уредите споменати погоре
може да се ракува преку
контролите и изборниците на
инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите модели на МP3-
плеери, уреди USB, iPod или
паметни телефони.
Поврзување/откачување уред
Приклучете го уредот USB или iPod
во приклучокот USB. За iPod,
користете го соодветниот кабел за
поврзување. Музичката функција
почнува автоматски.Забелешка
Ако се поврзе уред USB или iPod
што не може да се прочита, се
појавува соодветна порака за
грешка и Инфозабавниот систем
автоматски се префрлува на
претходната функција.
За да ја прекинете врската на
уредот USB или iPod-от, изберете
друга функција, а потоа извадете ја меморијата USB.Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Функција за звук од USB
Инфозабавниот систем може да
пушта музички фајлови содржани
на мемории USB ili производи iPod/
iPhone.
SD-картичка
SD-картичката може да се вметне
во просторот за SD-картички.
Откако ќе ја вметнете, со SD-
картичката може да се ракува
преки контролите и изборниците на
инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите видови SD-
картички.
Внетнување/отстранување
SD-картичкаВнимание
Никогаш не користете SD-
картичка што е напукната,
деформирана или лепена со
лента. Така може да ја оштетите
опремата.
Вметнете ја SD-картичката во
просторот за SD-картички како што е прикажано во продолжение.
Музичката функција почнува
автоматски.
Page 147 of 163
Надворешни уреди147
Забелешка
Ако се поврзе SD-картичка што не може да се прочита, ќе се појави
соодветна порака за грешка и
инфозабавниот систем
автоматски ќе се префрли на
претходната функција.
За да ја отстраните SD- картичката,
најпрвин активирајте друга
функција. Потоа, нежно турнете ја
SD-картичката подлабоко. SD-
картичката ќе биде исфрлена и ќе може да ја отстраните.
Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Функција за звук од SD
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што се зачувани на SD-картичката.
Bluetooth Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, МП3-плеери со
Bluetooth итн.) што ги поддржуваат
профилите за музика A2DP и
AVRCP за Bluetooth може да се
поврзат безжично со
Инфозабавниот систем.
Поврзување уред
Побарајте детален опис за
поврзување Bluetooth 3 151.
Функција за звук од Bluetooth
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што се содржани на уредите со
Bluetooth, на пр. iPod или
смартфон.
Формати на фајлови
Поддржани се само уредите што се форматирани во датотечни
системи FAT32, NTFS и HFS+.
Забелешка
Некои фајлови може да не се
репродуцираат правилно.
Причината може да биде
различен формат на снимање или
состојбата на фајлот.
Фајлови од продавниците на
интернет за коишто важо
управување со дигиталните права (DRM) не можат да се
репродуцираат.
Инфозабавниот систем може да ги
репродуцира следните аудио
датотеки зачувани на надворешни
уреди.
Page 148 of 163
148Надворешни уреди
Аудио фајлови
Формати на аудио датотеки што
можат да се репродуцираат
се .mp3, .wma, .аас и .aif.
Кога се репродуцира фајл со
ознаки ID3, Инфозабавниот систем
може да прикаже информации за,
на пр., насловот на песната и
изведувачот.
Репродукција на звук Започнување репродукција Поврзете го уредот 3 145.
Притискајте MEDIA за да го
активирате саканиот
мултимедијален извор.
На пример: главен изборник за
USB.
Функциски копчиња
Забелешка
Во тек на репродуцирање преку
AUX, функциските копчиња не се
достапни.
Паузирање на репродкцијата
Изберете / за да ја паузирате
репродукцијата.
Изберете 6 за да продолжите со
репродукцијата.
Менување на претходна или
следна датотека
Изберете d или c за репродукција
на претходната или следната
песна.
Или пак, завртете го MENU за да
преминете на претходната или следната песна.
Брзо напред или брзо назад
Задржете ги допрени d или c за
премотување назад или напред.
Редослед на репродуцирање
За репродукција на песните по
случаен избор, изберете 9.
Забелешка
При репродуцирање од USB, SD
или iPod, функцијата за
произволно репродуцирање
зависи од режимот на
филтрирање што е избран за
репродуцирање на песната, на
пример, албум, изведувач, жанр.
За да ја деактивирате функцијата
за мешање, повторно изберете 9.
Page 149 of 163
Надворешни уреди149
Забелешка
Ако се активира функцијата за
произволно репродуцирање, 9 се
истакнува во црвено.
Функција за прелистување Забелешка
Функцијата за прелистување не е
достапна за AUX и Bluetooth, како
извори на медиум.
Папки
(достапно само ако структурата на
папката е зачувана на уредот)
Притиснете MENU и потоа
изберете Folder View (Преглед на
папки) . Се прикажува структурата
на папката на односниот уред.
Доколку е неопходно, движете се
низ структурата на папката и
изберете ја саканата песна.
Категории на медиуми
Притиснете MENU и потоа
изберете Browse (Разгледување) .
Се прикажува список што содржи
различни категории запрелистување, на пример, Playlists
(Списоци на репродукции) , Artists
(Изведувачи) или Albums ( Албуми) .
Листајте низ списокот и изберете
го саканиот запис.
Доколку е неопходно, движете се
низ поткатегориите и изберете ја
саканата песна.
Page 150 of 163
150ТелефонТелефонОпшти информации.................150
Поврзување Bluetooth ..............151
Итен повик ................................ 154
Ракување .................................. 155
Мобилни телефони и ЦБ радио опрема ........................... 158Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е
поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции за Телефон се поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Ќе најдете повеќе
информации за тоа во упатствата
за ракување за вашиот мобилен
телефон или можете да се
распрашате за нив кај вашиот
оператор на мрежата.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста насообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина.
Затоа се изготвени безбедносни прописи и директиви. Треба да
бидете запознати со поврзаните директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за