OPEL INSIGNIA 2015 Прирачник за инфозабавата
Page 101 of 165
Телефон101ТелефонОпшти информации.................101
Поврзување Bluetooth ..............102
Итен повик ................................ 104
Ракување .................................. 105
Мобилни телефони и ЦБ радио опрема .................109Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е
поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции за Телефон се поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Ќе најдете повеќе
информации за тоа во упатствата
за ракување за вашиот мобилен
телефон или можете да се
распрашате за нив кај вашиот
оператор на мрежата.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста насообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 102 of 165
102Телефонразговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од страна на
Bluetooth Special Interest Group
(SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радио стандард за
безжично поврзување на мобилни телефони, модели iPod/iPhone идруги уреди.
За да може да воспоставите
Bluetooth-врска со инфозабавниот
систем, може да се активира
функцијата за Bluetooth на
Bluetooth-уредот. За повеќе
информации, видете во упатството
за употреба на уредот со Bluetooth.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови меѓу уред со Bluetooth и Инфозабавниотсистем) и
поврзувањето уреди со Bluetooth со Инфозабавниот систем се врши преку изборникот за Bluetooth
поставки.
Изборник за Bluetooth
поставки
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth за приказ на
односниот подизборник.Спојување уред
Важни информации ■ Со системот може да се спојат до
пет уреди.
■ Само еден споен уред може да биде поврзан со Инфозабавниот
систем во даден момент.
■ Спојувањето обично треба да се изврши само еднаш, освен ако
уредот не се избрише од
списокот споени уреди. Ако
уредот бил поврзано претходно,
Инфозабавниот систем
автоматски воспоставува врска.
■ Операцијата Bluetooth значително ја троши батеријатана уредот. Затоа, поврзете гоуредот со штекер за полнење.
Спојување преку апликацијата за
поставки
1. Притиснете го копчето ;, а
потоа изберете ја иконата
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth за приказ на
односниот подизборник.
Page 103 of 165
Телефон103
2. Изберете го Pair Device (Уред
за спарување) . Односно,
изберете Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже списокот со уреди и
потоа изберете го екранското
копче Pair Device (Уред за
спарување) .
3. На инфозабавниот систем се прикажува порака со име и PIN-
код на инфозабавниот систем.
4. Активирајте ја функцијата за пребарување Bluetooth на
Bluetooth-уредот.
5. Потврдете го спојувањето: ◆ Ако е поддржано SSP(безбедно едноставно
спојување):
Споредете го PIN-кодот
(доколку се побара) и
потврдете ги пораките на
инфозабавниот систем и Bluetooth-уредот.
◆ Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):Доколку сакате, изберете Set
PIN (Одреди PIN) за да го
смените PIN-кодот на
инфозабавниот систем. Се
прикажува тастатура. Внесте
го новиот PIN-код и потврдете
го внесот.
Внесете го PIN-кодот на
инфозабавниот систем на
Bluetooth-уредот и потврдете
го внесот.
6. Инфозабавниот систем и уредот се споени и се
прикажува список со уреди.
Забелешка
Ако поврзувањето Bluetooth не
биде успешно, се прикажува
порака за дефект на екранот на
Инфозабавниот систем.
7. Доколку се достапни на Bluetooth-уредот,
телефонскиот именик и
списокот со повици ќе се
преземе на инфозабавниот
систем. Доколку е потребно,
потврдете ја соодветната
порака на смартфонот.Забелешка
За инфозабавниот систем да ги
прочита контактите, тие реба да
се зачувани во меморијата на
мобилниот телефон.
Ако функцијата не е поддржанаод уредот со Bluetooth, се
прикажува соодветна порака на
инфозабавниот систем.
Спојување преку апликацијата за
телефон
1. Притиснете го копчето ;, а
потоа изберете ја иконата PHONE (ТЕЛЕФОН) .
2. Изберете го екранското копче Pair Device (Уред за
спарување) .
3. Продолжете од чекор 3 од „Спојување преку апликацијата
за поставки“ (видете погоре).
4. Ако уредот е успешно споен, се
прикажува изборникот за
телефон.
Page 104 of 165
104Телефон
Забелешка
Ако поврзувањето Bluetooth не
биде успешно, се прикажува
порака за дефект на екранот на
Инфозабавниот систем.
Поврзување споен уред 1. Притиснете го копчето ;, а
потоа изберете ја иконата
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth за приказ на
односниот подизборник.
2. Изберете Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже списокот со уреди.
3. Изберете го уредот со Bluetooth
што сакате да го поврзете.
4. Уредот е поврзан и се прикажува во полето Connected
(Поврзано) од списокот со
уреди.
Откачување уред 1. Притиснете го копчето ;, а
потоа изберете ја иконата
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .Изберете Bluetooth за приказ на
односниот подизборник.
2. Изберете Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже списокот со уреди.
3. Изберете го екранското копче ╳ покрај уредот со Bluetooth што
е моментално поврзан. Се појавува потсетување со
порака.
4. Изберете го екранското копче Yes (Да) за да ја прекинете
врската со уредот.
Бришење уред 1. Притиснете го копчето ;, а
потоа изберете ја иконата
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth за приказ на
односниот подизборник.
2. Изберете Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже списокот со уреди.3. Изберете го екранското копче ─ покрај уредот со Bluetooth што
треба да се избрише. Се појавува потсетување со
порака.
4. Изберете го екранското копче Yes (Да) за да го избришете
уредот.
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно
во мобилниот телефон.
Page 105 of 165
Телефон1059Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Упатување итен повик
Вртете го бројот за ити повици
(на пр. 112).
Се воспоставува телефонска врска со центарот за итни повици.
Одговорете кога дежурниот ќе ви
постави прашања за итниот случај.9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth помеѓу вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува сите функции на
Порталот за телефон. Затоа,
можно е отстапување од опсегот
на функциите опишани за овие
специфични мобилни телефони.
Апликација за телефон Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете ја иконата PHONE
(ТЕЛЕФОН) за да се прикаже
односниот изборник (со симбол
телефон).
Телефонскиот портал се состои од различни прикази што се достапни
преку табулаторите. Изберете го
саканиот табулатор.
Забелешка
Главниот изборник PHONE
(ТЕЛЕФОН) е достапен само ако е
поврзан мобилен телефон со Инфозабавниот систем преку Bluetooth. Најдете детален опис
3 102.
Page 106 of 165
106Телефон
Почнување телефонски повик
Плоча со копчиња
Притиснете го копчето ; и потоа
изберете ја иконата PHONE
(ТЕЛЕФОН) за да се прикаже
соодветниот изборник.
Доколку е неопходно, изберете го
табулаторот KEYPAD
(ТАСТАТУРА) во интерактивната
лента за избор. Се прикажува
тастатура.
Внесете го саканиот број и
изберете го екранското копче Call
(Повикај) . Бројот се бира.
За бирање број за брзо бирање,
внесете го бројот и задржете го допрен последниот број. Бројот се
бира.
Контакти
Притиснете го копчето ; и потоа
изберете ја иконата PHONE
(ТЕЛЕФОН) за да се прикаже
соодветниот изборник.
Доколку е неопходно, изберете го
табулаторот CONTACTS
(КОНТАКТИ) во интерактивната
лента за избор. Се прикажува
список со контакти.Најдете детален опис за списоците
со контакти 3 36.
Лизгајте до саканиот запис за
контакти.Икона со за кратка функција
Ако има само еден број за контакт,
иконата за брзо бирање се
прикажува до односниот запис во
списокот со контакти.
Изберете го екранското копче z за
да го воспоставите повикот
директно.Преглед на детали за контакт
Ако се зачувани повеќе од еден
број за контакт, изберете го
односниот контакт.
Се прикажува преглед на детали за
контакт.
Изберете еден од телефонските
броеви зачувани за контактот.
Бројот се бира.
Списоци со повици
Притиснете го копчето ; и потоа
изберете ја иконата PHONE
(ТЕЛЕФОН) за да се прикаже
соодветниот изборник.
Page 107 of 165
Телефон107
Доколку е неопходно, изберете го
табулаторот RECENT
(ПОСЛЕДНИ) во интерактивната
лента за избор. Се прикажува
списокот со неодамнешни повици.
Забелешка
Пропуштените повици се
означуваат со црвено во списокот
со неодамнешни повици и се
означуваат со симболот 9
веднаш до иконата телефон во
таблата со апликации.
Изберете еден од телефонските
броеви зачувани во списокот со
неодамнешни повици. Бројот се
бира.
Омилени
Отворање страница со омилени
елементи.
Доколку е потребно, лизгајте низ
страниците.
Изберете го екранското копче на
саканиот омилен елемент.
Побарајте детален опис 3 30.
Дојдовен телефонски повик Прифаќање телефонски повик
Ако е активен радио или
мултимедијален извор кога се
огласува повик, аудио-изворот се стишува и останува стишен додека
повикот не прекине.
На долниот дел од екранот се
прикажува порака со името или
бројот на повикувачот.
За да одговорите на повикот,
изберете го екранското копче
Answer (Одговори) во пораката.
Отфрлање телефонски повик
За да отфрлите повик, изберете го
екранското копче Ignore
(Игнорирај) во пораката.
Менување тон за ѕвонење
Притиснете го копчето ;, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth за да се
прикаже соодветниот подизборник
и потоа изберете ја ставката
Page 108 of 165
108Телефон
Ringtones (Ѕвонења) од списокот.
Се прикажува список со сите
телефони што се споени со
инфозабавниот систем.
Изберете го саканиот телефон. Се
прикажува список со сите достапни тонови за ѕвонење за односниот
телефон.
Одберете го саканиот тон за
ѕвонење.
Функции за време на повик
Во време на повик, се прикажува
преглед на повикот во тек.Завршување телефонски повик
Изберете го екранското копче End
(Крај) за да го завршите повикот.
Исклучување на микрофонот
Изберете го екранското копче Mute
(Искл. звук) за привремено да го
исклучите микрофонот.
Екранското копче се менува во
Unmute (Вкл. звук) .
За повторно да го вклучите
микрофонот, изберете го
екранското копче Unmute (Вкл.
звук) .
Деактивирање на функцијата за
слободни раце
За да продолжите со разговорот преку вашиот мобилен телефон,
изберете го екранското копче
Handset (Телефонски уред) .
Екранското копче се менува во
Handsfree (Без раце) .
За повторно да ја вклучите
функцијата за слободни раце,
изберете го екранското копче
Handsfree (Без раце) .Втор телефонски повик
Воспоставување втор телефонски
повик
За да воспоставите втор
телефонски повик, изберете го
екранското копче Add (Додавање)
во прегледот на повик во тек. Се прикажува изборникот за
телефонот.
Воспоставете втор телефонски повик. За детален опис видете
погоре.
За да го откажете
воспоставувањето на вториот
повик и да се вратите на прегледот на повик во тек, изберете го
екранското копче Current Call
(Моментален повик) .
Двата повици се прикажуваат во прегледот на повик во тек.
Page 109 of 165
Телефон109
Втор дојдовен телефонски повик
На долниот дел од прегледот на
повик во тек се прикажува порака
со името или бројот на
повикувачот.
Изберете го екранското копче
Answer (Одговори) или Ignore
(Игнорирај) во пораката.
Уредување телефонски повици
За да ги прекинете двата повици,
изберете го екранското копче End
(Крај) на долниот дел од екранот.
За да го прекинете само едниот
повик, изберете го екранското
копче A веднаш до односниот
повик.
Конференциски повик
Изберете го екранското копче B
за да ги споите двата повици.
Двата повици стануваат активни.
Екранското копче B се менува
во C.
За одвојување на повиците,
изберете го екранското копче C.
Телефони
Изберете го таулаторот PHONES
(ТЕЛЕФОНИ) за да се прикаже
списокот со уреди.
Побарајте детален опис 3 102.
Мобилни телефони
и ЦБ радио опрема
Упатства за инсталација инасоки за ракување
Специфичните упатства за
инсталација за возилото и
насоките за ракување на
производителот мобилниот
Page 110 of 165
110Телефон
телефон и уредот за разговор без
раце мора да се запазат кога се
инсталира и ракува со мобилен
телефон. Инаку може да се
обезважи одобрението за видот на
возилото (Директива на ЕУ
95/54/EC).
Препораки за ракување без
проблеми:
■ Професионално инсталирана надворешна антена за добивањенајголем можен опсег,
■ Максималната снага на предавателот е 10 вати,
■ Инсталација на телефонот на погодно место, видете во
соодветната белешка на
Сопственичкиот прирачник, дел
Систем на воздушни перничиња .
Побарајте совети за претходно
утврдените точки за вградување на
надворешната антена и на држачот на опремата и за начините на
користењето на уреди со
предавателска снага поголема од
10 вати.Употребата на додаток за разговор
без раце без надворешна антена
според стандардите за мобилни
телефони GSM 900/1800/1900 и
UMTS се дозволува само ако
максималната снага на
предавателот на мобилниот
телефон е 2 вати за GSM 900 или
1 ват за другите типови.
Од безбедносни причини, не
користете го телефонот додека
возите. Дури и користењето на
комплет за разговор без раце може
да го одземе вниманието при
возењето.9 Предупредување
Ракувањето со радио опреми и
мобилни телефони кои не ги
исполнуваат горенаведените
стандадри за мобилни
телефони, се дозволува само со употребата на антена сместена
надвор од возилото.
Внимание
Мобилните телефони и радио
опремите може да доведат до
неисправности во
електрониката на возилото кога
со нив се ракува внатре во
возилото без надворешна
антена, освен ако не се
почитуваат горенаведените
прописи.