OPEL INSIGNIA 2015 Сопственички прирачник

Page 171 of 361

Контрола на климатизацијата169
Системот за климатизација го лади
и го одвлажнува (суши) воздухот во кабината по потреба. Затоа може
да се формира кондензација и се
одведува под возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Вклучување/исклучување на
системот X
Ладењето, вентилаторот и автоматскиот режим можат да се
исклучат со притискање на копчето X . Кога ќе се исклучи системот,
сијаличката во копчето X е
изгасната.
Активирање со притискање на
копчето X или на копчето за
ладење A/C или копчето за
автоматски режим AUTO.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.Рачно кружење на
воздухот 4
Притиснете го копчето 4 за да го
вклучите кружењето на воздухот.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
Изберете кружење на воздухот да
помогне во ладењето на
внатрешноста или за блокирање на
надворешните мириси или издувни
гасови. Кога е избрано кружење на
воздухот, делумно проветрување
за да се освежи воздухот во
внатрешноста се врши на 10
минути.
Притиснете го копчето 4
повторно за да го исклучите
кружењето на воздухот.
При топло и влажно време,
шофершајбната може да се
замагли однадвор, доколку кон неа се насочи ладен воздух. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, активирајте го бришачот
на шофершајбната и
деактивирајте го l.
Автоматско кружење на
воздухот Сензор за влажноста на воздухот
се вклучува автоматски на
надворешен воздух ако влажноста
на воздухот во внатрешноста е
премногу голема.
Основни поставки
Некои основни поставки можат да
се сменат во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на инфо-
екранот во боја.
Изберете ги соодветните поставки во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.

Page 172 of 361

170Контрола на климатизацијата
Информативен екран во боја
3 130.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 135.
Дополнително греење Грејач на воздухот
Брзото греење е дополнителен
електричен грејач кој автоматски го
загрева патничкиот простор
побргу.Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори
за проветрување
Предни отвори за
проветрување
За да се отвори отворот, свртете го
тркалцето за местење на B.
Дотерајте го количеството на
воздухот кај отворот со вртење на
тркалцето за местење.
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.

Page 173 of 361

Контрола на климатизацијата171
За да се затвори отворот, свртете
го тркалцето за местење на 7.
Задни отвори за
проветрување
Отворите за проветрување за
задните патници се во средишната конзола меѓу предните седишта.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.
Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува чист за да
се овозможи доводот на воздухот.
Извадете ги лисјата, нечистотијата
или снегот.

Page 174 of 361

172Контрола на климатизацијатаФилтер за поленФилтрирање на воздухот во
кабината Кабината ја чисти филтер за
честички од прав, саѓи, полен и
спори.
Филтер со активен јаглен Освен филтерот за честички,
филтерот со активен јаглен
намалува миризби.
Замената на филтерот треба да се
изврши при редовниот сервис.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, се
препорачува климатизацијата да
се вклучува неколку минути еднаш
месечно, без оглед на времето и
годишната доба.Сервис
За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи
три години по првата регистрација
на возилото, вклучувајќи ги
следните:
■ Тестирање на функционалноста и притисокот
■ Функционалност на греењето
■ Проверка за протекување
■ Проверка на погонските ремени
■ Чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
■ Проверка на перформансите

Page 175 of 361

Возење и ракување173Возење и ракувањеПрактични совети за возење..173
Поаѓање и ракување ................ 174
Издувни гасови од моторот .....181
Автоматски менувач ................183
Рачен менувач ......................... 188
Системи за возење ..................189
Сопирачки ................................. 189
Системи за контрола на
возењето ................................... 193
Системи за помош на возачот 199
Гориво ....................................... 235
Кука за приколки ......................243Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop) Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи функционираат за време
на Autostop, но силата на серво
управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 178.
Педали За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба
поголем напор.
Контролна сијаличка c 3 117.Внимание
Возила опремени со
хидраулично серво
управување:
Ако воланот се сврти докрај и се држи во таа положба подолго од
15 секунди, може да дојде до
оштетување на системот за
серво управување и може да
дојде до губење на помошта од
сервото.

Page 176 of 361

174Возење и ракувањеПоаѓање и ракувањеРазработување на
новото возило Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на отворено место за некое време по
првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто.
Филтер за дизелски честички
3 181.Положби на
прекинувачот за палење
Свртете го клучот:0=Исклучено палење: некои
функции остануваат активни
додека не се извади клучот или
не се отвори возачката врата,
ако палењето било вклучено
претходно.1=Режим за помошно
напојување: Заклучувањето на
воланот се отпушта, некои
електрични функции работат,
палењето е исклучено.2=Режим за напојување со
вклучено палење: Палењето е
вклучено, дизел моторот се
предзагрева. Контролните
сијалички се палат и повеќето
електрични функции работат.3=Стартување на моторот .
Отпуштете го клучот откако ќе
почне стартувањето.
Заклучување на воланот
Извадете го клучот од
прекинувачот за палење и вртете
го воланот додека да се заглави.
Копче за вклучување

Page 177 of 361

Возење и ракување175
Електронскиот клуч мора да е
внатре во возилото.
Режим за напојување додатоци:
притиснете го копчето
Engine Start/Stop еднаш без
притискање на куплунгот или
педалата на сопирачките. Жолтата сијаличка во копчето се пали.
Заклучувањето на воланот се
отпушта и некои електрични
функции работат, палењето е
исклучено.
Режим за напојување со вклучено
палење: притиснете го и држете го
копчето Engine Start/Stop
6 секунди без притискање на
куплунгот или педалата на
сопирачките. Зелената сијаличка
во копчето се пали, дизел моторот
се предзагрева. Контролните
сијалички се палат и повеќето
електрични функции работат.
Палење на моторот: притиснете го
куплунгот (рачен менувач) или
педалата на сопирачките
(автоматски менувач) и притиснетего копчето Engine Start/Stop уште
еднаш. Отпуштете го копчето
откако ќе почне стартувањето.
Исклучено палење: притиснете го
копчето Engine Start/Stop накратко
во секој режим или кога работи
моторот. Некои функции
остануваат активни додека не се
отвори возачката врата, ако
палењето било вклучено
претходно.
Заклучување на воланотЗаклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
■ возилото е во мирување и
■ палењето е исклучено и
■ возачката врата е отворена.
За да се отклучи воланот, отворете
ја и затворете ја возачката врата и
вклучете го режимот за додатоци
или директно стартувајте го
моторот.9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Итно ракување кај возилата
со систем на електронски клуч
Ако некој од електронските клучеви потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (не е откриен далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key
(заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.

Page 178 of 361

176Возење и ракување
Отворете го складишниот простор
во средишната конзола со кревање
на потпирачот за рака. Ставете го
електронскиот клуч во џебот на
предавателот. Притиснете го
куплунгот (рачен менувач) или
педалата на сопирачките
(автоматски менувач) и притиснете го копчето Engine Start/Stop .
За да го изгаснете моторот,
притиснете го копчето
Engine Start/Stop повторно.
Извадете го електронскиот клуч од
џебот на предавателот.
Оваа опција е наменета само за
хаварии. Заменете ја батеријата на електронскиот клуч што е можно
поскоро 3 24.
За отклучување или заклучување
на вратите, видете во Дефект на
уредот на далечинскиот управувач
или на системот на електронскиот
клуч 3 26.
Задржано исклучување
Следниве електронски системи
можат да работат додека е
отворена возачката врата или
10 минути откако ќе се исклучи
палењето:
■ Електричните прозорци
■ Подвижен покрив
■ Штекери за напојување
Напојувањето за инфозабавниот
систем ќе продолжи да
функционира уште 30 минути кога
е исклучено палењето, без оглед
дали ќе се отвори некоја врата.Палење на моторот
Возила со прекинувач за палење
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека да се изгасне контролната
сијаличка !.

Page 179 of 361

Возење и ракување177
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот го пушта автоматска
постапка со кратка пауза додека
моторот не проработи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Пред да го запалите повторно или изгаснете моторот, вратете го
клучот во положбата 0.
При Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на кумплунгот 3 178.
Возила со копче за
вклучувањеРачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Притиснете го и отпуштете го
копчето Engine Start/Stop :
автоматска постапка го активира анласерот со кратка пауза додека
моторот не проработи, видете во
Автоматска контрола на
анласерот.
Пред да стартувате повторно или
за да го исклучите моторот,
притиснете го копчето
Engine Start/Stop уште еднаш.
При Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на кумплунгот 3 178.Палење на возилото при
ниски температури Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси
и доволно наполнет акумулатор. При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот треба да
биде во положба P.
Автоматска контрола на
анласерот Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот.
Возачот не мора да го држи клучот
во положба 3 или да го држи
копчето Engine Start/Stop
притиснато. Штом се применува,
системот ќе продолжи да запали автоматски додека не проработи
моторот. Поради постапката за
проверување моторот
проработува по кратка пауза.

Page 180 of 361

178Возење и ракување
Возможни причини за непалење на
моторот:
■ Куплунгот не е притиснат (рачен менувач)
■ Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач)
■ Дојде до надминување на времето
Загревање на турбо мотор По стартувањето, достапниот
вртежен момент на моторот може
да биде накратко ограничен,
особено кога моторот е ладен.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосна заштита на моторот.
Исклучување на
пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, на пр. кога
возилото се вози во некоја брзина
без давање гас.Систем за
сопирање-поаѓање Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот
е доволно полн за повторно
палење.
Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на копчето eco. Исклучувањето е
прикажано со гасење на
сијаличката во копчето.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг
■ ставете ја рачката во лер
■ отпуштете ја педалата за куплунг

Page:   < prev 1-10 ... 131-140 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 ... 370 next >