tyre pressure OPEL INSIGNIA 2015 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2015Pages: 361, PDF Size: 9.11 MB
Page 281 of 361
Нега на возилото279
1. Идентификувајте ги погонскатаоска и стилот на каросеријата.
2. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 311.
3. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 325.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Ако притисокот во гумите има да се намали или зголеми кај возило со
систем за контрола на притисокот
во гумите, исклучете го палењето.
Откако ќе го приспособите
притисокот во гумите, вклучете го
палењето и изберете ја
соодветната поставка на
страницата Оптоварување на
гумите во Информативниот центар
за возачот 3 122.
Систем за следење на
притисокот на гумите Системот за контрола на
притисокот во гумите го проверува
притисокот во сите четири тркала
еднаш по минута кога брзината на
возилото ќе надмине определена
граница.
Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да бидат опремени со сензори за притисокот
во гумите и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Изберете ја страницата Tyre
pressure monitoring (Следење на
притисокот во гумите) под
изборникот Info (Информации) во
Информативниот центар за
возачот 3 122.