OPEL INSIGNIA BREAK 2017.5 Сопственички прирачник

Page 261 of 343

Нега на возилото259Нега на возилотоОпшти информации.................260
Додатоци и модификации на возилото ................................ 260
Чување на возилото ..............260
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......261
Прверки на возилото ...............261
Вршење работа ...................... 261
Хауба ...................................... 262
Моторно масло ......................262
Ладилник ................................ 264
Течност за миење ..................265
Сопирачки .............................. 265
Течност за сопирачките ........265
Акумулатор ............................. 266
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 267
Замена на четкичките на бришачите ............................. 268
Замена на сијалиците ..............268
Халогенски предни фарови ..268
LED предни фарови ..............270
Фарови за магла ....................271
Задни светла .......................... 272
Странични трепкачи ..............274Светло за регистарската
табличка ................................ 275
Внатрешни светла .................275
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 275
Електричен систем ..................276
Осигурувачи ........................... 276
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............277
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......280
Прирачен алат ......................... 282
Алати ...................................... 282
Тркала и гуми ........................... 283
Зимски гуми ............................ 283
Ознаки на гумите ...................283
Притисок на гумите ................ 283
Систем за следење на притисокот на гумите ...........285
Длабочина на шарата ...........287
Менување на големината на гумите и тркалата .................288
Раткапни ................................. 288
Синџири за гуми ..................... 289
Комплет за поправање гуми . 289
Менување тркала ................... 294
Резервно тркало ....................297
Палење со кабли ......................299Влечење................................... 301
Влечење на возилото ............301
Влечење друго возило ..........302
Нега за изгледот ......................303
Нега на надворешноста ........303
Нега на внатрешноста ........... 305

Page 262 of 343

260Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз потрошувачката на гориво,
испуштањето CO 2 и други
испуштања од возилото и да
предизвикаат возилото повеќе дане ја почитува дозволата за
работа, што ќе влијае врз важноста на регистрацијата на возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или лостот на
менувачот во P. Спречете го
возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.

Page 263 of 343

Нега на возилото261Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја оваа работа само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.

Page 264 of 343

262Нега на возилото9Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Хаубата автоматтски се држи
отворена.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 175.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете ја
да падне во шарката. Проверете
дали хаубата е заглавена.
Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Активна хауба 3 73.
Моторно масло Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 308.
Максималната потрошувачка на моторното масло е 0,6 литри на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.

Page 265 of 343

Нега на возилото263Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
поселдното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Веднаш избришете го истуреното моторно масло.

Page 266 of 343

264Нега на возилотоВнимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 321.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Средството за ладење овозможува
заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со
многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 308.
Ниво на течноста за ладењеВнимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
Положбата на резервоарот за
течноста за ладење може да биде различна во зависност од моторот.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за

Page 267 of 343

Нега на возилото265ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната што содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 308.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на облогата на сопирачките, се
слуша чкрипење при сопирање.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.

Page 268 of 343

266Нега на возилотоТечност за сопирачките и за
куплунгот 3 308.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 155.
Откачување на акумулаторот
Ако треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во ова поглавје може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Во возилата со акумулатор AGM
(Впивачка стаклена подлога),
проверете дали го заменувате акумулаторот со друг акумулатор
AGM.

Page 269 of 343

Нега на возилото267Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор од Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 175.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 299.
Предупредувачки натпис
Значење на симболите: ● Без искри, отворени огнови или
пушење.
● Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со дизел гориво
Ако резервоарот се остави целосно
да се испразни, системот за дизел
гориво треба да се исцеди.
Вклучете го палењето трипати по
15 секунди. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по не помалку од пет секунди. Ако
моторот не се пали, побарајте
помош од автомеханичар.

Page 270 of 343

268Нега на возилотоЗамена на четкичките набришачите
Кренете го кракот на бришачот
додека не остане кренат. Кренете
ја спојката за да ја извадите
четкичката на бришачот и
отстранете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснетеја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Халогенски предни фарови
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за средно и долго
светло.

Page:   < prev 1-10 ... 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 281-290 291-300 301-310 ... 350 next >