OPEL INSIGNIA BREAK 2019.5 Сопственички прирачник
Page 241 of 369
Возење и ракување239ФункционалностВо режимот на барање на место за
паркирање, ознака во
Информативен центар за возачот
Во Информативниот центар за
возачот изберете место за
паркирање што е паралелно и е
под прав агол преку долго
притискање на копчето (.
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откријат места за паркирање од
возачката страна, вклучете ги
трепкачите од возачката страна.
Показател на Инфо-екранот
Изберете го паралелното или под
прав агол место за паркирање со
лесно допирање на соодветната икона на екранот.
Изберете го местото за паркирање
со лесно допирање на соодветната
икона на екранот.
Кога ќе се открие соодветно место, се даваат визуелни информации
на Инфо-екранот и звучен сигнал.
Ако возачот не го запре возилото
откако ќе се предложи паркирно
место, системот почнува да бара
друго соодветно паркирно место.
Режим за наведување при
паркирање
Предлогот за место за паркирање
од системот се прифаќа кога
возачот ќе го сопре возилото за
десет метри за места за напоредно
паркирање или шест метри за
места за напречно паркирање
откако ќе се појави пораката за да
Page 242 of 369
240Возење и ракувањесе запре возилото. Системот ја
пресметува оптималната патека до
паркирното место.
Куса вибрација на воланот по
ставањето во рикверц укажува
дека системот го контролира
управувањето. Потоа возилото со
рачен менувач се управува во
местото автоматски со тоа што на
возачот му се даваат детални
упатства за сопирање, забрзување
и менување брзини. Кај возилата
со рачен менувач, возилото се управува во местото автоматски со
тоа што на возачот му се даваат
детални упатства за забрзување и
менување брзини за напред или
назад. Возачот не треба да го
допира воланот. При режимот за
наведување при паркирање,
брзината на маневрирање е
ограничена.
Секогаш внимавајте на сигналот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан сигнал
укажува дека растојанието до
некоја пречка е помало од околу
30 см.Значи, ако поради нешто возачот
треба да преземе контрола врз
управувањето, држете го воланот
само за надворешниот раб. Тогаш
ќе се откаже автоматското
управување.Индикации на екранот
Упатствата на екранот покажуваат:
● Општи практични совети и пораки за предупредување.
● Совет кога се вози побрзо од 30 км/ч во текот на режимот на
пребарување на паркинг
место.
● Барање за запирање на возилото кога е откриено местоза паркирање.
● Насока на возењето за време на маневрите за паркирање.
● Барање за менување во рикверц или во прва брзина,
или R или D кај автоматски
менувач.● Барање да се застане или да се вози побавно.
● За некои од упатствата се прикажува лента за напредокна Информативниот центар за
возачот.
● Успешно завршување на маневарот паркирање на
коешто укажува појавен
симбол и тон.
● Откажување на маневар за паркирање.
Приоритети за прикажувањето
Показателот за напредна помош за паркирање на Информативниот
центар за возачот може да се
потисне од од пораки за возилото
со повисок приоритет. Откако ќе ја
одобрите пораката со притискање
на 9 на воланот, повторно се
покажуваат упатствата за
напредната помош за паркирање и маневарот за паркирање може да
продолжи.
Page 243 of 369
Возење и ракување241Деактивирање
Системот се деактивира со:
● кратко притискање на (
● маневрата за паркирање заврши успешно
● возење побрзо од 30 км/ч при барање место за паркирање
● возење побрзо од 8 км/ч при наведување за паркирање
● откриено е попречување од возачот на воланот
● откриена е стрмна нагорнина
● се надмине максималниот број
промени на брзините:
осум циклуси при паралелно
паркирање или пет циклуси при
напречно паркирање
● исклучување на палењето
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време
на маневрирањето ќе укаже порака
на екранот. Освен тоа, се огласува
звучен сигнал.
Автоматски менувач:
Ако напредната помош за
паркирање се деактивира при
маневар за паркирање илиманеварот завршил успешно,
помошта го задржува возилото во
положбата додека не се случи нешто од следново:
1. се притисне педалата за сопирачките
2. се активира електричната сопирачка за паркирање
3. рачката на менувачот е поставена во P
Дефект
Порака се појавува во следниве
случаи:
● Има дефект во системот.
● Возачот не го завршил успешно маневрот за
паркирање.
● Системот не функционира.
● Дојде до некоја од причините за деактивирање опишани
погоре.
Ако при упатствата за паркирање
се открие некој предмет, се
прикажува порака за да го запрете
возилото. Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжиманеврата за паркирање. Ако не се
отстрани предметот, системот ќе
се деактивира.
Основни белешки за системитеза помош за паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Page 244 of 369
242Возење и ракувањеВажат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може
да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко
непорамнување (повремено може да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за
паркирање може да не реагира на
промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.
Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.
Системот не открива
неправилности на ниски рабови
или тло, на пример, во градежни
зони. Возачот е одговорен за тоа.
Забелешка
Новите возила треба да се
калибрираат при првото
користење. За оптимално
наведување при паркирање,потребна е возна оддалеченост
од најмалку 10 км, вклучително и
свиоци.
Системот е калибриран на
фабрички поставените тркала.
Резултатите за паркирање се
поинакви со други гуми или
големини на тркала.
Известување за странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
"мртва" зона. Системот прикажува
визуелно предупредување во секој
страничен ретровизор кога открива
објекти што може да не се видливи во внатрешниот и страничните
ретровизори.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
Page 245 of 369
Возење и ракување243● возила вон страничнитеслепи зони што може да се
приближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете ги трепкачите.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори кратко ќе светнат за
да покажат дека системот работи.
Кога системот ќе открие возило
што се движи во страничната слепа
точка додека се вози нанапред, без разлика дали претекнувате возило
или ве претекнуваат, жолт
предупредувачки симбол F ќе се
вклучи на соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш ги
вклучи трепкачите,
предупредувачкиот симбол F
почнува да трепка жолто како
предупредување да не се менува
лентата.
Известувањето за странична слепа
точка е активно при секоја брзина.
Деактивирање
Активирањето или
деактивирањето на известувањето за странична слепа зона може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на
Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 139.
Инфо-екран 3 132.На исклучувањето укажува порака
во Информативниот центар за
возачот.
Системски ограничувања
Повремено, во нормални услови
или при остри кривини, може да се
појават испуштени
предупредувања. Системот може
привремено да предупреди на
објекти во слепата точка во
одредени временски услови (дожд, град и слично). Возење на мокар
пат или во премини од суво место
на влажна површина може да
предизвикаат вклучување на
контролната сијаличка F,
бидејќи водениот плисок може да се толкува како објект. Инаку,
контролната сијаличка F може
да се вклучи поради банкини,
знаци, дрвја, грмушки или други
неподвижни објекти. Тоа е
нормална работа и системот не
мора да се сервисира.
Page 246 of 369
244Возење и ракувањеСистемот може да не работи
правилно кога:
● Мраз, снег, кал, налепници, магнети, метални плочки или
сè друго што ги покрива
сензорите.
● Возење при поројни врнежи.
● Возилото имало несреќа или ако областа околу сензорот за
откривање е оштетена или не е правилно поправена.
● Има екстремни промени на температурата.
● Возилото влече приколка.
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Забелешка
Секое ново возило треба да се
калибрира. За оптимални
перформанси, возете што е
можно поскоро по прав автопат со
објекти покрај патот, на пример, банкини и пречки, одредено
растојание.Известување за
менување лента
Покрај известувањето за
странична слепа точка 3 242,
известувањето за менување лента
препознава возила што се
приближуваат брзо одзади на
паралелни ленти до возилото.
Системот известува визуелно во
секој од страничните ретровизори
кога ќе открие возила што се
приближуваат брзо одзади.
Радарските сензори за
оддалеченост се наоѓаат во
задниот браник.9 Предупредување
Известувањето за менување
лента не го заменува видот на
возачот.
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило
што се приближува одзади и вози
значително побрзо, жолтиот
предупредувачки симбол F ќе се
вклучи во соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш ги
вклучи трепкачите,
предупредувачкиот симбол F
почнува да трепка жолто како
предупредување да не се менува
лентата.
Известувањето за менување лента е активно при сите брзини.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Page 247 of 369
Возење и ракување245Зони на откривање
Сензорите на системот покриваат
зона од околу 3,5 м паралелно од
двете страни на возилото и околу
3 м наназад за известувањето за
странична слепа точка (А) и околу
50 м наназад за известувањето за
менување лента (В) на паралелни
ленти. Зоните почнуваат од
страничните ретровизори.
Висината на зоната е околу 0,5 м и
2 м од подлогата.
Деактивирање
Активирањето или
деактивирањето на известувањето за менување лента може да се
постави во изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби на Инфо-
екранот.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 139.
Инфо-екран 3 132.
На исклучувањето укажува порака во Информативниот центар за
возачот.
Системски ограничувања
Повремено, во нормални услови
или при остри кривини, може да се
појават испуштени
предупредувања. Системот може
привремено да предупреди на
објекти во слепата точка во
одредени временски услови (дожд, град и слично). Возење на мокар
пат или во премини од суво место
на влажна површина може да
предизвикаат вклучување на
контролната сијаличка F,
бидејќи водениот плисок може да се толкува како објект. Инаку,
контролната сијаличка F може
да се вклучи поради банкини,
знаци, дрвја, грмушки или другинеподвижни објекти. Тоа е
нормална работа и системот не
мора да се сервисира.
Системот може да не работи
правилно кога:
● мраз, снег, кал, налепници, магнети, метални плочки или
сè друго што ги покрива
сензорите
● возење при поројни врнежи
● возилото имало несреќа или ако областа околу сензорот за
откривање е оштетена или не е правилно поправена
● има екстремни промени на температурата
● возилото влече приколка
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Забелешка
Секое ново возило треба да се
калибрира. За оптимални
перформанси, возете што е
можно поскоро по прав автопат со
Page 248 of 369
246Возење и ракувањеобјекти покрај патот, на пример,
банкини и пречки, одредено
растојание.
Систем за панорамски поглед
Овој систем овозможува приказите на околината на возилото да се
прикажуваат речиси како слика од
360° на Инфо-екранот, како поглед
од птичја перспектива.
Системот користи четири камери: ● задна камера, што се наоѓа во задната врата
● предна камера, што се наоѓа во
предната решетка под
амблемот
● странични камери, што се наоѓаат на долниот дел од
двата странични ретровизори
Екранот на Инфо-екранот е
поделен на два дела: на левата
страна има приказ од горе на
возилото, а на десната страна има
приказ од предната или задната
страна, во зависност од избраната
брзина. Сензорите за паркирање ги
комплетираат информациите за
приказот.
Активирање
Системот за панорамски поглед се
активира кога:
● ќе се избере рикверц● ќе се допре иконата за камера ë на Инфо-екранот
● ќе се приближите премногу блиску до предмет напред
Функционалност
Заден приказ
Задниот приказ прикажува слика на
областа зад возилото на десниот
дел од екранот кога ќе се избере
рикверц.
На екранот може да се прикаже
предупредувачки триаголник 9
кога задните сензори од помошта
за паркирање ќе откријат пречки.
Овој триаголник се променува од
жолт во црвен и се зголемува како
што се приближува предметот.
Претходната содржина на Инфо-
екранот се појавува кога возилото
нема да биде во рикверц по мало
одложување. За да се вратите на
претходната содржина на приказот
Page 249 of 369
Возење и ракување247побрзо, притиснете ја иконата за
камерата на Инфо-екранот. Исто
така и возењето побрзо од 11 км/ч
нанапред ќе го деактивира и
панорамскиот систем.
Приказ на околината
Приказот на околината прикажува
слика на околината околу возилото
од горе, заедно со приказите на
предната или задната камера на
Инфо-екранот.
Преден приказ
Предниот приказ прикажува слика на областа пред возилото на
десниот дел од екранот. Приказот
се прикажува кога ќе промените од рикверц во друга брзина или кога
ќе ја допрете иконата за камерата
на Инфо-екранот. Исто така,
предниот приказ автоматски
прикажува предмети откриени во
опсег на 30 см. Предниот приказ се
прикажува само при брзини за
напред помали од 11 км/ч.Деактивирање
Системот за панорамски поглед се
деактивира кога:
● возење побрзо од 11 км/ч
● ќе се допре иконата за камера ë на Инфо-екранот
● ќе ставите во лер или P кај автоматски менувач
Општи информации9 Предупредување
Системот за панорамски поглед
не го заменува видот на
возачот. Нема да прикаже деца, пешаци, велосипедисти,
вкрстен сообраќај, животни или
какви било други предмети
надвор од областите на
погледот на камерата, на
пример, под браникот или под возилото.
Не возете и не паркирајте го
возилото само со помош на
системот за панорамски поглед.
Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.9 Предупредување
Прикажаните слики може да се
подалеку или поблиску од тоа
што се прикажува. Прикажаната област е ограничена, а
објектите што се поблиску до
некој од рабовите на браникот
или под браникот не се
прикажани на екранот.
9 Предупредување
Камерите со панорамски поглед
имаат области на слепи точки и
нема да ги прикажат сите
предмети во близина на
рабовите од возилото.
Преклопувањето на
страничните ретровизори кои не
Page 250 of 369
248Возење и ракувањесе на својата положба нема да
го прикаже правилно
панорамскиот поглед.Слепите точки се прикажуваат како
шрафирани области на приказот.
Темните области ги покажуваат
приказите што ги прикажува
системот за панорамски поглед.
Системски ограничувањаВнимание
За оптимална работа на
системот, важно е секогаш да ги одржувате чисти објективите на
камерите во предната решетка,
во куќиштата на надворешните
ретровизори и во задната врата
помеѓу светлата за
регистарската табличка.
Исплакнете ги објективите со
вода и избришете ги со мека
крпа.
Не чистете ги објективите со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем
притисок.
Системот за панорамски поглед
може да не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективите на
камерата.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Објективите на камерата се блокирани од снег, мраз,
растопен снег, кал или
нечистотија.
● Возилото влече приколка.
● Возилото имало судар.
● Има екстремни промени на температурата.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува
на Инфо-екранот.