OPEL INSIGNIA BREAK 2019.5 Сопственички прирачник
Page 261 of 369
Возење и ракување259приближува до ознаките на
откриената линија без да се даде
сигнал со трепкачот.
Ако системот интервенира со
управување, се појавува кратка
портокалова линија, како што е
прикажано на левата страна од
возилото на сликата погоре.
Деактивирање
Системот се деактивира со
притискање a, сијаличката во
копчето се гаси.
Системот се деактивира
автоматски кога ќе се открие
приколка.
Системски ограничувања Системот може да не работи
правилно кога:
● брзината на возилото е надвор
од опсегот од 60 до 180 км/ч
● возење на ветровити или ридести патишта
● при ноќно возење
● времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег● сензорот во шофершајбната е блокиран од снег, мраз,
лапавица, кал, нечистотија,
оштетување на
шофершајбната или му пречат
надворешни елементи, на
пример, налепници
● сонцето свети директно во објективот на камерата
● блиски возила напред
● накосени патишта
● рабови на патот
● патишта со лоши обележувања
на лентите
● нагли промени на осветлувањето
● промени кај возилото, на пример, гуми
Исклучете го системот, ако
системот е попречен од мрсни
дамки, сенки, пукнатини на патот,
привремени или градежни
обележувања на лентата или други
видови на неповолности.9 Предупредување
Секогаш задржете го Вашето
внимание на патот и одржувајте ја соодветната позиција на
возило во лентата на патот,
инаку може да дојде до
оштетување на возилото,
повреди или смрт.
Помошта за држење на лентата не го управува возилото
постојано.
Системот може да не го
одржува возилото во лентата
или да даде предупредување,
дури и ако се откријат ознаките
за лентата.
Управувањето со помошта за
задржување на лента можеби
не е доволно за да се избегне
излегувањето од лента.
Системот може да не открие
возење без раце поради
надворешни влијанија (состојба
на патиштата и површината,
времето итн). Возачот има
целосна одговорност за
Page 262 of 369
260Возење и ракувањеконтрола на возилото и секогаше потребно да ги задржи рацетена воланот за време на
возењето.
Користење на системот при
влечење на приколка или на
лизгави патишта може да
предизвика губење на контрола
над возилото и незгода.
Исклучете го системот.Гориво
Гориво за бензинскимотори
Користете само безоловно гориво
според европскиот стандард
EN 228 или еквивалентно.
Моторот е способен да работи со
гориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број.
Понискиот октански број може да ја
намали моќноста и вртежниот
момент на моторот и малку ќе ја
зголеми потрошувачката на
гориво.
Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или
еквивалентно на него може да
доведе до таложење или
оштетување на моторот.
Внимание
Користењето гориво со понизок
октански број од најнискиот
можен октански број може да
предизвика неконтролирано
согорување и оштетување на
моторот.
Page 263 of 369
Возење и ракување261Специфичните барања за моторот
за октанскиот број се дадени во
прегледот на податоците за
моторот 3 332. Специфична
етикета за државата што е ставена
на капачето од резервоарот може
да има предност пред барањето.
Адитив за горивотоГоривото треба да содржи
детергентни адитиви кои помагаат
да се спречи формирање наслаги
во моторот и системот за гориво.
Чистите вбризгувачи и вентили за
довод на гориво овозможуваат
правилна работа на системот за
контрола на издувните гасови. Во
одредени земји, горивото не
содржи доволно количество
адитив за да останат чисти
вбризгувачите и вентилите за
довод на гориво. Во овие земји,
потребен е адитив за горивото за
некои мотори за да се надомести за недостатокот од прочистување.
Користете само адитив за горивото
што е одобрен за ова возило.Треба да додадете адитив за
горивото во наполнет резервоар за
гориво најмалку на секои 15000 км
или по една година, што и да
настапи прво. За повеќе
информации, контактирајте со
автомеханичар.
Забранети горива Горивата кои содржат оксигенати
како што се етер и етанол, како и
преформулирани горива, се
достапни во некои градови. Ако
овие горива ги исполнуваат
горенаведените спецификации,
тогаш може да ги користите.
Сепак, E85 (85% етанол) и други
горива кои содржат повеќе од 15%
мора да се користат само во возила со FlexFuel.Внимание
Не користете горива што
содржат метанол. Може да
предизвика корозија на
металните делови во системот за гориво, како и да ги оштетипластичните и гумените делови.
Таа штета нема да биде
покриена со гаранцијата за
возилото.
Некои горива, главно
високооктански горива за трки,
може да содржат адитив за
зголемување на октанскиот број
наречен метилциклопентадиенил
трикарбонил (ММТ). Не користете
адитиви за горивото со ММТ затоа
што тие можат да го намалат
животниот век на свеќичката и да влијаат врз работата на системот
за контрола на испуштањето
издувни гасови. Може да светне
индикаторското светло за дефект
Z 3 118. Ако се случи тоа,
побарајте помош од
автомеханичар.
Гориво за мотори на дизел
Page 264 of 369
262Возење и ракувањеКористете само дизел гориво што е
според EN 590 и со концентрација
на сулфур од најмногу 10 ppm.
Можат да се користат горива со
содржина на биодизел (според EN 14214) од најмногу 7% од
волуменот (на пр., со име B7).
Ако патувате во земји надвор од
Европската Унија, можно е
повремено користење на гориво
евро-дизел со концентрација на
сулфур помала од 50 ppm.Внимание
Честото користење на дизел
гориво што содржи повеќе од
15 ppm сулфур ќе предизвика
големо оштетување на моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Работа при ниски температури
При температури под 0 °C, некои
дизел производи со мешавини од
биодизел може да се затнат, да
замрзнат или да се претворат во
гел, што може да влијае врз
системот за довод на гориво.
Палењето и работата на моторот
може да не функционираат
правилно. Не заборавајте да
дополнувате дизел-гориво со
зимска вредност при температура
на околината под 0 °C.
Дизел гориво со арктички степен може да се користи при екстремно
ниски температури под -20 °C. Не
се препорачува користење на
гориво од ваков степен во жешки
или топли клими и може да
предизвика заглавување на
моторот, лошо палење или
оштетување на системот за
вбризгување гориво.
Полнење гориво
Page 265 of 369
Возење и ракување2639Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги палењето и сите
надворешни грејачи со комори за согорување.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
На етикетата со симболи на
вратничката за полнење гориво се
прикажани дозволените типови
гориво. Цевките на пумпите на
бензинските станици во Европа се
означени со овие симболи.
Полнете само гориво од дозволен
тип.Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна од возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
Полнење со бензин и дизел
Поставете ја млазницата во
исправена положба во однос на
грлото за полнење и притиснете
малку за да влезе.
За да наполните гориво, вклучете
ја цевката на пумпата.
По автоматското исклучување,
резервоарот може да се дополни
целосно со вклучување на цевката
на пумпата уште најмногу двапати.
Page 266 of 369
264Возење и ракувањеВнимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Спречувач за погрешно гориво
9 Предупредување
Не обидувајте се рачно да ја
отворите вратичката на грлото
на резервоарот за гориво кај
возилата со инхибитор за
погрешно гориво.
Непочитувањето на ова може
да доведе до фаќање на
прстите.Спречувач за погрешно гориво
обезбедува дека вратичката на
грлото на резервоарот за гориво
може да се отвори само со
користење соодветна млазница за
гориво или инка за итно полнење.
Во итен случај, дополнете со
канистер. Мора да се употреби
инка за да се отвори капакот од
грлото за полнење.Инката може да се чува во
товарниот простор или во
касетата.
Поставете ја инката во исправена
положба во однос на грлото за
полнење и притиснете малку за да
влезе.
Откако ќе дополните гориво,
исчистете ја инката од горивото и
складирајте ја.
Page 267 of 369
Возење и ракување265Кука за приколки
Општи информации Фабрично монтираната влечна
опрема е преклопена под натписот
на задниот браник.
Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило.
За да се избегне оштетување на
возилото, со електричната задна
врата не може да се ракува со
далечинскиот управувач кога е
приклучена приколка електрично.
Функцијата за откривање
откажување на сијаличките за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на
сијаличките, на пример, во случај
на четири сијалички со моќност од5 W, открива откажување на
сијаличките само кога останала
само една или ниту една сијаличка од 5 W.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
влечната кука.
Возни карактеристики,совети за влечење
Пред да закачите приколка,
намачкајте ја влечната топка со
маст. Меѓутоа, не подмачкувајте ја
ако се користи стабилизатор,
којшто дејствува на влечната
топка, за придушување на
шлајфувањето.
При влечење приколка, не
надминувајте ја брзината од
80 км/ч. Максималната брзина од
100 км/ч е соодветна само ако се
користи амортизер за осцилациите и дозволената бруто тежина на
приколката не ја надминува
тежината на возилото при
сопирање.За приколки со ниска стабилност
при возење и караван-приколки, се
препорачува користење на
амортизер за осцилации.
Ако приколката почне да се
занесува, возете побавно, не
обидувајте се да го исправите
возилото и сопирајте нагло, ако е
потребно.
Кога возите по удолнина, возете во иста брзина како да возите на
угорница и возете со слична
брзина.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за
целосна натовареност 3 339.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
Page 268 of 369
266Возење и ракувањена приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до 12%.
Дозволениот товар во приколката
се однесува на одредената
стрмнина и на надморската
височина. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување, и
дозволената тежина за влечење се
намалува за 10% на секои
1000 метри надморска височина.
Бруто влечната тежина не мора да
се намалува кога се вози по
патишта со мала стрмнина (помала
од 8%, на пр. магистрални
патишта).Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана на идентификациската табличка
3 327.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максимално дозволената
вертикална оптовареност на
влечната спојка од:
● 60 кг (Grand Sport со сите мотори освен B20DTH /
B20NFT / D20DTR)
● 75 кг (Sports Tourer, Country Tourer со сите мотори освен
B20DTH / B20NFT / D20DTR)
● 90 кг (сите каросериски изведби со мотори B20DTH /
B20NFT / D20DTR)е наведена на идентификациската
табличка на опремата за влечење
и во документите на возилото.
Секогаш одете на максимална
оптовареност, особено ако се
работи за тешка приколка.
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка никогаш не смее
да падне под 25 кг.
Натоварување на задната оска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
70 кг (мотори B20DTH: 80 кг), а
вредноста за бруто тежина на
возилото не смее да се надмине.
Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Page 269 of 369
Возење и ракување267Опрема за влечењеВнимание
Влечната кука што се склопува
не може да се извади од
возилото. При возење без
приколка склопете ја влечната
кука со топка.
9 Предупредување
Уверете се дека нема никого во
зоната на вртењето на влечната кука. Ризик од телесна повреда.
Кога ја ослободувате
складираната влечна кука,
внимавајте да стоите на левата
страна од дршката.
Ослободете ја складираната
влечна кука
Повлечете ја рачката што се наоѓа
лево од регистарската табличка
под задниот браник под агол од
околу 45° во однос на тлото.
Се огласува звучен тон како
предупредување кога рачката за ослободување ќе се извлече и
топчестиот врв ќе се откачи.
Фатете ја ослободената влечна
кука и кренете ја нагоре додека не се заглави.
Внимавајте куката за влечење да е правилно заглавена и
ослободената рачка да се повлече
назад во својата скриена првична
положба, инаку звучниот тон нема
да престане.
Page 270 of 369
268Возење и ракувањеСкладирајте / скриете ја
влечната кука
Повлечете ја рачката што се наоѓа
лево од регистарската табличка
под задниот браник под агол од
околу 45° во однос на почвата.
Се огласува звучен тон како
предупредување кога рачката за
ослободување ќе се извлече и
топчестиот врв ќе се откачи.
Со дланката вртете ја
ослободената топчеста влечна кука надесно додека не се заглавипод подот. Уверете се дека рачката за ослободување е вратена во
својата скриена почетна положба,
инаку тонот со вибрација нема да
престане.9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволено само кога влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не се заглави
правилно или ако невозможно е да се врати рачката за
ослободување во нејзината
скриена првична положба во
куќиштето или ако звучниот тон се огласи по заглавувањето на
влечната кука, побарајте помош
од автомеханичар.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот за
приврзување за алката.