OPEL MERIVA 2014.5 Сопственички прирачник
Page 181 of 271
Возење и ракување179
Одвртете го заштитното капаче од
грлото за полнење.
Навртете го потребниот адаптер
цврсто со рака на грлото за
полнење.
Адаптер ACME: Завртете ја
навртката на цревото за полнење
на адаптерот. Притиснете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење надолу.
Тркалезно (Италија) грло за
полнење: Ставете го цревото за
полнење во адаптерот.
Притиснете ја рачката за
блокирање на цревото за полнење
надолу.
Бајонет грло за полнење: Ставете
го цревото за полнење на
адаптерот и свртете го лево или
десно четвртина круг. Повлечете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење докрај.
ЕУРО грло за полнење:
Притиснете го цревото за полнење на адаптерот додека не се заглави.
Притиснете го копчето на пумпата
за течен гас. Системот за полнење
сопира или почнува да работи
полека кога ќе се дојде до 80 % од зафатнината на резервоарот
(максимално ниво за полнење).
Отпуштете го копчето на системот
за полнење и полнењето сопира.
Отпуштете ја рачката за
блокирање и извадете го цревото
за полнење. Може да се испушти
мало количество течен гас.
Извадете го адаптерот и одложете
го во возилото.
Ставете го заштитното капаче за
да спречите влегување туѓи тела во отворот за полнење и во
системот.
Page 182 of 271
180Возење и ракување9Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас може
да се наполни само 80 % заради безбедносни причини.
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува количеството за полнење. Ако се
додаде поголемо количество,
препорачуваме возилото да не се изложува на сонце додека не се
искористи вишокот.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери коишто се
достапни од дистрибутерите на
Opel и од овластените сервисери
на Opel.
Адаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија
Адаптер бајонет: Холандија,
норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
Page 183 of 271
Возење и ракување181
Тркалезен (Италија) адаптер:
Босна и Херцеговина, Бугарија,
Данска, Естонија, Франција, Грција, Италија, Хрватска, Летонија,
Литванија, Македонија, Австрија,
Полска, Португалија, Романија, Шведска, Швајцарија, Србија,
Словачка, Словенија, Чешка,
Турција, Украина, Унгарија
Потрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Meriva е во опсег од 7,6 до 4,1 л/100
км.
Емисијата на СО 2 е во рамките на
опсегот од 169 до 109 g/km.
За вредностите специфицирани за
вашето возило, видете го
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.
Општи информации
Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачка на
гориво и испуштање CO 2 се
одредуваат според прописот R
(EC) бр. 715/2007 (во верзијата штое применлива), со земање предвид
на тежината на возилото кога
работи, како што е одредено со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка и испуштање CO 2.
Понатаму потрошувачката на гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.
Page 184 of 271
182Возење и ракувањеКука за приколки
Општи информации Употребувајте само таква опрема
за влечење која е одобрена за
Вашето возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
влечната кука. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото.
Возни карактеристики и
совети за влечење Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулестидвижења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
Со приколки кои имаат мала
стабилност при возење и
каравански приколки со дозволена
бруто тежина на возилото од
повеќе од 1100 кг употребата на стабилизатор особено се
препорачува кога се вози над
80 км/ч.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 257.Влечење на приколка
Товарење на приколката9 Предупредување
Возила со мотор A13DTE:
Користењето опрема за
влечење се дозволува само за
закачување компатибилни
носачи на велосипеди. Не
користете опрема за влечење за влечење приколки.
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Page 185 of 271
Возење и ракување183
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана на идентификациската табличка
3 242.Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Најголемата дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
опремата за влечење и во
документите на возилото. Секогаш
трудете се за максималната
оптовареност, особено во случај на тешки приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Натоварување на задната
оска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
80 кг (возила со систем ТНГ:
110 кг), а вредноста за бруто
тежина на возилото за 70 кг (возила
со систем ТНГ: 95 кг). Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Page 186 of 271
184Возење и ракување
Складирање на влечната кукашто се откачува
Торбата со влечната кука се чува
во задниот простор за складирање
на подот.
Протнете ко ременот низ алката за врзување и затегнете го за да ја
прицврстите торбата.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
■ Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
■ Меѓупросторот помеѓу вртливото
копче и влечната кука мора да
биде околу 5 мм.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
Page 187 of 271
Возење и ракување185
Извлечете го вртливото копче и
свртете го во правец на стрелките на часовникот колку што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Откачете ја влечната кука вртејќи
го клучот надесно. Извадете го
клучот и затворете го заштитното
капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Page 188 of 271
186Возење и ракување
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
■ Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
■ Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
■ Влечната кука треба цврсто да се
заглави во отворот.
■ Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот надесно за да се
откачи шипката на влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Page 189 of 271
Нега на возилото187Нега на возилотоОпшти информации.................187
Прверки на возилото ...............188
Замена на сијалиците ..............196
Електричен систем ..................208
Прирачен алат ......................... 214
Тркала и гуми ........................... 215
Палење со кабли ......................229
Влечење ................................... 231
Нега за изгледот ......................233Општи информации
Опреми и преиначувања
на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на
возило. Не можеме да оцениме или гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
■ Измијте го и полирајте го возилото.
■ Нека Ви ја проверат заштитата со
восок во моторниот простор и
подвозје.
■ Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
■ Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
■ Сменете го моторното масло.
■ Исцедете го садот за течноста за
миење.
■ Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
■ Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена
за полна натовареност.
Page 190 of 271
188Нега на возилото
■ Паркирајте го возилото на суво,добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или наместете ја
рачката на менувачот во P.
Спречете го возилото од
тркалење.
■ Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
■ Отворете ја хаубата, затворете ги сите врати и заклучете го
возилото.
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр. системот
за тревожење при кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката на електричните прозорци.
■ Проверете го притисокот во гумите.■ Наполнете го садот за течностаза миење.
■ Проверете го нивото на моторното масло.
■ Проверете го новито на течноста
за ладење.
■ Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на
возилото на крајот на
работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот работен век се наоѓаат на нашата
веб страница. Доверете му ја оваа
работа само на овластен центар за
рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.