OPEL MERIVA 2015 Сопственички прирачник

Page 191 of 279

Возење и ракување189
Демонтирање на топчестатавлечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот надесно за да се
откачи шипката на влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.

Page 192 of 279

190Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................190
Прверки на возилото ...............191
Замена на сијалиците ..............199
Електричен систем ..................210
Прирачен алат ......................... 217
Тркала и гуми ........................... 218
Палење со кабли ......................238
Влечење ................................... 240
Нега за изгледот ......................242Општи информации
Опреми и преиначувања
на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на
возило. Не можеме да оцениме или гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
■ Измијте го и полирајте го возилото.
■ Нека Ви ја проверат заштитата со
восок во моторниот простор и
подвозје.
■ Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
■ Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
■ Сменете го моторното масло.
■ Исцедете го садот за течноста за
миење.
■ Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
■ Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена
за полна натовареност.

Page 193 of 279

Нега на возилото191
■ Паркирајте го возилото на суво,добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или наместете ја
рачката на менувачот во P.
Спречете го возилото од
тркалење.
■ Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
■ Отворете ја хаубата, затворете ги сите врати и заклучете го
возилото.
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр. системот
за тревожење при кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката на електричните прозорци.
■ Проверете го притисокот во гумите.■ Наполнете го садот за течностаза миење.
■ Проверете го нивото на моторното масло.
■ Проверете го новито на течноста
за ладење.
■ Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на
возилото на крајот на
работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страница. Доверете му ја оваа
работа само на овластен центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.

Page 194 of 279

192Нега на возилото9Опасност
Системот за палење користи
крајно висока волтажа. Не
допирајте го.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Притиснете ја безбедносната
спојка и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата, притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете ја
да падне слободно во патент
бравата. Проверете дали хаубата
е заглавена.
Моторно масло Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 247.

Page 195 of 279

Нега на возилото193
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде со работна температура и
изгаснат за најмалку 5 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
поселдното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 263.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Течност во ладилникот
Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување се до околу -28°C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.

Page 196 of 279

194Нега на возилото
Ниво на течноста за ладењеВнимание
Прениското ниво на течноста заладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете 1:1
мешавина на одобрен концентрат
од течност за ладење мешан со
чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста
за ладење автомеханичар.
Течност за серво
управувањеВнимание
Многу мали загадувања може да предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на
капачето на резервоарот/
прачката за мерење или да
навлезат во резервоарот.

Page 197 of 279

Нега на возилото195
Вообичаено, течноста за серво
управување не треба да се
проверува. Во случај на
невообичаен звук за време на
управувањето или ако серво
управувањето реагира на
невообичаен начин, побарајте помош во сервис.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење која содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелинана облогата на сопирачката, се
слуша чкрипење при сопирањето.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени новите пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Кога дотурате, уверете се дека течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките може да доведе до неисправности

Page 198 of 279

196Нега на возилото
во системот на сопирачките. Нека
Ви ја отстрани причината на
губењето на течноста а
сопирачките автомеханичар.
Користете течност за сопирачките
само со високи перформанси
одобрена за возилото.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 247.
Акумулатор
Возилата без систем за сопирање- поаѓање се опремени со оловно- киселински акумулатор. Возилата
со систем за сопирање-поаѓање се
опремени со акумулатор AGM,
којшто не е оловно-киселински.
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото за
подолго од 4 недели може да
доведе до празнење на
акумулаторот. Откачете го
негативниот пол од акумулаторот
на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 140.
Замена на акумулаторот
Забелешка
Непочитувањето на упатствата дадени во овој пасус може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, таа треба да се
затвори со нешто што личи на
капаче, а проветрувањето во
близина на негативната клема
треба да се отвори.
Користете само акумулатори за
возила над коишто може да се
монтира кутија со осигурувачи.
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, погрижете се
да го замените акумулаторот AGM
(Absorptive Glass Mat) со
акумулатор AGM повторно.

Page 199 of 279

Нега на возилото197
Акумулаторот AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор за возилата на Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси на системот за
сопирање-поаѓање.
9 Предупредување
Кога се мести акумулатор со
должина која се разликува од оригиналната, битно е да се
обезбеди соодветно местење
на меѓупросторниот елемент.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 238.
Предупредувачки натпис

Page 200 of 279

198Нега на возилото
Значење на симболите:■ Без искри, отворени огнови или пушење.
■ Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
■ Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
■ Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може да
предизвика слепило или тешки
изгореници.
■ Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
■ Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучувајте го
палењето трипати за 15 секунди
одеднаш. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по не
помалку од 5 секунди. Ако моторот
не се пали, побарајте помош од
автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете го копчето за да се
откачи четкичката на бришачот и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.

Page:   < prev 1-10 ... 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 ... 280 next >