OPEL MOKKA X 2018 Прирачник за инфозабавата
Page 171 of 283
Возење и ракување169Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на сопирачка за
паркирање, истовремено
ослободете ја педалата на
сопирачката.
Контролна сијаличка R 3 105.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање на угорници
Системот помага да се спречи несакано движење кога се вози по стрмнини.
Page 172 of 283
170Возење и ракувањеПри отпуштање на педалата за
сопирачката по застанување на закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 157.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола напролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста (ESC) 3 171.
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
TC функционира по секое палење на моторот штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога работи TC, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 106.
Page 173 of 283
Возење и ракување171Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете
кратко b.
Контролна сијаличка k се пали.
Порака за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се деактивира.
Кога TC е деактивирана, ESC
останува активен, но со повисок праг на контрола.
TC повторно се активира со
повторно притискање на b. Порака
за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се активира
повторно.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Дефект Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Електронска контрола настабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога епотребно, без оглед на видот на површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
сопираат посебно.
ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
ESC функционира по секое палење на моторот штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога работи ESC, b трепка.
Page 174 of 283
172Возење и ракување9Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 106.
Деактивирање
ESC може да биде деактивиран:
притиснете и држете t околу
пет секунди.
Контролните сијалички k и n
светат.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на t. Ако
системот TC беше претходно
исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Систем за контрола наспуштањето
Системот за контрола на
спуштањето (DCS) овозможува
возилото да патува со мала брзина
без притискање на педалата за
сопирачките. Возилото автоматски
ќе ја намали брзината и ќе останена таа брзина кога е активен
системот. Може да има бучава или вибрации од сопирачките кога е
активен системот.Внимание
Користете го само кога се
спуштате по стрмнини додека
возите надвор од патишта. Не
користете го кога возите по
нормални патни површини.
Непотребното користење на
функцијата DCS, како при
возење по нормални патишта,
може да ги оштети системот на
сопирачките и функцијата ESC.
Page 175 of 283
Возење и ракување173Активирање
При брзини помали од околу
40 км/ч, притиснете u. Зелената
контролна сијаличка u трепка во
групата инструменти за да покаже дека DCS работи. DCS нема да се
активира при брзини над 50 км/ч,
дури и ако се притисне копчето.
Деактивирање
Притиснете го u повторно.
Зелената контролна сијаличка u се
гаси. Притискање на педалата на
сопирачката или на гасот исто ќе го исклучи системот.
Дефект
Ако зелената контролна сијаличка
u не светне или не трепка откако ќе
се притисне копчето, системот има
дефект.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Контролна сијаличка за DCS u
3 105.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде
до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини
контролата на патувањето не може да се активира се додека еднаш не
Page 176 of 283
174Возење и ракувањесе искористи педалата за
сопирање. Активирањето во прва
брзина не е возможно.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Со автоматскиот менувач,
контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски
режим.
Контролна сијаличка m 3 108.
Вклучување
Притиснете m: контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Активирање
Забрзајте се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- : актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено. На
екранот од високо ниво, m
светнува зелено и се покажува поставената брзина. Педалот за
гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.
Page 177 of 283
Возење и ракување175
Намалување на брзинатаПри активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати: брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање
Притиснете го y: контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
На екранот од високо ниво, m се
променува во бела боја.
Контролата на патувањето е
деактивирана, но не е исклучена.
Последната зачувана брзина се меморира за повторно враќање на
брзината подоцна.
Автоматско деактивирање: ● Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
● Брзината на возилото паѓа повеќе од 25 км/ч под
поставената брзина.
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.
● Рачката на менувачот е заглавена во N.
● Брзината на моторот е многу мала.
● Системот за контрола на пролизгувањето или
Електронската контрола за
стабилност работи.● Сопирачката за паркирање е применета.
● Со истовремено притискање RES/+ и педалата на
сопирачката се деактивира
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Продолжување со снимената
брзина
Свртете го малото тркалце наRES/+ при брзина над 30 км/ч.
Снимената брзина повторно ќе се
постигне.
Исклучување
Притиснете го m: контролната
сијаличка m во групата
инструменти гасне. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање на L за активирање
на ограничувачот на брзината или
исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната брзина.
Page 178 of 283
176Возење и ракувањеОграничувач на брзинатаОграничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 25 км/ч.
Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на Информативниот
центар за возачот кога е активен
системот.Активирање
Притиснете L, симболот L
светнува во Информативниот
центар за возачот.
Ако претходно е активирана
контролата на патувањето, се
исклучува кога ќе се активира
ограничувачот на брзината и
контролната сијаличка m се гаси.
Поставување на ограничување
на брзината
Забрзајте до саканата брзина исвртете го тркалцето накратко на
SET/- , моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
На екранот од средно ниво, се
прикажува L и ограничувањето на
брзината.
На екранот од високо ниво, L се
променува во зелена боја.
Менување на ограничувањето
на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Кога се надминува дозволената брзина без влијание на возачот,
брзината ќе светка во
Информативниот центар за
возачот и мелодијата ќе свири во
текот на овој период.
Page 179 of 283
Возење и ракување177Во случај на итна потреба,
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас блиску до крајната точка. Во
овој случај не се појавува
мелодија.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом
се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање
Притиснете y: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози без ограничување на брзината.
На екранот од средно ниво,
зачуваното ограничување на
брзината се прикажува во загради.
На екранот од високо ниво, L се
променува во бела боја.
Освен тоа, се појавува и соодветна
порака.
Ограничувачот на брзината е
деактивиран, но не е исклучен.
Последната зачувана брзина се
меморира за повторно враќање на
брзината подоцна.
Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се добие зачуваното ограничување
на брзината и се прикажува без
загради во Информативниот
центар за возачот.
Исклучување
Притиснете L, се гаси показателот
за ограничувањето на брзината во Информативниот центар за
возачот. Зачуваната брзина се
брише.Со притискање на m за да се
активира контролата на
патувањето, се деактивира и
ограничувачот на брзината и
зачуваната брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
деактивира и ограничувачот на
брзината, но ограничувањето на
брзината ќе се зачува за следното
активирање на ограничувачот на
брзината.
Предупредување за
преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
Page 180 of 283
178Возење и ракување
Контролната сијаличка A
покажува кога има возило напред.
Ако возилото што е директно пред вас се приближува премногу брзо,
се емитува предупредувачка
мелодија.
Дополнително возачот добива
известувања со запалена црвена
LED лента која е проектирана на
шофершајбната во видното поле
на возачот.
Предуслов е предупредувањето за преден судир да не е исклучено со
притискање на V на воланот.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возила директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со притискање V,
видете подолу.
Известување на возачот
Контролната сијаличка за возило
напред A светнува зелено во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење.
Контролната сијаличка A се
менува во жолто кога растојанието
до возило во движење напред
премногу се намалува, или
премногу бргу се приближувате кон
друго возило.Внимание
Бојата на осветлувањето на овој индикатор за контрола не
соодветствува со локалните
закони во сообраќајот на
оддалеченост за следење.
Возачот сноси целосна
одговорност за одржување на
безбедноста на оддалеченост
за следење во согласност со
правилата што се применуваат
во сообраќајот, времето и
условите на патот итн. на сите
времиња.
Кога времето до потенцијалниот
судир со возило напред станува
премногу кратко и судирот е
неизбежен, возачот добива
известување со запалена црвена
LED лента која се проектира на
шофершајбната во видното поле
на возачот.