OPEL MOKKA X 2018 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: MOKKA X, Model: OPEL MOKKA X 2018Pages: 283, PDF Size: 6.54 MB
Page 161 of 283

Возење и ракување159● Системот за контрола наклиматизацијата дозволува
Autostop.
● Вакуумот на сопирачката е доволен.
● Функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честичкине е вклучена.
● Возилото било возено барем со брзина на одење од
последното Autostop.
Инаку, Autostop ќе биде спречено.
Одредени поставки на системот за контрола на климатизацијата може
да го спречат Autostop. Видете во
поглавјето Контрола на
климатизацијата за повеќе детали
3 144.
Веднаш по возењето по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Разработување на новото возило
3 152.Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
За време на Autostop, неколку
електрични функции, како
помошниот електричен грејач или греењето на задното стакло се
исклучени или префрлени во
режим за штедење енергија.
Брзината на вентилаторот на
системот за контрола на
климатизациајта се намалува за да
се заштеди енергија.
Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Палењето на моторот е прикажано
од иглата на вртежометарот во
положба за лер.Ако рачката на менувачот се
помести од лер пред претходно
притискање на куплунгот, во
Информативниот центар за
возачот се прикажува - со порака.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за
сопирање-поаѓање:
● Системот за сопирање- поаѓање е исклучен рачно.
● Хаубата е отворена.
● Безбедносниот ремен на возачот е одврзан и е отворена
возачката врата.
● Температурата на моторот е прениска.
● Наполнетоста на акумулаторот
е под одредено ниво.
Page 162 of 283

160Возење и ракување● Вакуумот на сопирачката не едоволен.
● Возилото било возено барем со брзина на одење.
● Системот за контрола на климатизацијата бара палењена моторот.
● Климатизацијата е вклучена рачно.
Ако багажникот не е целосно
затворен, се прикажува
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако некој електричен уред,
како на пример, пренослив ЦД-
плеер, е поврзан со штекер, може
да се забележи кусо опаѓање на
напонот за време на повторното
палење на моторот.Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Активирајте ја сопирачката
без да притиснете на копчето
за ослободување.
Затегнувајте ја колку е можно
поцврсто на удолници или
угорници. Притиснете ја
педалата за кочење
истовремено за да се
намалат работните сили.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за
палење. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина, ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за
палење. Свртете ги предните тркала кон работ на
тротоарот.
● Затворете ги прозорците и подвижниот покрив.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење. Кај возилата со
автоматски менувач, клучот може да се извади само кога
рачката на менувачот е во
положба P.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
Page 163 of 283

Возење и ракување161● Заклучете го возилото.
● Активирајте го системот за тревожење при кражба.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички
Процес на автоматско чистење
Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Обично се потребни меѓу седум и
дванаесет минути. Autostop не е
достапно и потрошувачката на
гориво може да биде поголема за
тоа време. Испуштањето на
миризби и чад за време на овој
процес е нормално.
Page 164 of 283

162Возење и ракувањеСистемот бара процес на рачно
чистење
Во одредени услови за возење,
на пример возење на кратки
растојанија, системот не може сам
да се исчисти автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возење не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со светнување на % и
порака за предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
% светнува заедно со порака за
предупредување кога филтерот за
дизелски честички е полн. Почнете го процесот на чистење колку е
можно поскоро.
% трепка заедно со порака за
предупредување кога филтерот за
дизелски честички го достигнал
максималното ниво на полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.Активирајте го процесот на
рачно чистење
За да се активира чистењето,
продолжете со возењето,
одржувајте брзина на моторот над
2000 вртежи во минута. Сменете во
помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски честички.
Чистењето се одвива најбрзо при
големи брзини и оптовареност на
моторот.
Контролната сијаличка % се гаси
штом ќе заврши самочистењето.
Возете додека функцијата за
самочистење не заврши.Внимание
Ако е можно, не прекинувајте го
процесот на чистење. Возете додека не заврши чистењето за
да ја избегнете потребата од
сервисирање или поправки од
страна на автомеханичар.
Процесот на чистење не е
можен
Ако чистењето не е можно од којабило причина, светнува
контролната сијаличка Z, а во
Информативниот центар на
возачот се појавува порака за
предупредување. Моќноста на
моторот може да биде намалена.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 190, 3 257 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
Page 165 of 283

Возење и ракување163избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Екран на менувачот
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува режимот или
избраната брзина.
Во автоматскиот режим,
програмата за возење е прикажана
со D.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Рачка на менувачотP:паркирна положба, тркалата
се блокирани, ставајте во
брзина само кога возилото е
во мирување и сопирачката за паркирање е применетаR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режим
Page 166 of 283
![OPEL MOKKA X 2018 Прирачник за инфозабавата 164Возење и ракувањеM:рачен режим<:ставање во поголема брзина
во рачен режим]:ставање во помала брзина во
рачен OPEL MOKKA X 2018 Прирачник за инфозабавата 164Возење и ракувањеM:рачен режим<:ставање во поголема брзина
во рачен режим]:ставање во помала брзина во
рачен](/img/37/38549/w960_38549-165.png)
164Возење и ракувањеM:рачен режим<:ставање во поголема брзина
во рачен режим]:ставање во помала брзина во
рачен режим
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само
кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно кочење За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по надолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу D и R повеќе
пати. Не турирајте го моторот и избегнувајте нагли забрзувања.Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.
Рачен режим
Ставете ја рачката на менувачот во положбата M.
Притиснете го копчето на рачката
на менувачот:
<:менување во поголема брзина]:менување во помала брзина
Page 167 of 283

Возење и ракување165Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување брзини
Симболот R со бројка до него се
покажува кога се препорачува
менување брзина заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми завозење
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината намоторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
● Функцијата за автоматско префрлување во лер
автоматски се префрлува на
работење в место кога
возилото е застанато во некоја
брзина за напред и педалот за
сопирачките е притиснат.
● Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.Карактеристика за
приспособување на
автоматскиот менувач
Оваа карактеристика ја
приспособува работата на
преносот при постојано возење или
менување брзини. Ја зголемува
издржливоста и одржува најдобар
квалитет на менување брзини во
текот на животниот циклус. Можеби ќе забележите дека менувањето
брзини при првичната
километража е незгодно, но тоа е
нормално. Квалитетот на
менувањето брзини се поправа
постепено со постојано возење во
секоја брзина и менувањето
брзини.
Збоднување
Притискањето на педалата за гас повеќе од жлебот за збоднување ќе
предизвика максимално
забрзување без оглед на
избраниот режим на возење.
Менувачот се префрлува во
помала брзина во зависност од
брзината на моторот.
Page 168 of 283

166Возење и ракувањеДефектВо случај на дефект, се прикажува
порака за возилото на
Информативниот центар за
возачот. Пораки за возилото 3 116.
Менувачот веќе не менува автоматски брзини. Непрекинато
патување е возможно со рачно
менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина може
да се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањетоВо случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.Ако акумулаторот е испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 240.
Ако акумулаторот не е причина на дефектот, ослободете ја рачката
на менувачот.
1. Држете ја сопирачката притисната и повлечете ја
сопирачката за паркирање.
2. Извадете го капачето на конзолата со тенок предмет, на
пример одвртка.
3. Вметнете одвртка во отворот до каде што може.
4. Ставете ја рачката на менувачот на N.
5. Извадете ја одвртката од процепот.
6. Вратете го капачето.
7. Нека Ви ја елиминира причината на прекинот на
напојувањето автомеханичар.
Page 169 of 283

Возење и ракување167Рачен менувач
За ставање во рикверц, кога
возилото е во мирување, нагазнете го куплунгот, притиснете го копчето за ослободување на рачката на
менувачот и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Показател за менување брзини
3 105.
Систем за сопирање-поаѓање
3 157.
Системи за возење
Погон на сите тркала Системот за погон на сите тркала
(AWD) ги зголемува возните
карактеристики и стабилноста, и
помага да се постигне најдобрата
можна возност независно од
површината на земјата. Системот
секогаш е активен и не може да се
деактивира.
Вртежниот момент се
распределува без фази помеѓу
тркалата на предната и задната
оска, зависно од условите на
возењето. Дополнително
вртежниот момент меѓу задните
тркала се распределува зависно од површината.
За оптимални перформанси на
системот, гумите на возилото не
смеат бидат изабени до различни
степени.
При користење на привремено резервно тркало, системот AWD
автоматски се оневозможува.
Page 170 of 283

168Возење и ракувањеСистемот AWD ќе биде
привремено оневозможен за да го
заштити системот од прегревање, доколку дојде до прекумерно
вртење на тркалото. Кога системот
ќе се излади, AWD повторно ќе се
активира.
Деактивирањето на системот AWD
ќе се означи со порака на центарот за информирање на возачот.
Ако се појави порака за сервис или предупредување код Ѕ73 на
информативниот центар за
возачот, во тој случај има грешка
во системот AWD. Побарајте
помош од автомеханичар.
Пораки за возилото 3 116,
Влечење на возилот 3 241.Сопирачки
Системот на сопирачките се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 105.Систем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 105.