OPEL MOVANO_B 2016 Прирачник за инфозабавата
Page 61 of 179
Радио61Бирање станицаR15 BT USB,R16 BT USB,
CD16 BT USB, CD18 BT USB -
Бирање станица
Изберете го саканото фреквентно подрачје, потоа кратко притиснете
го копчето 1...6 за станици за да
одберете зачувана станица.
За да одберете станица од
списокот за автоматско
зачувување (AST), додека го
слушате радиото, накусо
притиснете SETUP за да го
активирате режимот AST. Ќе се
прима станицата што е претходно
избрана. Кусо притиснете го
копчето 1...6 за станици за да
одберете друга зачувана станица од списокот за автоматско
зачувување.
CD35 BT USB - Бирање станица
Изберете ја саканата бранова
должина, потоа кратко притиснете го копчето 1...6 на станицата за да
отповикате зачувана станица.
Или, изберете го фреквентното
подрачје FM и отворете го списокот
станици FM со вртење насредишното вртливо копче. Вртете го копчето за рачно барање на
името на саканата станица и
притиснете го копчето за да
изберете.
Рачно ажурирање на список со
станици
Станици може да се зачуваат и
рачно во списокот за автоматско
зачувување.
Забелешка
Достапно само со CD35 BT USB,
NAVI 50, NAVI 80.
За да го ажурирате списокот на
станици и за да дојдете до
најновите, активирајте го
ажурирањето на системот рачно. Во зависност од Инфозабавниот
систем, звукот може да биде
исклучен за време на рачно
ажурирање.
CD35 BT USB - Рачно ажурирање
на список со станици
Притиснете SETUP / TEXT и
свртете го централното вртливо
копче за да пристапите до Radio
functions (функции на радиото) .Свртете го вртливото копче за да го
изберете Update FM list
(ажурирање на FM листата) и
притиснете за да го потврдите
ажурирањето.
NAVI 50 - Рачно ажурирање на
список со станици
Притиснете Опции, вртете надолу
до Ажурирај листа , потоа одберете
Почеток ; Ажурирање... се појавува
на екранот додека не заврши
ажурирањето.
Забелешка
Ако DAB е достапен, препорачано
е рачно да се да се ажурира
листата на DAB станици кога
системот е вклучен.
NAVI 80 - Рачно ажурирање на
список со станици
Од почетната страница,
притиснете ИЗБОРНИК, потоа
Мултимедија , и потоа Радио
екранот за прикажување.
Page 62 of 179
62РадиоИзберете некој од следните
начини:
● Дефинирано
● Список
● Фреквенција
Притиснете < за да отворите
појавен изборник, потоа изберете
Ажурирање радио список .
Радио податочен систем (RDS)
RDS е услуга на FM станица што ви
помага да ја најдете саканата
станица и обезбедува безгрешен
прием.Предности на RDS
● Името на програмата на избраната станица се појавува
на екранот место нејзината
фреквенција.
● При автоматското пребарување станици,
Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
● Инфозабавниот систем секогаш ја мести
фреквенцијата на
емитувањето со најдобар
прием на избраната станица со
помош на AF (алтернативна
фреквенција).
R15 BT USB,R16 BT USB,
CD16 BT USB, CD18 BT USB -
RDS функции
Конфигурирање на RDS
Притиснете SETUP и свртете OK за
влез во RDS изборникот.
Притиснете го копчето за да
изберете.
Завртете го вртливото копче за да
изберете ПОСТАВУВАЊЕ RDS .Вклучување и исклучување на RDS
Притиснете Опции на екранот.
Следните поставки можат да се
изменат:
Вклучувајте го и исклучувајте го
RDS-AF со притискање OK. AF се
прикажува на екранот кога е
активно RDS.
Информација во текст (Радио
текст)
Извесни FM радио станици даваат
информација во текст во врска со
емитуваната програма (на пр.
наслов на песната).
Притиснете SETUP и свртете OK за
влез во Радио текст изборникот.
Свртете го вртливото копче за да
изберете Radio и притиснете го
копчето за да ги видите овие
информации.
CD35 BT USB - RDS функции
Конфигурирање на RDS
Притиснете SETUP / TEXT и
свртете го централното вртливо
копче за влез во Radio functions
Page 63 of 179
Радио63(функции на радиото) изборникот.
Притиснете го копчето за да
изберете.
Свртете го вртливото копче за да го
изберете RDS-AF.
Вклучување и исклучување на RDS
Вклучувајте го и исклучувајте го
RDS-AF со притискање на
средишното вртливо копче.
I-Сообраќајна услуга (Сообраќајни
информации)
Станиците со радио сообраќајна
услуга се FM RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести.Вклучување и исклучување на
I-Сообраќајната услуга
За вклучување и исклучување на сообраќајните соопштенија:
Притиснете SETUP / TEXT и
свртете го централното вртливо
копче за влез во Radio functions
(функции на радиото) изборникот.
Притиснете го копчето за да
изберете.Свртете го вртливото копче за да
изберете i Traffic (сообраќајни
информации) и вклучувајте/
исклучувајте со притискање на
копчето.
● Ако е вклучена радио сообраќајната услуга,
репродукцијата на ЦД/МР3 се
прекинува за времетраењето
на сообраќајното соопштение.
● Сообраќајните соопштенија нема да се емитуваат
автоматски кога е избрана
брановата должина LW или
MW. Променете го изворот на звукот или брановата должина
во FM за да обезбедите
автоматско емитување на
сообраќајните соопштенија.Блокирање на сообраќајните
соопштенија
За блокирање на сообраќајното
соопштение, на пр. за време на
репродукција на ЦД/МР3:
Притиснете го средишното
вртливо копче (или /).
Сообраќајното соопштение се
прекинува, но радио сообраќајната
услуга останува вклучена.Информација во текст (Радио
текст)
Извесни FM радио станици даваат
информација во текст во врска со
емитуваната програма (на пр.
наслов на песната).
Притиснете и држете
SETUP / TEXT за да ги видите овие
информации.
Притиснете / или почекајте
30 секунди за да се вратите на првичниот екран.
NAVI 50 - RDS функции
Конфигурирање на RDS
Притиснете Опции на екранот.
Следните поставки можат да се
изменат:
● RDS (Вклучено/Исклучено)
Исклучете ако не е потребно.
● Сообраќајни соопштенија
(Вклучено/Исклучено)
Видете подолу.
● Регион /AF (Вклучено/
Исклучено)
Видете подолу.
Page 64 of 179
64Радио●Новости (Вклучено/Исклучено)
Видете подолу.
● AM (Вклучено/Исклучено)
Исклучете ако не е потребно.
● Ажурирање список (Вклучено/
Исклучено)
Видете во (NAVI 50) "Списоци
за автоматско зачувување"
3 60.ТА (Сообраќајни соопштенија)
Ако ТА е вклучено:
● Сообраќајните соопштенија од одредени FM радио станици
(и DAB станици, ако се
достапни) се пренесуваат
автоматски.
● Репродукцијата на радиото и помошните аудио извори се
прекинуваат за времетраење
на сообраќајното соопштение.
Забелешка
Автоматско емитување на
објавите за сообраќајот се
деактивирани ако брановата
должина е поставена на AM.Регион/AF
Ако RDS функцијата е активирана
и Регион /AF е вклучено:
Фреквенцијата на одредена FM
радио станици може да се
промени, во зависност од
географската област.
Слабиот прием понекогаш може да предизвика несакани промени во
фреквенцијата. Исклучете Регион/
AF ако е неопходно.Новости
Ако Новости е вклучено:
● Соопштенијата за новости од одредени FM радио станици
(и DAB станици, ако се
достапни) се пренесуваат
автоматски.
● Репродукцијата на радиото и помошните аудио извори се
прекинуваат за времетраење
на сообраќајното соопштение.Информација во текст (Радио
текст)
Одредени FM радио станици (и
DAB станиците, ако се достапни)
даваат информација во текст во
врска со емитуваната програма (на пр. наслов на песната).
NAVI 80 - RDS функции
Конфигурирање на RDS
За да пристапите до изборникот на
Поставки за радиото од Почетната
страница, притисни ИЗБОРНИК,
потоа Мултимедија и потоа
Поставки , па Радио на екранот за
прикажување.
Притиснете < за отварање појавен
изборник и пристапување кон
опцијата "Поставки на радио".
Следните поставки на радиото
можат да се ажурираат:
● вклучете пребарување за алтернативни фреквенции
(AF) вклучи/исклучи
● вклучување/исклучување на I- Сообраќајната услуга
Page 65 of 179
Радио65● вклучување и исклучување навид на програма
● ажурирање на списокот на зачувани радио станициАлтернативни фреквенции (AF)
Вклучување на функцијата RDS-AF
за секогаш да ја слушате музиката
на најдобрата приемна
фреквенција на избраната радио
станица
Слабиот прием понекогаш може да предизвика несакани промени во
фреквенцијата. Исклучете ја RDS-
AF функцијата ако е потребно.I-Сообраќај (Сообраќајни
информации)
Станиците со радио сообраќајна
услуга се FM RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести.
Вклучување I-Сообраќај за
автоматски да добивате
сообраќајни билтени кога се
пренесуваат.Пребарување на вид на програма
(PtY)
Вклучување PtY за прикажување
на видот на програмата (на пр.
новости, спорт) што во моментот се пренесуваАжурирање радио список
Видете во (NAVI 80) "Списоци за
автоматско зачувување" 3 60.
Информација во текст (Радио
текст)
Извесни FM радио станици даваат
информација во текст во врска со
емитуваната програма (на пр.
наслов на песната).
За проверување текстуалните
информации, од било кој радио
начин (на пр. Дефинирано, Список ,
Фреквенција ) притиснете < за
отварање појавен изборник и
пристапете до опциите за
текстуални информации.
Дигитална аудио дифузија Дигиталната аудио дифузија ( DAB)
е иновативен и универзален
систем за дифузија.
Општи информации
● Станици со DAB се означуваат со името на програмата
наместо фреквенцијата на
емитувањето.
● Со DAB може да се емитуваат повеќе програми (услуги) на
една фреквенција (целина).
● Покрај висококвалитетните дигитални аудио услуги, DAB
исто така е способен да
предава податоци поврзани со
програмите и мноштво други
податочни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и
за сообраќајот.
● Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
станица за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
● Нема стишување (ослабнување на звукот) што е
типично за AM или FM
Page 66 of 179
66Радиоприемот. DAB сигналот се
репродуцира на константна
гласност.
● Пречење предизвикано од станиците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM)
не се појавува со DAB.
Ако сигналот DAB е преслаб за да го прима приемникот,
системот се префрлува на
истата програма на друга
станица DAB или FM.
● Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DAB се подобрува, додека AM или
FM приемот значително се
влошува во таквите случаи.
● Кога е вклучен прием DAB, FM-
радиото на инфозабавниот
систем остаснува активно во
заднина и постојано ги бара
FM-станиците со најдобар
прием.
Page 67 of 179
ЦД-уред67ЦД-уредОпшти информации...................67
Употреба ..................................... 68Општи информации
ЦД-плеерот на Инфозабавниот
систем може да репродуцира
аудио ЦД-а, ЦД-а со МР3 и ЦД-а
со WMA.
CD16 BT, CD18 BT: Може да се
репродуцираат и форматите AAC
и WAV.
Важни информации за аудио
ЦД-а и ЦД-а со MP3/WMAВнимание
Не ставајте под никакви услови
ДВД-а, сингл ЦД-а со пречник од
8 см или ЦД-а со посебен облик
во аудио плеерот.
Немојте да ставите налепници
на ЦД-ата. Тие дискови може да се заглават во единицита за ЦД
и да ја расипат единицата.
Тогаш неопходна ќе биде скапа
замена на уредот.
● Аудио ЦД-а со заштита од прекопирање кои не се во
согласност со стандардот за
аудио ЦД-а може да не се
репродуцираат правилно или
воопшто да не се
репродуцираат.
● Самозапишаните ЦД-а за запишување (CD-R) и ЦД-ата
за повеќекратно запишување
(CD-RW) и датотеките WMA
со Digital Rights Management
(Управување со дигиталните
права) (DRM) од онлајн
музичките продавници можеби
нема да се репродуцираат
правилно или воопшто нема да
се репродуцираат.
● На ЦД-а со мешан модус (комбинација на аудио и на
податоци на пр. MP3), ќе се
поронајдат и ќе се
репродуцираат само аудио
записите.
● Самозапишаните ЦД-а за запишување (CD-R) или ЦД-а
за повеќекратно запишување
(CD-RW) се поранливи во
поглед на неправилното
ракување од однапред
запишаните ЦД-а. Правилното
ракување треба да се
обезбеди, особено во случај на
Page 68 of 179
68ЦД-уредЦД-а за запишување (CD-R) и
ЦД-а за повеќекратно
запишување (CD-RW); видете подолу.
● Гледајте да не оставате отпечатоци од прстите кога
менувате ЦД-а.
● Вратете ги ЦД-ата во нивните омоти веднаш откако ќе ги
извадите од ЦД-плеерот за да
се заштитат од валканост и
оштетувања.
● Валканоста и течностите на ЦД-ата можат да ги замачкаат
леќите на аудио плеерот
внатре во уредот и да
предизвикаат дефекти.
● Заштитувајте ги ЦД-ата од топлина и директна сончева
светлина.
● Следните ограничувања важат
за ЦД-а со МР3/WMA:
Може да се читаат само
датотеки MP3 и WMA.
Максимална длабочина на
структурата на папката:
11 нивоаМаксимален број на датотеки
MP3 и/или WMA кои можат да
се зачуваат: 1000 датотеки
Применливи проширувања на
списоците со репродукции:
.m3u, .pls
Внесувањата на списокот со
репродукции треба да бидат во
обликот на споените патеки.
● Ракувањето со датотеките МР3 и WMA е идентично. Когае ставено ЦД со датотеки
WMA, се прикажуваат
изборници поврзани со MP3.
Употреба CD16 BT USB, CD18 BT USB -
Користење на ЦД плеер
Започнување репродукција од ЦД
Вклучете го Инфозабавниот
систем (со притискање на m) и
турнете го ЦД-то со печатената
страна нагоре во отворот за ЦД додека не биде вовлечено:
Репродукцијата од ЦД-то почнува
автоматски.Ако веќе има ЦД во уредот,
притискајте MEDIA повеќе пати за
да го изберете саканиот извор на
звукот: Репродукцијата на ЦД-то
почнува.
Забелешка
Во зависност од податоците
зачувани на аудио ЦД-то или на
ЦД-то со МР3, на екранот ќе се
прикажат различни информации
за ЦД-то и за моменталната
музичка нумера.
Избирање на албум или песна
Завртете OK за да изберете албум
или песна од листата.
Скокнување на следниот или
претходниот запис
Накратко притиснете 2 или 3
еднаш или повеќепати.
Брзо вртење напред или назад
Притиснете и држете 2 или 3 за
брзо вртење напред или назад на
моменталната песна.
Page 69 of 179
ЦД-уред69Произволна репродукција
За време на репродукцијата на ЦД-
то, притиснете го и држете го
бројченото копче 2 или 4 (од
копчињата за станици 1...6) за да ја активирате произволната
репродукција.
MIX се појавува на екранот кога
произволната репродукција е
активна.
Забелешка
Кај ЦД со MP3, функцијата за
произволна репродукција важи
само за тековниот албум.
Притиснете го и држете го
бројченото копче 2 или 4 повторно
за да ја деактивирате.
MIX исчезнува од екранот.
Произволната репродукција може да се деактивира и со исфрлување на ЦД-то.
Забелешка
Произволната репродукција не се деактивира кога аудио системот
се исклучува или изворот се
сменува.Паузирање
Кратко притиснете m, @ или
заедно ! и # истовремено за да се
прекине репродукцијата на ЦД-то/
MP3. Притиснете повторно за да
продолжи репродукцијата.
Функцијата за паузирање се
деактивира автоматски кога се
дотерува гласноста, се менува
изворот на звукот или се даваат
автоматски информативни пораки.
Прикажување на дополнителни
информации во текст (тескт за
ЦД-то или ID3 етикета)
По изборот на песна или албум,
притиснете го накратко TEXT или
бројченото копче 5 (од копчињата
за станици 1...6) за да им
пристапите на текстуалните
информации достапни на ЦД-то (на
пр. име на изведувачот, име на
албумот или наслов на песната).
За да се прикажат сите текстуални
информации одеднаш, држете го притиснато бројченото копче 5 или
TEXT .
За да излезете од екранот,
притиснете го /.Вадење на ЦД
Притиснете d: ЦД-то се турка
нанадвор од процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото автоматски
ќе се повлече повторно назад по
неколку секунди.
CD35 BT - Користење на
ЦД-плеерот
Започнување репродукција од ЦД
Вклучете го Инфозабавниот
систем (со притискање на m) и
турнете го ЦД-то со печатената
страна нагоре во отворот за ЦД
додека не биде вовлечено:
Репродукцијата од ЦД-то почнува
автоматски.
Ако веќе има ЦД во уредот,
притискајте MEDIA повеќе пати за
да го изберете саканиот извор на
звукот: Репродукцијата на ЦД-то
почнува.
Забелешка
Во зависност од податоците
зачувани на аудио ЦД-то или на
ЦД-то со МР3, на екранот ќе се
Page 70 of 179
70ЦД-уредприкажат различни информации
за ЦД-то и за моменталната
музичка нумера.
Избирање на албум или песна
Вртете го средишното вртливо
копче за да изберете некој албум
или песна од листата.
Скокнување на следниот или
претходниот запис
Накратко притиснете 2 или 3
еднаш или повеќепати.
Брзо вртење напред или назад
Притиснете и држете 2 или 3 за
брзо вртење напред или назад на
моменталната песна.
Произволна репродукција
Притиснете SETUP / TEXT за да
пристапите до изборникот за
поставки.
Вртете го средишното вртливо
копче за да изберете Audio settings
(поставки на звукот) и притиснете
го за да потврдите.
Изберете Random (произволно) и
притиснете го копчето за да
активирате.Забелешка
На ЦД со MP3/WMA, функцијата
за произволна репродукција важи
за актуелниот албум, па поминува на следниот албум.
Паузирање
Накратко притиснете го вртливото
копче за гласност @ или заедно ! и
# истовремено за да се прекине
репродукцијата на ЦД-то/MP3.
Притиснете повторно за да
продолжи репродукцијата.
Функцијата за паузирање се
деактивира автоматски кога се
дотерува гласноста, се менува изворот на звукот или се даваат
автоматски информативни пораки.
Прикажување на дополнителни
информации во текст (тескт за
ЦД-то или ID3 етикета)
Откако ќе изберете песна или
албум, притиснете го и држете го
копчето средишното вртливо копче за да им пристапите на
текстуалните информации
достапни на ЦД-то (на пр. име на изведувачот, име на албумот или
наслов на песната).За да излезете од екранот,
притиснете го /.
Вадење на ЦД
Притиснете d: ЦД-то се турка
нанадвор од процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото автоматски
ќе се повлече повторно назад по
неколку секунди.