OPEL MOVANO_B 2016 Сопственички прирачник
Page 171 of 259
Возење и ракување169Полнење гориво9Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Грлото за полнење на резервоарот со бајонет капаче се наоѓа од
левата предна страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако
возилото е отклучено и вратата е
отворена. Отворете ја вратичката на резервоарот со рака.
9 Опасност
Возила со систем за сопирање-
поаѓање: Моторот мора да се
исклучи и клучот за палење да
се отстрани за да се избегне
ризикот од автоматско повторно стартување на моторот од
страна на системот.
Зафатнини 3 245.
Извадете го капачето на
резервоарот со вртење обратно од
насоката на стрелките на
часовникот.
Капачето на резервоарот за гориво може да се обеси на долната кука
на вратичката на резервоарот.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и
вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.
Page 172 of 259
170Возење и ракувањеВнимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
Кога полнењето на гориво е готово, вратете го капачето на
резервоарот и свртете го надесно.
Затворете ја вратичката на
резервоарот.
Капаче на резервоарот за
гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња на
резервоарот.
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Општи информации
Официјалната потрошувачка на
гориво и дадените специфични
бројки за емисиите на СО 2 се
однесуваат на основниот модел за ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачка на
гориво и испуштање CO 2 се
одредуваат според прописот
715/2007 692/2008 А, со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките не смеат да се земаат
како гаранција за фактичката
потрошувачка на гориво на некое
возило. Дополнителната опрема
може да резултира со малку
повисоки резултати од наведената
потрошувачка и од бројките за
СО 2. Понатаму потрошувачката на
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.Кука за приколки
Општи информации
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило. Доверете му го
монтирањето на влечната опрема
подоцна на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Возни карактеристики,совети за влечење
Во случај на приколки со
сопирачки, закачете го кабелот за
приврзување.
Пред да закачите приколка,
намачкајте ја влечната топка со
маст. Меѓутоа, не подмачкувајте ја
ако се користи стабилизатор,
којшто дејствува на влечната
топка, за придушување на
шлајфувањето. Кај приколки со
слаба стабилност при возење
употребата на стабилизатор се
препорачува.
Page 173 of 259
Возење и ракување171Максималната брзина од 80 км/ч не
смее да се надмине, дури и во
држави каде што се дозволени
поголеми брзини.
Ако приколката почне да се
занесува, возете побавно, не
обидувајте се да го исправите
возилото и сопирајте нагло, ако е
потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возите на
угорница и возете со слична
брзина.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за
целосна натовареност 3 246.
Влечење на приколка
Товарење на приколката Дозволената оптовареност на
приколката е максимална вредност
која зависи од возилото и моторот
и не смее да се пречекори.
Фактичната оптовареност на
приколката е разликата помеѓу
бруто тежината на приколката иактуелната оптовареност на
влечната спојка кога е приклучена
приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Општо, тие важат за
стрмнини до најмногу 12%.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мала стрмнина (помала од 8%,
на пр. магистрални патишта).Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана на идентификациската табличка
3 226.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под
25 кг.
Page 174 of 259
172Возење и ракувањеВо случај на оптовареност на
приколката од 1200 кг или повеќе,
вертикалната оптовареност на
влечната спојка не смее да биде
помала од 50 кг.
Натоварување на задната оска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено (вклучувајќи ги и сите
патници), дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) не смее да се надмине.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Чујно предупредување за
опремата за влечење
Кај возилата опремени со опрема
за влечење кога истите се
приклучени до приколка, висината
на тонот на чујното
предупредување се менува при
ракување со трепкачите.
Висината на тонот на чујното
предупредување ќе се смени ако
прегори светло на трепкачите од
приколката или влечното возило.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
постабилно.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
Електронската Програма за
Стабилност (ESP) 3 157.Дополнителни
функции
Погонски приклучок
АктивирањеЗа да го активирате погонскиот
приклучок, со возилото во
мирување и моторот во празен од:
● Ставете ја рачката на менувачот во лер (возилата со
автоматизиран рачен менувач:
рачката на менувачот во
положба N).
● Притиснете ја педалата за куплунг.
Page 175 of 259
Возење и ракување173●Притиснете го прекинувачот на
таблата со инструменти, LED-
от во прекинувачот се пали по
околу 2 секунди.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Брзината на вртежите на моторот
во лер се зголемува на
1200 врт/мин.Внимание
При работа на погонскиот
приклучок, не поместувајте ја
рачката на менувачот од лер
(возила со автоматизиран рачен менувач: рачката на менувачот
во положба N) за да се избегне
оштетување на преносот.
Ако биде потребно менување
брзина, на пр. за да се
прилагоди брзината на
возењето, секогаш треба прво
да се исклучи погонскиот
приклучок.
Деактивирање
За да го исклучите погонскиот
приклучок:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Притиснете го прекинувачот на
таблата со инструменти, LED-
от во прекинувачот се гаси по
околу 2 секунди.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Дефект Ако LED-от во прекинувачот не се
запали кога сакате да го
активирате погонскиот приклучок
и/или системот не работи:
Постепено отпуштете ја педалата
за куплунг.
- или - ● Ставете ја рачката на менувачот во лер (возилата со
автоматизиран рачен менувач:
рачката на менувачот во
положба N).
● Притиснете ја педалата за куплунг.●Притиснете го прекинувачот на
таблата со инструменти, LED-
от во прекинувачот се пали по
околу 2 секунди.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Потоа повторете ја горната
постапка.
Забелешка
Функцијата на погонскиот
приклучок не е достапна кога
контролната сијаличка A 3 95 , C
3 96 или W 3 97 свети.
Page 176 of 259
174Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................175
Додатоци и модификации на возилото ................................ 175
Чување на возилото ..............175
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......176
Прверки на возилото ...............176
Вршење работа ...................... 176
Хауба ...................................... 176
Моторно масло ......................177
Ладилник ................................ 178
Течност за серво управување ........................... 179
Течност за миење ..................180
Сопирачки .............................. 180
Течност за сопирачките ........180
Акумулатор ............................. 181
Филтер за дизел гориво ........182
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 183
Замена на четкичките на бришачите ............................. 183
Замена на сијалиците ..............184
Предни фарови ......................184Приспособливо предно
светло .................................... 186
Фарови за магла ....................187
Предни трепкачи ....................187
Задни светла .......................... 188
Странични трепкачи ..............189
Средишно високо монтирано стоп-светло ........................... 190
Светло за регистарската табличка ................................ 190
Внатрешни светла .................191
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 192
Електричен систем ..................192
Осигурувачи ........................... 192
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............193
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......194
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................195
Прирачен алат ......................... 197
Алати ...................................... 197
Тркала и гуми ........................... 198
Гуми ........................................ 199
Зимски гуми ............................ 199
Ознаки на гумите ...................199
Притисок на гумите ................ 199Систем за следење на притисокот на гумите ...........200
Длабочина на шарата ...........203
Менување на големината на гумите и тркалата .................203
Раткапни ................................. 203
Синџири за гуми ..................... 204
Комплет за поправање гуми . 204
Менување тркала ................... 208
Резервно тркало ....................210
Палење со кабли ......................213
Влечење ................................... 216
Влечење на возилото ............216
Влечење на друго возило .....217
Нега за изгледот ......................217
Нега на надворешноста ........217
Нега на внатрешноста ........... 219
Page 177 of 259
Нега на возилото175Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Сменете го моторното масло.
● Сад за течноста за миење на шофершајбната.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или во рикверц. Спречете го возилото од тркалење.● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
Page 178 of 259
176Нега на возилото● Проверете го новито натечноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страница, каде што се бара со
закон. Доверете му ја работава
само на овластен центар за
рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење генерира
крајно високи волтажи. Не
допирајте ги.
За полесно препознавање,
капачињата за дотурање на
моторното масло, течноста за
ладење, течноста за миење и
рачката од прачката за мерење на
нивото на маслото се жолти.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Page 179 of 259
Нега на возилото177
Повлечете ја безбедноската рачка
сместена малку лево од центарот и
отворете ја хаубата.
Повлечете ја шипката од нејзиното лежиште и зацврстете ја на
десната кука од внатрешната
страна на хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните течности и средства за
подмачкување 3 223.Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде со работна температура и
изгаснат за најмалку 10 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Page 180 of 259
178Нега на возилотоВнимание
Не дозволувајте нивото на
масло во моторот да се спушти
под минималното ниво!
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од ист вид коешто
беше употребено при последното
менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката за максимум MAX на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
За да спречите истурање кога го
обновувате моторното масло,
препорачуваме користење инка.
Внимавајте инката да е добро
наместена на цевката за полнење.
Потрошувачката на моторното
масло нема да се стабилизира
додека возилото не поминало
повеќе илјади километри. Дури
тогаш може да се утврди
фактичката мера на
потрошувачката.
Ако потрошувачката надминува
повеќе од 0,5 литри на 1000 км по
периодов на разработувањето,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Зафатнини 3 245, Контрола на
нивото на моторното масло 3 89.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник
Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување се до околу
-28 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот.