OPEL MOVANO_B 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2016Pages: 259, PDF Size: 5.65 MB
Page 161 of 259

Возење и ракување159Од безбедносни причини
контролата на патувањето не може
да се активира се додека еднаш не
се искористи педалата за
сопирање.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Со автоматизираниот рачен
менувач, контролата на
патувањето активирајте ја само во
автоматски режим.
Контролните сијалички m и U
3 100.
АктивирањеПритиснете m, контролната
сијаличка U се пали зелена во
групата инструменти.
Контролата на патувањето сега е
во режимот за готовност и на DIC
се појавува соодветна порака.
Забрзувајте се до саканата брзина
и притиснете < или ]. Актуелната
брзина сега се зачувува и се
задржува и педалот за гас може да
се отпушти.
Контролната сијаличка m свети
зелено на групата инструменти
заедно со U и се појавува
соодветна порака во DIC.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Зачуваната
брзина трепка во групата
инструменти. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Брзината се снима кога ќе се
исклучи палењето.
Page 162 of 259

160Возење и ракувањеЗголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, брзината на возилото
може да се зголемува непрекинато
или во мали чекори со држење
притиснато или потчукнување <
повеќе пати.
Кога ќе се отпушти прекинувачот,
моменталната брзина се снима и
се задржува.
Како алтернатива, забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
притиснување <.
Намалување на брзината
При активна контрола на
патувањето, брзината на возилото може да се намалува непрекинатоили во мали чекори со држење
притиснато или потчукнување ]
повеќе пати.
Кога ќе се отпушти прекинувачот,
моменталната брзина се снима и
се задржува.Деактивирање
Притиснете §: контролата на
патувањето се деактивира и
зелената контролна сијаличка m се
гасне во групата инструменти.
Автоматско деактивирање: ● брзината на возилото паѓа под 30 км/ч
● педалата за сопирачките е притисната
● куплунгот е притиснат
● лостот на менувачот во N
Брзина се зачувува и на DIC се
појавува соодветна порака.
Одново активирање
Притиснете R при брзини над
30 км/ч.
Ако зачуваната брзина е многу
поголема од актуелната брзина,
возилото силно ќе се забрзува
додека не се постигне зачуваната
брзина.Притискањето < повторно ќе ја
активира функцијата за контрола
на патувањето, но само со
моменталната брзина на возилото,
а не зачуваната брзина.
Бришење на снимената брзина
Притиснете m: Зелените
контролни сијалички U и m се
гаснат во групата инструменти.
Ограничувач на брзината од
контролата на патувањето
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да ја надмине
претходно поставената
максимална брзина над 30 км/ч.
Page 163 of 259

Возење и ракување161Активирање
Притиснете U, контролната
сијаличка U се пали жолта во
групата инструменти.
Функцијата за ограничување на
брзината од контролата на
патувањето сега е во режимот за
готовност и во DIC се појавува
соодветна порака.
Забрзувајте се до саканата брзина
и притиснете < или ]. Актуелната
брзина се регистрира.
Возилото може да се вози
нормално но не ќе може да се
надмине програмираното
ограничување на брзината освен
при итна потреба.
Каде што не може да се задржи ограничената брзина, на пр.: кога
се вози по стрмна надолница,
ограничената брзина ќе трепка во
DIC.
Зголемување на ограничената
брзина
Ограничената брзина на возилото
може да се зголемува непрекинато
или во мали чекори со држење
притиснато или потчукнување <
повеќе пати.
Намалување на ограничената
брзина
Ограничената брзина на возилото
може да се намалува непрекинато
или во мали чекори со држење
притиснато или потчукнување ]
повеќе пати.Пречекорување на ограничената
брзина
Во случај на итна поптреба
возможно е да се пречекори
ограничената брзина со цврсто
притиснување на педалот за гас
преку отпорната точка.
Ограничената брзина ќе трепка во
DIC за тоа време.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Забелешка
Кај возилата со монтиран
Ограничувач на брзината,
целосното притискање на
педалот за гас нема да Ви
дозволи да ја надминете
поставената максимална брзина
на возилото. Ограничувач на
брзината. 3 162.
Деактивирање
Притиснете §: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози нормално.
Page 164 of 259

162Возење и ракувањеОграничената брзина се зачувува и
на DIC се појавува соодветна
порака.
Одново активирање
Притиснете R. Функцијата за
ограничување на брзината е
одново активирана.
Притискањето < повторно ќе ја
активира функцијата за
ограничување на брзината, но
само со моменталната брзина на
возилото, а не зачуваната брзина.
Бришење на ограничената брзина
Притиснете го U.
Жолтата контролна сијаличка U се
гасне во групата инструменти.
Ограничувач на брзината Ограничувач на максималната
брзина
Во согласност со локалните или
националните прописи, возилото
може да е опремено со фиксен
ограничувач на максималната
брзина што не може да се исклучи.Ако го има во опремата,
предупредувачка етикета што
укажува на фиксната максимална
брзина (90 до 130 км/ч) се наоѓа на
таблата со инструменти.
До отклони од ограничувањето за
максимална брзина може да дојде кога се вози прудолу или поради
физички причини.
Може да се огласи
предупредувачки звук за
10 секунди ако возилото за кратко
време го надмине поставеното
ограничување.
Возила опремени и со ограничувач на брзината на контролата на
патувањето: максималната брзина
не може да се надмине со цврсто притискање на педалата за гас над
точката на отпор.
Ограничувач на брзината од
контролата на патувањето 3 158.
Помош за паркирање Помошта за паркирање го
олеснува паркирањето во рикверц
со мерење на растојанието помеѓу
задниниот дел на возилото ипречките. Меѓутоа, возачот носи
целосна одговорност за маневрата
за паркирање.
Системот се состои од четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Забелешка
Додадените предмети во опсегот
на забележувањето
предизвикуваат неиспавности во
системот.
Page 165 of 259

Возење и ракување163АктивирањеКога се става во рикверц, системот
автоматски сам се вклучува. На
подготвеноста за работа укажува
краток звучен аларм.
Пречката се назначува со звучен
сигнал. Периодот помеѓу
сигналите се скратува додека
возилото стигнува поблизу до
пречката. Кога е растојанието
помало од 30 см, звучниот сигнал е непрекинат.9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на сензоротможе да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако се
работи за повисоки возила (на
пр. возила за неасфалтирани
патишта, комбиња, камионети).
Идентификацијата на предмети
во горните делови од такви
возила не може да се гарантира.
Предмети со многу мал пресекза одбивање светлост, како и
тесните предмети или меките
материјали, не може да ги
открие системот.
Помошта за паркирање не
открива предмети надвор од
опсегот за откривање.
Деактивирање
Возможно е да се деактивира или
привремено да се деактивира
системот.
Привремено деактивирање
Привремено деактивирајте го
системот со притискање r на
таблата со инструменти кога
палењето е вклучено и менувачот
е ставен во рикверц. Контролната
сијаличка во копчето свети.
Кога менувачот се става во
рикверц, нема да се огласи звучен
сигнал, означувајќи го
деактивирањето.
Page 166 of 259

164Возење и ракувањеФункцијата одново се активира со
притиснување r повторно или
следниот пат кога палењето ќе се
вклучи.
Постојано деактивирање
Трајно деактивирајте го системот
со притиснување и држење r на
таблата со инструменти околу
3 секунди кога палењето е
вклучено и менувачот е ставен во рикверц . Контролната сијаличка во
копчето свети постојано.
Системот е деактивиран и нема да работи. Кога менувачот се става во
рикверц, нема да се огласи звучен
сигнал, означувајќи го
деактивирањето.
Функцијата се активира одново со
притиснување и држење r за
околу 3 секунди.
Дефект
Ако системот открие
функционална грешка, ќе се огласи непрекинат звучен аларм околу
3 секунди кога се става ворикверц. Посоветувајте се со
автомеханичар за да Ви ја
отстранат причината на дефектот.Внимание
Кога се вози во рикверц, во
околината не смее да има
пречки кои може да го удрат
долниот дел на возилото.
Ударот на задната оска, кој
можеби не е видлив, може да
доведе до некарактеристични
измени во управувањето со
возилото. Во случај на таков
удар, посоветувајте се со
автомеханичар.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага
на возачот кога оди наназад
прикажувајќи поглед на подрачјето
зад возилото или во ретровизорот,
во штитникот од сонце на возачот
или на екранот на Инфозабавниот
систем.
9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливоста на камерата, на пр.
под браникот или под возилото,
не се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во екранот и
проверете го подрачјето одзади
и околу возилото пред да возите
наназад.
Page 167 of 259

Возење и ракување165Камерата е обично инсталиран на
задните врати/задна врата, под калапите на регистарската
табличка.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Забелешка
За постигање на оптимална
видливост, ретровизорската
камера не смее да биде
попречувана со нечистотија, снег
или лед.
АктивирањеЕкранот на ретровизорската
камера се активира автоматски
кога возилото ќе се стави во
рикверц. Звучен сигнал го
потврдува активирањето.
Екран на штитници за сонце
Системот може да се вклучи или
исклучи со избирање на копчето
Старт/Стоп од десната страна на екранот.
Преостанатите копчиња на
мониторот овозможуваат
корисникот да избере извор AV1
или AV2 и да ги прилагоди
осветленоста и контрастот на
мониторот.
Инфозабавен систем/екран
Во возилата со систем за
навигација, ретровизорската
камера е прикажана на екранот на Инфозабавниот систем.
Page 168 of 259

166Возење и ракувањеПриказ на лентата на
траекторијата (1)
Зависно од верзијата, лентата на
траекторијата (1) на возилото се
прикажува со сина боја на инфо-
екранот. Ја покажува патеката на
возилото во согласност со аголот
на управувањето.
Приказ на права лента (2)
Приказот на права лента (2) ја
покажува патеката на возилото ако тркалата се држат право.
Линиите водилки (3, 4, 5) се
користат заедно со приказот на
права лента (2) и укажуваат на
растојанието зад возилото.Интервалите на линиите водилки
се следниве:3 (црвено):30 см4 (жолто):70 см5 (зелено):150 смПоставки
Поставките, на пр. осветленоста, можат да се постават преку
Инфозабавниот систем. Видете во прирачникот на инфозабавниот
систем за повеќе информации.
Деактивирање
Камерата се исклучува по извесно
време ако не е ставено во рикверц.
Дефект
Ретровизорската камера може да не работи правилно кога:
● наоколу е темно
● сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата
● мраз, снег, кал или нешто друго
го прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа
● задните врати/задната врата не се затворени правилно
● возилото се судрило од задната страна
● има екстремни промени на температурата
Предупредување за напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање лента користи предна
камера за набљудување на
ознаките за ленти помеѓу кои
возилото вози. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај
на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Page 169 of 259

Возење и ракување167Критериуми за откривање на
ненамерното менување на лента се:
● не работат трепкачите за вртење или менување ленти
● немање активното управување
со воланот
Ако возачот ги врши овие
активности, нема да се издаде
никакво предупредување.
Активирање
Системот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притискање ì на таблата со
инструменти или на конзолата на
покривот; LED копчето се
исклучува за да покаже дека
системот е вклучен.
Кога контролна сијаличка ì 3 97
во групата инструменти ќе се
запали, системот е готов да
работи. На Информативниот
центар за возачот (DIC) исто така
се појавува и соодветна порака
3 100.
Контролната сијаличка ì се гасне
кога системот не е подготвен да го
предупреди возачот.
Со системот може да се работи
само при брзини на возилото
приближно над 60 км/ч и ако
лентите за обележување постојат и
се откриени.
Ако трепкачите за вртење и
менување ленти не се вклучат при
менувањето ленти, односно се
открие ненамерно менување на
лентата, контролната сијаличка
ì светнува заедно со мелодија за
предупредување за да го
предупреди возачот.
Деактивирање
Системот се исклучува со
притискање на ì, LED
сијаличката во копчето се
вклучува. Соодветна порака се
појавува во информативниот
центар за возачот (DIC).
При брзини под 60 км/ч со системот
не може да се работи.
Page 170 of 259

168Возење и ракувањеСовети за ракување
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не работи правилно кога:
● Шофершајбната не е чиста.
● Има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,
директна сончева светлина
или сенки.
Системот не може да работи кога
не е откриена ознака за линија.
Дефект Во случај на дефект во системот,
предупредувачка порака се
појавува во DIC и LED сијаличката
во копчето се вклучува.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Информативен центар за возачот
(DIC) 3 100.Гориво
Гориво за мотори на дизел
Користете само дизел гориво што е усогласено со EN 590. Горивото
треба да има мала содржина на
сулфур (најмногу 10 ppm). Може да
се користат еквивалентни
стандардизирани горива со
биодизел (= FAME според
EN14214) со содржина од најмногу
7 % по волумен (како DIN 51628 или
еквивалентни стандарди).
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под 50
ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не употребувајте бродска дизел
нафта, нафта за домаќинства или
сосема растителни дизел горива,
како на пример масло од семе на репка или биодизел, „аквазол“ и
слични раствори на дизел со вода. Дизел горивата не смеат да серазредат со горива за бензински
мотори.
Протокот и способноста за
филтрирање на дизел горивата
зависат од температурата. Кога е
ниска температурата, наполнете
со дизел гориво со гарнтирани
зимски својства.
Филтер за дизел гориво 3 182,
Цедење на системот со дизел
гориво 3 183.