OPEL MOVANO_B 2017.5 Сопственички прирачник

Page 81 of 289

Складирање79СкладирањеПростори за складирање...........79
Складирање во таблата со инструменти ............................ 79
Касета ....................................... 80
Држачи за чаши .......................80
Предна складишна преграда ..80
Плафонска конзола .................81
Складишна преграда под седиштето ............................... 81
Горно место за складирање ...82
Товарен простор ........................82
Алки за врзување ..................... 83
Систем за ракување со товарот .................................... 84
Безбедносна мрежа .................86
Решетка на товарниот простор .................................... 87
Предупредувачки триаголник ............................... 87
Прибор за прва помош ............87
Противпожарен апарат ...........88
Систем на багажници за на
покрив ......................................... 88
Багажник за на покрив .............88
Информации за товарење .........89Простори за
складирање9 Предупредување
Не чувајте тешки или остри
предмети во просторите за
складирање. Инаку, патниците
може да се повредат од
исфрлени предмети во случај
на нагло сопирање, ненадејна
промена на правецот или
незгода.
Складирање во таблата
со инструменти
Прегради, џебови и тацни за
складирање се наоѓаат во таблата
со инструменти.
На горниот дел од таблата со
инструменти се наоѓаат држач за
телефон и/или држач за монети со
штипка за држење билети.
Тацната сместена во средината на
горниот дел од таблата со
инструменти има капак.

Page 82 of 289

80СкладирањеДржач за документи
Извлечете го држачот за
документи од таблата со
инструменти со повлекување на
основата кон себе и потоа со
вртење удолу.
За да се преклопи настрана,
кревајте ја основата додека
држачот за документи не е
хоризонтален, па турнете го
навнатре докрај.
Касета
Касетата мора да биде затворена
додека се вози.
Ладење на касетата 3 144.
Држачи за чаши Држачи за чаши се наоѓаат и на
двата краја од таблата со
инструменти, и во средината на
долната табла со инструменти.
Држачите за чаши исто така можат да се користат за држење на
преносливиот пепелник 3 97.
Исто така, на задната страна од
предното средишно совозачко
седиште може да има држачи за
чаши. Преклопување на
потпирачот на совозачкото
седиште 3 80.
Во зависност од моделот, во
долниот преден дел од задните
седишта може да се наоѓаат
држачи за чаши.
Предна складишна преграда
Во зависност од моделот, на
преградата од кабината може да се
наоѓаат закачалки за палта или
мрежи за складирање.
Џебовите на предните врати
содржат држачи за шишиња.

Page 83 of 289

Складирање81Преклопување на потпирачот
од средишното совозачко
седиште
Повлечете ја рачката за
ослободување на потпирачот од
седиштето на предното средишно
совозачко седиште нанапред пред
да го преклопите потпирачот во
хоризонтална положба.
На задната страна од потпирачот
од седиштето се наоѓаат простори
за складирање, држачи за чаши и
вртлива полица, што може да се
користи за пишување или
документи.
Вратете ја вртливата полица во
првичната положба пред да ја
повлечете рачката за
ослободување на потпирачот од
седиштето и да го подигнете
потпирачот.
Плафонска конзола
Вкупната тежина во овие прегради
не смее да надмине 5 кг.
Складишна преграда под
седиштето
Користејќи ги двете јамки на
седалото на созовачкото седиште,
повлечете го седалото нанапред за
да се добие пристап кон
складишната преграда под
седиштето.

Page 84 of 289

82СкладирањеЗадна клупа
Подигнете ја основата на
седиштето напред и отстранете ја
за да пристапите до просторот за
складирање под клупата.
Во зависност од моделот, клупите
може да имаат простори за
складирање на долниот преден
дел од седиштето и мрежа за
складирање на надворешната
страна од седиштето.
Горно место за
складирање
Вкупната тежина во оваа преграда
не смее да надмине 35 кг.
Задна преграда за складирање
Комби, Автобус
Во преградите на горното место за складирање над задните патнички
седишта може да се одложуваат предмети.
Вкупната тежина во овие прегради
не смее да надмине 20 кг
рамномерно распоредена.
Товарен простор9 Предупредување
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се расфрлат по
возилото и да предизвикаат
телесни повреди или
оштетувања на товарот или
возилото.

Page 85 of 289

Складирање83Користете ги рачките за држење
што се наоѓаат зад задната и
лизгачката врата(и) за да ви
помогнат при влегување и
излегување од товарниот простор.
Алки за врзување
Во товарниот простор се
монтираат алки за врзување за да
се овозможи прицврстувањето на
товарот со употребата на
еластични каишеви или со мрежа
за подот за багаж.
Алките за врзување може да бидат
сместени на подот на возилото
или во страничниот дел. Бројот и
местото на алките за врзување
зависи од возилото.
Најголемата сила применета врз
алките за врзување не смее да
надмине 625 daN/6,25 kN/6250 N.
Во зависност од земјата, на
етикета може да биде прикажана
максималната сила (на пример,
500 daN/5 kN/5000 N).
Забелешка
Спецификациите на етикетата
секогаш имаат приоритет пред
оние дадени во овој прирачник.
Информации за товарење 3 89.
Отстранливи алки за врзување

Page 86 of 289

84СкладирањеОтстранливите алки за врзување
може да се прицврстат за
страничните, подните или
покривните товарни шини. За
дополнителни информации,
погледнете го делот „Систем за
ракување со товарот“.
За да ги преместите, притиснете на средишното капаче и клизнете во
саканата положба. Проверете дали
алките за врзување правилно се
прицврстени во отворите.
Информации за товарење 3 89.
Систем за ракување со
товарот
Во зависност од возилото,
предметите во товарниот простор може да се прицврстат или да се
спречи нивно преголемо лизгање
така што ќе ја прицврстите
соодветната карактеристика за
ракување со товарот за
страничните, подните или
покривните товарни шини со
отстранливите алки за врзување
(ако е потребно).Во зависност од верзиите, може да
има долни и горни товарни шини.
Подвижна разделна преграда Подвижната разделна преграда
може да се користи меѓу подните и покривните товарни шини.
За да ја поместите, повлечете ја
бравата за да ја ослободите и
наместите преградата како што ви е потребно. Проверете дали
бравата е заглавена целосно и
дали преградата е исправена.
Чувајте ја разделната преградата
од едната страна на товарниот
простор кога не ја користите.

Page 87 of 289

Складирање85Телескопски прачки за
блокирање
Телескопските прачки за
блокирање може да се користат во
вертикална положба, прицврстени
за подните и покривните товарни
шини
или во хоризонтална положба,
прицврстени за страничните
товарни шини.
Проверете дали прачките за
блокирање целосно се заглавени
во товарните шини пред да го
товарите возилото.
За ослободување, притиснете на бравата и клизнете ја прачкатаистовремено.
Максималното оптоварување за
страничните товарни шини е
100 daN//700 мм.
Капацитет за блокирање: 300 кг.
Прачка за блокирање со
безбедносна мрежа
Прачката за блокирање може да се прицврсти за горните страничнитоварни шини; свртете ја рачката
за да ја фиксирате прачката за
блокирање во одредена положба.
Проверете дали прачката за
блокирање е целосно прицврстена.
Вградената безбедносна мрежа
потоа може да се прицврсти за
отстранливите алки за врзување на страничните и подните товарни
шини (видете ја сликата).

Page 88 of 289

86СкладирањеРемени со запчест механизамСо соодветни ремени со запчест
механизам, може да се
прицврстуваат предмети во
одредена положба со користење на отстранливите алки за врзување на страничните или подните
товарни шини.
Максималното оптоварување за
подните товарни шини е 500 daN// 700 мм.
Капацитет за врзување: 800 daN
при врзување со ремен.
Капацитет на челичниот затворач: 170 daN при директна затегнатост.
Максималното оптоварување за
страничните товарни шини е
100 daN//700 мм.
Капацитет за врзување: 300 daN
при врзување со ремен.
Отстранливи алки за врзување
3 83, Информации за товарење
3 89.
Безбедносна мрежа
Спуштете ја безбедносната мрежа
од покривното подрачје и закачете
ја за алките за врзување во подот
на возилото 3 83.
Прилагодете ја затегнатоста на
ремените за да биде товарот
безбеден.
Додека не се користи,
безбедносната мрежа треба да се
чува во покривното подрачје.
Информации за товарење 3 89.

Page 89 of 289

Складирање87Решетка на товарниот
простор
Возилата со прозорец на
преградата од кабината може да
имаат метална решетка од
страната од товарниот простор.
Решетката обезбедува заштита од превртување на предметите во
товарниот простор при нагло
сопирање, ненадејна промена на
насоката или несреќа.
Во зависност од верзијата,
прозорците на задната врата и
лизгачката странична врати(и)
имаат и штитници на прозорците за дополнителна заштита и
безбедност.
Информации за товарење 3 89.
Предупредувачки триаголник
Предупредувачкиот триаголник
може да биде сместен во
просторот под предните седишта.
Складирање под седиштето 3 81.
Прибор за прва помош
Како видлива индикација за
присуство на прибор за прва
помош, етикета може да се наоѓа
на плафонската конзола 3 81.
Приборот за прва помош може да
биде сместен во просторот под
предните седишта.
Со двете јамки на седалото на
седиштето, извлечете го седалото
нанапред за да пристапите.
Складирање под седиштето 3 81.

Page 90 of 289

88СкладирањеВо зависност од верзијата,
приборот за прва помош може
алтернативно да се наоѓа и во
просторот помеѓу предните
седишта или во плафонската
конзола.
Противпожарен апарат Како видлива индикација за
присуство на апарат за гаснење
пожар, етикета може да се наоѓа на плафонската конзола 3 81.
Противпожарниот апарат може да
биде сместен во просторот под
предните седишта. Со двете јамки
на седалото на седиштето,
извлечете го седалото нанапред за
да пристапите.
Складирање под седиштето 3 81.
Во зависност од верзијата,
апаратот за гаснење пожар може
алтернативно да се наоѓа и во
просторот помеѓу предните
седишта.
Дополнителен апарат за гаснење
пожар може да се наоѓа во панелот
на предната врата или во
товарниот простор.
Систем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив Поради безбедносни причини и да
се избегне оштетувањето на
пчокривот се препорачуваат
системи на багажници одобрени за возилото.
Следете ги упатствата за
монтирање и кога не е во употреба
извадете го багажникот за на
покрив.

Page:   < prev 1-10 ... 41-50 51-60 61-70 71-80 81-90 91-100 101-110 111-120 121-130 ... 290 next >