OPEL MOVANO_B 2019 Сопственички прирачник
Page 251 of 281
Нега на возилото249Внимание
Задната алка за влечење треба
да се користи само за влечење,
а не за извлекување на
возилото.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Нега за изгледот
Нега на надворешноста
Брави
Бравите се подмачкуваат во фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само кога е апсолутно неопходно,
бидејќи тоа го вади мазивото и го
влошува функционирањето на
бравите. По употребата на
средство за одмрзнување, нека Ви
ги подмачка бравите повторно
автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.
Постојат ограничувања за
деловите од каросеријата што се
обоени со мат боја или имаатнанесено филм или декоративни
ленти, видете во „Полирање и
нанесување восок“.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи тие содржат
агресивни состојки кои можат да
предизвикаат оштетување на
бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната мора да бидат
исклучени и страничните
ретровизори мора да бидат
преклопени навнатре. Извадете ги
антената и надворешните
додатоци, како на пример
багажниците за на покрив, итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и хаубата, како и пределите што ги
покриваат.
Page 252 of 281
250Нега на возилотоЧистете ги светлите метални
украси со раствори за чистење
одобрени за алуминиум за да се
избегне штета.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вредност
четири до девет.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Нека Ви ги подмачкува шарките на вратите со мазиво автомеханичар.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците: остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја влошат
видливоста.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на
другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување восок
Редовно полирајте го возилото со
полир-паста (најдоцна кога веќе не
се формираат капки од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Небоените пластични делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.
Деловите од каросеријата што се
во мат боја и обложени со филм
или декоративни ленти не смее дасе полираат за да се избегне
сјајност. Во автоматски перални за возила не користете програми со
топол восок ако возилото ги содржи
овие делови.
Мат обоените декоративни делови,
на пр. прекривките за ретровизори, не смее да се полираат. Во
спротивно, овие делови ќе блештат или ќе се растопи бојата.
Прозорци и четкички на
бришачите на шофершајбната
Исклучете ги бришачите пред да
пристапите до нивните области.
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
Page 253 of 281
Нега на возилото251цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Отстранете ги наслагите
нечистотија од замачкувачките
бришачи со мека крпа и средство
за чистење прозорци. Внимавајте и
да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.
Оштетување на бојата Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.Подвозје
Некои предели на подвозјето на
возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
восок ако е потребно.
Битуменски / гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
чиста вода и мека крпа. Доколку е
многу извалкан, користете
средство за чистење кожа.
Таблата со инструменти и
екраните треба да се чистат само
со употреба на мека, влажна крпа.
Ако е потребно, користете слаб раствор на сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
Page 254 of 281
252Нега на возилотона тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 255 of 281
Сервисирање и одржување253Сервисирање и
одржувањеОпшти информации .................253
Сервисни информации ..........253
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 255
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..255Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за возилото е достапен
кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 103.
Идентификација на моторот
3 258.
Европски сервисни интервали -
освен за Автобуси
Постои потреба од одржување на
возилото на секои 40 000 км или по
две години, што и да се случи прво, освен ако не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Покус сервисен период може да
важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.Европски сервисни интервали -
само за Автобуси
Постои потреба од одржување на
возилото на секои 30 000 км или по една година, што и да се случи
прво, освен ако не е поинаку
означено на екранот за
сервисирање.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:
Андора, Австрија, Белгија,
Хрватска, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Унгарија, Исланд, Ирска,
Италија, Летонија, Лихтенштајн,
Литванија, Луксембург, Холандија,
Норвешка, Полска, Португалија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединетото Кралство.
Page 256 of 281
254Сервисирање и одржувањеМеѓународни сервисни
периоди
Албанија, Босна и Херцеговина,
Косово, Македонија, Црна Гора,
Србија, Романија, Бугарија,
Молдавија, Кипар:
Постои потреба од одржување на возилото на секои 30 000 км или по
две години, што и да се случи прво, освен ако не е поинаку означено на екранот за сервисирање.
Турција, Мароко:
Постои потреба од одржување на возилото на секои 20 000 км или по
една година, што и да се случи
прво, освен ако не е поинаку
означено на екранот за
сервисирање.
Русија, Украина, Белорусија,
Казахстан, Малта:
Постои потреба од одржување на
возилото на секои 15 000 км или по
една година, што и да се случи
прво, освен ако не е поинаку
означено на екранот за
сервисирање.Алжир, Тунис:
Постои потреба од одржување на возилото на секои 10 000 км или по една година, што и да се случи
прво, освен ако не е поинаку
означено на екранот за
сервисирање.
Тешки услови за работа постојат ако често се случуваат една или
неколку од следниве околности:
Ладно стартување, тргнување и
застанување, влечење приколка,
возење по планински терен,
возење на лоша или песоклива
подлога, зголемено загадување на
воздухот, присуство на песок и
големо количество прашина во
воздухот, возење на голема
надморска висина и големи
промени на температурата. Во
овие тешки услови за работа,
можеби ќе биде потребно
сервисирање на одредени делови
почесто од редовниот сервисен
период.Потврдувања
Потврдата на сервисирањето се евидентира во сервисна и гарантна книшка. Датумот и километражата
се дополнува со печат и подпис на
работилницата на сервисирањето.
Проверете дека сервисната и
гарантна книшка е пополнета
исправно бидејќи постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако треба да се исполни
каква било рекламација или
добронамерно барање, а корисно е и при продавањето на возилото.
Екран за сервисирање
Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Екранот за сервисирање, сместен
во Информативниот центар за
возачот, означува кога треба да се направи следниот сервис.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Екран за сервисирање 3 103.
Контрола на нивото на моторното масло 3 103.
Page 257 of 281
Сервисирање и одржување255Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности и средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозитет дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на моторните масла што овозможува
оптимална заштита за дизел
моторите. Ако не е достапно, мора
да се користат моторни масла од
другите наброени квалитети.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 259.
Дотурање моторно маслоВнимание
Ако се истури масло, избришете го и фрлете го правилно.
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 259.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.
Повеќекласното масло се означува
со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W, ја означува вискозноста при ниски
температури, а втората бројка ја означува вискозноста при високи
температури.
Page 258 of 281
256Сервисирање и одржувањеИзберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 259.
Сите препорачани степени на
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и антифриз
Користете само долготраен
антифриз (LLC) без силикати
одобрен за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот e фабрички наполнет со
течност за ладење предвидена за
одлична заштита од корозија и
заштита од замрзнување до околу
-28 °C. Оваа концентрација треба
да се одржува во текот на целата
година. Употребата на
дополнителни адитиви за течноста
за ладење кои се предвидени да
дадат дополнителна заштита од
корозија или изолација против
помали протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат одупотребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за миење Користете само течност за миење
што е одобрена за возилото за да спречите оштетување на
бришачите, бојата, пластичните и гумените делови. Посоветувајте се
со автомеханичар.
Течност за сопирачките Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
AdBlue Користете само AdBlue занамалување на азотните оксиди во издувните емисии 3 163.
Page 259 of 281
Технички податоци257Технички податоциИдентификација на возилото..257
Идентификациски број на возилото ................................ 257
Идентификациска табличка ..258
Идентификација на моторот . 259
Податоци за возилото .............259
Препорачани течности и средства за подмачкување ..259
Зафатнини .............................. 260
Притисоци во гумите .............260Идентификација на
возилото
Идентификациски број на возилото
Идентификацискиот број на
возилото (VIN) се гледа преку
шофершајбната.
VIN е прикажан и зад пластичниот
капак што се вади на предниот
десен праг на вратата. Откачете ги капаците со плосната одвртка за да пристапите.
Page 260 of 281
258Технички податоциИдентификацискатабличка
Идентификациската табличка се
наоѓа на столбот на десната врата.
Информации на
идентификациската табличка:1:име на производителот2:број на одобрение на типот3:идентификациски број на
возилото4:дозволена бруто тежина на
возилото во кг5:дозволена бруто влечна
тежина во кг6:најголема дозволена
оптовареност на предната
оска во кг7:најголема дозволена
оптовареност на задната оска во кг8:тип на моторот9:код за идентификација на
моторот10:број на производството11:код за бојата на возилото
Забелешка
Идентификациската табличка на
Вашето возило може да се
разликува од прикажаната
илустрација.
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото. На пример,
ако предната оска ја носи
максимално дозволената
оптовареност, задната оска смее
да носи само товар што е еднаков на бруто тежината на возилото
минус оптовареноста на предната
оска.
Максималната тежина на возилото
зависи од спецификациите на
возилото, на пример, изборната
опрема и додатоците. Видете во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со возилото или во
другите национални документи за
регистрација.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.