OPEL MOVANO_B 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2019Pages: 281, PDF Size: 6.46 MB
Page 211 of 281

Нега на возилото209Акумулатор
Клемата за палење со кабли се наоѓа во просторот за моторот.
Палење со кабли 3 245.
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Контролната сијаличка p
светнува ако има дефект на
системот за полнење. Запрете,
исклучете го моторот и побарајте помош од автомеханичар.
Систем за полнење 3 109.Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.9 Опасност
Уверете се дека палењето е
целосно исклучено (возилото не смее да биде во Autostop), пред
да го поврзете или исклучите акумулаторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 130.
Пристап до акумулаторот
Акумулаторот се наоѓа, зад плоча
во прагот на предната лева врата.
Извадете ја плочата за пристап кон акумулаторот.
Замена на акумулаторот Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Побарајте помош од
автомеханичар за да ви го заменат
акумулаторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.
Page 212 of 281

210Нега на возилотоПолнење на акумулаторот9Предупредување
Кај возила со систем за
сопирање-поаѓање, уверете се
дека потенцијалот на
полнењето не надминува
14,6 V кога се користи полнач за батерија. Во спротивно, може да
се оштети батеријата на
возилото.
9 Опасност
Обезбедете соодветно
проветрување кога го полните акумулаторот. Постои ризик одексплозија ако гасовите што се
произведуваат за време на
полнењето се остават да се
насоберат!
Палење со кабли 3 245.
Етикета за предупредување
Значење на симболите:
● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Во близина на акумулаторот може да има експлозивен гас.
Дополнителен акумулатор
Во зависност од помошната
опрема на возилото, одредени
модели може да имаат
дополнителен акумулатор
монтиран под десното предно
седиште.
Page 213 of 281

Нега на возилото211Забелешка
Дополнителниот акумулатор
автоматски се поврзува со
главниот акумулатор на возилото
само кога моторот работи. Нема
потреба рачно да го исклучувате
пред да го исклучите главниот
акумулатор на возилото или пред да го палите возилото со кабли.
Терминалите се направени за дополнителни електрични
потрошувачи до максимум 50 A.
Палење со кабли 3 245.
Филтер за дизел горивоИсцедете ја наталожената вода од
филтерот за дизел гориво при
секое менување на моторното масло.
Ставете сад под куќиштето на
филтерот. Олабавете ги
избраздените шрафови на капакот
на филтерот и на долниот дел од
филтерот со приближно едно
вртење за да ја исцедите водата.
Филтерот е исцеден штом дизел
горивото ќе се појави од
избраздениот шраф одоздола.
Стегнете ги двата шрафа
повторно.
Проверувајте го филтерот за дизел гориво почесто ако возилото е
изложено на екстремни работни
услови.Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот за гориво се
испразнил докрај, ќе треба да се
проветри или исцеди системот за
дизел гориво.
Page 214 of 281

212Нега на возилотоНаполнете го резервоарот со
гориво и постапете на следниот
начин:
1. Ставете соодветен сад под шрафот за испуштање на
филтерот за гориво за да се
собере горивото.
2. Разлабавете го шрафот за испуштање (означен со
стрелка) со едно вртење.
3. Рачно ракувајте со вградената пумпа за снабдување полека и
рамномерно додека во
горивото коешто излегува преку разлабавениот шраф за
испуштање нема воздушни
меури.
4. Затегнете го шрафот за испуштање повторно.
Со возила без вградена пумпа за
снабдување, наполнете го
резервоарот со гориво и постапете на следниот начин:Внимание
Не вртете го клучот за палење
во положба 3 пред да почне
постапката за цедење.
Положби на прекинувачот за
палење 3 152.
1. Свртете го клучот за палење во
положба 2 и задржете го
5 секунди.
2. Свртете го клучот во положба 1 и почекајте 3 секунди.
3. Повторете ги чекорите 1 и 2 повеќе пати.
4. Свртете го клучот во положба 3, па вратете го во 0.
Ако моторот не може да се запали
по повеќе обиди за цедење на
системот за дизел гориво,
побарајте помош од
автомеханичар.
Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Ако е потребно, користете го
прекинувачот под предните
фарови за да стигнете до
бришачот за шофершајбната.
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете ја спојката за држење
кон рачката на бришачот и
откачете ја четкичката на
бришачот.
Page 215 of 281

Нега на возилото213Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на
рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.Замена на сијалиците
Уверете се дека палењето е
целосно исклучено (возилото не
смее да биде во Autostop 3 155 ), па
исклучете го соодветниот
прекинувач или затворете ги
вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користете го само истиот вид на
сијалица за замена.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Вршење работа 3 203.Предни фарови
Предните фарови имаат посебни
системи за долго светло 1 и средно
светло 2.
Page 216 of 281

214Нега на возилотоДолго светло
1. Извадете го заштитниот капакна предните фарови.
2. Одвојте го кабел штекерот од фасонката.
3. Ослободете ја спојката со пружина и повлечете ја
фасонката од куќиштето на
фарот.
4. Извадете ја сијаличката од фасонката и сменете ја за нова.
5. Ставете ја фасонката во куќиштето фарот.
6. Прицврстете ја со спојката со пружина и прицврстете го кабел
штекерот на фасонката.
7. Ставете го заштитниот капак на
предниот фар.
Средно светло
1. Извадете го заштитниот капак на предните фарови.
2. Одвојте го кабел штекерот од фасонката.
3. Завртете го држачот на сијалицата обратно од правец
на стрелките на часовникот за
да се ослободи.
4. Извлечете го држачот на сијалицата од куќиштето на
рефлекторот.
Page 217 of 281

Нега на возилото215
5. Извадете ја сијаличката одфасонката и сменете ја за нова.
6. Вметнете го држачот на сијалицата, заглавувајќи ги
двете држалки во куќиштето на
рефлекторот и завртете го во
насоката на стрелките на
часовникот за да се прицврсти.
7. Поврзете го кабел штекерот со сијалицата.
8. Ставете го заштитниот капак на
предниот фар.
Странични светла
1. Извадете го заштитниот капак.
2. Одвојте го кабел штекерот од фасонката.
3. Завртете го држачот на сијалицата обратно од правец
на стрелките на часовникот за
да се ослободи.
4. Извлечете го држачот на сијалицата од куќиштето на
рефлекторот.
5. Извадете ја сијаличката од фасонката и сменете ја за нова.
6. Вметнете го држачот на сијалицата, заглавувајќи ги
двете држалки во куќиштето на
рефлекторот и завртете го во
насоката на стрелките на
часовникот за да се прицврсти.
7. Поврзете го кабел штекерот со сијалицата.
8. Монтирајте го заштитниот капак.
Page 218 of 281

216Нега на возилотоСветло за вртење под кривини
Предните фарови имаат посебни
системи за долго светло 1 и средно
светло 2. Светлото за вртење под
кривини 3 се наоѓа помеѓу
предните фарови.
1. Извадете го заштитниот капак.
2. Одвојте го кабел штекерот од фасонката.
3. Завртете го држачот на сијалицата обратно од правец
на стрелките на часовникот за
да се ослободи.
4. Извлечете го држачот на сијалицата од куќиштето на
рефлекторот.
5. Извадете ја сијаличката од фасонката и сменете ја за нова.
6. Вметнете го држачот на сијалицата, заглавувајќи ги
двете држалки во куќиштето на
рефлекторот и завртете го во
насоката на стрелките на
часовникот за да се прицврсти.
7. Поврзете го кабел штекерот со сијалицата.
8. Монтирајте го заштитниот капак.
Предни фарови за магла
Треба светилките за предниот фар
за магла да ги замени
автомеханичар.
Предни трепкачи
1. Извадете го заштитниот капак.
2. Одвојте го кабел штекерот од фасонката.
3. Завртете го држачот на сијалицата обратно од правец
на стрелките на часовникот за
да се ослободи.
Page 219 of 281

Нега на возилото2174. Извлечете го држачот насијалицата од куќиштето на
рефлекторот.
5. Извадете ја сијаличката од фасонката и сменете ја за нова.
6. Вметнете го држачот на сијалицата, заглавувајќи ги
двете држалки во куќиштето на
рефлекторот и завртете го во
насоката на стрелките на
часовникот за да се прицврсти.
7. Поврзете го кабел штекерот со сијалицата.
8. Монтирајте го заштитниот капак.
Задни светла
Трепкач, задно стоп-светло,
светло за рикверц, заден фар
за магла
1. Извадете ја горната и долната украсна облога од задниот
столб.
2. Отшрафете ги двете навртки од
игличките за фиксирање на
задната страна од комплетот на
светлото.
3. Извлечете го комплетот на светлото наназад од
надворешната страна.
4. Одвојте го кабел штекерот од комплетот на светлото.
5. Извадете ги трите шрафа одзадната страна на комплетот насветлото.
6. Извадете го држачот на сијалицата од комплетот на
светлото.
Page 220 of 281

218Нега на возилото
7. Притснете ја ламбата лесно волежиштето, свртете ја налево,
извадете ја и ставете нова
ламба.
Трепкач ( 1)
Задно и стоп-светло ( 2)
Светло за рикверц ( 3)
Заден фар за магла, може да
има само на едната страна ( 4)
8. Вратете го држачот на сијалицата во комплетот на
светлото.
9. Вратете ги трите шрафа на задната страна на комплетот насветлото.
10. Повторно закачете го кабел штекерот за комплетот на
светлото.
11. Од надворешната страна вратете го комплетот на
светлото во оригиналната
положба, уверувајќи се дека е
правилно легнат.
12. Вратете ги двете навртки врз игличките за фиксирање на
задната страна од комплетот на
светлото.
13. Ставете ја горната и долната украсна облога на задниот
столб.Кру кеб, шаси кебТрепкач, задно стоп-светло, светло за рикверц, заден фар за магла
1. Отстранете ги четирите завртки
од објективот.
2. Отстранете го објективот од отворот.