OPEL VIVARO 2014 Сопственички прирачник
Page 91 of 195
Светла89СветлаНадворешни светла...................89
Внатрешно светло .....................93
Карактеристики на осветлувањето ........................... 94Надворешни светла
Прекинувач за светлата
Прекинувач за светлата:
7=Исклучено0=Странични светла9P=Предни фарови
Контролна сијаличка за долго
светло P 3 83.
Контролна сијаличка за средно
светло 9 3 83.
Автоматска контрола на
светлата
Кога функцијата за автоматска
контрола на светлата е активирана
и работи моторот, системот се
префрлува помеѓу светлата за
дневно возење и предните фарови,
во зависност од светлосните
услови.
Активирање: 1. Вклучете го палењето.
2. Свртете го прекинувачот на светлата на 0 и вратете го
на 7.
Page 92 of 195
90Светла
3. Повторете го чекорот 2 во рокод околу 5 секунди.
4. За потврдување се огласува двоен звучен сигнал.
Повторете ја постапката за
деактивирање.
Од безбедносни причини,
препорачливо е да се активира
функцијата за автоматска контрола
на светлата.
Светла за дневно возење
Светлата за дневно возење ја
зголемуваат видливоста на
возилото при дневна светлина.
Светлата работат автоматски кога
е вклучено палењето.
Автоматско активирање напредните фарови
При лоши светлосни услови
предните фарови се вклучуваат.Долго светло
За менување помеѓу средното и
долгото светло, повлечете ја
рачката додека не се почувствува
штракање.
Аблендирање
За да се активира аблендирањето повлечете го лостот.
Регулирање на
височината на фаровите
Рачно регулирање на
височината на фаровите
Дотерајте го досегот на фаровите
така да и одговора на
оптовареноста на возилото за да
се спречи заслепувањето на
сообраќајот што се движи од
спротивната насока.
Page 93 of 195
Светла91
Свртете го избразденото тркалце
во саканата положба:0=Нема товар4=Оптоварено до дозволената
максимална тежина
Предните фарови кога се
вози во странство Снопот на несиметричните предн
светла ја зголемува видливоста на
работ на патот од страната на
совозачот.
Меѓутоа, кога возите во држави
каде што сообраќајот се одвива на
спротивната страна на патот,
дотерајте ги предните фарови да
се спречи заслепувањето на
сообраќајот од спротивната
насока.
Нека Ви ги намести предните
фарови автомеханичар.
Предупредувачки
трепкачи
Со нив се ракува со копчето ¨.
Трепкачи за вртење и
менување лентиРачката угоре=десен трепкачРачката удолу=лев трепкач
Кога воланот ќе се сврти назад,
рачката автоматски се враќа во
својата првобитна положба и
трепкачите се деактивираат. Тоа нема да се случи кога се правипомала маневра за вртење, како на
пример менување ленти.
Page 94 of 195
92Светла
Кога менувате ленти, помрднете ја
рачката малку до првата сопирна
точка. Кога се отпушта, рачката ќе
скокне назад.
Ако рачката се помрдне преку
првата сопирна точка, трепкачот е
вклучен постојано. Исклучете ги
трепкачите рачно со поместување
на рачката во првобитната
положба.
Предни фарови за магла
Свртете го внатрешниот
прекинувач во положбата >.
Предните фарови за магла ќе
работат само кога палењето и
предните фарови се вклучени.
Заден фар за магла
Свртете го внатрешниот
прекинувач во положбата >r.
Задниот фар за магла се пали
заедно со предните фарови за
магла и ќе работат само кога
палењето и предните фарови се
вклучени.
Светло за рикверц
Светлата за рикверц се палат кога палењето е вклучено и се става во
рикверц.Замаглени капаци на
светлата
Внатрешноста на капаците на
светлата може накратко да се
замаглат при лоши, влажни и
студени временски услови, при
голем дожд или по миење.
Замагленоста исчезнува брзо,
сама од себе – вклучете ги
светлата за да исчезне побрзо.
Page 95 of 195
Светла93Внатрешно светло
Внатрешни светла
Зависно од возилото, со
внатрешните светла може да се
ракува со прекинувач или со
навалување на леќите во една од
3-те положби, на пр.:
■ Вклучување
■ Внатрешни светла
■ Исклучување
Кога прекинувачот или леќите се во
средишната положба, светлото
функционира како внатрешно
светло и свети кога ќе се отворат
предните врати.
Кога се затворени предните врати,
внатрешното светло се гаси по
околу 20 секунди или веднаш
откако ќе се вклучи палењето.
Светло во товарниот
простор Светлото во товарниот простор
може да се постави да свети кога
се отворени страничните и задните врати, или да биде вклучено
постојано.
Работи со навалување на леќата во една од 3-те положби, на пр.:
■ Вклучување
■ Контролирано со функцијата на предното внатрешно светло
■ Исклучување
Кога предното внатрешно светло
функционира како внатрешно
светло, поместете ги леќите на
светлото во товарниот простор во
средишната положба; светлото во
товарниот простор функционира
како внатрешно светло и свети и
кога се отворени страничните или
задните врати.
Page 96 of 195
94Светла
Кога се затворени вратите,
внатрешното светло се гаси по
околу 20 секунди или веднаш
откако ќе се вклучи палењето.
Светла за читање Посебно светло за совозачката
страна може да се наоѓа покрај
предното внатрешно светло. Со
него се ракува со прекинувачот.Карактеристики на
осветлувањето
Осветлување при
излегување
Предните фарови се палат околу
30 секунди откако ќе се паркира
возилото и системот ќе се
активира.
Активирање 1. Исклучете го палењето.
2. Извадете го клучот за палење.
3. Отворете ја возачката врата.
4. Повлечете ја рачката за трепкачите кон воланот.
Овој потег може да се повторува
најмногу четири пати за
максимално времетраење од
2 минути.
Осветлувањето веднаш се
исклучува со вклучување на
палењето или со вртење на
прекинувачот за светлата.
Page 97 of 195
Контрола на климатизацијата95Контрола на
климатизацијатаСистеми за контрола на
климатизацијата .........................95
Отвори за проветрување ......... 102
Одржување ............................... 104Системи за контрола
на климатизацијата
Систем за греење и
проветрување
Контроли за: ■ Температурата
■ Брзината на вентилаторот
■ Распределба на воздухот
Греење на задното стакло Ü 3 34.
Температуратацрвено=топлосино=студено
Греењето нема да биде целосно
ефективно додека не ја достигне
нормалната работна температура
моторот.
Брзината на вентилаторот
Дотерајте го протокот на воздухот
со префрлување на вентлаторот
на саканата брзина.
Распределба на воздухот
M=кон пределот на главатаL=кон пределот на главата и
нозетеK=кон пределот на нозетеJ=кон шофершајбната,
прозорците на предните
врати и пределот на нозетеV=кон шофершајбната и
прозорците на предните
врати
Возможни се средни потавки.
Page 98 of 195
96Контрола на климатизацијата
Одмаглување и одмрзнувањена прозорците ■ Наместете ја контролата на температурата на најтопло ниво.
■ Наместете ја брзината на вентилаторот на највисоко ниво.
■ Контролата на распределбата на
воздухот наместете ја на V.
■ Вклучете го греењето на задното
стакло Ü.
■ Отворете ги страничните отвори за проветрување по потреба и
насочете ги кон прозорците на
вратите.
■ За истовремено греење на пределот на нозете, ставете го
прекинувачот за распределба на
воздухот на J.Систем за климатизација
Системот за вентилација и греење
уште има дополнително:
AC=ладење4=кружење на воздухот
Ладење (AC)
Со него се ракува со копчето AC и
функционира само кога моторот и
вентилаторот работат.
Системот за климатизација го лади
и суши воздухот кога
надворешната температура е
нешто над точката на смрзнување.
Затоа може да се формира
кондензација и да капи под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или сушење, исклучете го системот за
климатизација за да заштедите
гориво.
Систем за кружење на
воздухот 4
Со него се ракува со копчето 4.9Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може да се
замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
При топло и многу влажно време,
шофершајбната може да се
замагли однадвор кога ќе се
Page 99 of 195
Контрола на климатизацијата97
насочи ладен воздух кон неа. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, вклучете го бришачот на
шофершајбната и не користете ги
поставките за распределба на
воздухот J и V .
Максимално ладење
Накратко отворете ги прозорците
за да излези топлиот воздух брзо.
■ Ладењето AC е вклучено.
■ Системот за кружење на воздухот 4 е вклучен.
■ Контролата на распределбата на
воздухот наместете ја на M.
■ Наместете ја контролата на температурата на најстудено
ниво.
■ Наместете ја јачината на вентилаторот на највисоко ниво.
■ Отворете ги сите отвори за воздух.Заден систем за греење
Вентилаторот за греење на
задниот патнички простор го
потпомага протокот на возухот кон
задниот патнички простор преку
задните отвори за проветрување.
Забелешка
Верзија специфична за одделни
земји: Греењето ќе престане да
работи ако нивото на горивото на
возилото падне под 11 литри.
Ритамот на протокот на воздухот е
одреден од вентилаторот.
Температурата на воздухот се
контролира со употреба на
контролота за температурата на
таблата со инструменти.
Вентилаторот има 3 брзини:
0=исклучување3=голема брзина
Page 100 of 195
98Контрола на климатизацијатаСистем на задната
климатизација Системот на задната
климатизација се активира заедно
со системот за климатизација на
предниот патнички простор.
Прекинувач на задната
климатизација
Вентилаторот на задната
климатизација го потпомага
протокот на воздухот кон задниот
патнички простор преку задните
отвори за проветрување.
Вклучете го вентилаторот додека
работи системот за климатизација
за да може да се распредели
заладен и исушен воздух.
Ритамот на протокот на воздухот е одреден од вентилаторот.
Вентилаторот има 3 брзини:0=исклучување3=голема брзина
Дополнително греење
Грејач на течноста за ладење
Грејачот на средсдтвото за
ладење Eberspächer, којшто е
независен од моторот и работи на
гориво, овозможува брзо
загревање на средството за
ладење на моторот за да се
овозможи греење на внатрешноста на возилото кога моторот не
работи.
9 Предупредување
Не ракувајте со системот при
полнење гориво, кога има прав
или запаливи пареи или во
затворени простори (на пр. во
гаража).
Пред да го активирате или да го
програмирате системот да почне
со работа, свртете ја контролата на климатизацијата на греење и
распределбата на воздухот на V.
Исклучете ако не ви е потребно.
Греењето се исклучува автоматски по програмираниот период. Ќе
престане да работи и ако нивото на
горивото на возилото падне
прениско.
За време на работата се користи
струја од акумулаторот. Затоа,
времето на возење треба да биде
долго барем колку времето на
греење. При кратки патувања
редовно проверувајте го
акумулаторот и наполнете го ако е
потребно.