OPEL VIVARO 2014 Сопственички прирачник
Page 131 of 195
Возење и ракување129
Во случај на оптовареност на
приколката од 1200 кг или повеќе,
вертикалната оптовареност на
влечната спојка не смее да биде
помала од 50 кг.
Натоварување на задната
оска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено (вклучувајќи ги и сите
патници), дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) не смее да се надмине.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Чујно предупредување за
опремата за влечење Кај возилата опремени со опрема
за влечење кога истите се
приклучени до приколка, висината
на тонот на чујното
предупредување се менува при
ракување со трепкачите.
Висината на тонот на чујното
предупредување ќе се смени и ако
прегори светло на трепкачите од
приколката или влечното возило.
Page 132 of 195
130Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................130
Прверки на возилото ...............131
Замена на сијалиците ..............140
Електричен систем ..................145
Прирачен алат ......................... 148
Тркала и гуми ........................... 148
Влечење ................................... 160
Нега за изгледот ......................162Општи информации
Опреми и преиначувања
на возилото
Ја препорачуваме употребата на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на
возило. Не можеме да оцениме или гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Чување на возилото
Складирање за долго време Ако возилото има да се складира за повеќе месеци:
■ Измијте го и полирајте го возилото.
■ Нека Ви ја проверат заштитата со
восок во моторниот простор и
подвозје.
■ Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
■ Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
■ Сменете го моторното масло.
■ Исцедете го садот за течноста за
миење.
■ Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
■ Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определеназа полна натовареност.
Page 133 of 195
Нега на возилото131
■ Паркирајте го возилото на суво,добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или во
рикверц. Спречете го возилото
од тркалење.
■ Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
■ Отворете ја хаубата, затворете ги сите врати и заклучете го
возилото.
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр. системот
за тревожење при кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката на електричните прозорци.
■ Проверете го притисокот во гумите.
■ Наполнете го садот за течноста за миење.■ Проверете го нивото намоторното масло.
■ Проверете го новито на течноста
за ладење.
■ Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на
возилото на крајот од
работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страна. Доверете му ја
работава само на овластен центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење генерира
крајно високи волтажи. Не
допирајте ги.
За полесно препознавање,
капачињата за дотурање на
моторното масло, течноста за
ладење, течноста за миење и
рачката од прачката за мерење на
нивото на маслото се жолти.
Page 134 of 195
132Нега на возилотоХаубаОтворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Повлечете ја безбедносната спојка и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата, притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете ја
да падне во патент бравата.
Проверете дали хаубата е
заглавена.
Моторно масло Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 168.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде со работна температура и
изгаснат за најмалку 10 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Page 135 of 195
Нега на возилото133Внимание
Одговорност на сопственикот е
да го одржува соодветното ниво на квалитет на соодветното
масло во моторот.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Илустрациите ги покажуваат
проверувањето и дополнувањето
на моторното масло во
бензинските мотори и моторите на
дизел.
Кај F9Q мотори прачката е
монтирана на капачето за полнење
масло што треба да се заврти
обратно од правец на стрелките на часовникот за да се отвори.Кај моторите M9R завртете го
капачето обратно од правец на
стрелките на часовникот, извадете
ја прачката, исчистете ја со
бришење и повторно вметнете ја до каде што може да се стави.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката „add oil“ A,
дотурете моторно масло.
Внимание
Не дозволувајте нивото на
масло во моторот да се спушти
под минималното ниво!
Page 136 of 195
134Нега на возилото
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од ист вид коешто
беше употребено при последното
менување.
Нивото на моторното масло не смее да ја надмине ознаката замаксимум B на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
За да спречите истурање при
полнење моторно масло кај
моторите F9Q, користете ја инката
складирана во предниот дел од
моторниот простор.
За да ја ослободите инката,
кренете ја пластичната патент брава на инката и подигнете ја
угоре.Извадете ги капачињата и уверете
се дека инката е цврсто наместена
врз цевката за полнење.
Уверете се дека инката е вратена
цврсто заедно со двете наместени
крајни капачиња.
Потрошувачката на моторното
масло нема да се стабилизира
додека возилото не поминало
повеќе илјади километри. Дури
тогаш може да се утврди
фактичката мера на
потрошувачката.
Page 137 of 195
Нега на возилото135
Ако потрошувачката надминува
повеќе од 0,5 литри на 1000 км по
периодов на разработувањето,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Зафатнини 3 183, Контрола на
нивото на моторното масло 3 75.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Филтер за воздух
Сијаличка за протокот на
воздух во моторотКај одредени модели сијаличката
се наоѓа во системот за индукција на моторот и покажува дали е
ограничен доводот на воздух во
моторот.Слободен=Нема
ограничувањеЦрвен
симбол=Ограничен
Ако е прикажан црвениот симбол
кога моторот работи,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Ладилник Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување до околу -28 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладењеВнимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
нивото на течноста за ладење
треба да биде токму над ознаката
MIN . Дотурете ако нивото е ниско.
Page 138 of 195
136Нега на возилото9Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
Дотурете антифриз. Ако нема
антифриз на располагање,
користете чиста вода од чешма или дестилирана вода. Ставете го
капакот цврсто. Нека Ви ја провери концентрацијата на антифризот и
нека Ви ја отстрани причината на
губење на течноста за ладење
автомеханичар.
Ако е потребно значтелно
количество на течност за ладење,
ќе треба да се исцеди заглавениот
воздух од системот за ладење.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Ако температурата на течноста за
ладење е превисока, контролната
сијаличка W се пали црвено во
групата инструменти, заедно со C
3 82. Посоветувајте се со
автомеханичар ако нивото на
течноста за ладење е доволно.
Течност за серво
управување
Ако нивото на течноста во
резервоарот падне под ознаката
MIN , посоветувајте се со
автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Page 139 of 195
Нега на возилото137СопирачкиШкрипењето означува дека
поставите на пакните се изабени
до својата минимална дебелина.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Течноста за сопирачките мора да
биде меѓу ознаките MIN и MAX .
Кога дотурате, уверете се дека
течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките
може да доведе до неисправности
во системот на сопирачки. Нека Ви ја отстрани причината на губењето
на течноста за сопирачките
автомеханичар.
Користете течност за сопирачките
само со високи перформанси
одобрена за Вашето возило.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 168.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Кратки возења и
чести палења на моторот можат да
го испразнат акумулаторот.
Избегнувајте ја употребата на
непотребни електрични
потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото за
подолго од 4 недели може да
доведе до празнење на
Page 140 of 195
138Нега на возилото
акумулаторот. Откачете го
негативниот пол од акумулаторот
на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Пристап до акумулаторот
Акумулаторот се наоѓа под
облогата на подот кај предното
лево седиште 3 157.
Предупредувачки натписЗначење на симболите: ■ Без искри, отворени огнови или пушење.
■ Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
■ Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
■ Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може да
предизвика слепило или тешки
изгореници.
■ Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
■ Можно е присуство на експлозивен гас во близина на
акумулаторот.
Одржување на акумулаторот9 Опасност
Обезбедете соодветно
проветрување кога го полните акумулаторот. Постои ризик од
експлозија ако гасовите што се
произведуваат за време на
полнењето се остават да се
насоберат!
Замена на акумулаторот
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Дополнителен акумулатор Зависно од помошните опреми на
возилото, извесни модели може да
имаат дополнителен акумулатор
сместен до акумулаторот на
возилото.