OPEL VIVARO B 2015.5 Прирачник за инфозабавата
Page 61 of 169
ЦД-уред61
Произволна репродукција
За време на репродукцијата на ЦД- то, притиснете го и држете го
бројченото копче 2 или 4 (од
копчињата за станици 1...6) за да ја
активирате произволната
репродукција.
MIX се појавува на екранот кога
произволната репродукција е
активна.
Забелешка
Кај ЦД со MP3, функцијата за
произволна репродукција важи
само за тековниот албум.
Притиснете го и држете го
бројченото копче 2 или 4 повторно
за да ја деактивирате.
MIX исчезнува од екранот.
Произволната репродукција може
да се деактивира и со исфрлување на ЦД-то.
Забелешка
Произволната репродукција не се деактивира кога аудио системот
се исклучува или изворот се
сменува.Паузирање
Накратко притиснете го вртливото
копче m, @ или двете копчиња ! и
# истовремено за да се прекине
репродукцијата на ЦД-то/ЦД-то со
MP3. Притиснете повторно за да
продолжи репродукцијата.
Функцијата за паузирање се
деактивира автоматски кога се
дотерува гласноста, се менува
изворот на звукот или се даваат
автоматски информативни пораки.
Прикажување на дополнителни
информации во текст (тескт за
ЦД-то или ID3 етикета)
По изборот на песна или албум,
притиснете го накратко TEXT или
бројченото копче 5 (од
копчињата за станици 1...6) за да
им пристапите на текстуалните
информации достапни на ЦД-то
(на пр. име на изведувачот, име на
албумот или наслов на песната).
За да се прикажат сите текстуални
информации одеднаш, држете го притиснато бројченото копче 5 или
TEXT .За да излезете од екранот,
притиснете го копчето /.
Вадење на ЦД
Притиснете го копчето d: ЦД-то се
турка нанадвор од процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото автоматски
ќе се повлече повторно назад по
неколку секунди.
CD35 BT - Користење на
ЦД-плеерот
Започнување репродукција од ЦД
Вклучете го Инфозабавниот
систем (со притискање на копчето
m ) и турнете го ЦД-то со
печатената страна нагоре во
отворот за ЦД додека не биде
вовлечено: Репродукцијата од ЦД-
то почнува автоматски.
Ако веќе има ЦД во уредот,
притискајте го копчето MEDIA
повеќе пати за да го изберете
саканиот извор на звукот:
Репродукцијата на ЦД-то почнува.
Page 62 of 169
62ЦД-уред
Забелешка
Во зависност од податоците
зачувани на аудио ЦД-то или на ЦД-то со МР3, на екранот ќе сеприкажат различни информации
за ЦД-то и за моменталната
музичка нумера.
Избирање на албум или песна
Вртете го средишното вртливо
копче за да изберете некој албум
или песна од листата.
Скокнување на следниот или
претходниот запис
Накратко притиснете го копчето
2 или 3 еднаш или повеќепати.
Брзо вртење напред или назад
Притиснете и држете го копчето
2 или 3 за брзо премотување
напред или назад на тековната
песна.
Произволна репродукција
Притиснете го копчето
SETUP / TEXT за да му пристапите
на изборникот за поставки.Вртете го средишното вртливо
копче за да изберете Audio settings
(поставки на звукот) и притиснете
го за да потврдите.
Изберете Random (произволно) и
притиснете го копчето за да
активирате.
Забелешка
На ЦД со MP3/WMA, функцијата
за произволна репродукција важи
за актуелниот албум, па поминува на следниот албум.
Паузирање
Накратко притиснете го вртливото
копче за гласност, @ или двете
копчиња ! и # истовремено за да
се прекине репродукцијата на ЦД-
то/ЦД-то со MP3. Притиснете
повторно за да продолжи
репродукцијата.
Функцијата за паузирање се
деактивира автоматски кога се
дотерува гласноста, се менува изворот на звукот или се даваат
автоматски информативни пораки.Прикажување на дополнителни
информации во текст (тескт за
ЦД-то или ID3 етикета)
Откако ќе изберете песна или
албум, притиснете го и држете го
копчето средишното вртливо копче за да им пристапите на
текстуалните информации
достапни на ЦД-то (на пр. име на
изведувачот, име на албумот или
наслов на песната).
За да излезете од екранот,
притиснете го копчето /.
Вадење на ЦД
Притиснете го копчето d: ЦД-то се
турка нанадвор од процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото автоматски
ќе се повлече повторно назад по
неколку секунди.
Page 63 of 169
AUX приклучок63AUX приклучокОпшти информации...................63
Употреба ..................................... 63Општи информации
Достапен е приклучок AUX за
поврзување на надворешни извори на звук.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Можно е, на пример, на
приклучокот AUX да се поврзе
преносен ЦД-плеер со машки
приклучок од 3,5 мм.
Употреба
Со извор на звук што е поврзан со
AUX приклучок може да се ракува само преку контролите на аудио
изворот, т.е. не преку
Инфозабавниот систем. Само
тогаш одбирајте записи
непосредно од изворот на звукот
кога возилото е во мирување.Внимание
Пред поврзување или
исклучување на помошен уред,
на пр. пренослив ЦД-плеер,
исклучете го плеерот и
Инфозабавниот систем за да се избегнат проблеми со
квалитетот и можно
оштетување на опремата.
При поврзување преку машки
приклучок, системот го открива
изворот на звукот автоматски.
Зависно од гласноста на
снимањето, може да има доцнење
пред да се слушне изворот на
звукот.
Page 64 of 169
64AUX приклучок
Изведувачот или името на
нумерата не се прикажани на
екранот.
Забелешка
Обезбедете дека дополнителниот уред е безбедно сместен во текот на возењето. Патниците може да
се повредат од исфрлени
предмети во случај на нагло
сопирање, ненадејна промена на
правецот или незгода.
R15 BT USB,R16 BT USB,
CD16 BT USB, CD18 BT USB - Употреба на влезот AUX
Притиснете го копчето MEDIA или
AUDIO/SOURCE за да го смените
изворот на звук во режим AUX,
потоа префрлете на помошниот уред, AUX се појавува на екранот.
Поставки за AUX
Притиснете го копчето SETUP за
да му пристапите на изборникот за поставки.Изберете AUX IN и вртете го
вртливото копче OK додека не се
избере саканата поставка од:
■ HI (300 mV)
■ MID (600 mV)
■ LO (1200 mV)
CD35 BT USB - Употреба на
влезот AUX
Притиснете го копчето MEDIA за да
го активирате режимот AUX, потоа
префрлете на помошниот уред,
Jack (приклучок) се појавува на
екранот.
NAVI 50 - Употреба на влезот
AUX За пристапување до изборникот на
медиуми во било кое време,
притиснете го копчето Почеток ; и
потоа МЕДИУМИ на екранот за
прикажување.За избирање помеѓу
дополнителните извори
притиснете S во горниот лев агол.
Следните опции се достапни:
■ USB : Видете во (NAVI 50) "USB
приклучок" 3 66.
■ iPod : Видете во (NAVI 50) "USB
приклучок" 3 66.
■ BT : Видете во (NAVI 50) "Музика
Bluetooth" 3 70.
■ AUX : Изберете за да го смените
изворот на звук во режим AUX,
потоа префрлете на помошниот уред.
NAVI 80 - Употреба на влезот
AUX
Сменете го изворот на звук во
режим AUX за да се репродуцира
содржината од приклучениот
дополнителен уред.
За да пристапите до изборникот на медиуми од почетната страница,
притиснете ИЗБОРНИК, потоа
Мултимедија и потоа Медиуми на
екранот за прикажување.
Page 65 of 169
AUX приклучок65
Притиснете < за да отворите
појавен изборник. Следните опции се достапни:
■ Дополнителен приклучок :
Сменете го изворот на звук во
режим AUX, потоа префрлете на
помошниот уред.
■ USB : Видете во (NAVI 80) "USB
приклучок" 3 66
■ Поврзување Bluetooth: Видете во
(NAVI 80) "Музика Bluetooth"
3 70
■ SD-картичка
■ ЦД плеер
Page 66 of 169
66USB приклучокUSB приклучокОпшти информации...................66
Репродукција на зачувани
аудио папки ................................ 67Општи информации
Во Инфозабавната единица (или
во централната конзола) има USB
приклучок за поврзување
надворешни извори на звукот.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Плеер на MP3, USB уред или iPod
може да се приклучи кон USB
портот.
Со тие уреди се ракува преку
контролите и изборниците на
Инфозабавниот систем.
Важни информацииMP3 плеер / USB единици ■ Приклучените MP3 плеери и USB
единици треба да ја исполнат
спецификацијата за Класата за масовно чување со USB (USB
Mass Storage Class specification)
(USB MSC).
■ Поддржани се само MP3-плеери и USB-единици со големина на
сектор од 512 бајти и со големина на кластер помала или еднаква
на 32 килобајти во систем за
датотеки FAT32.
■ Единиците со тврд диск (HDD) не
се поддржуваат.
■ Следните ограничувања важат за податоците зачувани на MP3
плеер или USB уред:
Може да се читаат само датотеки МР3, WMA и ACC 1)
датотеки, а
сите други компресирани1) Не со NAVI 50, NAVI 80.
Page 67 of 169
USB приклучок67
датотеки не може да се
репродуцираат.
Максимална длабочина на
структурата на папката:
11 нивоа.
Максимален број датотеки што
може да се зачуваат:
1000 датотеки.
Датотеките WMA со Digital Rights
Management (Управување со
дигитални права) (DRM) од
онлајн музичките продавници
можеби нема да се
репродуцираат правилно или воопшто нема да се
репродуцираат.
Применливи проширувања на
списоците со
репродукции: .m3u, .pls.
Внесувањата на списокот со
репродукции треба да бидат во
обликот на споените патеки.Репродукција на
зачувани аудио папки Штом е поврзан, единствено е
можно да се користат контролите и изборниците на Инфозабавниот
систем за ракување со аудио
уредот.
R15 BT USB, R16 BT USB, CD16 BT USB, CD18 BT USB -
Репродукција на музика
преку USB приклучок
MP3-плеер / iPod / USB-мемории
Системот го открива аудио уредот
кога се поврзува уред USB и
автоматски се прикажува
моменталниот запис.
Кога ќе се поврзе нов аудио уредот,
првиот запис од првата папка се
пушта автоматски. Кога повторно го поврзувате уредот, продолжува
претходно пуштениот запис.Зависно од приклучениот аудио
уредот, изберете папка (MP3
плеер, USB единица) или листа на
репродукции (пренослив
дигитален плеер на музика).
Ракувањето со изворите на
податоци приклучени преку USB е
генерално исто како и за аудио/
MP3/WMA ЦД 3 60.
Избор на запис
За да изберете запис директно (и
да менувате папки), првин
пристапете до изборничката
структура на аудио уредот со
притискање на вртливото копче
OK за време на репродукцијата.
Бирајте записи и менувајте папки
со вртење и притискање на
копчето.
CD35 BT USB - Пуштање
музика преку приклучок за
USB
MP3-плеер / iPod / USB-мемории
Системот го открива аудио уредот
кога се поврзува уред USB и
автоматски се репродуцира првиот
Page 68 of 169
68USB приклучок
запис во првата папка. Кога
повторно го поврзувате уредот,
продолжува претходно пуштениот
запис.
Зависно од приклучениот аудио
уредот, изберете папка (MP3
плеер, USB единица) или листа на репродукции (пренослив
дигитален плеер на музика).
Ракувањето со изворите на
податоци приклучени преку USB е
генерално исто како и за аудио/
MP3/WMA ЦД 3 60.
Избор на запис
За директно бирање записи (и
менување папки), првин
пристапете до изборничката
структура на аудио уредот со
притискање на средишното
вртливо копче за време на
репродукцијата (со iPod, вртете го
копчето за пристап до изборникот).
Бирајте записи и менувајте папки
со вртење и притискање на
копчето.NAVI 50 - Репродукција на
музика преку приклучок за
USB
MP3-плеер / iPod / USB-мемории
Системот го открива аудио уредот
кога се поврзува уред USB и
автоматски се прикажува
моменталниот запис.
Кога изборникот МЕДИУМИ е
активен, следните подизборници се достапни:
■ Плеер
■ Список
■ Опции
За менување помеѓу аудио
изворите, притиснете S на горниот
лев агол. Следните опции се
достапни:
■ USB : Изберете за промена на
аудио изворот во USB начин.
■ iPod : Изберете за промена на
аудио изворот во USB начин.■ BT : Видете во NAVI 50 "Музика
Bluetooth" 3 70.
■ AUX : Видете во NAVI 50 "Влез
AUX" 3 63.Плеер
Притиснете за прикажување на
моменталниот запис. На овој екран
достапни се следните опции:
■ l (притиснете за преминување
на претходен запис, притиснете
и задржете за брзо назад)
■ =/l (притиснете за
репродукција/пауза)
■ m (притиснете за преминување
на следен запис, притиснете и
задржете за брзо напред)Список
Се прикажува список на записите
од моменталниот албум/папка.
Притиснете на одреден запис за
директна репродукција.
Page 69 of 169
USB приклучок69
Забелешка
По правило, албумите се распоредени по азбучен
редослед.
Ако се поврза USB уред, сите
папки ќе бидат на истото ниво на
стеблестата структура.
За да се вратите на претходното
ниво на стеблестата структура на
папката, притиснете ò.Опции
Притиснете за прикажување на
следните опции:
■ Повторување (Исклучување/
Запис/Папка/Сите)
■ Мешање (Вклучено/Исклучено)
NAVI 80 - Репродукција на
музика преку приклучок за
USB
MP3 плеер / USB единици
Променете го аудио изворот во
USB начин за репродуцирање
датотеки од поврзан USB уред.
За да пристапите до изборникот на медиуми од почетната страница,
притиснете ИЗБОРНИК, потоа
Мултимедија и потоа Медиуми на
екранот за прикажување.
Притиснете < за да отворите
појавен изборник. Следните опции
се достапни:
■ USB : Промена на аудио изворот
во USB начин.
■ Дополнителен приклучок :
Видете во NAVI 80 "Влез AUX" 3 63.
■ Поврзување Bluetooth: Видете во
NAVI 80 "Музика Bluetooth"
3 70.
■ SD-картичка
■ ЦД плеер : Видете во NAVI 80
"Влез AUX" 3 63.
Кога е избран USB начинот,
екранот ги вклучува следните
опции:
■ t или v: Преминување на
претходен/следен запис
■ =: Паузирање запис■ Лизгачка лента за изминато
време: Движење низ записи
■ Нов избор : Избирање друг запис
од поврзаниот аудио извор
■ Моментален список за
репродукција : Пристапување на
моменталниот список за
репродукција
■ r : Врати се на претходниот
приказ
■ <: Отварање појавен изборник;
За промена на аудио изворот или
пристап на поставките за записи(на пр. вклучување/исклучување
мешање или повторување,
прикажување детали за
моментален запис и пристап до
поставки за звук).
Исклучување од приклучокот за USB
Репродукцијата се запира веднаш
кога аудио уредот ќе се извлече од
приклучокот за USB.
Page 70 of 169
70Музика BluetoothМузика BluetoothОпшти информации...................70
Ракување .................................... 70Општи информации
Помошните извори на звук со
вклучен Bluetooth (на пр. музички
мобилни телефони, МP3-плеери
итн.) што го поддржуваат
музичкиот протокол A2DP за
Bluetooth може да се поврзат
безжично со Инфозабавниот
систем.
Важни информации ■ Инфозабавниот систем се поврзува само со уреди Bluetoothшто го поддржуваат A2DP
(Advanced Audio Distribution
Profile - Напреден профил за
дистрибуција на звук). Може да
се појават проблеми со
поврзувањето со поранешните
верзии.
■ Уредот Bluetooth мора да поддржува AVRCP (Audio Video
Remote Control Profile - Профил
за далечинско управување со аудио-видео) верзија 1.0 или
понова. Ако уредот не гоподдржува AVRCP, преку
Инфозабавниот систем може да
се контролира само гласноста.
■ Пред да поврзете уред со Bluetooth со Инфозабавниот
систем, запознајте се со
инструкциите за работа за
функциите на Bluetooth.
Ракување
Предуслови Мора да се задоволат следнитепредуслови за да се контролира аудио уред со активиран Bluetoothпреку Инфозабавниот систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активирана.
Видете во "Поврзување
Bluetooth" во делот "Телефон"
3 143.
■ Функцијата Bluetooth на помошниот извор на звук со
активиран Bluetooth мора да е
активирана (видете ги
инструкциите за ракување со
аудио уреди).