OPEL VIVARO B 2015.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2015.5Pages: 169, PDF Size: 1.98 MB
Page 81 of 169

Навигација81НавигацијаОпшти информации...................81
Употреба ..................................... 86
Внесување дестинација ........... 107
Водење ..................................... 117
Преглед на симболите ............. 132Општи информации9 Предупредување
Системот за навигација е помош
за вашите навигациски
способности и не ги заменува
нив. Возете со должна грижа и
внимание и прифатете
безбедно, претпазливо
однесување.
Ако некое упатство од системот за навигација противречи на
сообраќајните прописи, секогаш
важат сообраќајните прописи.
Системот за навигација сигурно ќе
ве доведе до вашата избрана
дестинација без потреба од
физички патни карти.
Ако услугата Traffic info
(сообраќајни информации) е
достапна во вашата земја или
регион, моменталната сообраќајна
ситуација исто така се зема
предвид во пресметките за
маршрутата. Системот прима
сообраќајни пораки во актуелниот
предел на приемот.
За добивање на најновите
сообраќајни информации во
реално време, претплатете се на
институција за Услуги во живо
преку веб-страницата 1)
на
TomTom™ .
Функционирање на Системот за навигација
Положбата и движењето на
возилото се откриваат со
сензорите на Системот за
навигација.
Поминатото растојание го
одредува сигнал од брзиномерот
на возилото, а движењата со
вртење во свиоци ги одредува
жиросензор. Положбата се
одредува со сателити на GPS
(Глобален систем за
позиционирање).1) CD35 BT USB NAVI, NAVI 80.
Page 82 of 169

82Навигација
Преку споредување на овие
сигнали од сензорот со
дигиталните карти на Системот за
навигација, возможно е точно да се одреди положбата на возилото.
Кога возилото се употребува за
првпат или по патување на траект,
итн., системот ќе се наштелува
себеси. Затоа е нормално ако тој
не дава точно место додека
возилото не помине одредено
растојание.
По внесувањето на адресата на
дестинацијата или на точките од
интерес (најблиската бензинска
пумпа, хотел, итн.), маршрутата се
пресметува од актуелното место
до избраната дестинација.
Водењето низ маршрутата се
обезбедува со помош на гласовен
аутпут и екранот за прикажување.9 Предупредување
Подрачјата, како што се
еднонасочни улици и зони за
пешаци, не се обележани на
картата на системот за
навигација. Во таквите
подрачја, системот може да
даде предупредување кое мора
да се прифати. Затоа, обрнете
посебно внимание на
еднонасочните улици и другите
патишта и влезови во кои не
смее да се вози.
SD-картичка
(CD35 BT USB NAVI, NAVI 80)
Со Системот за навигација се дава и SD-картичка, и таа содржи, меѓу
другото, дигитална карта на
градовите и патиштата во вашата
земја.
По испораката на ново возило, има
најмногу 60 дена за бесплатно
ажурирање на дигиталната карта.
Откако ќе помине тоа време, се
наплаќа за ажурирањата на
картата.
Забелешка
За да избегнете можни технички
проблеми, користете само
соодветна SD-картичка за
работење и ажурирање на
системот за навигација. Не ја
внесувајте SD-картичката во друг уред (на пр. дигитален апарат,
мобилен телефон, итн.) или во
друго возило.
Инсталација на софверот
TomTom HOME™
За да ги ажурирате дигиталните
карти и за да имате придобивка од
ексклузивните услуги што може да
се преземаат, вклучувајќи ги
безбедносните и сообраќајните
известувања во реално време,
мора да се креира сметка на веб-
страницата TomTom™ и мора да се
инсталира бесплатниот софтвер
TomTom HOME™ .Креирање сметка
Креирајте ја вашата интернет
сметка TomTom™ преку веб-
страницата TomTom™. Изберете ја
на пр., опцијата Креирај сметка на
веб-страницата и внесете ги соодветните податоци.
Page 83 of 169

Навигација83
Инсталирање на софтверот
Вметнете ја SD-картичката во
читачот на картички на компјутерот (или во надворешен читач на
картички), додека сте приклучени на интернет. Инсталацијата на
софтверот почнува автоматски.
Следете ги инструкциите на
екранот за да го инсталирате
бесплатниот софтвер
TomTom HOME™.
Системот автоматски ја
препознава вашата SD-картичка по почетното поставување.
Ажурирање на SD-картичката и на
Системот за навигација
Ажурирањата се издаваат
редовоно, на пр. за ревизии на
картата и на безбедносната
камера.
Овие ажурирања се достапни само
преку софтверот TomTom HOME
на кој може да му се пристапи
преку SD-картичката.
Со користење на софтверот
TomTom HOME , може:
■ Да се ажурира Системот за навигација (карти, безбедносни
камери, итн.),
■ Да се претплатите на услугите во
ЖИВО,
■ Да се зачуваат системските податоци на вашиот компјутер,
■ Да се додадат или избришат податоци,
■ Да се приспособи системот кон индивидуалните потреби,■ Да се споделат корекциите накартата со заедницата
( Map Share™ ),
■ Преземете го целосното упатство за корисници на
Системот за навигација
TomTom™.
Софтверските изборници TomTom
HOME ве водат низ овие операции.Ажурирање на системот
За да имате максимална корист од
Системот за навигација,
ажурирајте го колку е можно
почесто. Новите верзии
Map Share™ на картата, на пример,
може да се споделат со целата
заедницата на корисници на
системот.
Главни функции на апликацијата
TomTom HOME
Преземање нови и дополнителни
карти
Изберете ја иконата Додавање
карти за да му пристапите на
изборникот кадешто може да се
преземат карти.
Page 84 of 169

84Навигација
Преземање гласови, точки од
интерес, итн.
Кликнете на иконата Add Traffic
(Додавање сообраќај), Voices
(Гласови), Safety Cameras
(Безбедносни камери), итн. за:
■ преземање гласови за да се приспособи системот кон
индивидуалните потреби,
■ преземање точки од интерес, итн.
Забелешка
Во извесни држави е незаконско
да се превземе и активира
опцијата за предупредување на
камера и тоа може да доведе до
судско гонење.Зачувување на податоците на SD-
картичката и на системските
податоци
Системските податоци може да се
зачуваат на вашиот компјутер и да
се вратат, ако е неопходно.
Препорачано е да се зачувуваат
системските податоци на редовна
база. Зачувувањето на податоцитеовозможува поправки на истите
ако, на пример, SD картичката се изгуби или се оштети.Инструкции за преземање
Може да се пристапи до целосното упатство за корисници на Системот
за навигација TomTom™ за
системот.Да се приспособи системот кон
индивидуалните потреби
Исто така е возможно да се
приспособи системот кон
индивидуалните потреби со
инсталирање на нови точки од
интерес и синтетизирани гласови и со менување на шемата на боите.
USB меморија (NAVI 50)
USB меморија е потребна за
системот за навигација, кој меѓу
другото, содржи дигитални карта
на градовите и патиштата во
вашата земја.
Забелешка
Користете USB меморија со
најмалку 4 GB простор за
складирање.
По испораката на ново возило, има
најмногу 90 дена за бесплатно
ажурирање на дигиталната карта.
Откако ќе помине тоа време, се
наплаќа за ажурирањата на
картата.
Забелешка
За да избегнете можни технички
проблеми, користете само
соодветна USB-меморија за
работење и ажурирање на
системот за навигација. Не ја
внесувајте USB-меморијата во
друг уред (на пр. дигитален
апарат, мобилен телефон, итн.)
или во друго возило.
Инсталација на софтверот
За да ги ажурирате дигиталните
карти и за да имате придобивка од
ексклузивните услуги што може да се преземаат, мора да креирате
сметка на веб страната
Naviextras.com и да го инсталирате бесплатниот софтвер.
Page 85 of 169

Навигација85
Креирање сметка
Креирајте ја вашата интернет
сметка преку веб-страницата
Naviextras.com. Изберете ја на пр.,
опцијата "Регистрирај" на веб-
страницата и внесете ги
соодветните податоци.Инсталирање на софтверот
Инсталирајте го софтверот на
вашиот компјутер превземајќи го
од веб страната https://
dacia.naviextras.com/toolbox.
Следете ги инструкциите на
екранот за да го инсталирате
софтверот стартувајќи онлајн
апликација.Регистрирање на Системот за
навигација
Системот за навигација мора да биде регистриран со вашата нова
интернет сметка.
Внесете празна USB меморија во
USB влезот на Системот за
навигација. На екранот одберете
NAVI , па потоа Опции, па
Ажурирање карта .За да се обезбеди снимање на сите
содржини во меморијата на Систем
за навигација, одберете Опции и
потоа Ажурирање . Почекајте
ажурирањето податоци да се
комплетира пред да ја извадите
USB меморијата.
Вметнете ја USB меморијата во
USB влезот на вашиот компјутер
додека сте приклучени на
интернет. Кога онлајн програмата е
вклучена и USB меморијата е
препознаена, тогаш името на
системот (или софтверот) се
покажува во прозорецот на
програмата. Системот за
навигација е регистриран во
вашиот кориснички профил.
После почетното поставување, USB меморијата автоматски се
препознава од Системот за
навигација и онлајн програмата.
Ажурирање на USB меморијата и
на Системот за навигација
Ажурирањата се издаваат
редовоно, на пр. за ревизии на
картата и на безбедносната
камера.Забелешка
Во извесни држави е незаконско
да се превземе и активира
опцијата за предупредување на
камера и тоа може да доведе до
судско гонење.
Овие ажурирања се достапни само преку онлајн каталог на апликации
на кој може да му се пристапи
преку USB меморијата.
Со користење на онлајн
апликацијата може да се:
■ Да се ажурира Системот за навигација (карти, безбедносни
камери, итн.),
■ Прави надградба до премиум POI содржина,
■ Да се додадат или избришат податоци,
■ Да се приспособи системот кон индивидуалните потреби.
Онлајн програмски изборници ве
водат низ овие операции.
Page 86 of 169

86Навигација
Ажурирање на системот
За да имате максимална корист од
Системот за навигација,
ажурирајте го колку е можно
почесто.
Внесете ја USB меморија во USB
влезот на Системот за навигација.
Системот за навигација ги
препознава достапните
ажурирања на USB меморијата
така што екранот за ажурирање
автоматски се прикажува.
Изберете Ажурирање на екранот
за да започне ажурирање на
податоците на Системот за
навигација. Системот за
навигација може автоматски да се
рестартира за време на процесот
на ажурирање.
Забелешка
Изберете r на екранот за
прикажување за да се вратите на
претходниот приказ.
Како алтернатива, притиснете го
копчето Почеток ; и потоа NAVI,
Опции и Ажурирање карта .
Изберете Опции и потоа
Ажурирање .Почекајте ажурирањето да се
комплетира пред да правите други
операции или да ја извадите USB
меморијата.
Употреба
SD-КАРТИЧКА Исклучете го Системот за
навигација и вметнете ја SD-
картичката во нејзиниот отвор. SD
картичката е кршлива; не ја
свиткувајте.
CD35 BT USB NAVIВметнување на SD картичкатаПроверете дали SD-картичката е
вметната правилно. Насоката
може да се разликува, во зависност од местото на отворот за SD-
картичка во возилото.Вадење на SD картичката
Изберете го Remove SD card
(извадете ја SD картичката) во
главниот изборник, потоа
потврдете користејќи го десното
меко копче ⌟. Се прикажува порака
кога е безбедно да се отстрани SD- картичката.
За да ја извадите SD картичката од
нејзиниот процеп, притиснете ја
картичката, па отпуштете ја.
Картичката се пушта малку за да се
овозможи вовлекувањето на
истата.
NAVI 80
Вметнување на SD картичката
Исклучете го Инфозабавниот
систем и вметнете ја SD-
картичката во нејзиниот отвор. SD
картичката е кршлива; не ја
свиткувајте.
Page 87 of 169

Навигација87
Проверете дали SD-картичката евметната правилно. Насоката
може да се разликува, во зависност од местото на отворот за SD-
картичка во возилото.Вадење на SD картичката
За да ја извадите SD-картичката од
Инфозабавниот систем, на
Почетната страница притиснете
ИЗБОРНИК , потоа Систем, па
Извади SD-картичка на екранот за
прикажување. SD-картичката сега
може безбедно да се извади.
За да ја извадите SD картичката од
нејзиниот процеп, притиснете ја
картичката, па отпуштете ја.
Картичката се пушта малку за да се овозможи вовлекувањето на
истата.
Забелешка
За да избегнете можни технички проблеми, користете само
соодветна SD-картичка за
работење и ажурирање на
системот за навигација. Не ја
внесувајте SD-картичката во другуред (на пр. дигитален апарат,
мобилен телефон, итн.) или во
друго возило.
USB МЕМОРИЈА
NAVI 50Вметнување на USB-меморија
Исклучете го Системот за
навигација и вметнете ја USB-
меморијата во USB отворот на
контролната табла на
Инфозабавниот систем. USB-
меморијата е кршлива; внимателно
користете ја.Вадење на USB-меморија
Исклучете го Системот за
навигација и извадете ја USB-
меморијата од USB отворот на
контролната табла на
Инфозабавниот систем.ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ
CD35 BT USB NAVI
1. Централно копче: Потврда, пристап до брзиот изборник
Притискање горе, долу, лево,
десно: Движење низ изборникот
или картата
Притискање горе/долу:
Прилагодување на размерот на картата (зумирање/
одзумирање)
Притискање десно: Пристап до
сообраќајните информации
Page 88 of 169

88Навигација
2. Меки копчиња (⌞ и ⌟)Од изборникот: Изберете и
потврдете ги дејствата
Од картата: Левото копче ( ⌞) - го
повторува гласовното
напатствие; Десното копче (⌟) -
го прикажува краткиот преглед
на маршрутата
3. MENU : Отворање на главниот
изборник
4. MAP 2D/3D
Од изборникот: Ја прикажува
картата
Од картата: Ја префрла картата во дводимензионален/
тродимензионален режим
5. BACK : Назад на претходниот
екран
Меките копчиња (⌞ и ⌟) избираат
или потврдуваат дејства кои се
појавуваат во долниот дел на
екранот.
LED-сијаличката на далечинскиот
управувач трепнува еднаш кога
далечинскиот управувач е поврзан со Системот за навигација. За
побрзо поврзување притиснете едно од копчињата на
далечинскиот управувач кога
системот проработува, пред да се
појават правните белешки.
Ако сијаличката трепка и на
екранот се појави порака, постои
потреба од заменување на
батериите.
Замена на батериите
Притиснете ја патент-бравата на
задната страна од уредот и со
дигање извадете ја тастатурата.
Вметнете ги новите батерии (тип:
AAA/LR03/UM4 1,5 V) уверувајќи се дека се инсталирани правилно, па
вратете го капакот за батерии.
Page 89 of 169

Навигација89
АКТИВИРАЊЕ НА
СИСТЕМОТ ЗА НАВИГАЦИЈА
Вклучување
Системот за навигација се
вклучува автоматски при
вклучување на палењето. Во други
случаи, притиснете го тркалцето /
копчето X.
При исклучено палење, Системот
за навигација може да се користи
приближно 20 минути.
Притиснете го тркалцето / копчето
X за да го вклучите Системот за
навигација. Системот ќе се исклучи автоматски приближно 20 минути
по последниот кориснички внес.
Исклучување
При исклучено палење, Системот
за навигација се исклучува
автоматски кога ќе се отвори
возачката врата.
Со вклучено палење, притиснете го
тркалцето / копчето X за да го
исклучите Системот за навигација.Префрлање меѓу изборниците на
Системот за навигација и
Инфозабавниот системCD35 BT USB NAVI
Со вклучен Инфозабавен систем и
Систем за навигација, притиснете
го копчето NAVI (на контролите на
воланот) за да се префрлате меѓу екраните на Системот за
навигација и Инфозабавниот
систем.
Кога Инфозабавните контроли се користат за промена на, на пример, изворот на звукот, екранот на
Инфозабавниот систем
привремено се појавува над
екранот на Системот за навигација.
Екранот се префрла назад по
одредено време.
Забелешка
Часовникот се прикажува при
преминување на екранот на
Инфозабавниот систем.NAVI 50
Кога Системот за навигација е
активен, притиснете го копчето
Почеток ; или притиснете изадржете r на екранот за да се
вратите на почетниот изборник на
Инфозабавниот систем.NAVI 80
Кога Системот за навигација е
активен, притиснете r на екранот
за прикажување (еднаш или повеќе
пати) за да се вратите на почетниот изборник на Инфозабавниот
систем.
ИНФОРМАЦИИ НА ЕКРАНОТ
CD35 BT USB - Информации на
екранот
Екран на изборници
Page 90 of 169

90Навигација
Екранот на изборникот го содржи
следново:
1. Име на изборникот
2. Избор на подизборник
3. Линија за скролирање на страната со изборници
За пристап кон главниот изборник, притиснете го копчето MENU.
Изборниците може да содржат
повеќе страници на екранот.
Лентата за лизгање ја означува
моменталната позиција.Брз изборник
Quick menu (брз изборник) содржи
однапред поставен избор на некои
често употребувани ставки од
изборникот (на пр.) криење на
картата, откажување на
маршрутата, пријава на
безбедносни камери, итн.).
За пристап до Брзиот изборник,
притиснете го централното копче
на далечинскиот управувач.Екран на картата
Екранот на картата го содржи
следново:
1. Предупредување за следната област со ризици во рамките на
растојанието (фиксна или
мобилна камера за брзина,
училиште, итн.)
2. Ограничување на брзината. Свети црвено и трепка ако се
надмине ограничувањето на
брзината
3. Име на следната поважна улица или информација за
патоказите, ако ги има
4. Странична линија за сообраќајот: Прикажување на
случките по маршрутата,
индикатор за примање сообраќајни информации
5. Точното време
6. Насоката и растојанието до следното менување на
насоката
7. Надворешна температура (зависно од возилото)
8. Информации за патувањето, на пр. проценето време на
пристигнување, вкупно
преостанато растојание
9. Моменталната местоположба
10. Информации за аудио системот
11. Компас За пристап кон екранот на картата
во било кое време, притиснете го
копчето MAP 2D/3D .
Погрижете се да ги потврдите
направените промени со меките
копчиња (⌞ и ⌟) пред да се
префрлите на екранот на картата, инаку промените ќе се изгубат.