OPEL VIVARO B 2018 Сопственички прирачник
Page 41 of 265
Клучеви, врати и прозорци39Спуштете ја задната врата
користејќи го внатрешниот каиш.Внимание
Ставете ги прстите низ ременот пред да го повлечете за да не сеоштети.
Кога задната врата ќе се спушти,
отпуштете го каишот и турнете ја
задната врата за да се затвори
целосно.
Централна брава 3 28.
Итно отворање на задната врата
од внатрешноста на возилото
Во зависност од моделот, кренете
го капакот од внатрешната страна
на задната врата.
Потоа земете ја металната рачка и влечете ја надолу за да се отклучи.
Турнете ја задната врата за да ја отворите.
Општи практични совети за
ракување со задната врата
9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата, на пр.
кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи отровните
издувни гасови кои не може да
се видат или мирисаат може да
навлезат во возилото. Тоа може да предизвика несвест и дури
смрт.Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се
избегне оштетување на задната
врата.
Уверете се дека има доволен
простор и одозгора (најмалку
2,15 метри) и одзади кога ја
отворате задната врата.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.
Page 42 of 265
40Клучеви, врати и прозорциБезбедност на
возилото
Систем за заштита од кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати и
товарниот простор.
Сите врати и товарниот простор треба да се затворени, инаку
системот не може да се активира.
Забелешка
Системот за заштита од кражба не може да се активира кога се
вклучени предупредувачките
трепкачи или страничните светла.
Активирањето и деактивирањето
не се можни со прекинувачот на
централната брава.
Централна брава 3 28.
Ракување со далечинскиот
управувач со 2 копчиња или со
3 копчиња
Ракувањето се потврдува со
предупредувачки трепкачи кои
трепкаат пет пати.
Активирање
Притиснете e двапати.
- или -
Свртете го рачниот клуч во
бравата на возачката врата кон
задниот дел на возилото двапати.
Деактивирање
Отклучете ги вратите со
притискање c на далечинскиот
управувач или со вртење на
рачниот клуч во бравата на
возачката врата кон задниот дел на
возилото.
Ракување со системот на
електронскиот клуч
Ракувањето се потврдува со
предупредувачките трепкачи.
Активирање
За ракување без раце,
електронскиот клуч треба да е
надвор од возилото, во опсег од
околу еден метар од предните
врати или товарниот простор.
Page 43 of 265
Клучеви, врати и прозорци41
Притиснете двапати копче на
надворешната рачка на некоја
врата.
- или -
Притиснете e двапати.
Деактивирање
Отклучете ги вратите притискајќи
го копчето на некоја надворешна
рачка на вратите или притиснете c.
Ракувањето без раце се исклучува
автоматски откако ќе се ракува со
копчињата на електронскиот клуч
(или ќе се притисне прекинувачот
e на централната брава). За
повторно вклучување на
ракувањето без раце, запалете го
повторно моторот.
Централна брава 3 28.
Систем на електронскиот клуч
3 25.
Систем за тревожење при кражба
Системот за тревожење при
кражба работи поврзано со
системот на централната брава
3 28.Ги надгледува:
● врати, задни врати/задна врата, хауба
● патничкиот простор
● товарен простор
● палењето
● прекин на напојувањето за сирената на алармот
Активирање Сите врати и хаубата треба да
бидат затворени.
Предупредувачките трепкачи
трепкаат за да го потврдат
активирањето. Ако
предупредувачките трепкачи не
трепнат при активирањето, некоја
врата или хаубата не се целосно
затворени.
Page 44 of 265
42Клучеви, врати и прозорциДалечински управувач со
2 копчиња или со 3 копчиња
Притиснете e за да го активирате
системот за тревожење при
кражба.
Електронски клуч
За ракување без раце,
електронскиот клуч треба да е
надвор од возилото, во опсег од
околу еден метар од предните
врати или товарниот простор.
Притиснете копче на
надворешната рачка на некоја
врата.
- или -
Притиснете e за да го активирате
системот за тревожење при
кражба.
Систем на електронскиот клуч
3 25.
Деактивирање
Отклучување на возилото (со c или
копче на некоја надворешна рачка на вратите) или вклучување на
палењето го исклучува системот за тревожење при кражба.
Предупредувачките трепкачи
трепкаат за да го потврдат
деактивирањето.
Системот не се деактивира кога се
отклучува возачката врата со
клучот или со прекинувачот на
централната брава во патничкиот
простор.
Забелешка
Ако е активиран алармот,
сирената на алармот нема да се
исклучи со отклучување на
возилото со клучот. За да ја
сопрете сирената, вклучете го
палењето. Предупредувачките
Page 45 of 265
Клучеви, врати и прозорци43светла нема да затрепкаат при
деактивирање ако бил вклучен
алармот.
Активирање без надгледување
на патничкиот простор
Исклучете го набљудувањето на
патничкиот дел на пр. кога се
оставаат животни во возилото, или ако дополнителното греење е
наместено на темпирано или
далечинско стартување 3 135.
Притиснете го и држете e на
далечинскиот управувач или електронскиот клуч; ќе се огласи
сигнал како потврда.
Состојбата трае додека не се
отклучат вратите.
Аларм
Кога се активира, алармот се
огласува преку електричен звучен
засилувач снабден со посебни
батерии, и предупредувачките
трепкачи трепкаат истовремено.
Бројот и времетраењето на
аларамните сигнали се утврдени
со закон.Ако акумулаторот се откачи или се прекине неговото напојување, ќе се
вклучи сирената на алармот.
Првин деактивирајте го системот
за тревожење при кражба ако
треба да се откачи акумулаторот.
За да ја исклучите сирената на
алармот (ако се вклучи) и да го
деактивирате системот за
тревожење при кражба, поврзете
го акумулаторот повторно и
отклучете го возилото или
вклучете го палењето.
Имобилизатор
Имобилизаторот е дел од бравата
за палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.
Имобилизаторот се активира
автоматски откако ќе се извади клучот од бравата за палење, и
исто така ако клучот е оставен во
бравата за палење кога е изгаснат
моторот.
Ако моторот не може да се запали, исклучете го палењето и извадете
го клучот, почекајте околудве секунди, па повторете го
обидот за палење. Ако обидот за
палење е неуспешен, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте
помош од автомеханичар.
Забелешка
Ознаките за радио фреквентна
идентификација (RFID) може да
предизвика пречки со клучот. Не
го ставајте во близина на клуч кога
го палите возилото.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го
заклучувате возилото откако ќе го напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 28, 3 41.
Page 46 of 265
44Клучеви, врати и прозорциСтранични
ретровизори
Конвексен облик Конвексниот страничен
ретровизор содржи асферичен дел
и ги намалува црните точки.
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Рачно дотерувањеДотерајте ги ретровизорите со
вртење во саканата насока.
Електрично местење
Изберете го саканиот страничен
ретровизор преклопувајќи ја
контролата налево или надесно, а
потоа вртете ја контролата за да го наместите ретровизорот.
Ниеден ретровизор не е избран
кога контролата е во средишната
положба.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
применување благ притисок врз неговото куќиште.
Паркирна положба Страничните ретровизори може да
се преклопат со нежно притискање од надворешната страна на
куќиштето, на пр. при тесно
паркирање.
Page 47 of 265
Клучеви, врати и прозорци45Зависно од верзијата, страничните
ретровизори може автоматски да
се преклопи во позиција за
паркирање со самото заклучување на возилото. За повеќе
информации, видете во
Прирачникот за инфозабавата.
Ретровизори со греење
Се ракува со притискање на Ü
.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
Функции на греењето при запален
мотор. Се исклучува автоматски по кратко време.
Систем за контрола на
климатизацијата 3 128.Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Page 48 of 265
46Клучеви, врати и прозорциВнатрешен ретровизор
Зависно од возилото, на штитникот
за сонце на предното патничко
седиште поставен е конвексен
ретровизор што овозможува да се
зголеми видливоста и да се
намалат слепите точки.
Автоматско намалување
на отсјај
Отсјајот од возилата што доаѓаат
одзади ноќе, автоматски се
намалува.
Прозорци
Шофершајбна
Шофершајбна што ја одбива
топлината
Шофершајбната што ја одбива
топлината има облога што го
одбива сончевото зрачење. Може
да се одбиваат и податочни
сигнали, на пр., од патарини.
Означните подрачја на
шофершајбната не се премачкани
со облогата. Уредите за снимање
електронски податоци и плаќање
мора да се стават во овие
Page 49 of 265
Клучеви, врати и прозорци47подрачја. Инаку, може да се
појават дефекти во снимањето
податоци.
Налепници на шофершајбната
Не лепете налепници, на пр.
вињети за патарина или слично, на шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот.
Замена на шофершајбнаВнимание
Ако возилото има сензор за предна камера за системи за
помош на возачот, многу важно
е секоја замена на
шофершајбната да се врши
точно според спецификации на
Опел. Инаку, овие системи
може да не работат правилно, и постои ризик од неочекувано
однесување и/или пораки од
овие системи.
Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
За постепено ракување:
Притиснете го или повлечете го
прекинувачот накусо.
За автоматско отворање или
затворање: Притиснете го или
повлечете го прекинувачот
подолго. Прозорецот се крева или
спушта автоматски, со вклучена
безбедносна функција. За да се
запре движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Во случај на тешкотии при
затворање поради мраз или
слично, ракувајте со прекинувачот
повеќе пати за да се затвори
прозорецот во етапи.
Безбедносна функцијаАко при автоматско затворањестаклото на прозорецот наиде наотпор, истото веднаш се запира и
се отвора повторно.
Page 50 of 265
48Клучеви, врати и прозорциПреоптоварувањеАко со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците ќе се
блокира за неколку време.
Задни прозорци Странични шибер прозорци
За да отворите или затворите, прво
ослободете го прозорецот така што ќе ги турнете надворешниот дел од
рачката надолу додека не дојде во
вертикална положба, па потоа
лизгајте го прозорецот.
Ролетна
Во зависност од возилото,
ролетната е вградена во капакот на прозорецот.
За да ја затворите, повлечете ја рачката надолу и активирајте ги
сопирачките надолу.
За да ја отворите, ослободете го
сопирачките со повлекување на
ролетната благо кон Вас и носете
ја нагоре.
Греење на задното стакло
Се ракува со притискање на Ü.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
Греењето функционира додека работи моторот и се исклучува
автоматски по кратко време.
Систем за контрола на
климатизацијата 3 128.
Штитници за сонце Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.