OPEL VIVARO B 2019 Сопственички прирачник
Page 181 of 263
Возење и ракување179Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Забелешка
За постигање на оптимална
видливост, ретровизорската
камера не смее да биде
попречувана со нечистотија, снег
или лед.
Активирање
Екран за приказ на ретровизориЕкранот на ретровизорската
камера се активира автоматски
кога возилото ќе се стави во
рикверц. Звучен сигнал го
потврдува активирањето.
Инфо-екран
Во возилата со систем за
навигација, ретровизорската
камера може да се прикаже на
Инфо-екранот (во зависност од
верзијата).
Приказ на лентата на
траекторијата (1)
Во зависност од верзијата,
патеката на движење (1) на
возилото се прикажува со сина боја на Инфо-екранот. Ја прикажува
патеката на возилото во
согласност со аголот на
управување.
Приказ на права лента (2)
Приказот на права лента (2) ја
покажува патеката на возилото ако
тркалата се држат право.
Page 182 of 263
180Возење и ракувањеЛиниите водилки (3, 4, 5) се
користат заедно со приказот на
права лента (2) и укажуваат на растојанието зад возилото.
Интервалите на линиите водилки
се следниве:3 (црвено):30 см4 (жолто):70 см5 (зелено):150 смПоставки
Поставки, како на пример
осветеленост, контраст и бои може
да бидат променети преку
Инфозабавниот систем.
Функцијата исто така може да биде трајно исклучена. Видете во
Прирачникот на инфозабавниот
систем за повеќе информации.
Деактивирање
Камерата се исклучува по извесно
време ако не е ставено во рикверц
за приближно 5 секунди.
Дефект
Ретровизорската камера може дане работи правилно кога:
● наоколу е темно
● сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата
● мраз, снег, кал или нешто друго
го прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа
● задните врати / задната врата не се затворени правилно
● возилото се судрило од задната страна
● има екстремни промени на температуратаГориво
Гориво за мотори на дизел
Дизел моторите се компатибилни
со горива кои ги исполнуваат
тековните и идните европски
стандарди и можат да се добијат од
бензински станици:
Дизел гориво што го исполнува
стандардот EN590 помешано со
биогориво што го исполнува
стандардот EN14214 (може да
содржи до 7% метил естер на
масни киселини).
Page 183 of 263
Возење и ракување181Дизел гориво што го исполнува
стандардот EN16734 помешано со
биогориво што го исполнува
стандардот EN14214 (може да содржи до 10% метил естер намасни киселини).
Ако патувате во земји надвор од
Европската Унија, можно е
повремено користење на гориво евро-дизел со концентрација на
сулфур помала од 50 ppm.Внимание
Честото користење на дизел
гориво што содржи повеќе од
15 ppm сулфур ќе предизвика
големо оштетување на моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Протокот и способноста за
филтрирање на дизел горивата
зависат од температурата. Кога е
ниска температурата, наполнете
со дизел гориво со гарнтирани
зимски својства.
Филтер за дизел гориво 3 196.
Систем за дизел гориво цедење
3 196.
Работа при ниски температури
При температури под 0 °C, некои
дизел производи со мешавини од
биодизел може да се затнат, да
замрзнат или да се претворат во
гел, што може да влијае врз
системот за довод на гориво.
Палењето и работата на моторот
може да не функционираат
правилно. Не заборавајте да
дополнувате дизел-гориво со
зимска вредност при температура
на околината под 0 °C.Дизел гориво од артктички степен
може да се користи при екстремно
ниски температури под -20 °C. Не
се препорачува користење на
гориво од ваков степен во жешки
или топли клими и може да
предизвика заглавување на
моторот, лошо палење или
оштетување на системот за
вбризгување гориво.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување.
Возила со систем за сопирање-
поаѓање: Моторот мора да се
исклучи и клучот за палење да
се отстрани за да се избегне
ризикот од автоматско повторно стартување на моторот од
страна на системот.
Исклучете ги сите мобилни
телефони.
Page 184 of 263
182Возење и ракувањеСледете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
На етикетата со симболи на
вратничката за полнење гориво се
прикажани дозволените типови
гориво. Цевките на пумпите на
бензинските станици во Европа се
означени со овие симболи.
Полнете само гориво од дозволен
тип.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Забелешка
За посигурно прикажување на
нивото на горивото, палењето
мора да е исклучено пред
полнење со гориво. Избегнувајте
мали дополнувања гориво (на
пример, помалку од 5 литри) за
поточно прикажување на нивото.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од левата страна
на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено и е отворена
левата врата.
Забелешка
Не отворајте ја левата лизгачка
странична врата при полнење
гориво.
Повлечете ја вратичката за да ја
отворите.
Внимание
Кај возила со AdBlue,
заштитното капаче за AdBlue е
синото долно капаче 3 157, а
капачето за полнење гориво е црното горно капаче (означено
со стрелка на сликата).
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето. Побарајте помош од автомеханичар веднаш.
За да отворите, полека свртете го
капачето налево.
Page 185 of 263
Возење и ракување183Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
Поставете ја млазницата во
исправена положба во однос на грлото за полнење и притиснете
малку за да влезе.
За да наполните гориво, вклучете
ја цевката на пумпата.
По автоматско исклучување, може
да се дополни целосно со
вклучување на цевката на пумпата
уште најмногу двапати.Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
Кога полнењето гориво е
завршено, вратете го капачето на
резервоарот и свртете го надесно
колку што може.
Затворете ја вратичката на
резервоарот.
Капаче за полнење гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за полнење гориво.Кука за приколки
Општи информации
Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило.
Возни карактеристики, совети за влечење
Во случај на приколки со
сопирачки, закачете го кабелот за
приврзување.
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не подмачкајте ја
ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто дејствува врз влечната топка. Кај приколки со
Page 186 of 263
184Возење и ракувањеслаба стабилност при возење
употребата на стабилизатор се
препорачува.
Максималната брзина од 80 км/ч не
смее да се надмине, дури и во
држави каде што се дозволени
поголеми брзини.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло, ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена за полна
натовареност 3 243.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката еразликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12%.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина од 1000 м. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување, и
дозволената тежина за влечење се
намалува за 10% на секои
1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8%,
на пр. автопатишта).Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 237.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под
25 кг.
Page 187 of 263
Возење и ракување185Во случај на оптовареност на
приколката од 1200 кг или повеќе,
вертикалната оптовареност на влечната спојка не смее да биде
помала од 50 кг.
Натоварување на задната оска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено (вклучувајќи ги и сите
патници), дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) не смее да се надмине.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие занесувања,моќноста на моторот се намалува и
комбинацијата возила / приколка се кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи, држете го
воланот колку што може
постабилно.Помошта за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста (ESC) 3 169.
Page 188 of 263
186Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................187
Додатоци и модификации на возилото ................................ 187
Чување на возилото ..............187
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......188
Прверки на возилото ...............188
Вршење работа ...................... 188
Хауба ...................................... 189
Моторно масло ......................190
Филтер за воздух ...................191
Ладилник ................................ 191
Течност за серво управување ........................... 192
Течност за миење ..................193
Сопирачки .............................. 193
Течност за сопирачките ........193
Акумулатор ............................. 194
Филтер за дизел гориво ........196
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 196
Замена на четкичките на бришачите ............................. 197
Замена на сијалиците ..............198
Предни фарови ......................198Предни фарови за магла ......199
Предни трепкачи ....................200
Задни светла .......................... 200
Странични трепкачи ..............201
Средишно високо монтирано стоп-светло ........................... 201
Светло за рикверц .................202
Светло за регистарската табличка ................................ 203
Заден фар за магла ...............203
Внатрешни светла .................204
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 205
Електричен систем ..................205
Осигурувачи ........................... 205
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......207
Прирачен алат ......................... 210
Алати ...................................... 210
Тркала и гуми ........................... 211
Гуми ........................................ 211
Зимски гуми ............................ 211
Ознаки на гумите ...................211
Притисок на гумите ................ 212
Систем за следење на
притисокот на гумите ...........213
Длабочина на шарата ...........216
Менување на големината на гумите и тркалата .................216Раткапни................................. 216
Синџири за гуми ..................... 217
Комплет за поправање гуми . 217
Менување тркала ................... 220
Резервно тркало ....................222
Палење со кабли ......................224
Влечење ................................... 226
Влечење на возилото ............226
Влечење друго возило ..........227
Нега за изгледот ......................228
Нега на надворешноста ........228
Нега на внатрешноста ........... 230
Page 189 of 263
Нега на возилото187Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови одвозилото. Исто така, можат да ја
поништат и дозволата за работа на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Исперете го возилото. Полирајте ги обоените делови
на возилото со полир-паста.
Надворешна нега 3 228.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или во рикверц. Спречете го возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
Page 190 of 263
188Нега на возилотоВраќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Бидејќи рокот на траење на AdBlue е ограничен на две
години, течноста треба да се
замени ако е премногу стара.
Побарајте помош од
автомеханичар.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето. Возилото не смее да
биде во Autostop 3 152.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење генерира
крајно високи волтажи. Не
допирајте ги.
За полесно препознавање,
капачињата за дотурање моторно
масло, течност за сопирачките,
течност за ладење, течност за
миење и рачката од прачката за
мерење на нивото на маслото се
жолти.