OPEL ZAFIRA C 2014.5 Сопственички прирачник
Page 161 of 337
Светла159
светло без заслепување или
попречување на спротивните или
возилата напред.
Долгото светло се исклучува и
височината на средното светло ќе
се намали за да се избегне
заслепување кога предната камера
на шофершајбната ќе ги открие
следниве ограничувања:
■ откриено е возило однапред,
■ препознаено е возило од спротивниот правец,
■ се влегува во градско подрачје,
■ има магла или снег.
Ако не се откријат никакви
ограничувања, системот се враќа на долго светло.
Кога е активен системот, предната
камера го набљудува подрачјето
пред возилото и обезбедува
оптимална распределба на
светлата за максимална видливост на возачот при речиси сите услови
Интелигентниот опсег на светлата
со автоматско активирање на
долгото светло со тоа ја намалува
разликата меѓу конвенционалнитесредно и долго светло без
драстични промени на опсегот,
распределувањето и интензитетот
на светлото.
Посебната функција за
топографска проценка ги открива
возилата напред на ридови и
надолнини со препознавање на
задни светла што се движат
нанапред. Системот ја
приспособува висината на опсегот
на светлата за да обезбеди
оптимално осветлување на патот
напред без заслепување.
Активирање
Интелигентниот опсег на светлата
и активирањето на автоматското
долго светло се вклучуваат заедно
со двојно туркање на рачката за
трепкачите. Може да се вклучат
кога е вклучено палењето.
Активирањето на втоматското
долго светло работи при брзини
над 40 км/ч и се исклучува под
20 км/ч. Интелигентниот опсег на
светлата работи над 55 км/ч.
Page 162 of 337
160Светла
Зелената контролна сијаличка l
свети постојано кога функцијата е
активирана, сината 7 свети кога
долгото светло се вклучува
автоматски.
Деактивирање
Притиснете ја рачката за
трепкачите еднаш. Се исклучува и
кога предните фарови за магла се
вклучени.
Динамично автоматско
нивелирање на височината на
фаровите За да се спречи заслепувањето на
сообраќајот од спротивната
насока, нивелирањето на предните
фарови автоматски се дотерува
врз основа на информацијата за
наклонетоста мерена од предната
и задната оска, забрзувањето или
забавањето и брзината на
возилото.Дефект во системот на
приспособливото предно
светло
Кога системот пронаоѓа дефект во системот на приспособливото
предно светло, системот се
префрлува во претходно
поставена положба за да се
избегне заслепувањето на
сообраќајот од спротивната
насока. Ако тоа не е возможно,
односниот преден фар автоматски ќе се исклучи. Во секој случај, еден
преден фар ќе остане запален. Во
Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредување.Предупредувачки
трепкачи
Со нив се ракува со копчето ¨.
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња предупредувачките
трепкачи се активираат
автоматски.
Page 163 of 337
Светла161Трепкачи за вртење и
менување лентирачката угоре=десен трепкачрачката удолу=лев трепкач
Ако рачката се помрдне преку
отпорната точка, трепкачот е
вклучен постојано. Кога воланот се враќа назад, трепкачот автоматски
се деактивира.
За да трепнува трипати, на пр. кога се менуваат ленти, притиснувајте
ја рачката додека не се
почувствува отпор и тогаш
отпуштете ја.
Кога е приклучена приколка,
вклучувајте ги трепкачите
шестпати додека ја притискате
рачката се додека не се осети
отпор и ја отпуштате.
Помрднете ја рачката до отпорната точка и држете ја таму за подолго
трепкање.
Исклучете ги трепкачите рачно со
поместување на рачката во
првобитната положба.
Предни фарови за магла
Со нив се ракува со копчето >.
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
предните фарови за магла ќе ги
вклучи предните светла
автоматски.
Заден фар за магла
Со нив се ракува со копчето r.
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
задниот фар за магла ќе ги вклучи
предните светла автоматски.
Page 164 of 337
162Светла
Прекинувачот за светлата во
положбата 8: задниот фар за
магла може да се запали само
заедно со предните фарови за
магла.
Задниот фар за магла се исклучува
при влечење.
Паркирни светлаКога возилото е паркирано,
паркирните светла од една страна
може да се активираат:
1. Исклучете го палењето.
2. Турнете ја рачката за трепкачите докрај угоре (за
десното паркирно светло) или
удолу (за левото паркирно светло).
Се потврдува со сигнал и
соодветната контролна сијаличка
на трепкачите.
Светло за рикверц
Светлото за рикверц се пали кога
палењето е вклучено и е ставено
во рикверц.Замаглени капаци на
светлата Внатрешноста на куќиштето на
светлата може накратко да се
замагли при лоши, влажни и
студени временски услови, при
голем дожд или по миење.
Замагленоста исчезнува брзо сама од себе; за потпомагање запалете
ги фаровите.
Page 165 of 337
Светла163Внатрешно светло
Контрола на
осветлувањето на
таблата со инструменти
Осветленоста на следниве светла
може да се дотера кога се запалени надворешните светла:
■ Осветлување на таблата со инструменти
■ Информативен екран
■ Осветлени прекинувачи и работни компоненти.
Свртете го малото тркалце A и
држете го додека саканата
осветленост не се постигне.
Кај возилата со сензор за светлина,
осветленоста може да се
приспособува само кога
надворешните светла се вклучени
и сензорот за светлина забележува ноќни услови.
Внатрешни светла
При влегување во возилото и
излегување од него, предните и
задните внатрешни светла
автоматски се вклучуваат и потоа
се исклучуваат по пауза.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња внатрешните светла се вклучуваат автоматски.Предни внатрешни светла
Ракување со преклопникот:
w=автоматско
вклучување и
исклучување.притиснете
го u=палење.притиснете
го v=гаснење.
Page 166 of 337
164Светла
Задни внатрешни светла
Се палат заедно со предното
внатрешно светло зависно од
положбата на преклопникот.
Светла за читање
Со нив се ракува со копчињата s и
t во предните и задните
внатрешни светла.
Светло во заштитникот
за сонце Светнува кога капакот ќе се отвори.
Карактеристики на
осветлувањето
Осветлување на
средишната конзола Спот-светлото вградено во
внатрешното осветлување се пали
кога фаровите се вклучуваат.
Осветлување при
влегување
Осветлување
„добредојдовте“
Фаровите, задните светла,
светлата на регистарските
таблички, светлото на таблата со
инструменти, внатрешните светла
и светлосните цевки во вратите и
во FlexConsole се палат кратко
време со отклучување на возилото
со далечинскиот управувач. Оваа
функција работи само ако е темно
и го олеснува лоцирањето на
возилото.
Page 167 of 337
Светла165
Осветлувањето веднаш се
исклучува кога клучот за палење ќе
се сврти во положбата 1 3 178.
Активирањето или
деактивирањето на оваа функција
може да се смени во изборникот
Settings (поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 145.
Поставките може да се снимат за
клучот кој се употребува 3 24.
Следниве светла дополнително ќе
се запалат кога возачката врата ќе
се отвори:
■ Сите прекинувачи
■ Информативен центар за возачот
■ Светла во џебовите на вратитеОсветлување при
излегување Следниве светла се палат ако
клучот се извади од бравата за
палење:
■ Внатрешно светло
■ Светло за таблата со инструменти (само кога е темно)
■ Светлосни цевки во вратите и во FlexConsole
■ Светла за регистарската табличка
Ќе се исклучат автоматски по
одредено време и повторно ќе се
вклучат ако се отвори возачката
врата.
Фаровите, задните светла и
светлата за регистарските
таблички го осветлуваат околниот
предел по напуштањето на
возилото, за толку време како што ќе го приспособите.Вклучување
1. Исклучете го палењето.
2. Извадете го клучот за палење. 3. Отворете ја возачката врата.4. Повлечете ја рачката на трепкачите.
5. Затворете ја возачката врата.
Ако возачката врата не е
затворена, светлата се гаснат по две минути.
Осветлувањето за излегување
веднаш се исклучува ако рачката
за трепкачите се повлече додека е
отворена возачката врата.
Page 168 of 337
166Светла
Активирањето, деактивирањето и
времетраењето на оваа функција
може да се сменат во изборникот
Settings (поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 145.
Поставките може да се снимат за
клучот кој се употребува 3 24.
Заштита од празнење на
акумулаторот
За да се спречи празнење на
акумулаторот кога палењето е
исклучено, некои внатрешни
светла се исклучуваат автоматски
за некое време.
Page 169 of 337
Контрола на климатизацијата167Контрола на
климатизацијатаСистеми за контрола на
климатизацијата .......................167
Отвори за проветрување ......... 174
Одржување ............................... 176Системи за контрола
на климатизацијата
Систем за греење и
проветрување
Контроли за: ■ Температура
■ Распределба на воздухот
■ Брзина на вентилаторот
■ Одмаглување и одмрзнување
Греење на задното стакло Ü 3 37.
Температурацрвена=топлосина=студено
Греењето нема да биде целосно
ефективно додека не ја достигне
нормалната работна температура
моторот.
Распределба на воздухот
l=кон шофершајбната и
прозорците на предните
вратиM=кон пределот на главата
преку подвижните отвори за
проветрувањеK=кон пределот на нозете
Сите комбинации се возможни.
Брзина на вентилаторот Регулирајте го протокот на
воздухот со вклучување на
вентилаторот на саканата јачина.
Page 170 of 337
168Контрола на климатизацијата
Одмаглување и одмрзнување■ Притиснете го копчето V:
вентилаторот автоматски се
префрлува на поголема брзина,
распределбата на воздухот се
насочува кон шофершајбната.
■ Наместете ја контролата на температурата на најтопло ниво.
■ Вклучете го греењето на задното
стакло Ü.
■ Отворете ги страничните отвори за проветрување по потреба и
насочете ги кон прозорците на
вратите.Систем за климатизација
Освен системот за греење и
проветрување, системот за
климатизација има и контроли за:
n=ладење4=кружење на воздухот
Греење на седиштата ß 3 48,
греење на воланот * 3 107.
Ладење n
Притиснете го копчето n за да го
вклучите ладењето. Активирањето
се означува со сијаличката во
копчето. Ладењето функционира
само кога моторот работи и кога е
вклучен вентилаторот на
контролата на климатизацијата.
Притиснете го копчето n повторно
за да го исклучите ладењето.
Системот за климатизација го лади
и суши воздухот штом
надворешната температура е
малку над точката на смрзнување.
Затоа може да се формира
кондензација и да капи под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Активираното ладење може да го
попречи автоматското сопирање.
Систем за кружење на
воздухот 4
Притиснете го копчето 4 за да го
вклучите кружењето на воздухот.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
Притиснете го копчето 4
повторно за да го исклучите
кружењето на воздухот.