OPEL ZAFIRA C 2015 Прирачник за инфозабавата
Page 171 of 203
Радио171
Одберете го саканиот број на
достапните списоци со миленици.
Изборници за бранови
должини
Има алтернативни можности за
избирање станици на располагање
преку изборниците кои се
специфични за брановите
должини.
Забелешка
Следните екрани се прикажани
како примери.
Списоци со станици
Кога сте во главниот изборник за
радиото, свртете го
повеќефункциското копче за да го
отворите списокот со станици од
односното фреквентно подрачје.
Се прикажуваат сите AM/FM или
станици DAB што може да се
примат во подрачјето.
Забелешка
Ако не се создал список на
станици однапред,
Инфозабавниот систем извршува автоматско пребарување на
станици.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Ажурирање на списоците со
станици Кога сте во главниот изборник зарадиото, притиснете го
повеќефункциското копче за да го
отворите соодветниот изборник за
брановата должина.
Ако станиците чувани во списокот
со станици специфични за
брановата должина веќе не се
примаат:
Изберете ја изборната ставка за
ажурирање на листата станици во
соодветниот изборник за бранови
должини, на пр. Update FM stations
list (Ажурирај листа станици FM) .
Почнува пребарување на станици.
Штом ќе заврши барањето, се
репродуцира последната примена
станица.
За да го откажете барањето
станици: притиснете го
повеќефункциското копче.
Page 172 of 203
172Радио
Забелешка
Ако Инфозабавниот систем има
двоен радио-приемник, листите
со станици постојано се
ажурираат во заден план. Не е
потребно рачно ажурирање.
Забелешка
Ако се ажурира список на станици
специфични за некое фреквентно
подрачје, се ажурира и
соодветниот список на категории.
Favourites list (Листа омилени)
Во главниот изборник за радиото,
притиснете го повеќефункциското
копче за да го отворите
соодветниот изборник за
брановата должина.
Изберете го Favourites list (Листа
омилени) . Се прикажуваат сите
станици зачувани во списоците со
миленици.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Списоци со категории
Бројни станици RDS 3 173 и DAB
3 176 емитуваат шифра PTY што
го определува видот на
емитуваната програма (на пр.
вести). Некои станици ја менуваат
и PTY шифрата зависно од
содржината што моментално се емитува.
Инфозабавниот систем ги
зачувува тие станици, подредени
според видот на програмата, на
соодветниот список со категории.
За барање вид на програма
одредена од станицата: изберете
ја опцијата на список со категории,
специфична за брановата
должина.
Се прикажува листа со типови
програми што се моментално
достапни.
Одберете го саканиот вид на
програмата.
Page 173 of 203
Радио173
Се прикажува список на станиците
коишто емитуваат програма од
одбраниот вид.
Одберете ја саканата станица.
Се ажурира и листата категории
кога ќе се ажурира односниот
список со станици специфични за
брановата должина.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Соопштенија DAB
Покрај своите музички програми,
бројни станици DAB 3 176
емитуваат разни категории
соопштенија.
Сервисот (програмата) DAB што се прима во моментот се прекинува
кога се очекува соопштение од
претходно активирани категории.
Активирање на категориите на
соопштенија
Кога сте во DAB menu (Изборник
DAB) , изберете DAB
announcements (Соопштенија
DAB) за да се прикаже односниот
изборник.
Активирајте саканата категорија на
соопштенија.
Може да се изберат повеќе
категории на соопштенија
истовремено.
Забелешка
Следните опции се достапни само
ако RDS е поставено на On (Вкл.).
Радио податочен систем
(RDS)
RDS е услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.
Page 174 of 203
174Радио
Предности на RDS■ На екранот, името на програмата
на наместената станица се
појавува наместо нејзината
фреквенција.
■ При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
■ Инфозабавниот систем секогаш ја мести фреквенцијата на
емитувањето со најдобар прием
на наместената станица со
помош на AF (алтернативна
фреквенција).
■ Зависно од станицата што се прима, Инфозабавниот систем
прикажува радио текст што може да содржи, на пр. информации за
моменталната програма.
Конфигурирање на RDS
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Radio settings (Радио
поставки) и потоа RDS options
(Опции за RDS) .
Поставете ја опцијата RDS на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Забелешка
Ако RDS е исклучено, автоматски
ќе се вклучи повторно кога ќе се
смени радио станица (со
функцијата за барање или со
копче за станица од меморијата).
Забелешка
Следните опции се достапни само ако RDS е поставено на On (Вкл.).
Опции за RDS
Вклучување и исклучување на
регионализацијата
Во извесни времиња некои RDS
станици емитуваат регионално
различни програми на различни
фреквенции.
Наместете ја опцијата Regional
(Регионално) на On (Вкл.) или Off
(Искл.) .
Ако е вклучена регионализацијата,
се избираат само алтернативните
фреквенции (AF) на истите
регионални програми.
Ако регионализацијата е
исклучена, се избираат
алтернативни фреквеции на
станиците без оглед на
регионалните програми.
RDS текст со скролирање
Некои станици со RDS го бришат
името на програмата во линијата
на екранот за да се прикажат
дополнителни информации.
За да се избегне појавувањето на дополнителни информации:
Page 175 of 203
Радио175
Наместете го Text scroll freeze
(Стопирање на текстот) на On
(Вкл.) .
Радио текст
Ако е активирана функцијата RDS и во моментот се прима станица
со RDS, информациите за
моменталната програма и
музичкиот запис што се
репродуцира во моментот се
прикажуваат под името на
програмата.
За да се покажат или скријат
информациите, поставете го Radio
text (Радио текст) на On (Вкл.) или
Off (Искл.) .
Гласност на сообраќајните
соопштенија
Гласноста на сообраќајните
соопштенија (TA) може да се
намести однапред. За детален
опис 3 167.
Радио сообраќајна услуга
(TP = Traffic Programme
(сообраќајна програма))Станиците со радио сообраќајна
услуга се RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести.
Вклучување и исклучување на
радио сообраќајната услуга
За вклучување и исклучување на
функцијата за готовност на
сообраќајните соопштенија на
Инфозабавниот систем:
Притиснете го копчето TP.
■ Ако радио сообраќајната услуга е
вклучена, се прикажува [ ] во
главниот изборник на радиото.
■ Се примаат само станици со радио сообраќајна услуга.
■ Ако актуелната станица не е станица со радио сообраќајна
услуга, автоматски почнува
пребарување на следната
станица со радио сообраќајна
услуга.
■ Штом ќе се пронајде станица со радио сообраќајна услуга, [TP] се
прикажува во главниот изборник
на радиото.■ Сообраќајните соопштенија се пуштаат со претходно
поставената гласност за TA
3 167.
■ Ако е вклучена радио сообраќајната услуга,
репродукцијата на ЦД/МР3 се
прекинува за времетраењето на
сообраќајното соопштение.
Слушање само сообраќајни
соопштенија
Вклучете ја радио сообраќајната
услуга и намалете ја гласноста на
Инфозабавниот систем докрај.
Блокирање на сообраќајните
соопштенија
За да блокирате сообраќајното
соопштение, на пр. за време на
репродукција на ЦД/МР3:
Притиснете го копчето TP или
повеќефункциското копче за да ја потврдите пораката за откажување
на екранот.
Сообраќајното соопштение се
откажува, но радио сообраќајната
услуга останува вклучена.
Page 176 of 203
176РадиоДигитална аудио
дифузија
Дигиталната аудио дифузија ( DAB)
е иновативен и универзален
систем за дифузија.
Станици со DAB се означуваат со
името на програмата наместо
фреквенцијата на емитувањето.
Општи информации
■ Со DAB може да се емитуваат повеќе радио програми (сервиси)
на една фреквенција (ансамбл).
■ Покрај висококвалитетните дигитални аудио услуги, DAB
исто така е способен да предава
податоци поврзани со
програмите и мноштво други
податочни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и за
сообраќајот.
■ Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
станица за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
■ Нема стишување (слабеење на звукот, карактеристично за
приемот AM или FM). DAB
сигналот се репродуцира на
константна гласност.
■ Ако DAB сигналот е премногу слаб за дешифрирање со
приемникот, приемот се
прекинува целосно. Ова може да се избегне со активирање на Auto
ensemble linking (Автоматско поврзување ансамбли) и/илиAuto linking DAB-FM (Автоматско
поврзување DAB-FM) во
изборникот за поставки на DAB.
■ Пречење предизвикано од станиците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM) не
се појавува со DAB.
■ Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DAB се
подобрува, додека AM или FM
приемот значително се влошува
во таквите случаи.
■ Кога е вклучен прием DAB, FM- радиото на инфозабавниот
систем остаснува активно во
заднина и постојано ги бара FM-
станиците со најдобар прием.
Ако е вклучено TP 3 173, се
емитуваат сообраќајните
соопштенија на FM-станицата со
најдобар прием во моментот.
Исклучете го TP ако не сакате
приемот DAB да се прекинува со
сообраќајни соопштенија FM.
Page 177 of 203
Радио177
Конфигурирање на DABПритиснете го копчето CONFIG.
Одберете го Radio settings (Радио
поставки) и потоа DAB settings
(Поставки за DAB) .
Следните опции се достапни во
изборникот за конфигурација:
Автоматско поврзување ансамбли Кога е активна оваа функција,
уредот се префрлува на истиот
сервис (програма) на друг
ансамбл DAB (фреквенција) кога
сигналот DAB е преслаб за прием
со приемникот.
Поставете ја функцијата на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Автоматско поврзување DAB-FM
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на соодветна
станица FM на активниот сервис
DAB кога сигналот DAB е премногу
слаб за прием со приемникот.
Поставете ја функцијата на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .Динамичко прилагодување на
звукот
Кога е активирана оваа функција,
динамичниот опсег на сигналот
DAB се намалува. Тоа значи дека
нивото на гласните звуци се
намалува, а нивото на тивките
звуци се зголемува. Затоа
гласноста на Инфозабавниот
систем може да се зголеми до
точка каде што тивките звуци се
чујни, а гласните звуци не се
прегласни.
Поставете ја функцијата на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Избирање фреквентно подрачје
Изберете ја ставката Band selection
(Бирање опсег) за да се прикаже
односниот изборник.
За да се одреди кои фреквентни
подрачја DAB ќе ги прима
Инфозабавниот систем,
активирајте една од опциите:
L-Band : 1452 - 1492 MHz, земско и
сателитско радио
Band III : 174 - 240 MHz, земско
радиоBoth (Двете)
Page 178 of 203
178ЦД-уредЦД-уредОпшти информации.................178
Употреба ................................... 179Општи информации
ЦД плеерот на Инфозабавниот
систем може да репродуцира
аудио ЦД-а и ЦД-а со MP3/WMA.
Важни информацииВнимание
Никогаш не ставајте сингл ЦД-а
со пречник од 8 см или ЦД-а со
посебен облик во аудио
плеерот.
Не ставајте налепници на ЦД- ата. Таквите дискови може да се
заглават во ЦД-погонот и да го
расипат плеерот. Тогаш ќе
треба да се замени уредот.
■ Може да се користат следниве формати на ЦД-а:
CD-ROM Режим 1 и Режим 2. CD-ROM XA Режим 2, Форма 1 и
Форма 2.
■ Може да се користат следниве формати на фајлови:
ISO 9660 Ниво 1, Level 2 (Romeo,Joliet).
Фајловите MP3 и WMA запишани
во кој било формат освен
наведените погоре може да не се
репродуцираат правилно а
имињата на нивните фајлови и
папки може да не се прикажат
правилно.
■ Аудио ЦД-а со заштита од прекопирање кои не се во
согласност со стандардот за
аудио ЦД-а може да не се
репродуцираат правилно или воопшто да не се репродуцираат.
■ Самозапишаните ЦД-а за запишување (CD-R) или ЦД-а за
повеќекратно запишување (CD-
RW) се поранливи во поглед на
неправилното ракување од
однапред запишаните ЦД-а.
Правилното ракување треба да
се обезбеди, особено во случај
на ЦД-а за запишување (CD-R) и
ЦД-а за повеќекратно
запишување (CD-RW) (видете
подолу).
Page 179 of 203
ЦД-уред179
■ Самозапишаните ЦД-а зазапишување, и ЦД-а за
повеќекратно запишување може
да не се репродуцираат
правилно или воопшто да не се
репродуцираат. Во таквите
случаи не е виновна опремата.
■ На ЦД-а со мешан модус (аудио запици и на компримирани папкина пр. MP3, се зачувани), делот
со аудио записите и
компримираниот дел може да се
репродуцира посебно.
■ Гледајте да не оставате отпечатоци од прстите кога
менувате ЦД-а.
■ Вратете ги ЦД-ата во нивните омоти веднаш откако ќе ги
извадите од аудио плеерот за да
се заштитат од оштетувања и
валканост.
■ Валканоста и течностите на ЦД-ата може да ги загадат
леќите на ЦД плеерот внатре во
уредот и да предизвикаат
дефекти.■ Заштитувајте ги ЦД-ата од топлина и директна сончева
светлина.
■ Следните ограничувања важат за ЦД-а МР3/WMA:
Брзина на битови: 8 kbit/s -
320 kbit/s.
Фреквенција на семплување: 48 kHz, 44.1 kHz, 32 kHz (за
MPEG-1) и 24 kHz, 22,05 kHz,
16kHz (за MPEG-2).
■ Следните ограничувања важат за податоците зачувани на ЦД
со MP3/WMA:
Број на снимките: макс. 999.
Број на записи по ниво на папка:
макс. 512.
Длабочина на структурата на
папките: макс. 10 нивоа.
Забелешка
Во ова поглавје е опишано само
пуштањето фајлови MP3 бидејќи
ракувањето со фајлови MP3 и
WMA е исто. Кога ќе се вчита ЦД
со фајлови WMA, се прикажуваат изборници поврзани со MP3.Употреба
Започнување репродукција од ЦДПритиснете го копчето CD еднаш
или повеќепати за да го отворите
главниот изборник за ЦД или MP3.
Ако има ЦД во ЦД плеерот, почнува репродукцијата на ЦД-то.
Зависно од податоците зачувани
на аудио ЦД-то или ЦД-то со MP3,
на екранот ќе се покажат различни
информации за ЦД-то и актуелната музичка нумера.
Page 180 of 203
180ЦД-уред
Вметнување на ЦД
Со печатената страна свртена
угоре вметнувајте ЦД во отворот за ЦД-а додека не се вовлече.
Забелешка
Ако се вметне ЦД, на екранот се
прикажува 0.
Прескокнување до следниот или претходниот запис
Накратко притиснете го копчето
s или u.
Брзо вртење напред или
назад
Притиснете го копчето s или
u и држете го така за вртење на
брзо вртење напред или назад на
моменталниот запис.
Избирање записи со
изборникот за аудио ЦД-а
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се отвори CD menu
(Изборник ЦД) .
Shuffle songs (Мешање на песните)
За да ги репродуцирате сите песнипо случаен редослед: поставете ја
функцијата на On (Вкл.).
Забелешка
Ако се активира оваа функција, се
прикажува 2 во соодветниот
главен изборник.
Repeat (Повтори)
За слушање песна со
повторување: поставете ја
функцијата на On (Вкл.).
Забелешка
Ако се активира оваа функција, се прикажува 1 во соодветниот
главен изборник.
Track list (Листа песни)
За да изберете песна од ЦД:
изберете Track list (Листа песни) , а
потоа саканиот запис.
Folders (Папки)
За да изберете песна од папка:
изберете Folders (Папки) . Се
прикажува листа на папките на ЦД-
то.
Изберете една од папките, а потоа
изберете го саканиот запис.
Забелешка
Оваа ставка е достапна само ако
е вметнато ЦД со MP3.
Search... (Се бара...)
За да отворите изборник за барање
и избор на записи: одберете
Search... (Се бара...) .
Изберете една од категориите, а
потоа изберете го саканиот запис.