OPEL ZAFIRA C 2015 Сопственички прирачник

Page 191 of 341

Возење и ракување189
Забелешка
Користете ги само наменските
канти за AdBlue за дотурање за да спречите прекумерно ставање
AdBlue. Освен тоа, пареите во
резервоарот се собираат во
кантата и не излегуваат.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го рокот на траење пред полнењето.
Забелешка
Треба да се дополнат уште
најмалку 5 литри AdBlue. Инаку,
системот можеби нема да го
открие дополнувањето AdBlue.
Ако треба да се дополни AdBlue
на температура под -11°C,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место со повисока околна температурадодека AdBlue не се втечни.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење, може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоашто пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
Грлото за полнење AdBlue се наоѓа
зад вратичката на резервоарот за
гориво.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
2. Затворете ги сите врати за да не навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.
3. Повлечете ја вратичката на резервоарот за гориво за
вдлабнатинката и отворете ја
3 241.
4. Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни.
8. Одвртете го цревото од грлото за полнење.
9. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.

Page 192 of 341

190Возење и ракување
Забелешка
Фрлете ги кантата и цревото за
AdBlue според барањата за
животна средина.
Замена на AdBlue
Ако во последните 2 години не
биле дополнети помалку од
5 литри AdBlue, преостанатата
течност треба да се смени бидејќи
AdBlue има ограничена трајност.Внимание
Непочитување би можело да
доведе до оштетување на
системот за селективно
каталитичко намалување.
Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Екран на менувачот
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Рачка на менувачотP=паркирна положба, тркалата се блокирани, ставајте во брзина
само кога возилото е во
мирување и сопирачката за
паркирање е применетаR=рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN=лерD=aвтоматски режим со сите
брзини на менувачот

Page 193 of 341

Возење и ракување191
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Без нагазнување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
контролните сијалички j и P
трепкаат.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно кочење
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по надолнини, видете под
„рачен режим“.Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу D и R повеќе
пати. Не турирајте го моторот и избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.

Page 194 of 341

192Возење и ракувањеРачен режим
Извадете го менувачот од
положбата D налево а потоа
нанапред или наназад.
<=Менување во поголема
брзина.]=Менување во помала брзина.
Ако се одбере поголема брзина кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака на инфо-екранот за
возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Електронски програми за
возење ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
■ Функцијата за автоматско префрлување во лер автоматски
го префрлува менувачот на
работење в место кога возилото
е застанато во некоја брзина за
напред и педалот за сопирачките
е притиснат.
■ Кога е активен режимот SPORT, менувачот ги менува брзините
при поголеми брзини на моторот(освен ако не е вклучена
контролата на патувањето).
SPORT режимот 3 200.
■ Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини кога се вози по нагорнини или
удолнини.
■ Кога поаѓање во снежни или мразни услови или на друга
лизгава површина,
електронската контрола на
преносот автоматски избира
поголема брзина.
Збоднување Ако педалот за гас е притиснат
докрај во автоматскиот режим,
менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се пали g.
Дополнително се прикажува број
на шифра или порака за возилото на Информативниот центар за
возачот. Пораки за возилото 3 137.

Page 195 of 341

Возење и ракување193
Менувачот веќе не менува
автоматски брзини. Непрекинато
патување е возможно со рачно менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина може
да се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањетоВо случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 297.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на
менувачот.1. Затегнете ја рачната сопирачка.
2. Ослободете ја облогата нарачката на менувачот од
средишната конзола напред,
преклопете ја угоре и завртете
ја влево.
3. Вметнете шрафцигер во отворот колку што може
подлабоко и извадете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако Pили Nе одбрано
повторно, рачката на
менувачот ќе биде закочена во
положбата повторно. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.

Page 196 of 341

194Возење и ракувањеРачен менувач
За ставање во рикверц, кога
возилото е во мирување, почекајте 3 секунди откако ќе го притиснете
куплунгот и потоа притиснете го
копчето за ослободување на
рачката на менувачот и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози сораката легната на рачката на
менувачот.
Сопирачки
Системот на сопирачките се состои од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
повеќе сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 124.

Page 197 of 341

Возење и ракување195Систем за деблокирање
на сопирачките Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 125.Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
Рачна сопрачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за

Page 198 of 341

196Возење и ракувањеослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 124.
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување
9 Предупредување
Повлечете го прекинувачот m
околу една секунда,
електричната сопирачка за
паркирање се вклучува
автоматски со соодветна сила.
За максимална сила, на пр.
паркирање со приколка или на
стрмнини, повлечете го
прекинувачот m двапати.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога ќе светне контролната сијаличка
m 3 125.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи
моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Пред да го напуштите возилото,
проверете ја состојбата на
електричната сопирачка за
паркирање. Контролна сијаличка
m 3 125.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете ја педалата на сопирачката
притисната, па притиснете го
прекинувачот m.

Page 199 of 341

Возење и ракување197
Функција за поаѓање
Кога ќе се притисне педалата на куплунгот (рачен менувач) или ќе
се стави во брзина за возење
(автоматски менувач), па ќе се
притисне педалата за гас,
електричната сопирачка за
паркирање се отпушта автоматски. Тоа не е возможно кога
прекинувачот се повлекува
истовремено.
Оваа функција исто така помага со поаѓањето на стрмнини.
Агресивно поаѓање може да го
намали работниот век на
потрошните делови.
Динамично сопирање кога
возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
системот на електричната
сопирачка за паркирање ќе го
забави возилото, но нема да се
активира статично.
Штом прекинувачот m ќе се
ослободи, динамичното сопирање ќе престане.Дефект
На дефектниот режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка j и број на шифра или
порака за возилото што е
прикажана во Информативниот
центар за возачот (DIC). Пораки за
возилото 3 137.
Активирање нa електричната
сопирачка за паркирање:
повлечете го и држете го
прекинувачот m подолго од
5 секунди. Ако контролната
сијаличка m светне, електричната
сопирачка за паркирање е активирана.
Отпуштање нa електричната
сопирачка за паркирање:
притиснете го и држете го
прекинувачот m подолго од
2 секунди. Ако контролната сијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за
паркирање е отпуштена.
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосноактивирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање наугорници
Системот помага да се спречи несакано движење кога се вози по
стрмнини.

Page 200 of 341

198Возење и ракување
При отпуштање на ножната
сопирачка по застанување на
закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.
Помошта при поаѓање на
нагорнини не е активна за време на
Autostop.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста.
TC ја подобрува стабилноста при возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира штом
контролната сијаличка b ќе се
изгасне.Кога TC е активно, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 126.
Деактивирање

Page:   < prev 1-10 ... 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 ... 350 next >