OPEL ZAFIRA C 2016 Сопственички прирачник
Page 241 of 347
Возење и ракување239Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.
Деактивирање
Системот се исклучува со
притискање на ), светлото во
копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч со системот
не може да се работи.
Дефект
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не работи правилно кога:
● Шофершајбната не е чиста.
● Има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,
директна сончева светлина
или сенки.
Системот не може да работи кога
не се откриени ознаки на лентите.Гориво
Гориво за бензински мотори
Користете само безоловно гориво
усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Моторот е способен да работи со
гориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 317.Внимание
Не користете гориво или
адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Page 242 of 347
240Возење и ракувањеВнимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN 51626-1 или слично може да
доведе до таложења или
оштетување на моторот и да
влијае врз гаранцијата.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на дизел
Користете само дизел гориво што е во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под
50 ppm.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не користете бродски дизел масла,
масла за греење, Аквазол и слични
емулзии на дизел и вода. Дизел
горивата не смеат да се разредат
со горива за бензински мотори.
Гориво за работење соприроден гас
Употребувајте природен гас со
содржина на метан од околу
78 - 99%. L-gas (low) (низок) има
околу 78 - 87%, а H-gas (high)
(висок) има околу 87- 99%.
Биогасот со иста содржина на
метанот исто така може да се
користи ако тој бил хемиски
подготвен и десулфуриран.
Користете само таков природен гас
или биогас кој се сообразува со
DIN 51624.
Течни гасови или LPG не смее да
се употребува.
Селектор на гориво
Со притискање на Y се префрлува
меѓу работа на бензин и на
природен гас. Не е можно
префрлување при големи
оптоварувања (на пр. при големо
забрзување или возење под полн
гас). Состојбата на сијаличката го
покажува тековниот режим на
работа.
Page 243 of 347
Возење и ракување2411 исклучување:работење со
природен гас1 свети:работа на
бензин1 трепка:не е можно
префрлување,
резервоарите
на едно гориво
се празни
Кога резервоарот за природен гас
ќе се испразни, работењето со
бензин се вклучува автоматски
додека не се исклучи палењето.
Ако резервоарот за природен гас
не се наполни, системот треба
рачно да се префрли на работење
на бензин пред моторот да се
рестартира. Тоа ќе го спречи
оштетувањето на катализаторот
(прегрејување предизвикано од
нередовното снабдување со
гориво).
Ако прекинувачот за одбирање се
користи повеќе пати за кратко
време, се активира функцијата за
спречување на префрлувањето.
Моторот останува во актуелниот
работен режим. Спречувањето
останува активно додека не се
исклучи палењето.
Благо намалување на моќноста и
на вртежниот момент може да се
очекува при работење со бензин.
Затоа морате да ги приспособите
стилот на возење (на пр. при
маневри за претекнување) и
висока оптовареност на возилото
(на пр. влечење товар) соодветно.
Секои шест месеци, испразнете го
резервоарот за бензин додека не
се запали контролната сијаличка
Y , па наполнете гориво. Тоа е
потребно за да се одржи
квалитетот на горивото, како и
функционирањето на системот,
потребно за работење на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.Гориво за работа на течен
гас
Течниот гас е познат како LPG
(Liquefied Petroleum Gas - течен
нафтен гас - ТНГ) или по
француското име GPL (Gaz de
Pétrole Liquéfié). LPG е познат и
како автоплин.
ТНГ се состои главно од пропан и бутан. Октанскиот степен е меѓу
105 и 115, зависно од делот бутан.
ТНГ се чува течен на на притисок
од околу 5 - 10 бари.
Точката на вриење зависи од
притисокот и соодносот на
мешавината. На атмосферски
притисок, таа е меѓу -42 °C (чист пропан) и -0,5 °C (чист бутан).Внимание
Системот работи на околна
температура од околу -8 °C до
100 °C.
Page 244 of 347
242Возење и ракувањеЦелосната функција на системот
за ТНГ може да се гарантира само со течен гас што ги задоволуваминималните барања на DIN EN
589.
Селектор на гориво
Со притискање на LPG се
префрлува меѓу работа на бензин
и на течен гас штом ќе се достигнат
потребните параметри
(температура на течноста за
ладење, температурата на гасот и
минималната брзина на моторот).
Барањата обично се достигнуваат
по околу 60 секунди (зависно од
надворешната температура) и
првото цврсто притискање на
педалата за гас. Состојбата на
сијаличката го покажува тековниот
режим на работа.1 исклучување:работа на бензин1 трепка:проверка на
условите за
ракување со
претворањето на
горивото во
течен гас. Свети
ако се исполнети
условите.1 свети:работа на течен
гас1 трепка 5
пати и се гаси:резервоарот за
течен гас е
празен или има
неправилност во
системот за
течен гас. Во
Информативниот
центар за
возачот се
прикажува
порака.Избраниот режим на гориво се
зачуван и се реактивира во
следниот циклус за палење ако
условите дозволуваат.
Кога резервоарот за течен гас ќе се испразни, работењето со бензин севклучува автоматски додека не се
исклучи палењето.
Секои шест месеци испразнете го
резервоарот за бензин додека не
се запали контролната сијаличка
i , па наполнете гориво. Тоа
помага да се одржи квалитетот на
горивото и функционирањето на
системот за работа на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.
Дефекти и поправки
Ако не е возможен режим на гас,
проверете го следново:
● Има ли доволно течен гас?
● Има ли доволно бензин за палење?
Page 245 of 347
Возење и ракување243Поради екстремни температури, во
спој со составот на гасот, може да
биде потребно малку подолго
време додека системот се
префрли од бензински на режим на
гас.
Во екстремни ситуации, системот
може и да се врати во режимот на
бензин ако не се исполнети
минималните барања. Ако
условите дозволуваат, може да
биде овозможено рачно да се
врати ракувањето со течен гас.
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на сите
други дефекти.Внимание
Поправки и приспособувања смеат да вршат само обучени
специјалисти за да се одржи
безбедноста и гаранцијата на
системот за ТНГ.
На течниот гас му е додаден
карактеристичен мирис за да може лесно да се забележи ако се
испушта.
9 Предупредување
Ако ви замириса на гас во
возилото или во непосредната
околина, веднаш префрлете на
бензин. Пушењето е забрането!
Забранет е отворен оган или
средства за палење.
Ако и понатаму има мирис на гас,
не палете го моторот. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Кога користите подземни паркинзи, следете ги упатствата на
операторот и почитувајте ги
локалните закони.
Забелешка
Во случај на незгода, изгасете ги
палењето и светлата.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги палењето и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
Page 246 of 347
244Возење и ракување9Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
Полнење со бензин и дизел За да отворите, полека свртете го
капачето налево.Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење, целосно вметнете ја
цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Page 247 of 347
Возење и ракување245Затворете ја вратичката и
заглавете ја.
Возила со инхибитор за погрешно
гориво9 Предупредување
Не обидувајте се рачно да ја
отворите вратичката на грлото
на резервоарот за гориво кај
возилата со инхибитор за
погрешно гориво.
Непочитувањето на ова може
да доведе до фаќање на
прстите.
Возилата со систем за селективно
каталитичко намалување се
опремени со инхибитор за
погрешно гориво.
Инхибиторот за погрешно гориво
дава сигурност дека вратичката на
грлото на резервоарот за гориво
може да се отвори само со
користење млазница за дизел
гориво или инка за итно полнење.
Полека свртете го капачето на
резервоарот за гориво во правец
спротивно од стрелките на
часовникот.
Капачето може да се задржи во
рамката на вратичката на
резервоарот за гориво.
Поставете ја млазницата во права
линија во однос на грлото за
полнење и притиснете малку за да
влезе.
Во случај на итно полнење од
канта, мора да се користи инка за
отворање на капачето на грлото за полнење.
Инката се наоѓа во просторот за
складишната преграда од десната
страна во товарниот простор.
Поставете ја инката во права
линија во однос на грлото за
полнење и притиснете малку за да
влезе.
Употребете ја инката за долевање
дизел гориво во грлото за
полнење.
Page 248 of 347
246Возење и ракувањеОткако ќе наполните, ставете ја
инката во пластичната ќесичка и
одложете ја во складишната
преграда.
Систем за селективно каталитичко
намалување 3 190.
Полнење на природен гас
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
9 Предупредување
Полнете само со максимален
излезен притисок од 250 бари.
Користете само станици за
полнење каде што има
компензирање на
температурата.
Постапката за полнење треба да
биде завршена, т.е. грлото за
полнење треба да биде
испразнето.
Капацитетот на резервоарот за
природен гас зависи од
надворешната температура,
притисокот на полнењето и видот
на системот за полнење.
Зафатнини 3 326.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Термини за „возила со природен
гас“ во странство:
ГерманскиErdgasfahrzeugeАнглискиNGVs = Natural Gas
VehiclesФранцускиVéhicules au gaz
naturel ‑ или ‑
Véhicules GNVИталијанскиMetano auto
Термини за „природен гас“ во
странство:
ГерманскиErdgasАнглискиCNG = Compressed
Natural GasФранцускиGNV = Gaz Naturel
(pour) Véhicules
‑ или ‑
CGN = carburantgaz
naturelИталијанскиMetano (per auto)
Полнење со течен гас
Следете ги упатствата за ракување
и безбедноста на бензинската
пумпа кога полните гориво.
Page 249 of 347
Возење и ракување247Вентилот за полнење течен гас е
зад капачето на резервоарот за
гориво.
Одвртете го заштитното капаче од
грлото за полнење.
Навртете го потребниот адаптер
цврсто со рака на грлото за
полнење.
Адаптер ACME: Завртете ја
навртката на цревото за полнење
на адаптерот. Притиснете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење надолу.
Тркалезно грло за полнење:
Ставете го цревото за полнење во
адаптерот. Притиснете ја рачката
за блокирање на цревото за
полнење надолу.
Бајонет грло за полнење: Ставете
го цревото за полнење на
адаптерот и свртете го лево или
десно четвртина круг. Повлечете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење докрај.
ЕУРО грло за полнење:
Притиснете го цревото за полнење на адаптерот додека не се заглави.
Притиснете го копчето на пумпата
за течен гас. Системот за полнење
сопира или почнува да работи
полека кога ќе се дојде до 80% од зафатнината на резервоарот
(максимално ниво за полнење).
Ослободете го копчето на
системот за полнење да се запре
процесот на полнење. Отпуштете
ја рачката за блокирање и извадете
Page 250 of 347
248Возење и ракувањего цревото за полнење. Може да се
испушти мало количество течен
гас.
Извадете го адаптерот и одложете
го во возилото.
Ставете го заштитното капаче за
да спречите влегување туѓи тела
во отворот за полнење и во
системот.9 Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас може
да се наполни само 80% заради безбедносни причини.
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува
количеството за полнење. Ако се
додаде поголемо количество,
препорачуваме возилото да не се
изложува на сонце додека не се
искористи вишокот.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери коишто се
достапни од дистрибутерите на
Opel и од овластените сервисери
на Opel.
Адаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија
Адаптер бајонет: Холандија,
норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија