OPEL ADAM 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2015.5Pages: 265, PDF Size: 7.09 MB
Page 151 of 265

Возење и ракување149Рачен менувач
За да ставите во рикверц,
притиснете ја педалата на
куплунгот и притиснете го копчето
за ослободување на рачката на менувачот и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Показател за менување брзини
3 98.
Автоматизиран рачен
менувач
Автоматизираниот рачен менувач
овозможува рачно менување
брзини (рачен режим) или
автоматско менување брзини
(автоматски режим), двете со
автоматска контрола на куплунгот.
Рачното менување е можно со
потчукнување на рачката на
менувачот во рачниот режим.
Забелешка
Кога отклучувате или отворате
врата на возилото, може да се
слуша звук од хидрауличниот
систем.
Page 152 of 265

150Возење и ракувањеЕкран на менувачот
Во автоматскиот режим, на
програмата за возење укажува D во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
Палење на моторот За да го запалите моторот,
притиснете ја ножната сопирачка
ако менувачот не е во N.
Менувачот автоматски се
променува во N по палењето.
Можее да настапи кратко
задоцнување.
Палењето не е возможно ако сите
светла за сопирачката се
дефектни.
Систем за сопирање-поаѓање Autostop
Ако возилото е во мирување и
педалата за сопирачките е
притисната, Autostop се активира
автоматски.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
Autostart
Отпуштете ја педалата на
сопирачката и извадете ја рачката
на менувачот од D за да го
рестартирате моторот.
Повторното палење на моторот е
прикажано на вртежометарот со
иглата во положба за лер.
Системот за сопирање-поаѓање ќе
се исклучи на стрмнини од 15 % или повеќе.
Систем за сопирање-поаѓање
3 144.
Page 153 of 265

Возење и ракување151Рачка на менувачот
Секогаш придвижувајте ја рачката
на менувачот во соодветната
насока до каде што може да оди.
По пуштањето, автоматски се
враќа во средишната положба.
N=положбата лерD/
M=префрлување помеѓу
автоматскиот (D) и рачниот
(M) режим за менување.
Екранот на менувачот
прикажува D или M со
избраната брзина<=ставање во поголема брзина во рачниот режим]=ставање во помала брзина
во рачниот режимR=рикверц. Ставајте во
рикверц само кога возилото
е во мирување
Ако рачката на менувачот се
помести од R налево, D директно
се активира.
Ако рачката на менувачот се
помести од D во < или ], се избира
рачниот режим M и преносот се
менува.
Поаѓање Притиснете ја педалата на
сопирачките и поместете ја
рачката на менувачот во D/M или
R . Ако е избрано D, менувачот е во
автоматски режим и ставено е во прва брзина. Ако се избере R, се
активира рикверц.
Возилото почнува да лази штом ќе
се отпушти сопирачката.
За да појдете без притискање на
педалата на сопирачките,
забрзајте веднаш откако ќе ставите во брзина додека трепка D или R.
Ако ни педалот за гас ни ножната
сопирачка не е нагазната, не се
става во ниедна брзина и за кратко
време трепка D или R на екранот.
Застанување на возилото
Во D, првата брзина е ставена и
куплунгот е отпуштен кога
возилото ќе застане. Во R,
рикверцот останува активен.
Моторно кочење Автоматски режим
Кога се вози по удолнини,
автоматскиот менувач не се
префрлува во поголеми брзини
додека не се достигне релативно
голема брзина на моторот.
Благовремено се префрлува во
помала брзина кога се сопира.
Рачен режим
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини. Промената во рачен режим е можна само додека
моторот работи или за време на
Autostop.
Page 154 of 265

152Возење и ракување
Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу R и D повеќе
пати. Не турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Последната ставена брзина
(видете на екранот на менувачот)
останува активна кога се исклучува
палењето. Со N не е ставено во
ниедна брзина.
Затоа секогаш затегнувајте ја
паркирната сопирачка кога го
исклучувате палењето. Ако не е
затегната паркирната сопирачка,
P трепка на екранот на менувачот
и клучот не може да се извади од
бравата за палење. P престанува
да трепка на екранот на менувачот штом ќе се затегне малку
паркирната сопирачка.Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Систем за контрола на
притисокот во гумите За да го почнете споредувањето на
сензорите на системот за контрола на притисокот во гумите, рачката
на менувачот треба да се помести
и да се задржи во положбата N
пет секунди. P светнува на екранот
на менувачот за да покаже дека
споредувањето на сензорите може
да се почне.
Систем за контрола на притисокот
во гумите 3 209.
Рачен режим
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа го спречува моторот да работи со премногу или премалку
вртежи. Во Информативниотцентар за возачот се прикажува
предупредувачка порака. Пораки
за возилото 3 109.
Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се менува во помала брзина.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина
само преку збоднувањето.
Кога + или - е избрано во
автоматскиот режим, менувачот се префрлува во рачен режим и
менува брзини соодветно.
Показател за менување брзини
Симболот R со број до него се
прикажува кога се препорачува
менување брзина за да се заштеди гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Page 155 of 265

Возење и ракување153Електронски програми за
возењето ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
■ Приспособливата програма автоматски го прилагодува
менувањето на брзини кон
условите за возење, на пр.
поголема оптовареност или
стрмнини.
Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат докрај во автоматскиот режим, менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
За да се спречи оштетувањето на
автоматизираниот рачен менувач,
куплунгот автоматски се затвора при високи температури на истиот.Во случај на дефект, се пали
контролната сијаличка g. Освен
тоа, во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредувачка порака. Пораки
за возилото 3 109.
Понатамошното возење е
ограничено или не е можно,
зависно од дефектот.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачкте е
притиснат цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Пред да продолжете со патувањето побарајте помош од
автомеханичар.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 97.
Page 156 of 265

154Возење и ракувањеСистем за деблокирање
на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 97.Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
Рачна сопрачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
Page 157 of 265

Возење и ракување155ослободување, и на удолниниили угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 97.
Серво кочење Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно
сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага во спречување на несакани движења при возење на
коса површина.
При отпуштање на ножната
сопирачка по застанување на
косина, сопирачките се активни уште две секунди. Сопирачките се
отпуштаат автоматски штом
возилото ќе почне да забрзува или ќе заврши времето за задржување
од две секунди.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста (ESC).
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
Page 158 of 265

156Возење и ракување
TC функционира по секое палење
на моторот штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога работи TC, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете b
накратко.
Порака за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се деактивира.
TC повторно се активира со
повторно притискање на b. Порака
за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се активира
повторно.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака или шифра за
предупредување. Системот не
функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Електронска контрола на
стабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Спречува и да прошлајфуваат
погонските тркала. ESC работи во
комбинација со системот за
контрола на пролизгувањето (TC).
Page 159 of 265

Возење и ракување157
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се закочуваат посебно. Тоа
значително ја подобрува
стабилноста при возење на
возилото на лизгави површини на
коловозот.
ESC функционира по секое палење на моторот штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога работи ESC, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 99.
Деактивирање
За поспортско однесување, ESC и
TC можат да се активираат заедно:
■ држете го притиснато b најмалку
5 секунди: ESC и TC се
деактивирани. Светнува t и во
Информативниот центар за
возачот се појавуваат пораки за
статусот.
■ За да го деактивирате само Системот за контрола на
пролизгувањето, кратко
притиснете го копчето b: TC е
неактивно, но ESC останува активно. Порака за статус се
Page 160 of 265

158Возење и ракување
појавува во Информативниот
центар за возачот кога TC ќе се
деактивира.
Ако возилото стигне до прагот на
стабилност со деактивирано ESC,
системот автоматски ќе го
активира ESC повторно додека
трае прагот кога педалата на
сопирачката ќе се притисне еднаш.
ESC повторно се активирана со
притиснување на копчето b
одново. Ако системот TC беше
претходно исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно. Порака за
статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот и t се исклучува кога TC
и ESC ќе се активираат повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавувапорака или шифра за
предупредување. Системот не
функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Градски режимГрадскиот режим е функција што
овозможува поголема помош со
управувањето при помали брзини,
какви што се, на пр. во градскиот
сообраќај или при паркирање.
Помошта за управувањето е
поголема за поголема практичност.
АктивирањеПритиснете го копчето B кога
работи моторот. Системот работи
од мирување до 35 км/ч и во
рикверц. Над оваа брзина системот
се враќа во нормален режим. Кога
ќе се активира, градскиот режим се вклучува автоматски под 35 км/ч.
Запалено светло во копчето за
градски режим укажува дека
системот е активен.
Освен тоа, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Градскиот режим останува активен
при Autostop, но функционира само
кога работи моторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 144.
Деактивирање Притиснете го копчето B; светлото
во копчето се гаси и се појавува
порака во Информативниот центар за возачот.
При секое стартување на моторот,
градскиот режим се деактивира.