OPEL ADAM 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2015.5Pages: 265, PDF Size: 7.09 MB
Page 171 of 265

Возење и ракување169
ФункционалностРежим за барање место за
паркирањеВо Информативниот центар за
возачот изберете место за
паркирање што е паралелно и е
под прав агол преку притискање на
копчето SET/CLR .
Кога ќе се открие прикладно место,
се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Изберете го паралелното или под
прав агол место за паркирање со
лесно допирање на иконата 6 или
7 на Информативниот екран во
боја.
Page 172 of 265

170Возење и ракување
Кога ќе се открие прикладно место,се даваат визуелни информации
на Информативниот екран во боја
и звучен сигнал.
Ако возачот не го сопре возилото
за 10 метри за напоредни места за
паркирање или 6 метри за
напречни места за паркирање
откако се предложи место за
паркирање, системот почнува да
бара друго погодно место за
паркирање.
Режим за наведување при
паркирање
Предлогот за место за паркирање
од системот се прифаќа кога
возачот ќе го сопре возилото за 10 метри за места за паркирање
напоредно или 6 метри за места за
паркирање напречно откако ќе се
даде пораката Stop (Застанете) .
Системот ја пресметува
оптималната патека до паркирното место.
Куса вибрација на воланот по
ставањето во рикверц укажува
дека системот го контролира
управувањето. Потоа возилото се
управува во местото автоматски со
тоа што на возачот му се даваат
детални упатства за сопирање,
забрзување и менување брзини.
Возачот не треба да го допира
воланот.
Секогаш внимавајте на звукот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан звук покажува дека оддалеченоста до пречка е
помала од околу 30 см.Значи, ако поради нешто возачот
треба да преземе контрола врз
управувањето, држете го воланот
само за надворешниот раб. Тогаш
ќе се откаже автоматското
управување.Менување на страната на
паркирањето
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откриваат паркирни места од
возачката страна, вклучете го
трепкачот од возачката страна за
време на барањето.
Штом ќе се исклучи трепкачот,
системот повторно бара паркирни
места од совозачката страна.Индикации на екранот
Упатствата на екранот покажуваат:
■ општи практични совети и пораки
за предупредување,
■ совет кога се вози побрзо од 30 км/ч при барање место за
паркирање или 8 км/ч ви режимот за наведување,
Page 173 of 265

Возење и ракување171
■ барањето за запирање навозилото кога се приметува
паркирно место,
■ насоката на возењето за време на маневрите за паркирање,
■ барање за менување брзина наназад или нанапред,
■ барање за забрзување или сопирање,
■ за некои од упатствата се прикажува лента за напредок на
Информативниот центар за
возачот,
■ успешно паркирање на коешто укажува појавен симбол и
мелодија,
■ откажување на маневар за паркирање.
Приоритети за прикажувањето
Показателот за напредна помош за паркирање на Информативниот
центар за возачот може да се
потисне од од пораки за возилото
со повисок приоритет. Откако ќе ја
одобрите пораката со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите, повторно сепокажуваат упатствата за
напредната помош за паркирање и маневарот за паркирање може да
продолжи.
Деактивирање
Системот се деактивира со:
■ долго притискање на копчето D ,
■ успешно завршување на маневарот за паркирање,
■ возење побрзо од 30 км/ч при барање место за паркирање,
■ возење побрзо од 8 км/ч при наведување за паркирање,
■ откриено е попречување од возачот на воланот,
■ се надмине бројот на максимални промени на
брзините: 8 циклуси за
паркирање при напоредно
паркирање или 5 циклуси при напречно паркирање,
■ исклучување на палењето.
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време на маневрирањето ќе укажеParking Deactivated (Паркирањето
е деактивирано) на екранот.
Дополнително се огласува звучен
сигнал.
Дефект
Порака се појавува во следниве
случаи:
■ има има дефект на системот, контролната сијаличка r се
пали во групата инструменти,
■ возачот не ја заврши маневрата за паркирање успешно,
■ системот не функционира,
■ дојде до некоја од причините за деактивирање опишани погоре.
Ако се открие предмет за време на упатствата за паркирање, на
екранот се појавува Stop
(Застанете) . Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжи
маневрата за паркирање. Ако не се
отстрани предметот, системот ќе
се деактивира. Долго притискање
на копчето D ќе го активира
системот и ќе се бара ново
паркирно место.
Page 174 of 265

172Возење и ракување
Основни белешки засистемите за помош за
паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко
непорамнување (повремено може да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска
табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за
паркирање може да не реагира на
промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.
Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.
Системот не открива
неправилности на тлото, на пр., во градежни зони. Возачот е
одговорен за тоа.
Page 175 of 265

Возење и ракување173
Забелешка
Доколку ставите во брзина за
напред и надминете одредена
брзина, помошта за паркирање
назад ќе се исклучи при
извлекување на задниот систем
за превозување.
Доколку прво ставите во рикверц,
помошта за паркирање ќе го
забележи задниот систем за
превозување и ќе даде звук на
зуење. Притиснете кратко r или
D за да ја исклучите помошта за
паркирање.
Забелешка
По производството, на системот
му треба калибрација. За
оптимално наведување при
паркирање, потребна е возна оддалеченост од најмалку 10 км,
вклучително и свиоци.
Известување за
странична слепа точка Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена„мртва“ зона. Системот известува визуелно во секој ретровизор кога
открива објекти што може да не се
видливи во внатрешниот и
страничните ретровизори.
Известувањето за странична слепа
точка користи дел од сензорите за
напредна помош за паркирање што се наоѓаат на предниот и задниот
браник од двете страни на
возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива: ■ Возила вон страничните слепи зони што може да се
приближуваат брзо.
■ Пешаци, велосипедисти или животни.
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека се
вози нанапред, независно дали се
претекнува возило или Ве
претекнуваат, портокалов
предупредувачки симбол B ќе се
запали на соодветниот страничен ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол B
почнува да трепка портокалово
како предупредување да не се
менува лентата.
Известувањето за странична слепа
точка е активно од брзини од
10 км/ч до 140 км/ч. Ако се вози
Page 176 of 265

174Возење и ракување
побрзо од 140 км/ч, системот се
исклучува, на што укажуваат слаби
светлосни предупредувачки
симболи B во двата странични
ретровизори. Со повторно
намалување на брзианта,
предупредувачките симболи ќе се
изгаснат. Ако потоа се открие
возило во слепата зона,
предупредувачките симболи B ќе
светнат како што е нормално, на
соодветната страна.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Системот може да се активира или деактивира во Инфо-екранот,
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 113.
На исклучувањето укажува порака во Информативниот центар за
возачот.Зони на откривање
Зоните на откривање почнуваат кај задниот браник и се протегаат
околу 3 метри наназад и настрана.
Висината на зоната е приближно
околу 0,5 метри и 2 метри од тлото.
Известувањето за странична слепа точка е конструирано да игнорира
статични објекти како, на пр.
банкини, столбови, рабници,
ѕидови и греди. Паркирани или
возила што доаѓаат од
спротивната страна не се
откриваат.
Дефект Може да дојде до повремени
пропуштени известувања во
нормални околности и тие се
почести при влажни услови.
Известувањето за странична слепа
точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
прекриен со кал, нечистотија, снег, мраз, влажен снег, или при големо
невреме. Упатства за чистење
3 233.Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Page 177 of 265

Возење и ракување175Гориво
Гориво за бензински
мотори
Користете само безоловно гориво
што е усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или еквивалентно.
Моторот може да работи со
гориво E10 што ги исполнува овие
стандарди. Горивото E10 содржи
до 10 % биоетанол.
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 248. Употребата на горива со
пренизок октански број може да ја
намали моќноста на моторот и
вртливиот момент и малку ја
зголемува потрошувачката на
гориво.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN
51626-1 или слично може да
доведе до таложења или
оштетување на моторот и да
влијае врз гаранцијата.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за работа на
течен гас
Течниот гас е познат како LPG
(Liquefied Petroleum Gas - течен
нафтен гас - ТНГ) или по
француското име GPL (Gaz de
Pétrole Liquéfié). LPG е познат и
како автоплин.
ТНГ се состои главно од пропан и бутан. Октанскиот степен е меѓу
105 и 115, зависно од делот бутан.
ТНГ се чува течен на на притисок
од околу 5 - 10 бари.
Точката на вриење зависи од
притисокот и соодносот на
мешавината. На атмосферски
притисок, таа е меѓу -42 °C (чист
пропан) и -0,5 °C (чист бутан).Внимание
Системот работи на околна
температура од околу -8 °C до
100 °C.
Целосната функција на системот за ТНГ може да се гарантира само
со течен гас што ги задоволува
минималните барања на
DIN EN 589.
Page 178 of 265

176Возење и ракување
Селектор на гориво
Со притискање на копчето LPG се
префрлува меѓу работа на бензин
и на течен гас штом ќе се достигнат
потребните параметри
(температура на течноста за
ладење, температурата на гасот и
минималната брзина на моторот).
Барањата обично се достигнуваат
по околу 60 секунди (зависно од
надворешната температура) и
првото цврсто притискање на
педалата за гас. Состојбата на
сијаличката го покажува тековниот
режим на работа.
Сијаличката е
изгасната=работа на бензинСијаличката
светнува=работа на течен
гасСијаличката
трепка=не е можно
префрлување,
еден резервоар
со гориво е
празен.
Откако резервоарите за течен гас
ќе се испразнат, автоматски се
активира работата на бензин
додека не се исклучи палењето.
Секои шест месеци испразнете го
резервоарот за бензин додека не
се запали контролната сијаличка
Y , па наполнете гориво. Тоа помага
да се одржи квалитетот на
горивото и функционирањето на
системот за работа на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.
Дефекти и поправки
Ако не е возможен режим на гас,
проверете го следново:
■ Дали има доволно течен гас?
■ Има ли доволно бензин за палење?
Поради екстремни температури, во
спој со составот на гасот, може да
биде потребно малку подолго
време додека системот се
префрли од бензински на режим на гас.
Во екстремни ситуации, системот
може и да се врати во режимот на
бензин ако не се исполнети
минималните барања.
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на сите
други дефекти.Внимание
Поправки и приспособувања смеат да вршат само обучени
специјалисти за да се одржи
безбедноста и гаранцијата на
системот за ТНГ.
Page 179 of 265

Возење и ракување177
На течниот гас му е додаден
карактеристичен мирис за да може лесно да се забележи ако се
испушта.9 Предупредување
Ако ви замириса на гас во
возилото или во непосредната
околина, веднаш префрлете на
бензин. Пушењето е забрането!
Забранет е отворен оган или
средства за палење.
Ако и понатаму има мирис на гас,
не палете го моторот. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Кога користите подземниј
паркинзи, следете ги упатствата на операторот и почитувајте ги
локалните закони.
Забелешка
Во случај на незгода, изгасете ги
палењето и светлата.
Полнење гориво9 Опасност
Пред полнење гориво,
изгаснете го моторот.
Исклучете ги сите мобилни
телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедност на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во возилото, нека Ви ја отстрани причината веднаш
автомеханичар.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само кога
возилото е отклучено.
Притиснете ја вратичката за да се
одглави. Потоа отворете ја
вратичката.
Page 180 of 265

178Возење и ракување
Вртете го капачето на резервоарот
полека налево за да го отворите.
Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и
вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Полнење течен гас Следете ги упатствата за ракување
и безбедноста на бензинската
пумпа кога полните гориво.
Вентилот за полнење течен гас е
зад капачето на резервоарот за
гориво.
Одвртете го заштитното капаче од
грлото за полнење.