OPEL ADAM 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2015Pages: 255, PDF Size: 6.91 MB
Page 71 of 255

Складирање699Предупредување
Ако системот не може да се
заглави правилно, Ве молиме да побарате помош од
автомеханичар.
Товарен простор
Потпирачот за грб на задното
седиште е поделен на два дела. И
двата дела може да се склопат
надолу посебно.
Проширување на товарниот
простор
Извадете го капакот на товарниот
простор ако е потребно.
Притиснете ја бравата и
притиснете го потпирачот за глава
надолу.Вметнете ја плочката на
безбедносниот ремен во
страничниот држач за да го
заштитите ременот од
оштетување.
Повлечете го ременот од едниот
или од двата потпирачи за грб и склопете ги надолу на перничето
на седиштето.
За да отклопите нагоре, кренете ги
потпирачите за грб во исправена
положба и оставете да се заглават чујно.
Page 72 of 255

70Складирање
Потпирачите за грб се правилно
заглавени кога црвените ознаки на
двата ремени за отпуштање не се
гледаат.9 Предупредување
Кога ги преклопувате,
проверете дали потпирачите за грб се добро заглавени во
положбата пред да возите.
Инаку може да дојде до лични
повреди или оштетувања на
товарот или возилото во случај
на нагло сопирање или судир.
Кука за кеси
Користете ја куката кај десниот
страничен ѕид на товарниот
простор за закачување кеси.
Максимална оптовареност: 5 кг.
Задна преграда за
складирање
Складишна кутија Во товарниот простор се наоѓа
складишна кутија што се затвора.
Капакот се заклучува со вртење на
копчето. Мора да е заклучен
додека возите.
За да го отворите, отклучете и
подигнете го капакот.
За да го тргнете капакот, отворете
го и лизгајте го странично кон лево.
Кутијата може да се оддели со разделник.
Капакот на складишната кутија
може да се оптовари со најмногу 20 кг.
Вадење
За да добиете пристап до
опремата за итност во случај на
дефект и за замена на сијалиците
на задните светла, мора да ја
поместите складишната кутија:
■ Извадете го капакот на товарниот простор 3 71.
■ Преклопете ги задните потпирачи за грб 3 69.
■ Отворете ја складишната кутија.
Page 73 of 255

Складирање71
■ Свртете ги куките зазаклучување на двете страни
назад и притиснете ги алките за
врзување надолу во процепите.
■ Кренете ја складишната кутија и ставете ја на преклопените
потпирачи за грб.
■ Извадете ја складишната кутија од товарниот простор.
Монтирање ■ Ставете ја складишната кутија на
преклопените потпирачи за грб.
■ Спуштете ја кутијата во товарниот простор.
■ Отворете ја складишната кутија.
■ Кренете ги алките за врзување на двете страни и свртете ги
куките за заклучување кон
напред за да ја прицврстите
кутијата за алките за врзување.
■ Кренете ги задните потпирачи за
грб и наместете го капакот на
товарниот простор.
■ Сместете го куферот со комплетот за поправање гуми во
комора на складишната кутија.
■ Затворете го и заклучете го капакот.
Капак на товарниот
простор Не ставајте предмети врз капакот.Отворање
Кренете го капакот од задниот крај. Се заглавува во речиси исправена
положба. Можно е понатамошно
отворање. За да затворите,
спуштете го капакот понатаму од
точката на заглавување.
Page 74 of 255

72Складирање
Вадење
Турнете го капакот нагоре одлево и
оддесно од долната страна и
извадете го.
МонтирањеЗаглавате го капакот притискајќи го
во водилките од двете страни.
Капак на задната
преграда за складирање
под подот
Заден капак на подот
Подигнете ја задната патосница за да пристапите до опремата за
итност во случај на дефект.
Алатки 3 196.
Капак на субвуферот
Кренете го задниот дел на капакот
на подот за да дојдете до
предупредувачкиот триаголник.
Кога го затворате капакот на подот,
внимавајте да е прицврстен со
прицврстувачот велкро.
Вадење
Отстранете ја задната патосница
за да пристапите до опремата за
итност во случај на дефект и за замена на сијалиците на задните
светла:
Page 75 of 255

Складирање73
■Кренете го и склопете го задниот
дел кон напред.
■ Повлечете го капакот кон назад, ќе се поткрене малку од
водилката.
■ Откачете го капакот од товарниот простор.
За да дојдете до десниот капак во
товарниот простор, на пр., за
замена на ламба, склопете го
задниот десен потпирач за грбот и
извлечете ја кутијата со алати што
е покрај субвуферот.
Замена на сијалиците 3 185.
Монтирање
■ Ставете ја кутијата со алати ако е извадена.
■ Наместете го капакот на подот во
товарниот простор.
■ Поместете го капакот на подот полека нанапред внимавајќи
наведувачките навртки да лизнат
во приклучоците на товарниот
простор и оставете го капакот на подот да се спушти во својата
положба.
■ Затворете го капакот на подот преклопувајќи го торниот дел
наназад и прицврстете го со
прицврстувачот велкро.
■ Кренете ги задните потпирачи за
грб.
Општ практичен совет9 Предупредување
Поради безбедносни причини,
одлагајте ги сите делови во
товарниот простор на нивното
место, секогаш возете со
затворен заден капак на подот и, ако е можно, со исправени
задни потпирачи за грб.
Инаку, патниците може да се
повредат од исфрлени
предмети во случај на
ненадејно сопирање, промена
на правецот или незгода.
Page 76 of 255

74СкладирањеАлки за врзување
Алките за врзување се предвидениза обезбедување на предметите
против лизгање, на пр. користење
на каишеви за врзување или мрежа за багаж.
Предупредувачки
триаголник
Предупредувачкиот триаголник е
складиран со еластичните каиши
во товарниот простор под задната врата.
Доколку возилото е опремено со
складишна кутија во товарниот
простор, извадете ја складишната
кутија за да дојдете до
предупредувачкиот триаголник
3 70.
Верзија со кутија за субвуфер
Кренете го задниот дел на капакот
на подот. Повлечете ја рачката за
да го извадите предупредувачкиот
триаголник.
Капак на задната преграда за
складирање под подот 3 72.
Page 77 of 255

Складирање75Прибор за прва помош
Ставете го приборот за прва
помош во преградата на
страничниот панел кај задните
седишта.
Систем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив
Поради безбедносни причини и да
се избегне оштетувањето на
пчокривот се препорачуваат
системи на багажници одобрени за возилото. За повеќе информации,
контактирајте со автомеханичар.
Следете ги упатствата за
монтирање и кога не е во употреба
извадете го багажникот за на
покрив.
Монтирање на багажник за на покривОтворете го капакот од секоја точка
за монтирање со користење
монета.
Page 78 of 255

76СкладирањеИнформации за
товарење
■ Тешките предмети во товарниот простор треба да се наместат до
потпирачите за грб. Уверете се
дека потпирачите за грб се
безбедно заглавени. Ако
предметите можат да се стават
еден врз друг, потешките
предмети треба да се стават долу.
■ Прицврстувајте предмети со еластичните каишеви закачени
за алките за врзување 3 74.
■ Користете ја куката кај десниот
страничен ѕид на товарниот
простор за закачување кеси.
Максимална оптовареност: 5 кг.
■ Прицврстувајте слободни предмети во товарниот простор
за да се спречи нивното лизгање.
■ Кога се превозуваат предмети во
товарниот простор, потпирачите
за грб од задниот ред на
седиштата не смеат да бидат
навалени напред.
■ Не дозволувајте товарот да штрчи над горниот раб на
потпирачите за грб.
■ Не ставајте предмети врз капакот на товарниот просторили врз таблата со инструменти,
и не го покривајте сензорот на
врвот од таблата со
инструменти.
■ Товарот не смее да пречи при ракување со педалите, рачната
сопирачка и рачката на
менувачот, или да го спречи
слободното движење на возачот.
Не ставајте неприцврстени
предмети во внатрешноста.■ Не возете со отворен товарен простор.9 Предупредување
Секогаш уверувајте се дека
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се фрлат наоколу
внатре во возилото
предизвикувајќи лична повреда
или оштетување на товарот или
на автомобилот.
■ Дозволената оптовареност е разликата помеѓу дозволената
бруто тежина на возилото
(видете на идентификациската
табличка 3 233) и максималната
тежина според ЕС.
За да ја пресметате дозволената оптовареност, внесете ги
податоците за Вашето возило во
табелата за тежини на почетокот од овој прирачник.
Максималната тежина според ЕС ги вклучува тежините на возачот
(68 кг), багажот (7 кг) и сите
Page 79 of 255

Складирање77
течности (со 90 % полн
резервоар).
Опционалните опреми и апарати ја зголемуваат својата тежина.
■ Возењето со товар на покривот ја
зголемува чувствителноста на
возилото на странични ветрови и има неповолно влијание врз
управувањето на возилото
поради повишувањето на
тежиштето на возилото.
Распределете го товарот
рамномерно и прицврстете го
правилно со каишеви за држење. Дотерајте ги притисокот во
гумите и брзината на возилото
според условите на
оптовареноста. Често
проверувајте ги и повторно
затегнувајте ги каишевите.
Не возете побрзо од 120 км/ч.
Дозволената оптовареност на
покривот е 50 кг. Оптовареноста
на покривот е комбинираната
тежина на багажникот за на
покрив и на товарот.
Page 80 of 255

78Инструменти и контролиИнструменти и
контролиКонтроли ..................................... 78
Предупредувачки светла,
мерачи и индикатори .................87
Информативни екрани ............... 98
Пораки за возилото .................. 105
Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби ..109Контроли
Местење на воланот
Отклучете ја рачката, наместете го
воланот, па заглавете ја рачката и
уверете се дека истата е целосно
закочена.
Само тогаш местете го воланот ако
возилото е во мирување и бравата на воланот била ослободена.
Контроли на воланот
Со Инфозабавниот систем,
контролата на патувањето и
приклучен мобилен телефон може
да се управува преку контролите на
воланот.
Повеќе информации се достапни
во прирачникот на Инфозабавниот
систем.
Системи за помош на возачот
3 150.