bluetooth OPEL ANTARA 2015 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ANTARA, Model: OPEL ANTARA 2015Pages: 171, PDF Size: 2.9 MB
Page 91 of 171

Телефон91
На таблата со инструменти
Копче m: вртете го за
прилагодување на гласноста.
Копче I: притиснете за приказ на
изборникот за телефонот.
На воланот
Копче p:
■ Ако Порталот за телефон е активен: 1 притискање: приказ на
телефонскиот изборник; 2
притискања: повторно бирање (ако е поврзан телефон и е
зачуван број на списокот за
повторно бирање).
■ Ако е активен Порталот за телефон: кратко притискање:прифаќање на дојдовниот повик
или крај на активниот повик;
долго притискање: одбивање на
дојдовниот повик.
Тркалце o: вртете го за
прилагодување на гласноста.Предуслови
Следниве предуслови мора да се
задоволени за да се користи
режимот за разговор без раце на
Инфозабавниот систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активна 3 87.
■ Функцијата Bluetooth на мобилниот телефон мора да е
активна (видете во упатството на уредот).
■ Мобилниот телефон мора да е поставен на „видлив“ (видете во
упатството на уредот).
■ Мобилниот телефон мора да е поврзан со Инфозабавниот
систем 3 87.
Активирање на режимот за
разговор без раце Притиснете го копчето I.
На екранот се прикажува PHONE
(ТЕЛЕФОН) менито.
Ако има мобилен телефон во
опсегот на Инфозабавниот систем со активна функција Bluetooth ишто е поврзан со Инфозабавниот
систем 3 87, се прикажува
следниот изборник по неколку
секунди.
Забелешка
Ако прегледот на изборникот No
Telephone Device (Нема
телефонски уред) не се тргне,
проверете дали е вклучена
функцијата Bluetooth на вашиот
мобилен телефон и дали е тој
споен со Инфозабавниот систем
3 87. За да го отворите
Page 92 of 171

92Телефон
изборникот BLUETOOTH SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ BLUETOOTH) :
изберете го екранското копче Connect (Поврзи) .
Мобилниот телефон е сега поврзан
со Инфозабавниот систем преку
Bluetooth и се активира режимот за
разговор без раце.
Многу функции на мобилниот
телефон сега може да се
контролираат преку изборникот
PHONE (ТЕЛЕФОН) (и сродните
подизборници) и преку контролите
за телефон на воланот, видете во
„Контролни елементи за ракување
со телефон“ погоре и 3 10.
Може да помине извесно време
додека да можат да се изберат екранските копчиња Phonebk
(Именик) и Call lists (Листи повици)
затоа што податоците од именикот
и списокот повици се пренесуваат
од мобилниот телефон во
Инфозабавниот систем.
За подателни информации за ова,
видете во „Поставување на
именикот“ подолу.
Почнување телефонски повик Употреба на именикот
Во именикот, контактите се
зачувани со име и телефонски број.
За детали за преземање на
именикот и за други информации
поврзани со именикот видете во
„Поставување на
именикот“ подолу.
Во изборникот PHONE
(ТЕЛЕФОН) : изберете го
екранското копче Phonebk
(Именик) за да го отворите
изборникот PHONEBOOK
(ИМЕНИК) .
Ако телефонот содржи многу
записи: видете во „Барање
телефонски број“ подолу.
Листајте го списокот записи во именикот и изберете го саканиот
контакт. Се прикажува изборник со
сите телефонски броеви сочувани
за избраниот контакт.
Page 97 of 171

Телефон97
Ако сте зачувале нови записи во
именикот на мобилниот телефон,
може да го преземете
проширениот именик во
Инфозабавниот систем преку
изборникот PHONE SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ ТЕЛЕФОН) ,
видете во „Преземање на
именикот“ подолу.
Секој запис (контакт) во именикот
може да има име, презиме и
најмногу пет телефонски броеви со различни категории (на пр.
„Мобилен“, „Службен“, итн.).
Именикот на мобилниот телефон
може да содржи повеќе
информативни елементи што нема
да се преземат во Инфозабавниот
систем.
Максималниот број записи во
именикот што може да се зачуваат
во Инфозабавниот систем: 2500
записи со 5 броеви по запис.Преземање на именикот
За да го отворите изборникот
PHONE SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
ТЕЛЕФОН) : притиснете го копчето
SETUP , изберете ја ставката
Bluetooth & telephone (Bluetooth и
телефон) , а потоа ставката
Telephone settings (Телефонски
поставки) .
Изберете ја ставката Download
Phonebook Now (Преземи именик
сега) . Почнува преземањето
податоци од поврзаниот мобилен
телефон.
Забелешка
Зависно од бројот записи во
именикот и поврзаниот мобилен телефон, преземањето податоци
може да потрае неколку минути.
Прилагодување на подредувањето Поставете го Sort Phonebook By
(Подреди именик според) на First
Name (Име) или Last Name
(Презиме) за да го прилагодите
подредувањето на записите од
именикот соодветно.
Прилагодување на приказот
Обично има два именика во
мобилните телефони: именикот на
SIM-картичката на мобилниот
телефон и именикот зачуван во
самиот телефон, видете во
упатството на вашиот мобилен.
Двата именика на поврзаниот
мобилен телефон ќе се преземат
во Инфозабавниот систем, ако е
можно.
Може да прилагодите дали сакате
да ги гледате записите само од
еден од преземените именици, или
од двата (ако ги има).
Page 101 of 171

101
ННавигација адресар .................................... 55
визуелни упатства ...................74
водење ..................................... 74
водење по маршрута ..............74
говорни команди ......................74
динамично водење ..................81
директно внесување адреса... 55
додавање точки на патот ........74
домашна адреса ......................55
замена на SD-картичка со
карта ......................................... 42
избирање кориснички ТИ ........55
контролни елементи ................42
користење ................................ 42
поставување ............................ 42
правење кориснички ТИ ..........42
преглед на симболите............. 84
пресметување маршрута ........74
претходни дестинации ............55
прикажување на кратата .........42
систем за сообраќајни
информации (TMC) .................41
Сообраќајни (tmc) пораки .......74
список маршрути .....................74
точки од интерес .....................55
функционирање .......................41
SD-картичка со карта ........41, 82О
Одбирање на брановата должина.................................... 24
Општи информации................. ................ 6, 29, 35, 36, 39, 41, 86
П
Поврзување уред Bluetooth........ 87 Поврзување Bluetooth................. 87
Пораки TMC................................. 74 Поставување на навигацијата ...42
Почнување со репродукција на ЦД‑то ................................... 30
Пребарување станици ................25
Преглед на контролните елементи .................................. 10
Преглед на симболите ..............84
Пресметување маршрута........... 74
Претходни дестинации ...............55
Прикажување на кратата ...........42
Р Радио Радио податочен систем
(RDS) ........................................ 27
активирање .............................. 24
избирање на брановата
должина.................................... 24
користење ................................ 24
пребарување станици .............25Радио податочен систем (RDS) 27
Ракување ........................ 13, 39, 90
Ракување со музички уред Bluetooth ................................... 39
Регионализација .........................27
Репродукција на зачувани аудио папки .............................. 37
С Симболи за ТИ ............................ 84
Симболи за TMC .........................84
Систем за сообраќајни информации ............................. 41
Сообраќајни пораки ....................74
Сообраќајни симболи .................84
Со употреба на USB приклучокот.............................. 36
Список маршрути ........................74
Спојување уред Bluetooth ..........87
Т
Телефон ...................................... 86
бирање број ............................. 90
важни информации .................86
итни повици.............................. 89
контролни елементи ................86
режим за приватност............... 90
списоци со повици ...................90
телефонски именик .................90
Page 102 of 171

102
функции за време на повик....90
Bluetooth ................................... 86
Точки на патот............................. 74
У
Употреба.................... 24, 30, 35, 42
Ф Функција за аларм при кражба ...7
Ц ЦД плеер активирање .............................. 30
важни информации .................29
користење ................................ 30
A
AUX приклучок користење ................................ 35
приклучок ................................. 35
B
Bluetooth ...................................... 86
R RDS .............................................. 27S
SD-картичка................................. 82SD-картичка со карта замена ...................................... 82
ракување .................................. 82
T
TMC .............................................. 41
U USB приклучок важни информации .................36
репродукција на зачувани
аудио фајлови ......................... 37
Page 148 of 171

148ВоведВоведОпшти информации.................148
Поврзување .............................. 151
Поврзување Bluetooth ..............152
Итен повик ................................ 155
Ракување .................................. 156
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ........................... 160Општи информации
Порталот за мобилниот телефон
нуди можност за водење
телефонски разговори со
користење на мобилниот телефон
преку микрофонот и системот
звучници на возилото и за
управување со најважните
функции на мобилниот телефон
преку Инфозабавниот систем во
возилото.
Со порталот за мобилниот
телефон се управува преку
системот за далечинско
управување на воланот, систем за
препознавање на говорот и
повеќенаменското копче на
радиото. Статусот и операциите од менито се прикажуваат на инфо
екранот.
Самиот факт што најважните
содржини на телефонскиот екран
се прикажуваат на инфо екранот ви
овозможува удобно управување со целиот портал.Со мобилниот телефон се
управува преку надворешна
антена со нејзино приклучување во посебниот телефонски адаптер.
Кога телефонската врска е
активна, звукот на радиото се
исклучува. Кога ќе заврши
телефонската врска, звукот на
радиото повторно се вклучува.
Општи совети за овие
упатства за ракување
Детални функционални описи за
вашиот Инфозабава систем може
да најдете во упатствата за
ракување што се вклучени со
вашиот Инфозабава систем.
Информациите за посебните
телефонски адаптери за
мобилниот телефон се на
располагање кај вашиот Opel
партнер.
Секој телефон не ги поддржува сите функции на Порталот за
мобилен телефон. Можните
телефонски функции зависат од
мобилниот телефон што се
Page 149 of 171

Вовед149
користи и од мрежниот оператор.
Дополителни информации се
дадени во упатствата за ракување
за мобилниот телефон и во
упатствата за посебниот
телефонски адаптер и може да се
добијат од мрежниот оператор.9 Предупредување
Инфозабавниот систем мора да
се користи така што возилото да
може да се вози секогаш
безбедно. Ако не сте сигурни,
запрете го Вашето возило и
ракувајте со Инфозабавниот
систем додека возилото е во
мирување.
Ракување со мобилниот
телефон Мобилните телефони влијаат врз
вашето окружување. Поради оваа
причина се изготвени
безбедносните правила и прописи. Пред да ја користите телефонската
функција треба да се запознаете со соодветните прописи.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во
конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth™
Порталот на мобилниот телефон
поддржува Bluetooth™ Handsfree
Profile V. 1.5 и е определен за
Bluetooth™ групата со посебни
интереси (SIG).
Дополнителни информации за
спецификацијата може да се најдат на интернет на адресата
http://qualweb.bluetooth.org.
Bluetooth™ квалификацискиот код
за мобилниот портал е B02237.
Кога се поврзуваат уредите,
случајно избран PIN-код од
најмалку четири бројки треба да се
избере поради безбедносни
причини.
Изјава за сообразноста
Со ова изјавуваме дека порталот
за мобилниот телефон е усогласен со основните барања и останатите
одредби од директивата 1999/5/ЕЗ.
Ракување на системот за
препознавање говор Не го користете системот за
препознавање на говорот во
вонредни состојби затоа што во
стресни ситуации вашиот глас
може да се промени до таа мера
што нема повеќе да биде доволно
препознатлив за да може бараната врска да се воспостави доволно
брзо.
Page 151 of 171

Вовед151
Порталот за мобилен телефон
може да се ракува дополнително преку системот за препознавање
говор 3 162.
Поврзување
Мобилниот телефон може да се
поврзе со Инфозабавниот систем
преку:
■ адаптер специфичен за телефонот
■ Bluetooth™ врска под услов ако мобилниот телефон и порталот
за мобилен телефон ја
подржуваат оваа функција
За да се воспостави врската,
порталот за мобилен телефон треба да биде вклучен и мобилниот телефон треба да биде приклучен.
Порталот за мобилен телефон се
вклучува и исклучува сам преку
батеријата. Ако палењето е
исклучено, мобилниот телефон
може да го вклучите и исклучите
преку Инфозабавниот систем. Кога
палењето е исклучено, времето на
работа е ограничено на еден час.Кај повеќето мобилни телефони,
адаптерот се користи единствено
како уред за полнење на
батериите. Во овој случај врската
мора да се воспостави преку
Bluetooth™ 3 152.
Информации за достапните
адаптери што се специфични за
вашиот мобилен телефон може да
добиете од вашиот Opel партнер.
За информации за Bluetooth™
функцијата за вашиот мобилен
телефон, ве молиме видете ги
упатствата за ракување за
мобилниот телефон.Поставување на
специфичниот адаптер за
телефонот на основната
плочка
Специфичните упатства за
монтирање за секој адаптер се
приложени со производот. Пред да го монтирате адаптерот, ве
молиме прочитајте за посебниот
процес на монтирање во
упатствата.
Прицврстете го адаптерот до
основната плочка
Page 152 of 171

152Вовед
Уверете се дека контактите се
правилно поврзани. Мора да
слушнете карактеристичен звук за
заглавување кога се вметнува
адаптерот
За отстранување на адаптерот,
притиснете го копчето за
откачување на основната плочка.
Вметнување на мобилниот
телефон во специфичниот адаптер за телефонот
Вметнете го мобилниот телефон
во адаптерот
Уверете се дека контактите се
правилно поврзани. Мора да се
слушне карактеристичниот звук на
заглавување кога се вметнува
мобилниот телефон
За да го извадите мобилниот
телефон, притиснете го копчето за откачување на адаптерот.
Поврзување Bluetooth Мора да биде вклучена Bluetooth™функцијата на мобилниот телефон,
видете ги упатствата за ракување
за мобилниот телефон.
Bluetooth™ претставува радио стандард за безжично поврзување
на, на пр., мобилен телефон со
друга опрема. Може да се
пренесуваат информации како
телефонскиот именик, списокот со
повици, мрежниот оператор и
интензитет на мрежната
покриеност. Во зависност од видот на опремата, функциите може да
бидат ограничени.Креирање врска
Во главното мени изберете го
симболот за телефон од
заглавјето.
Кога мобилниот телефон ќе се
постави во адаптерот,
телефонското мени или
Bluetooth ™ менито се појавува на
екранот.
Ако мобилниот телефон не е
поставен во адаптерот, на екранот
се појавува менито Bluetooth™.
Изберете ја ставката Bluetooth.
Page 153 of 171

Вовед153
Ако е исклучен Bluetooth™,
постапете на следниов начин:
1. Изберете ја ставката Bluetooth.
Ако Bluetooth™ е вклучен, на
екранот се појавуваат преостанатите ставки од
менито.
2. Изберете ја ставката Bluetooth
PIN (PIN за Bluetooth) .
3. Внесете случајно избран
Bluetooth™ PIN-код и потврдете
го со OK.
Од безбедносни причини, треба да се употреби случајно
одбран PIN-код со најмалку
четири бројки.
4. Уверете се дека Bluetooth™ функцијата на мобилниот
телефон е активирана и дека е
одбрана поставката „видливо“.
5. Изберете ја ставката Start
searching (почни пребарување) .
Во текот на процесот за
пребарување на Bluetooth™
уреди, се прикажува зборот
Searching... (се пребарува) .
Кога ќе заврши процесот на
пребарување, Bluetooth™
уредите се испишуваат во
Found devices (најдени се
уреди) менито.
6.Одберете го бараниот мобилен
телефон.
Додека се креира врската, на
екранот се појавува пораката
The connection will be established... (ќе се воспостави
врска) .
„Ве молиме внесете го
Bluetooth™ PIN-кодот“ или
слично барање се појавува на
екранот на мобилниот телефон.
7. Користејќи ја нумеричката тастатура на мобилниот
телефон, внесете го истиот
Bluetooth™ PIN-код како за
Инфозабавниот систем и
потврдете го со OK.
Пораката „Додадете уред на
познатите уреди?“, или слична