OPEL ASTRA J 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2014.5Pages: 369, PDF Size: 10.22 MB
Page 221 of 369

Возење и ракување219
Кога растојанието од претходното
возило во движење ќе стане
премало или кога пребрзо се
приближува до друго возило и е
можен судир, се појавува симболот
за известување за судир во
Информативниот центар за
возачот.
Истовремено се огласува
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Деактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискајте го копчето V
повеќепати додека не се појави
следнава порака на
Информативниот центар за
возачот.Општи информации за двете
варијанти на
предупредувањето за преден
судир9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Page 222 of 369

220Возење и ракување
Ограничувања на системот
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но може да реагира и на други
метални предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
■ на патишта со многу свиоци,
■ кога времето ја ограничува видливоста, на пр. кога има
магла, дожд или снег,
■ кога сензорот е блокиран од снег,
мраз, влажен снег, кал,
нечистотија или оштетувања на
шофершајбната.
Показател за растојание
однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Системот го
користи, зависно од опремата на
возилото, или радарот задрешетката на ладилникот или
предната камера на
шофершајбната за да ја открие
оддалеченоста од возилото
директно напред на вашата патека.
Активен е при брзини поголеми од
40 км/ч.
Кога ќе се открие возило пред вас, оддалеченоста се покажува восекунди, прикажани на страницата
во Информативниот центар за
возачот 3 133. Притиснете го
копчето MENU на рачката за
трепкачите за да изберете Vehicle
Information Menu (изборник за
информации за возилото) X и
свртете го тркалцето за да ја
изберете страницата за
покажување на растојанието
однапред.
Минималната покажана
оддалеченост е 0,5 сек.
Ако нема возило напред или
возилото напред е вон опсегот, ќе бидат прикажани две црти: -.- s.
Активно итно сопирање Активно итно сопирање може да
помогне да се намали штетата од
судири со возила и пречки
директно напред, кога судирот веќе
не може да се избегне со рачно
сопирање или со вртење. Пред да
се активира активното итно
Page 223 of 369

Возење и ракување221
сопирање, возачот добива
предупредување за преден судир
3 216.
Карактеристиката користи разни
информации (на пр., од радарски
сензор, притисокот на
сопирачките, брзината на
возилото) за да ја пресмета
веројатноста за преден судир.
Активното итно сопирање работи
автоматски при брзина поголема
од брзина на одење ако не е
исклучена поставката Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) од изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 148.
Системот вклучува: ■ Систем за подготовка на
сопирачките
■ Итно автоматско сопирање
■ Предно серво сопирање9 Предупредување
Системот не е наменет да ја
замени одговорноста на
возачот за возење на возилото
и гледање напред. Неговите
функции се ограничени само на
дополнителна употреба.
Возачот треба да ја применува
педалата на сопирачките
според условите на возењето.
Систем за подготовка на
сопирачките
Кога се приближувате до возило напред толку бргу што е веројатен
судир, системот за подготовка на сопирачките го зголемува малку
притисокот во сопирачките. Тоа го
намалува времето на реакција,
кога е потребно рачно или
автоматско сопирање.
Системот на сопирачките се
подготвува така што сопирањето
може да биде побрзо.
Итно автоматско сопирање
По подготвувањето на сопирачките и токму пред судирот, функцијата
автоматски активира извесно
сопирање за да ја намали ударната
брзина на судирот.
Предно серво сопирање
Освен системот за подготовка на
сопирачките и итното автоматско
сопирање, функцијата за предно серво сопирање го прави сервото
почувствително. На тој начин,
благо притискање на педалата
веднаш дава силно сопирање.
Оваа функција помага возачот да
сопре побрзо и посилно пред
очекуваниот судир.9 Предупредување
Активното итно сопирање не е
проектирано да применува
силно самостојно сопирање или автоматски да избегнува судир.
Конструирано е да ја намали
брзината на возилото пред
судир. Може да не реагира на
Page 224 of 369

222Возење и ракувањесопрени возила, пешаци или
животни. По ненадејно
менување лента, на системот
му треба одредено време да го открие следното возило напред.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба
постојано да биде подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките и да го врти
воланот за да избегнува судири. Системот е конструиран да
работи со сите патници со
врзани безбедносни ремени.
Ограничувања на системот
Активното итно сопирање има
ограничена или никаква
функционалност на дожд, снег и
многу прашина, бидејќи
радарскиот сензор може да е
прекриен со слој вода, земја, мраз
или снег. Во случај на блокирање
на сензорот, исчистете го капакот
на сензорот.
Во извесни ретки случаи, системот за активно итно сопирање може да
пружи кусо автоматско сопирање
во ситуации што изгледаат
непотребни, на пример поради
сообраќајни знаци на свиок или
поради возила на друга лента. Тоа
е прифатлива состојба, на
возилото не му треба сервис.
Цврсто притиснете ја педалата за
гас за да го исклучите
автоматското сопирање.
Поставки
Поставките може да се изменат во изборникот Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 148.
Дефект
Во случај на потреба од системски сервис, се прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако системот не работи како што
треба, се прикажуваат пораки на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 141.
Page 225 of 369

Возење и ракување223Помош за паркирање
Помошта за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките, и со давање звучни
сигнали. Меѓутоа, возачот носи
целосна одговорност за маневрата
за паркирање.
Системот се состои од четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник. Ако
возилото е опремено со предна
помош за паркирање, системот се
состои од четири дополнителни
ултрасонични сензори за
паркирање во предниот браник.
Системот користи две различни
фреквенции за предните и задните сензори, секоја со различен звук.
Контролна сијаличка r 3 129.
Копче r или D
Помошта за паркирање ќе се
активира или деактивира со
притискање на копчето за помош за
паркирање r. Ако возилото е
дополнително опремено со
напредна помош за паркирање
3 226, помошта за паркирање е
опремена со копче D. Во тој
случај, со двата системи се ракува со копчето D.
За активирање или деактивирање на помошта за паркирање,
притиснете го копчето r или D
еднаш кусо. За активирање или
деактивирање на напредната
помош за паркирање, држете го
копчето r или D околу една
секунда.
Ако е активен еден систем, може да
се префрлува меѓу двата система
со притискање на копчето покусо
или подолго.
Page 226 of 369

224Возење и ракување
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
се активира автоматски.
Предната помош за паркирање
може да се активира и при мала брзина со притискање на копчето
за помош за паркирање r или
D накусо.
Запалена сијаличка во копчето на
помошта за паркирање означува
дека системот е готов да работи.
Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали на пречки пред
или зад возилото. Зависно од тоа
кои сензори се поблиску до некоја пречка, ќе чуете зуење од
соодветните сензори. Периодот
помеѓу звуците се скратува додека
возилото стигнува поблизу до
пречката. Кога е растојанието
помало од 30 см, звучниот сигнал е непрекинат.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките може да се прикажува и
во Информативниот центар за
возачот 3 133.Кај верзијата со горен екран,
оддалеченоста до предна пречка
се покажува со сегменти што се менуваат.
Кај верзијата со горен комбиниран
екран, оддалеченоста до предна и
задна пречка се покажува со
променливи линии за
оддалеченост околу возилото.
Показателот за оддалеченост на
екранот може да се потисне со
пораки за возилото со повисок
приоритет. Кога показателот на оддалеченоста ќе се потисне од
порака за возилото,
Page 227 of 369

Возење и ракување225
оддалеченоста веќе не се
покажува додека пак не се
активира помошта за паркирање.
Деактивирање Деактивирајте го системот со
притискање на копчето за помош за
паркирање r или D накусо.
Сијаличката во копчето се гаси и
Park Assist Off (помошта при
паркирање е исклучена) ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот.
Системот се деактивира
автоматски кога ќе се надмине
извесна брзина.
Ако копчето r или D се
притисне еднаш во еден циклус на палење, предната помош за
паркирање секогаш повторно се
активира кога брзината на
возилото ќе опадне под одредена
вредност.Дефект
Во случај на дефект во системот,
светнува r или во
Информативниот систем за
возачот се прикажува порака.
Ако системот не работи поради
привремени услови, како сензори
покриени со снег, свети r или во
Информативниот систем за
возачот се прикажува порака.
Пораки за возилото 3 141.9 Предупредување
При одредени околности,
разните сјајни површини на
предмети или облеки, како и
надворешните извори на бучава
може да предизвикаат системот
да не ги открие пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки кои може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на сензоротможе да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако се
работи за повисоки возила (на
пр. возила за неасфалтирани
патишта, комбиња, камионети).
Идентификацијата на предмети
во горните делови од такви
возила не може да се гарантира.
Предмети со многу мал пресекза одбивање светлост, како и
тесните предмети или меките
материјали, не може да ги
открие системот.
Помошта за паркирање не
открива предмети надвор од
опсегот за откривање.
Page 228 of 369

226Возење и ракување
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Сензорот може да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Забелешка
Доколку ставите во брзина за
напред и надминете одредена
брзина, помошта за паркирање
назад ќе се исклучи при
извлекување на задниот систем
за превозување.
Доколку прво ставите во рикверц,
помошта за паркирање ќе го
забележи задниот систем за
превозување и ќе даде звук на
зуење. Притиснете кратко r или
D за да ја исклучите помошта за
паркирање.Напредна помош за
паркирање
Системот на напредна помош за
паркирање го маневрира возачот
на паркирното место со давање упатства на Информативниот
центар за возачот и звучни
сигнали. Меѓутоа, возачот носи
целосна одговорност за
прифаќање на паркирното место
предложено од системот и
маневрите за паркирање.
Системот ги користи сензорите на
системот за помош при паркирање
во комбинација со два
дополнителни сензора од двете
страни на предниот и на задниот
браник.
Копче D
Напредната помош за паркирање и
помошта за паркирање 3 223 го
користат истото копче за ракување со системите. За активирање или
деактивирање на помошта за
паркирање, притиснете го копчето
еднаш кусо. За активирање или
деактивирање на напредната
помош за паркирање држете го
копчето D околу една секунда.
Ако е активен еден систем, може да
се префрлува меѓу двата система
со притискање на копчето покусо
или подолго.
Page 229 of 369

Возење и ракување227
Активирање
Кога се бара паркирно место,
системот мора да се активира со држење на копчето D околу една
секунда.
Системот може да се активира
само при брзини до 30 км/ч и
системот бара место за паркирање
при брзини до 30 км/ч.
Најголемото дозволено паралелно
растојание помеѓу возилото и
редот на паркираните автомобили
е 1,8 метри.
Забелешка
Пред да ја користите напредната
помош за паркирање првпат,
возилото треба да биде возено
најмалку 40 км за автоматско
калибрирање на системот.
Функционалност
Кога возилото поминува ред на
автомобили и системот е
активиран, системот на напредна помош за паркирање почнува дабара соодветно паркирно место.
Кога ќе се открие прикладно место,
се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Предлогот на системот за
паркирно место се прифаќа кога
возачот ќе го запре возилото до
10 метри откако ќе се даде
пораката за сопирање. Системот ја пресметува оптималната
маршрута до паркирното место.
Потоа го маневрира возачот до
местото со давање детални
упатства.
Page 230 of 369

228Возење и ракување
Упатствата покажуваат:■ навестување кога се вози побрзо
од 30 км/ч,
■ барање за запирање на возилото
кога се забележува паркирно место,
■ насоката на возењето за време на маневрите за паркирање,
■ положбата на воланот за време на паркирањето,
■ за некои од упатствата се покажува линија за прогрес.
На успешен маневар за паркирање укажува симболот за крајна
положба.Ако возачот не го запре возилото
за помалку од 10 метри откако ќе се
предложи паркирно место,
системот почнува да бара друго соодветно паркирно место.
Менување на страната на
паркирањето
Системот е конфигуриран да
забележува паркирни места од
совозачката страна. За да се
откријат паркирни места од
возачката страна, вклучете го
трепкачот од возачката страна.
Приоритети за прикажувањето
По активирањето на напредната
помош за паркирање, на
Информативниот центар за
возачот се појавува порака. Ќе се
прикажуваат укажувања на
пораките со повисок приоритет,
како пораките за возилото 3 141.
По одобрувањето на пораката со
притискање на копчето SET/CLR,
повторно ќе се појават пораки за
помошта за паркирање и може да се продолжи со паркирањето.
Деактивирање Системот се деактивира со:
■ држење на копчето D околу
една секунда
■ маневрата за паркирање заврши
успешно
■ возење побрзо од 30 км/ч
■ исклучување на палењето
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време
на маневрирањето ќе укаже
Parking Deactivated (паркирањето е