OPEL ASTRA J 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2014.5Pages: 369, PDF Size: 10.22 MB
Page 261 of 369

Нега на возилото259
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија
со осигурувачи.
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте да
го замените акумулаторот AGM
(Absorptive Glass Mat - Впивлива
стаклена подлога) со друг
акумулатор AGM.Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор од Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси на системот за
сопирање-поаѓање.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 185.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 309.
Етикета за предупредување
Значење на симболите: ■ Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
■ Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
Page 262 of 369

260Нега на возилото
■ Чувајте го акумулаторот вондофат на деца.
■ Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може да
предизвика слепило или тешки
изгореници.
■ Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
■ Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го
палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од
5 секунди. Ако моторот не се пали,
побарајте помош од
автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката на
бришачот како што е покажано на
илустрацијата и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Page 263 of 369

Нега на возилото261Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користете само сијалица од ист
вид за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на моторниот простор.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.Халогенски предни
фарови
Хечбек со 5 врати, ночбек со 4
врати, Спортс турер
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за средно и долго
светло.
Надворешна ламба за средно
светло (1) .
Внатрешна ламба за долго светло
(2) .
Странично светло за дневно
возење (3) .
Средно светло (1)
1.Завртете го капачето (1) налево
и извадете го.
Page 264 of 369

262Нега на возилото
2. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Одвојте ја сијалицата од држачот на истата и заменете
ја.
4. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот
и вртете ги десно за да се затегни.
5. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Долго светло (2)
1. Завртете го капачето (2) налево
и извадете го.
2. Завртете го држачот на сијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Одвојте ја сијалицата од држачот на истата и заменете
ја.
4. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот
и вртете ги десно за да се затегни.
5. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Странични светла/Светло за
дневно возење (3)
1. Завртете го капачето (3) налево
и извадете го. Користете го
шрафцигерот за вртење на
капачето.
Page 265 of 369

Нега на возилото263
2. Притиснете ги спојките заеднои извлечете го држачот на
сијалицата од фарот.
3. Извадете ја сијалицата од фасонката и заменете ја.
4. Вметнете го држачот на сијалицата во фарот. Ставете
го капачето и завртете го
обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Хечбек со 3 врати
Бихалогенски преден фар (1) со
една ламба за средно и долго
светло.
Странично светло за дневно
возење (2) .
Средно/долго светло (1)
1.Завртете го капачето (1) налево
и извадете го.
Page 266 of 369

264Нега на возилото
2. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Откачете го држачот на сијалицата од кабел штекерот
со притиснување на држалката.
4. Заменете ја ламбата и приклучете го држачот на
ламбата на кабел штекерот.
5. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување надвете навртки во рефлекторот
и вртете ги десно за да се затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Странично светло/Светло за
дневно возење (2)
1. Завртете ја фасонката на
ламбата (2) налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од фарот.
2. Извадете ја ламбата од фасонката влечејќи ја.
3. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката.
4. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.
Page 267 of 369

Нега на возилото265Приспособливо предно
светло9 Опасност
Системот за приспособливо
предно осветлување користи
ксенонски предни фарови.
Ксенонските фарови работат
под крајно висок електричен
напон. Не допирајте ги.
Сијалиците нека Ви ги менува автомеханичар.
Страничните светла за дневно
возење се констриурани како
светлечки диоди (LED) и не можат
да се заменат.
Ламбите за осветлување во свиоци
може да се сменат.
Осветлување за вртење под
кривина
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Откачете ја ламбата од кабел штекерот со влечење.
4. Заменете ја ламбата и приклучете го држачот на
ламбата на кабел штекерот.
Page 268 of 369

266Нега на возилото
5. Вметнете го држачот насијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот
и вртете ги десно за да се затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Фарови за магла
Хечбек со 5 врати, ночбек со 4
врати, Спортс турер1. Ослободете ги двете капачиња со одвртка кај означеното
подрачје.
2. Одвртете ги двете завртки и извадете го комплетот на
трепкачот од браникот.
3. Одвртете ги трите завртки и извадете го комплетот на
светлото за магла од браникот.
Page 269 of 369

Нега на возилото267
4. Свртете ја фасонката насијалицата налево и извадете ја
од фарот.
5. Откачете ја фасонката на ламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
6. Вратете ја и вметнете ја фасонката во фарот, свртете јанадесно и приклучете го кабел
штекерот.
7. Закачете го комплетот на светлото за магла во браникот
и прицврстете со трите завртки.
8. Закачете го комплетот на трепкачот во браникот и
прицврстете со двете завртки.
9. Заглавете ги двете капачиња.Хечбек со 3 врати
1. Откачете го капакот со одвртка во процепот и извадете го.
2. Одвртете ги двете завртки иизвадете го комплетот на
светлото од браникот.
3. Свртете ја фасонката на сијалицата налево и извадете ја
од фарот.
4. Откачете ја фасонката на ламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
5. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете го кабел штекерот.
6. Вметнете ја фасонката во фарот вртејќи ја надесно и
заглавете ја.
Page 270 of 369

268Нега на возилото
7. Монтирајте го комплетот насветлото затегнувајќи ги двете
завртки.
8. Склопете го и заглавете го капакот.
Предни трепкачи
Хечбек со 5 врати, ночбек со 4 врати, Спортс турер
1. Ослободете ги двете капачиња со одвртка кај означеното
подрачје.
2. Одвртете ги двете завртки и извадете го комплетот на
светлото од браникот.
3. Откачете ја фасонката на ламбата од фарот со
притискање на двата држачи.
4. Откачете го приклучникот од фасонката притискајќи го
држачот.
5. Извадете ја и заменете ја ламбата во фасонката.
6. Вметнете ја фасонката во фарот и приклучете го
приклучникот.
7. Закачете го комплетот на светлото во браникот и
прицврстете со двете завртки.
8. Заглавете ги двете капачиња.