OPEL ASTRA J 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2014.5Pages: 369, PDF Size: 10.22 MB
Page 181 of 369

Контрола на климатизацијата1799Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
При многу топол и влажен
надворешен воздух,
шофершајбната може да се
замагли однадвор кога на неа ќе се насочи студен воздух. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, вклучете го бришачот и
исклучете го s.
Основни поставки
Некои поставки може да се изменат во изборникот Settings (поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 148.
Дополнително греење
Грејач на воздухот
Брзото греење е дополнителен
електричен грејач кој автоматски го
загрева патничкиот простор
побргу.Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори
за проветрување
Барем еден отвор за
проветрување треба да биде
отворен додека е вклучено
ладењето.
За да се отвори отворот, свртете го
тркалцето за местење кон
поголемиот W симбол. Дотерајте го
Page 182 of 369

180Контрола на климатизацијата
количеството на воздухот кај
отворот со вртење на тркалцето за
местење.
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
За да се затвори отворот, свртете
го тркалцето за местење кон
помалиот W симбол.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.
Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи довод на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.
Филтер за полен Филтерот за полени ги отстранува
правта, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегува во
возилото преку доводот за воздух.
Page 183 of 369

Контрола на климатизацијата181Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис
За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува
системот за контрола на
климатизацијата да се проверува
годишно, почнувајќи три години по првата регистрација на возилото,
вклучувајќи ги следните:
■ Тестирање на функционалноста и на притисокот
■ Функционалност на греењето
■ Проверка за протекување
■ Проверка на погонските ремени■ Чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
■ Проверка на перформансите
Page 184 of 369

182Возење и ракувањеВозење и ракувањеПрактични совети за возење..182
Поаѓање и ракување ................ 183
Издувни гасови од моторот .....189
Автоматски менувач ................191
Рачен менувач ......................... 194
Сопирачки ................................. 195
Системи за контрола на
возењето ................................... 198
Системи за помош на возачот 204
Гориво ....................................... 238
Кука за приколки ......................246Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop) Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи функционираат за време
на Autostop, но силата на серво
управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 185.
Засилување во празен од
Ако е потребно да се полни
акумулаторот поради состојбата на
акумулаторот, треба да се зголеми
излезната моќност на генераторот.Ова се постигнува со засилување
на работата во празен од што може да биде чујно.
Кај возилата со горен или горен
комбиниран екран се појавува
порака во Информативниот центар за возачот.
Педали За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.
Контролна сијаличка c 3 128.
Page 185 of 369

Возење и ракување183Внимание
За возилата опремени со
хидраулично управување:
Ако се сврти воланот додека
дојде до крајот на кругот и се
држи во таа положба подолго од 15 секнди може да дојде до
оштетување на системот за
хидраулично управување и
може да нема помош за
хидраулично управување.
Поаѓање и ракување
Разработување на
новото возило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Autostop може да
се попречи за да се овозможи
полнење на акумулаторот.
Филтер за дизелски честички
3 189.Положби на
прекинувачот за палење0=Исклучено палење1=Бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2=Вклучено палење, за мотор на
дизел: предзагревање3=Палење
Page 186 of 369

184Возење и ракувањеРезервно напојување
Следниве електронски системи
можат да работат додека е
отворена возачката врата или
најмногу уште 10 минути откако ќе
се исклучи палењето:
■ Електрични прозорци
■ Подвижен покрив
■ Штекери за напојување
Инфозабавниот систем ќе
продолжи да се напојува уште
30 минути или додека не се извади
клучот од бравата, без оглед дали
ќе се отвори некоја врата.Палење на моторот
Рачен менувач: ракувајте со
куплунгот.
Автоматски менувач: нагазнете ја
сопирачката и ставете ја рачката
на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека да се изгасне контролната
сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот се пушта со автоматска
постапка со кратко доцнење дури
моторот работи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Пред да го запалите повторно или
за да го изгаснете моторот, вратете го клучот во положба 0.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на куплунгот.
Палење на моторот при ниски
температури Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребни се моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, да се извршени сервисите
и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Page 187 of 369

Возење и ракување185
Автоматска контрола на
анласерот Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот. Возачот не мора да го држи клучот во положбата 3. Штом се
применува, системот ќе продолжи
да запали автоматски додека не проработи моторот. Поради
постапката за проверување
моторот проработува по кратка
пауза.
Возможни причини за непалење на
моторот:
■ Куплунгот не е притиснат (рачен менувач)
■ Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач)
■ Дојде до надминување на времетоТурбо-загревање на моторот
По палењето, достапниот вртлив
момент на моторот може да е
ограничен некое време, особено
кога моторот е студен.
Ограничувањето постои за да му
овозможи на системот за
подмачкување целосна заштита на моторот.
Исклучување на
пребрзувањето Доводот на гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина но
педалот за гас е отпуштен.Систем за сопирање-
поаѓање Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или
стои, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот е доволно полн за повторно
палење.
Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Page 188 of 369

186Возење и ракување
Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на копчето eco. Исклучувањето е
прикажано со гасење на
сијаличката во копчето.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг
■ Ставете го менувачот во лер ■ Отпуштете ја педалата за куплунг
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
Autostop е покажано на
вртежомерот со иглата во положба AUTOSTOP .
За време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.Внимание
Серво управувањето може да се намали за време на Autostop.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови:
■ Системот за сопирање-поаѓање не е исклучен рачно
■ багажникот е целосно затворен
■ возачката врата е затворена или
безбедносниот ремен на возачот е прицврстен
■ акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба
■ моторот е загреан
■ температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока
Page 189 of 369

Возење и ракување187
■ температурата на издувнитегасови не е превисока, на пр. по
возење со големо оптоварување
на моторот
■ температурата на околината е над -5° C
■ системот за контрола на климатизацијата дозволува
Autostop
■ вакуумот на сопирачката е доволен
■ функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честички
не е вклучен
■ возилото било возено барем со брзина на одење од последното
Autostop
Инаку, Autostop е попречено.
Одредени поставки на системот за контрола на климатизацијата може
да го попречат Autostop. Видете во
поглавјето Контрола на
климатизацијата за повеќе детали
3 174.
Веднаш по возење по автопат,
Autostop може да биде попречено.Разработување на новото возило
3 183.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
За време на Autostop, неколку
електрични функции, на пр.
помошниот електричен грејач или
греењето на задното стакло се
исклучени или префрлени во
режим за штедење енергија.
Брзината на вентилаторот на
системот за контрола на
климатизацијата се намалува за да се заштеди енергија.
Повторно палење на моторот
од страна на возачот Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.Палењето на моторот е прикажано
од иглата на вртежомерот во
положба за лер.
Ако рачката на менувачот се
помести од лер пред претходно
притискање на куплунгот,
контролната сијаличка - свети
или е прикажана како симбол на
Информативниот центар за
возачот.
Контролна сијаличка - 3 127.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за сопирање-поаѓање:
■ Системот за сопирање-поаѓање е исклучен рачно
■ багажникот е отворен
Page 190 of 369

188Возење и ракување
■безбедносниот ремен на возачот
е одврзан и е отворена возачката врата
■ температурата на моторот е прениска
■ наполнетоста на акумулаторот е под одредено ниво
■ вакуумот на сопирачката не е доволен
■ возилото било возено барем со брзина на одење
■ системот за контрола на климатизацијата бара палење на
моторот
■ климатизацијата е вклучена рачно
Ако багажникот не е целосно
затворен, се прикажува
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус
пад на напонот за време на
повторното палење.Паркирање
■ Не паркирајте го возилото на лесно запалива површина.
Високата температура на
системот на ауспухот може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка. Затегнете ја рачната
сопирачка за паркирање без
притиснување на копчето за
ослободување. Затегнувајте ја
колку што може поцврсто на
угорници или падини.
Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се
намалат работните сили.
Активирајте ја електричната
сопирачка за паркирање
влечејќи го прекинувачот m
околу една секунда.
■ Исклучете ги моторот и палењето. Свртете го воланот
дури не се заглави истиот.
■ Ако возилото е на рамна површина или на угорница,
ставете во прва брзина или
наместете ја рачката наменувачот во P пред да го
исклучите палењето. На
угорници свртете ги предните тркала од работ на тротоарот.
Ако возилото е на удолнина,
ставете во рикверц или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Свртете ги
предните тркала кон работ на
тротоарот.
■ Заклучете го возилото и активирајте го системот за
тревожење при кражба.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.