OPEL ASTRA J 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2014.5Pages: 369, PDF Size: 10.22 MB
Page 291 of 369

Нега на возилото289
Спортс турер и ночбек со 4 врати
Кај верзиите со заден систем за
превезување 3 71, комплетот за
поправање гуми, завртката и
алката за влечење се наоѓаат во
фиоката под совозачкото седиште
3 69.
Возила со резервно тркалоВаријанта 1а: хечбек со 3 и 5 врати
со крут клуч за тркала
Дигалката, алатите и каишот за
прицврстување на оштетено
тркало се кутијата со алати под
резервното тркало во товарниот
простор. Клучот за тркала и алката за влечење се во вреќичката со
алати што се наоѓа во дупката за
резервното тркало до кутијата со
алати. Резервно тркало 3 305.
Варијанта 1б: хечбек со 3 и 5 врати
со преклоплив клуч за тркала
Иста содржина како варијанта 1а,
но со преклоплив клуч за тркала
намето крут клуч во торбата со
алати.
Page 292 of 369

290Нега на возилото
Варијанта 2: Спортс турер
Дигалката, алатите и алката за
влечење се во кутијата со алати под резервното тркало во
товарниот простор. Клучот за
тркалата и продолжетокот за
прицврстување оштетено тркало
(само кај возилата со привремено
резервно тркало) се во вреќичката
со алати што се наоѓа во дупката за резервното тркало близу до
кутијата со алати. Резервно тркало
3 305.
Варијанта 3: ночбек со 4 врати
Дигалката и алатите се во кутијата
со алати под резервното тркало во
товарниот простор. Клучот за
тркалата, алката за влечење и
продолжетокот за прицврстување
оштетено тркало (само кај
возилата со привремено резервно
тркало) се во вреќичката со алати
што се наоѓа во дупката за
резервното тркало близу до
кутијата со алати. Резервно тркало 3 305.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба
на тркалата
Преку рабови возете полека и под
прав агол ако е возможно.
Возењето преку остри рабови
може да предизвика оштетувања
на гумите и на тркалата. Не ги
заглавувајте гумите на работ од
тротоарот кога паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во случај на оштетување или необично
абење.
Зимски гуми Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се ставаат на сите тркала.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Page 293 of 369

Нега на возилото291
Верзија OPC: Гумите со големина
235/45 R18 се дозволени само како
зимски гуми.
Ознаки на гумите
На пр. 215/60 R 16 95 H215=Широчина на гумата во мм60=Профил (однос на
височината со широчината
на гумата) во %R=Вид на ременот: РадијаленRF=Вид: RunFlat (функционира
и издишана)16=Пречник на тркалото во инч95=Индекс на натовареноста,
на пр. 95 одговара на
690 кгH=Буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q=до 160 км/чS=до 180 км/чT=до 190 км/чH=до 210 км/чV=до 240 км/чW=до 270 км/чПритисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Извртете го капачето на вентилот.
Притисок на гумите 3 345 и на
етикетата на рамката од предната
лева или десна врата.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа се однесува и за летни и
за зимски гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за
целосна оптовареност.
ECO притисокот на гумите служи за да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ги влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, а ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
Page 294 of 369

292Нега на возилото
1. Идентификувајте го стилот накаросеријата.
2. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 327.
3. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 345.
За гумите одобрени за Вашето возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Ако притисокот во гумите треба да
се намали или зголеми кај возило
со систем за контрола на
притисокот во гумите, исклучете го
палењето.
Систем за следење на
притисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите го проверува
притисокот во сите четири тркала еднаш по минута кога брзината на
возилото ќе надмине определена
граница.
Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да се опремат со сензори за притисокот
во гумите, и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Актуелниот притисок во гумите
може да се покаже на Vehicle
Information Menu (изборник за
информации за возилото) во
Информативниот центар за
возачот.
Изборникот може да се изберат со
копчињата на рачката за
трепкачите.
Page 295 of 369

Нега на возилото293
Притиснете го копчето MENU за да
се избере Vehicle Information Menu
(изборник за информации за
возилото) X .
Свртете го тркалцето за местење
за да го изберете системот за
контрола на притисокот во гумите.
Состојбата на системот и
предупредувања за притисокот се
прикажуваат со порака додека
трепка соодветната гума во
Информативниот центар за
возачот.
Откриен слаб притисок во гума се
покажува со контролната сијаличка
w 3 130.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 345.
Откако ќе напумпате, може да е
потребно возење за да се
ажурираат вредностите на
притисокот на гумите во DIC. За тоа
време може да свети w.
Ако свети w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
се работи за низок притисок.
Проверете го притисокот во
гумите.
Пораки за возилото 3 141.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисок, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w ќе
свети постојано.
Резервното тркало или привременото резервно тркало не
е опремено со сензори за притисок. Системот за контрола на
притисокот во гумите не
функционира за тие тркала.
Контролна сијаличка w се пали. За
понатамошните три тркала
системот останува функционален.
Page 296 of 369

294Нега на возилото
Употребата на течните комплети запоправање на гуми што се
достапни во трговијата може да го
влоши функционирањето на
системот. Може да се користат
фабрички одобрени комплети за
поправање гуми.
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат
гумите, сензорите на системот за
следење на притисокот во гумите
треба да се демонтираат и
сервисираат. За навртниот сензор:
заменете ги јадрото на вентилот и
заптивниот прстен. За прицврсниот сензор: заменете го целиот вентил.
Состојба на оптовареност на
возилото
Прилагодете го притисокот во
гумите според состојбата на
оптовареност, согласно со
етикетата за информации за
гумите или табелата со притисоци
за гумите 3 345 и изберете ја
соодветната поставка воизборникот Tire Load
(Оптовареност на гумите) на
Информативниот центар за
возачот, Vehicle Information Menu
(изборник за информации за возилото) 3 133.
Изберете:
■ Light (Светло) за удобен
притисок за до 3 лица
■ Eco (Еко) за економичен
притисок за до 3 лица
■ Max (Макс.) за целосна
оптовареност
Функција за авто-учење
Откако ќе се сменат тркалата,
возилото треба да мирува околу
20 минути пред системот да
пресмета повторно. Следниот
процес на повторно учење одзема
до 10 минути возење со минимална
брзина од 20 км/ч. Во таков случај
може да се прикаже $ или
вредностите на притисокот може
да се разменат во
Информативниот центар за
возачот.
Ако дојде до проблеми за време на процесот на повторно учење, во
Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Зависност од температурата Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и притисокот на гумите се
зголемуваат.
Page 297 of 369

Нега на возилото295
Вредноста на притисокот во гумата
прикажана во Информативниот
систем за возачот го покажува
фактичкиот притисок во гумите.
Затоа е важно да се проверува
притисокот во гумите со ладни
гуми.
Длабочина на шаратаРедовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред
отколку назад, повремено
менувајте ги местата на предните
тркала со задните тркала. Уверете
се дека насоката на вртењето на
тркалата е иста како порано.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на секои
6 години.
Менување на гумите и големина на тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Page 298 of 369

296Нега на возилотоРаткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите навртки за заклучување
на тркалата, раткапните може да
не се прицврстени на челичните
тркала.
Синџири за гуми
Користете синџири за гуми само на предните тркала.
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Хечбек со 5 врати, ночбек со
4 врати, Спортс турер
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
Синџири за гуми се дозволени
само на гуми со големина
205/60 R 16 и 215/50 R 17.Хечбек со 3 врати
Синџири за гуми се дозволени на
гумите со големина 225/55 R 17.
Секогаш користете синџири со
ситна мрежа што не додаваат
повеќе од 10 мм на шарата на
гумата и внатрешните страни
(вклучително и бравата на
синџирот).
Синџири за гуми се дозволени и на
гумите со големина 245/45 R 18.
Секогаш користете синџири со ситна мрежа што не додаваат
повеќе од 7 мм на шарата на гумата
и внатрешните страни
(вклучително и бравата на
синџирот).
Page 299 of 369

Нега на возилото297
Верзија OPC
Синџири за гуми се дозволени на
гумите со големина 235/45 R 18.
Секогаш користете синџири со ситна мрежа што не додаваат
повеќе од 10 мм на шарата на
гумата и внатрешните страни
(вклучително и бравата на
синџирот).Општо
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми Помалите оштетувања на шаратана гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може
да се поправат со комплетот за поправање гуми.
9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми е во
преграда под капакот на подот во
товарниот простор или, кај
верзијата со заден систем за
превезување, во фиоката под
совозачкото седиште 3 69.
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Page 300 of 369

298Нега на возилото
1. Земете го комплетот запоправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.