OPEL ASTRA J 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2014Pages: 371, PDF Size: 10.14 MB
Page 131 of 371

Иинструменти и контроли129Филтер за дизелски
честички % свети или трепка жолто.
Му е потребно чистење на
филтерот за дизелски честички.
Продолжете да возите додека не
се изгасне %. Ако е возможно, не
дозволувајте брзината на моторот
да падне под 2000 врт/мин.
Свети
Филтерот за дизелски честички е полн. Почнете го процесот на
чистење колку е можно поскоро.
Трепка
Максималното ниво за полнење на филтерот е достигнато. Почнете го
процесот на чистење веднаш за да се избегне оштетување на
моторот.
Филтер за дизелски честички
3 191, Систем за сопирање-
поаѓање 3 187.Систем за контрола на
притисокот во гумите
w свети или трепка жолто.
Свети
Губење на притисокот во гумата.
Застанете веднаш и проверете го
притисокот во гумата.
Трепка Дефект во системот или гума
без монтиран сензор за притисок
(на пр. резервно тркало). По
60-90 секунди контролната
сијаличка свети непрекинато.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Притисок на моторното
масло I свети црвено.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.Свети кога работи моторотВнимание
Може да е прекинато
подмачкувањето на моторот.
Тоа може да резултира со
оштетување на моторот и/или
закочување на погонските
тркала.
1. Притиснете го куплунгот.
2. Ставете во лер, наместете ја рачката на менувачот во N.
3. Иставете го возилото од сообраќајниот тек колку е
можно побрзо без попречување
на другите возила.
4. Исклучете го палењето.
9 Предупредување
Кога моторот е изгаснат,
потребна е значително
поголема сила за сопирање и за
Page 132 of 371

130Иинструменти и контролиуправување. За време на
Autostop, серво-уредот на
сопирачките сеуште работи.
Не вадете го клучот додека
возилото е во мирување, инаку
може неочекувано да се заклучи воланот.
Проверете го нивото на маслото
пред да побарате помош од
автомеханичар 3 256.
Ниско ниво на гориво i свети или трепка жолто.
Свети
Нивото во резервоарот за гориво е прениско.
Трепка
Горивото е истрошено. Наполнете гориво веднаш. Никогаш не
дозволувајте резервоарот да се испразни докрај.
Катализатор 3 192.
Цедење на системот за дизел
гориво 3 261.
Имобилизатор
d трепка жолто.
Дефект во системот на
имобилизаторот. Моторот не може
да се запали.
Намалена моќност на
моторот
# свети жолто.
Моќноста на моторот е ограничена.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Надворешно светло
8 свети зелено.
Надворешните светла се запалени
3 158.
Долго светло
C свети сино.
Свети кога е запалено долгото
светло или при аблендирање
3 160, или кога е вклучено долготосветло со помош за долго светло
или интелигентниот опсег на
светлата 3 162.
Помош за долго светло
l свети зелено.
Вклучена е помошта за долго светло или интелигентниот опсег
на светлата 3 160, 3 162
Приспособливо предно
светло f свети или трепка жолто.
Свети
Дефект во системот.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Трепка
Системот се префрлува на
симетрично средно светло.
Контролната сијаличка f трепка
околу 4 секунди по вклучувањето на палењето како потсетник дека
системот се активирал 3 161.
Page 133 of 371

Иинструменти и контроли131
Автоматска контрола на светлата
3 159.
Фар за магла
> свети зелено.
Предните фарови за магла се
запалени 3 167.
Заден фар за магла r свети жолто.
Задниот фар за магла е запален
3 167.
Ниско ниво на течноста за миење
G свети жолто.
Нивото на течноста за миење е
ниско.
Течност за миење 3 258.
Контрола на патувањето m се пали во бело или зелено.Свети бело
Системот е вклучен.
Свети зелено
Контролата на патувањето е
активна.
Контрола на патувањето 3 206.
Приспособлива контрола
на патувањето m се пали во бело или зелено.
Свети бело Системот е вклучен.
Свети зелено
Приспособливата контрола на
патувањето е активна.
Приспособлива контрола на
патувањето 3 209.
Откриено е возило
напред A свети зелено.Откриено е возило напред во
истата лента.
Приспособлива контрола на
патувањето 3 209,
Предупредување за преден судир
3 218.
Отворена врата h свети црвено.
Отворена е некоја врата или
задната врата.
Page 134 of 371

132Иинструменти и контролиИнформативни екрани
Информативен центар за
возачот
Информативниот центар за
возачот (DIC) се наоѓа во групата
инструменти помеѓу брзиномерот и вртежомерот. Достапен е со
среден екран, горен екран или
горен комбиниран екран.
Екранот со средно ниво покажува:
■ вкупна километража
■ дневна километража
■ некои контролни сијалички
■ информации за возилото
■ информации за патувањето/ горивото
■ пораки за возилото, прикажани како шифри 3 140.На горниот екран може да се
изберат следниве главни
изборници со притискање на
копчето MENU:
■ Vehicle Information Menu
(изборник за информации за
возилото)
■ Trip/Fuel Information Menu
(изборник за информации за
патувањето/горивото)
■ Performance Menu (изборник за
перформансите)
На горниот комбиниран екран
страниците на изборниците може
да се бираат со притискање на
Page 135 of 371

Иинструменти и контроли133
копчето MENU, симболите на
изборниците се прикажани во
горниот ред на екранот:
■ X Vehicle Information Menu
(изборник за информации за
возилото)
■ W Trip/Fuel Information Menu
(изборник за информации за
патувањето/горивото)
■ s ECO Information Menu
(Изборник за еко-информации)
■ C Performance Menu ( изборник
за перформансите)
Некои од прикажаните функции се
разликуваат кога возилото се
возили или е во мирување. Некои
функции се достапни само кога
возилото се вози.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 148.
Меморизирани поставки 3 25.
Одбирање изборници и
функции
Изборниците и функциите може да се изберат преку копчињата на
рачката за трепкачите.
Притиснете го копчето MENU да се
префрлувате помеѓу изборниците
или да се вратите од подизборник
на следното повисоко ниво на
изборниците.Свртете го тркалцето за местење
за да селектирате изборна опција
или да поставите нумеричка
вредност.
Page 136 of 371

134Иинструменти и контроли
Притинете го копчето SET/CLR за
да изберете функција или да
потврдите порака.
Vehicle Information Menu
(изборник за информации за
возилото)
Притиснете го копчето MENU за да
изберете Vehicle Information Menu
(изборник за информации за
возилото) , или изберете X на
горниот комбиниран екран.
Свртете го тркалцето за местење
за да изберете подизборник.
Притиснете го копчето SET/CLR за
да се потврди.
Проследете ги упатствата дадени
во подизборниците.
Можни подизборници можат да
бидат, зависно од верзијата:
■ Unit (единица) : прикажаните
единици може да се сменат
■ Tire Pressure (притисок во
гумите) : проверка на притисокот
во гумите на сите тркала при
возење 3 294■ Tire Load (Оптовареност на
гумите) : бирање категорија
притисок на гумите според
фактичкиот притисок во гумите
3 294
■ Remaining Oil Life (век на
останатото масло) : укажува кога
да се сменат моторното масло и филтерот 3 121
■ Speed Warning ( предупредување
за брзината) : ако се надмине
претходно поставената брзина,
ќе се активира предупредувачка
мелодија
■ Traffic Sign Assistant (Помош за
сообраќајни знаци): ги прикажува откриените сообраќајни знаци намоменталниот дел на
маршрутата 3 235
■ Following Dist. (Растојание
напред) : ја прикажува
оддалеченоста до возилото што е напред 3 221
Page 137 of 371

Иинструменти и контроли135
Одбирањето и показателите може
да бидат различни кај средниот
екран и кај горниот комбиниран екран.
Trip/Fuel Information Menu
(изборник за информации за
патувањето/горивото)
Притиснете го копчето MENU за да
изберете Trip/Fuel Information Menu
(изборник за информации за
патувањето/горивото) , или
изберете W на горниот
комбиниран екран.
Свртете го тркалцето за местење
за да изберете подизборник.
Притиснете го копчето SET/CLR за
да се потврди.
■ Дневна километража 1
■ Дневна километража 2
■ Digital speed (дигитална брзина)
Дневна километража 2 и
дигиталната брзина се достапни
само кај возилата со горен екран
или горен комбиниран екран.
Препоставете ја дневната
километража со притискање на
копчето SET/CLR на рачката на
трепкачот неколку секунди или со
притискање на копчето за
препоставување меѓу брзиномерот
и Информативниот центар за
возачот со вклучено палење.
Кај возилата со патен компјутер се
достапни повеќе подизборници.
Одбирањето и показателите може
да бидат различни кај средниот
екран и кај горниот комбиниран
екран.
Изборник за информации за
патувањето/горивото, патен
компјутер 3 145.
ECO Information Menu
(Изборник за еко-
информации)
Притиснете го копчето MENU за да
изберете s на горниот ред од
горниот комбиниран екран.
Свртете го тркалцето за местење
за да изберете подизборник.
Притиснете го копчето SET/CLR за
да се потврди.
Page 138 of 371

136Иинструменти и контроли
Подизборниците се:
■Показател за менување брзина :
Моменталната брзина е
покажана во стрелка. Бројката
над неа препорачува ставање во
поголема брзина поради
штедење гориво.
Приказ на еко-индексот :
Моменталната потрошувачка на
гориво е прикажана со сегменти.
За економично возење,
приспособете го начинот на
возење така што зацрнетите
сегменти ќе бидат во подрачјето
"еко". Колку повеќе сегменти се
зацрнети, толку е поголема
потрошувачката на гориво.
Истовремено се покажува и
моменталната потрошувачка.
■ Top Consumers (Врвни
потрошувачи) : Списокот
најголеми потрошувачи што се
моментално вклучени е
прикажан по надолен редослед.
Покажан е потенцијалот за
штедење гориво. Исклучен
потрошувач исчезнува од
списокот и вредноста на
потрошувачката се ажурира.
При променливи услови за
возење, моторот автоматски ќе
го активира греењето на задното
стакло за да го зголеми
оптоварувањето на моторот. Во
тој случај, греењето на задното
стакло е означено како еден од
најголемите потрошувачи, без
активирање од возачот.
■ Economy Trend (Економичен
тренд) : Го прикажува развојот на
просечната потрошувачка за
последните 50 км. Зацрнетите
сегменти ја прикажуваат
потрошувачката во чекори од
5 км и го покажуваат влијанието
на топографијата или начинот на
возење врз потрошувачката на
гориво.
Page 139 of 371

Иинструменти и контроли137
Performance Menu (изборник
за перформансите)
Притиснете го копчето MENU за да
изберете Performance Menu
(изборник за перформансите) , или
изберете C на горниот
комбиниран екран.
Свртете го тркалцето за местење
за да изберете подизборник.
Притиснете го копчето SET/CLR за
да се потврди.
Подизборниците се: ■ Acceleration (Забрзување) :
Приказ на моменталното
забрзување во сите насоки.
■ Lap Timer (мерење на времето на
етапата) : Прикажување на
времињата на етапите од
патувања, врвната брзина,
просечната брзина и просечното
време. Проследете ги упатствата
дадени во подизборникот.
■ Coolant Temp. (температура на
течноста за ладење) :
Прикажување на температурата на течноста за ладење.
■ Battery Volt. (напон на
акумулаторот) : Прикажување на
напонот на акумулаторот.
Сликовен информативен
екран, Информативен
екран во боја Зависно од конфигурацијата на
возилото, возилото има
сликовен или инфо-екран во боја.
Инфо-екранот се наоѓа на таблата
со инструменти над
Инфозабавниот систем.Сликовен инфо-екран
Зависно од Инфозабавниот
систем, Сликовниот инфо-екран е
достапен во две верзии.
Page 140 of 371

138Иинструменти и контроли
Сликовниот инфо-екран ги
означува:
■ времето 3 115
■ надворешната температура 3 114
■ датумот 3 115
■ Инфозабавен систем, видете го описот во прирачникот за
инфозабавниот систем
■ поставките за приспособување на возилото кон индивидуалните
потреби 3 148
Информативен екран во боја
Инфо-екранот во боја ги означува
во боја:
■ времето 3 115
■ надворешната температура 3 114
■ датумот 3 115
■ Инфозабавен систем, видете го описот во прирачникот за
инфозабавниот систем
■ навигација, видете го описот во прирачникот за инфозабавниот
систем
■ системските поставки
■ пораките за возилото 3 140
■ поставките за приспособување на возилото кон индивидуалните
потреби 3 148
Видот на информациите и начинот
на нивното прикажување зависат
од опременоста на возилото и од
извршените поставки.
Одбирање изборници и
поставки
Изборниците и поставките се
достапни преку екранот.