OPEL ASTRA K 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2016.5Pages: 335, PDF Size: 8.9 MB
Page 91 of 335

Складирање89
Поставете го преклопениот капак
исправено зад потпирачите за грб
на задните седишта.
Алки за врзување Алките за врзување се предвидениза обезбедување на предметите од
лизгање, на пр. користење каиши
за врзување или мрежа за багаж.
Хечбек со 5 врати
Прво извадете го капакот на
задната преграда за складирање
под подот за да добиете пристап до
алките за врзување.Кај возилата опремени со резервно тркало, предните алки за врзување
се наоѓаат на страните.
Кај возилата опремени со комплет
за поправање гуми, предните алки
за врзување се наоѓаат под
задниот капак на подот зад задните
седишта. За да се добие пристап
до алките за врзување, отворете ги
перфорираните делови на капакот
со помош на шрафцигер. Прирачен алат 3 270.
Ставете шрафцигер низ капакот
како што е прикажано на сликата и
преклопете го перфорираниот дел
од капакот.
Преклопете ги алките за врзување
со помош на шрафцигер.
Sports Tourer
Page 92 of 335

90СкладирањеПредните и задните алки за
врзување се наоѓаат на
страничните ѕидови. Свиткајте ги
алките за врзување нагоре за да ги користите и свиткајте ги надолу,
ако не ви се потребни.
Систем за ракување со товарот
Системот FlexOrganizer е
флексибилен систем за делење на
товарниот простор.
Системот се состои од: ● адаптери
● мрежести џебови
● куки
● сервисна кутија
● комплет со каиши
Компонентите се наместени во
шини од двете странични облоги со употребата на адаптери и куки.Монтирање на адаптери во
шините
Отворете ја плочката на рачката со
преклопување, вметнете го
адаптерот во горниот и долниот
жлеб на шината и поместете го во
саканата положба. Свртете ја
плочката на рачката угоре за да се
закочи адаптерот. За да се извади, свртете ја плочката на рачката
надолу и извадете го од шината.
Променлива мрежа за
преградување
Вметнете ги адаптерите во
потребната положба во шините.
Спојте ги половините на шипките на мрежата.
За инсталирање, притиснете ги
малку шипките заедно и вметнете
ги во соодветните отвори во
адаптерите.
За вадење притиснете ги заедно
шипките и извадете ги од
адаптерите.
Page 93 of 335

Складирање91Мрежест џеб
Вметнете ги адаптерите во
потребната положба во шините.
Мрежестиот џеб може да се обеси
на адаптерите.
Монтирање на куките во
шините
Вметнете ја куката во саканата
положба првин во горниот жлеб на
шината, и потоа притиснете ја во
долниот жлеб. За да се извади,
првин извлечете ја од горниот
жлеб.
Сервисна кутија
Инсталирајте две куки во горната
шина. Вметнете ги горните рамки
на кутијата одозгора во куките.
Page 94 of 335

92СкладирањеКако алтернатива можност,
инсталирајте ги двете куки во
долната шина. Приклучете ги
долните рамки на кутијата
одозгора во долните куки.
Комплет со каишеви
Вметнете ги адаптерите во
комплетот со каишеви во некоја
шина. Уверете се дека ременот не
е извртен.
Комплетот со каишеви има две
брави за отворање.
Ременот може да се затегне.
Безбедносна мрежа
Верзијата Sports tourer е достапна
со безбедносна мрежа што може
да се монтира зад задните седишта или, ако потпирачите на задните
седишта се преклопени, зад
предните седишта.
Не смее да се превозуваат патници
зад безбедносната мрежа.
Монтирање
Зад задните седиште
● Има отвори за местење на двете страни на рамката на
покривот над задните седишта:
држете ја и заглавете ја
прачката на мрежата од една
страна, склопете ја прачката и
држете ја и заглавете ја од
другата страна.
● Прикачете ги куките на безбедносната мрежа на
јамките под подлогата на
задниот дел од подот зад
задните седишта. За да
пристапите до јамките,
отворете ги перфорираните
делови во подлогата на подот
од двете страни, со помош на
шрафцигер, и преклопете ги
јамките. Прикачете ги куките на јамките.
Page 95 of 335

Складирање93● Затегнете ги двата каишавлечејќи ги за слободниот крај.
● Потпирачите на задните седишта мора да бидат
подигнати.
Зад предните седишта
● Има отвори за местење на двете страни на рамката на
покривот над предните
седишта: држете ја и заглавете ја прачката на мрежата од една страна, склопете ја прачката и
држете ја и заглавете ја од
другата страна.
● Прикачете ги куките на безбедносната мрежа на
јамките на подот на предниот
дел од задните седишта. За да
пристапите до јамките, турнете ги перфорираните делови на
подлогата на подот од двете
страни. Прикачете ги куките на
јамките.
● Затегнете ги двата каиша влечејќи ги за слободниот крај.
● Турнете ги надолу потпирачите за глава и
преклопете ги потпирачите за
грб на задните седишта надолу
3 80.
Вадење
Повлечете го капакот кај
прицврстувачот од двете страни за
да ги отпуштите лентите. Откачете ги куките од алките.
Откачете ги шипките на
безбедносната мрежа од држачите во рамката на покривот.
Замоткајте ја мрежата и
прицврстете ја со ремен.
Складирање Извадената безбедносна мрежа
може да се складира под капакот
на задниот под 3 88.
Page 96 of 335

94СкладирањеПредупредувачкитриаголник
Хечбек со 5 врати
Ставете го предупредувачкиот
триаголник во вдлабнатината во
предниот дел на задната врата.
Sports Tourer
Ставете го предупредувачкиот
триаголник во вдлабнатината под
подлогата на задниот дел од подот на десната или левата страна.
Прибор за прва помош Ставете го приборот за прва
помош во преградата во ѕидот од
левата страна.
На илустрацијата е прикажан
Хечбек со 5 врати.
За отворање на преградата,
ослободете го капакот и отворете.
Page 97 of 335

Складирање95На илустрацијата е прикажан
Sports Tourer.
Завртете го копчето за да го
отворите капакот.Систем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив Поради безбедносни причини и да
се избегне оштетувањето на
покривот, се препорачуваат
системи на багажници одобрени за возилото. За повеќе информации
контактирајте со автомеханичар.
Монтирање на багажник за на
покрив
Возило со 5 врати, Sports Tourer
Отворете ги сите врати.
Точките за монтирање се наоѓаат
во рамката од секоја врата на
каросеријата на возилото.
Прицврстете го багажникот за
покрив во согласност со
инструкциите за инсталација
испорачани со багажникот за
покрив.
Извадете го багажникот за на
покрив кога не се користи.9 Предупредување
Sports Tourer
Шините на покривот се стилски
елемент и не се наменети за
носење товар. Не е дозволено
монтирање багажник на
покривот или други додатоци. Користете ги само наменските
точки за монтирање што се
наоѓаат на рамките од вратата.
Page 98 of 335

96СкладирањеИнформации за
товарење
● Тешките предмети во товарниот простор треба да се
наместат до потпирачите за
грб. Проверете дали
потпирачите за грб се цврсто
заглавени, т.е. дали повеќе не
се покажуваат црвените ознаки
на страната близу до лостот за ослободување. Ако
предметите можат да се стават
еден врз друг, потешките
предмети треба да се стават
долу.
● Прицврстувајте предмети со еластичните каишеви закачениза алките за врзување 3 89.
● Прицврстувајте слободни предмети во товарниот
простор за да се спречи
нивното лизгање.
● Кога се превозуваат предмети во товарниот простор,
потпирачите за грб од задниот
ред на седиштата не смеат да
бидат навалени напред.
● Не дозволувајте товарот да штрчи над горниот раб на
потпирачите за грб.
● Sports Tourer: монтирајте ја безбедносната мрежа при
превоз на предмети во
товарниот простор.
● Не ставајте предмети врз капакот на товарниот простор
или врз таблата со
инструменти, и не го
покривајте сензорот на врвот
од таблата со инструменти.
● Товарот не смее да пречи при ракување со педалите,
рачната сопирачка и рачкатана менувачот, или да го спречи слободното движење на
возачот. Не ставајте
неприцврстени предмети во
внатрешноста.
● Не возете со отворен товарен простор.9Предупредување
Секогаш уверувајте се дека
товарот во возилото е безбедно
складиран. Инаку предметите
може да се фрлат наоколу
внатре во возилото
предизвикувајќи лична повреда
или оштетување на товарот или на автомобилот.
● Дозволената оптовареност е разликата помеѓу дозволената
бруто тежина на возилото
(видете на идентификациската табличка 3 300) и
максималната тежина според ЕС.
За да ја пресметате
дозволената оптовареност, внесете ги податоците за
вашето возило во табелата за
Page 99 of 335

Складирање97тежини на почетокот на
прирачникот.
Максималната тежина според
ЕЗ ги вклучува тежините на
возачот (68 кг), багажот (7 кг) и
сите течности (со 90 % полн
резервоар за гориво).
Опционалните опреми и
апарати ја зголемуваат својата тежина.
● Возењето со товар на покривот
ја зголемува чувствителностана возилото на странични
ветрови и има неповолно
влијание врз управувањето на
возилото поради
повишувањето на тежиштето на возилото. Распределете го
товарот рамномерно и
прицврстете го правилно со
каишеви за држење. Дотерајте
ги притисокот во гумите и
брзината на возилото според
условите на оптовареноста. Често проверувајте ги и
повторно затегнувајте ги
каишевите.
Не возете побрзо од 120 км/ч.Дозволената оптовареност на
покривот е 75 кг.
Оптовареноста на покривот е комбинираната тежина на
багажникот за на покрив и на
товарот.
Page 100 of 335

98Инструменти и контролиИнструменти и
контролиКонтроли ..................................... 99
Местење на воланот ...............99
Контроли на воланот ...............99
Волан со греење ....................100
Сирена .................................... 101
Бришач на шофершајбната/ перач ..................................... 101
Бришач/перач на задното стакло .................................... 103
Надворешна температура ....104
Часовник ................................. 104
Штекери за напојување .........106
Конектори за напојување ......107
Пепелници .............................. 109
Предупредувачки светла,
мерачи и индикатори ...............110
Група инструменти ................110
Брзиномер .............................. 114
Километража .......................... 114
Дневна километража .............114
Вртежомер .............................. 115
Мерач за гориво ..................... 115Мерач за температурата на течноста за ладење на
моторот .................................. 116
Екран за сервисирање ..........116
Контролни сијалички .............117
Трепкач ................................... 118
Потсетник за безбедносниот ремен ..................................... 118
Воздушно перниче и затегнувачи на ремените .....119
Деактивирање на воздушното перниче ................................. 119
Систем за полнење ...............119
Индикаторско свтело за дефект ................................... 119
Течност за системите на сопирачките и куплунгот ......120
Електрична сопирачка за паркирање ............................. 120
Дефект во електричната сопирачка за паркирање ......120
Систем за деблокирање на сопирачките (ABS) ................121
Менување брзини ..................121
Оддалеченост за следење .... 121
Помош за задржување на лента ...................................... 121
Електронската контрола на стабилноста е исклучена .....121Електронска контрола на
стабилноста и Систем за
контрола на превртувањето 122
Системот за контрола на превртувањето е исклучен ..122
Предзагревање ......................122
Систем за контрола на притисокот во гумите ...........122
Притисок на моторното масло ..................................... 122
Ниско ниво на гориво ............123
Имобилизатор ........................123
Надворешно светло ............... 123
Долго светло .......................... 123
Помош за долго светло .........123
LED предни фарови ..............123
Светло за магла .....................124
Заден фар за магла ...............124
Контрола на патувањето .......124
Откриено е возило напред ....124
Ограничувач на брзината .....124
Помошник за сообраќајни знаци ...................................... 124
Отворена врата ...................... 124
Информативни екрани .............125
Информативен центар за возачот .................................. 125
Инфо екран ............................ 131