OPEL ASTRA K 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2016.5Pages: 335, PDF Size: 8.9 MB
Page 51 of 335

Клучеви, врати и прозорци49Општи практични советиБезбедносна функција
Ако при автоматско затворање
подвижниот покрив наиде на отпор, тој веднаш се запира и се отвора
повторно.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии при
затворањето, на пр., поради мраз,
држете го прекинувачот r
притиснат до вториот степен.
Подвижниот покрив се затвора со
исклучена безбедносна функција.
За да се запре движењето,
отпуштете го прекинувачот.
Затворање на подвижниот покрив
однадвор
Подвижниот покрив може да се
затвори далечински надвор од
возилото.
Притиснете го и држете e за да се
затвори подвижниот покрив.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето.
Стартување по прекин на
напојувањето
По прекин на напојувањето,
можеби ќе може да работи само
подвижниот покрив до одреден
степен. Нека го стартуваат
системот во вашиот сервис.
Page 52 of 335

50Седишта, потпирачиСедишта,
потпирачиПотпирачи за глава ....................50
Предни седишта .........................52
Положба на седиштата ...........52
Рачно прилагодување на седиштето ............................... 53
Електрично местење на седиштето ............................... 55
Потпирач за рака .....................59
Греење ..................................... 59
Проветрување .......................... 60
Масажа ..................................... 60
Задни седишта ........................... 61
Потпирач за рака .....................61
Греење ..................................... 61
Безбедносни ремени .................62
Безбедносен ремен прицврстен на три точки ........63
Систем на воздушни
перничиња .................................. 64
Систем на предни воздушни перничиња ............................... 68
Систем на странични воздушни перничиња .............68Систем на завесни воздушни
перничиња ............................... 69
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 70
Системи за врзување на деца ..71
Места за монтирање на системот за врзување на
деца ......................................... 74Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
Page 53 of 335

Седишта, потпирачи51положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Потпирачи за глава на предните седишта
Местење на височината
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината, па заглавете го.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре или притиснете ја патентбравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Вадење на задните потпирачи за
главата
На пример, за проширување на товарниот простор 3 80.
Притиснете ги двете спојки,
повлечете го потпирачот за глава угоре и извадете го.
Page 54 of 335

52Седишта, потпирачиПредни седиштаПоложба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Предупредување
Не складирајте ништо под
седиштата.
● Седете така да задникот да биде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете ќе бидат малку
свиткани кога целосно ги
притискате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат леко врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што ќе може лесно да се дофати
воланот со благо свиткани
лакти. Гледајте да има контакт
помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го
вртите воланот. Не го
навалувајте потпирачот за грб
премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Прилагодете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот додека раката е целосно
испружена и рамениците се потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 99.
● Наместете го потпирачот за глава 3 50.
Page 55 of 335

Седишта, потпирачи53● Намастете го потпирачот заколковите така што ќе има
простор со ширина од околу
два прста помеѓу работ на
седиштето и шуплината на
коленото.
● Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Рачно прилагодување на
седиштето
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.Надолжно прилагодување
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Обидете се да го движите
седиштето напред-назад за да
проверите дали е заглавено во
положбата.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Page 56 of 335

54Седишта, потпирачиВисочина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолуНавалување на седиштата
Притиснете го прекинувачот
горе:предниот крај погоредолу:предниот крај подолуПотпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните барања.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу: притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот: притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.
Page 57 of 335

Седишта, потпирачи55Приспособлив потпирач за
колковите
Повлечете ја рачката и слизнете го потпирачот за колковите.
Електрично местење на седиштето
9 Предупредување
Треба да се внимава кога се
ракува со електричните
седишта. Има ризик од повреда, особено за децата. Може да се
заглават предмети.
Внимавајте многу на седиштата
кога ги дотерувате истите.
Треба да се известат патниците
на возилото соодветно.
Надолжно прилагодување
Поместете го прекинувачот
нанапред/наназад.
Височина на седиштето
Поместете го прекинувачот угоре/
удолу.
Page 58 of 335

56Седишта, потпирачиНавалување на седиштата
Наклонете го предниот дел на
прекинувачот нагоре/надолу.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Наклонете го прекинувачот
нанапред/наназад.
Потпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните потреби.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу: притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот: притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.
Page 59 of 335

Седишта, потпирачи57Приспособлив потпирач за
колковите
Повлечете ја рачката и слизнете го потпирачот за колковите.
Странично зајакнување
Прилагодете ја ширина на
наклонот на седиштето за да
одговара на личните барања.
Притиснете e за да ја намалите
ширината на наклонот.
Притиснете d за да ја зголемите
ширината на наклонот.
Функција на меморирање на
електрично местење на
седиштето
Може да се зачуваат две различни
поставки на возачкото седиште.
Меморизирани поставки 3 25,
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 136.
Зачувување на меморираната
позицијата
● Наместете го возачкото седиште во саканата положба.
● Притиснете и држете MEM и 1
или 2 истовремено додека се
огласува мелодија.
Повикување на мемориските
положби
Притиснете и држете 1 или 2
додека не се постигне зачуваната положба на седиштето. Со
Page 60 of 335

58Седишта, потпирачиотпуштање на копчето додека
седиштето се движи се откажува
повикувањето.
Автоматско повикување на
мемориските положби
Секоја од мемориските позиции е
назначена на соодветнен
далечински управувач или
електронски клуч.
Зачуваните позиции автоматски се повикуваат при палење.
За да го сопрете повиканото
движење, притиснете некоја од
контролите за меморијата или за
електричното седиште.
Предуслов е дека Personalization
by Driver (Приспособување кон индивидуалните потреби на
возачот) и Auto Memory Recall
(Автоматско повикување од
меморијата) се активирани во
личните поставки на
Инфо екранот.
Оваа функција може да се
активира и деактивира во
приспособувањето на возилото кон
индивидуалните потреби.Изберете ја соодветната поставка
во Vehicle (Возило) изборникот на
инфо-екранот.
Информативен екран 3 131.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 136.
Функција за лесно излегување
За практично излегување од
возилото, електричното возачко
седиште се придвижува наназад
кога возилото стои во место.
За активирање на функцијата за
лесно излегување:
● поставете ја рачката на менувачот на позиција P
(автоматски менувач)
● активирајте ја сопирачката за паркирање (рачен менувач)
● исклучете го палењето
● отстранете го клучот од прекинувачот за палење
● отворете ја возачката врата
Ако вратата е веќе отворена,
исклучете го палењето за лесно
излегување.За да го сопрете движењето,
притиснете некоја од контролите за меморијата или за електричното
седиште.
Оваа функција може да се
активира и деактивира во
приспособувањето на возилото кон индивидуалните потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Vehicle (Возило) изборникот на
инфо-екранот.
Информативен екран 3 131.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 136.
Безбедносна функција
Ако возачкото седиште наиде на
отпор при движењето,
повикувањето може да сопре. По
отстранувањето на пречката,
притиснете и држете го
соодветното копче за меморирање
на положбата две секунди.
Обидете се повторно да ја
повикате мемориската положба.
Ако повикувањето не работи,
посоветувајте се со сервисер.